Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои сомнение дека подолг период вршел други полови дејства врз три девојчиња што не наполните 15 години, со што се исполнети елементи на кривичното дело од член 188 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик. – Последователно, од септември 2023 година до 11 мај 2026 година, осомничениот користел можност во која на девојчињата на ...
„Одлуки што ги обликуваат економиите“, „Победа со вештачка интелигенција: Од возбуда до вистинска конкурентска предност“ и „Дијаспората како стратешки капитал: Враќање дома“, се дел од темите на дискусиите на агендата на вториот ден од самитот на Македонија 2025, што се одржува во Скопје. Самитот ќе заврши попладне со обраќање на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Во фокусот на самитот, што се одржува со ...
Лани за 8,34 отсто е зголемена потрошувачката на бензините во споредба со 2024 година – покажуваат податоците од Годишниот извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) за 2025 година. За истиот период, раст на потрошувачката е регистриран и кај дизелот (5,17 отсто), екстра лесното масло (2,23) и кај течниот нафтен гас – ТНГ(3,55 отсто), додека пад во потрошувачката ...
АД ЕСМ сè уште не го доби решението од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) во врска со осомничените за тежок криминал – набавка на мазут за ТЕЦ Неготино. Сепак, следејќи ги информациите објавени во медиумите, правниот тим на ЕСМ веќе ги презема сите подготвителни активности, да поднесе соодветна жалба, веднаш по официјалното примање на решението, велат од компанијата. „Ќе ги искористиме сите ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претежно во западните делови ќе има повремен дожд. Локално ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Во западните делови ќе дува западен, а долж Повардарието северен ветер, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени. Во Скопје, променливо облачно, во утринските часови во делови од ...
На локацијата „Школка“ во Градскиот парк денеска во 18 часот почнува 15. издание на фестивалот „Виноскоп 2026“, кој се организира под покровителство на Град Скопје. Фестивалот ќе трае до 17 мај и ќе понуди богата програма за сите љубители на виното, музиката и урбаното дружење. Посетителите ќе имаат можност да дегустираат различни видови вина од бројни македонски винарии и производители на квалитетно македонско вино, претставени на ...
Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за образование, наука и спорт, а на дневен ред е амандманската расправа за Предлог на закон за основање на Факултет за медицински науки и здравство во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. За Предлог на законот се поднесени четири амандмани. Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за образование, наука и спорт, а на дневен ред е амандманската расправа за Предлог ...
Онлајн водич за квалификации – www.kvalifikacii.crso.gov.mk, платформа изработена со поддршка на Швајцарската амбасада, која треба да им го олесни изборот на основците при упис во средно образование, ќе биде промовиран денеска во Министерството за образование и наука. Водичот ќе го промовираат министерката за образование и наука Весна Јаневска, заменик – амбасадорката на Швајцарија, Михал Харари и директорот на Центарот за развој на стручното ...
Годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права 2025 година денеска е на дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Како што се наведува во Годишниот извештај, граѓаните и во 2025 година најмногу претставки поднесувале за работата на извршителите и судството генерално. Во овој сегмент, доминирале претставки за барања за ...
Во населбата Козле синоќа бил забележан волк со синџир и ремче – чуван како домашен миленик, а по интервенција на надлежните служби е заловен и згрижен во Зоолошката градина Скопје. – По пријава од загрижени граѓани, на местото интервенираше МВР, а веднаш потоа пристигна и стручната служба од ЗОО Скопје и претставници од градот Скопје, а волкот беше успешно и безбедно заловен. Во моментов волкот е безбедно транспортиран до градината, а ЗОО ...
Веќе нема дилеми, Венко Филипче тргнал по стапките на Зоран Заев. Заев послушник на Борисов, Филипче пиун на Радев, кој, освен што го прифаќа, е и главен лобист за прифаќање на бугарскиот ултиматум, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Изгубени во својата безидејност и тонењето на политичката сцена, нервозниот Венко Филипче и СДСМ, наместо да ги бранат македонските интереси, тие се ставија во служба на бугарските и користи ист речник ...
Утрово најниска температура во земјава е измерена на Попова Шапка, каде биле регистрирани 5 степени. Во Берово се измерени 6 степени, 7 во Куманово, 8 во Крива Паланка, а 9 степени во Скопје-Петровец, Штип, Крушево, Маврови Анови и Лазарополе. Според УХМР, 10 степени биле измерени во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Велес и Струмица, 11 во Претор и Виница, 12 во Кавадарци и Гевгелија, додека најтопло било во Охрид, Битола, Прилеп и Демир Капија со ...
Нашиот фокус останува заштитата на животниот стандард на граѓаните и ребалансот нема да оди надвор од овие рамки – вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју во контекст на почнатите разговори за ребалансот на буџетот. Според Димитриеска-Кочоска, граѓаните треба да бидат спокојни дека буџетот е ликвиден, се сервисираат сите обврски, редовно се исплаќаат платите и пензиите и обврските кон економијата. – Во овој ...
Вториот ден од манифестацијата „Денови на културата 2026“ во oпштина Илинден помина во духот на литературата, уметноста и младинската креативност, исполнувајќи го Домот на култура „Илинден“ со бројни културни содржини и богата уметничка програма, информираат од локалната самоуправа. Како што посочуваат, во рамки на традиционалното Литературно матине за деца, беа презентирани најдобрите творби од литературниот награден конкурс на тема ...
Со приклучувањето на Србија во системот СЕПА отсега е овозможено плаќања од и кон Србија во евра во рамките на СЕПА-областа. Тоа, како што соопшти Народната банка на Македонија, во пракса значи побрзи и поефикасни прекугранични плаќања во евра со Србија, значително пониски надоместоци во споредба со традиционалните канали за плаќање и поедноставни процедури за плаќања и приливи. – Србија е еден од нашите најзначајни трговски партнери и се ...
Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, кој престојува во официјална посета на Вооружените сили (ВС) на Република Албанија, во Тирана оствари средби на највисоко воено и државно ниво, на кои се разговараше за понатамошно унапредување на меѓуармиската соработка. Како што се посочува во соопштението од Канцеларија за воени односи со јавноста на Генералштабот на Армијата, во рамките на посетата генералот Лафчиски ...
Поминаа 48 часа од скандалозната изјава на пратеникот на ДУИ, со која директно беа навредени нашите стратешки меѓународни партнери, а од ДУИ нема ниту дистанцирање, ниту извинување, ниту било какво појаснување. Овој молк не е случаен. Молкот на ДУИ е политичка потврда на нивниот антизападен менталитет, се вели во соопштението од ВРЕДИ. Кога се напаѓаат Соединетите Американски Држави и Европската Унија, секој политички субјект што тврди дека е ...
Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, порача дека државата мора да влезе во суштински процес на реформирање на институциите, враќање на правната сигурност и градење систем во кој граѓаните повторно ќе имаат доверба, но потенцираше дека станува збор за долг и сложен процес, бидејќи, како што рече, нефункционалниот систем се создавал и одржувал со децении, се вели во соопштението од ЗНАМ. „Ние не сакаме да ги ...
Кадрите на СДСМ и ДУИ во македонскиот правосуден систем, бирани во штабовите на Бихаќка и Мала Речица, во акција за спас на криминалците од нивните редови.Ислам Абази, шеф на ОЈО ГОКК, донесе скандалозна наредба за запирање на истрагата во предметот за набавките на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, вреден 167 милиони евра, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Кадарот на Венко Филипче и Зоран Заев, комшија на Али Ахмети од Зајас си ја ...
Во денешното гостување на Алфа телевизија пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов остро реагираше на одлуката на Ислам Абази да го прекине процесот за судска постапка поврзана со набавката на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, случај вреден 167 милиони евра. Пренџов оцени дека ваквиот потег дополнително ја намалува и онака ниската доверба на граѓаните во правосудниот систем и посочи дека очекува оштетената страна во случајот, ...
Полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Штип вчера во 19:50 часот го лишиле од слобода А.Ш.(65) од Штип. Тој се сомничи дека како управител на образовен центар во Штип, за време на одржување на дополнителна настава, подолг период допирал по телото неколку малолетни ученички, соопшти Министерството за внатрешни работи. Настанот во полициска станица, како што се посочува, го пријавиле родители во присуство на ...
Лидерот на ЗНАМ Максиом Димитриевски изјави дека се уште немаат конечни разговори околу тоа како ќе изгледа составот на новата влада, додавајќи дека е задоволен од работата на двајцата министри на ЗНАМ – Игор Филков за правда и Горан Минчев за јавна администрација. -Легитимно е од страна на мандатарот на Владата да бара промена на одредени имиња во Владата и во составот на Владата, но секако ние како владини партнери имаме свој удел во ...
Филипче денес се радува што Бугарија потврдила дека уставните измени биле „европско, а не билатерално прашање“. Па нормално дека ќе го потврдат тоа! Токму СДСМ дозволи бугарските уцени да станат дел од нашиот преговарачки процес, поради нивната сервилност, неспособност и криминално владеење. Филипче нема ниту морално право, ниту политички кредибилитет да зборува за Европа, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од Фејсбук објавата на пратеникот ...
Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, порача дека Македонија мора да го продолжи европскиот пат, но без откажување од сопствениот идентитет, историја и национално достоинство, стои во соопштението на ЗНАМ. Тој оцени дека континуираниот притисок за уставни измени од страна на актуелното раководство на СДСМ претставува продолжение на, како што рече, бугарофилската агенда која започнала со политиките на ...
Гласачите бараа да не видат како една партија и голем чекор е од петмина лидери партијата да има двајца копретседатели. Вреди сега е единствена републичка партија од Липково до Струга, ДУИ има само три општини, АА само две општини, изјави вечерва Изет Меџити, копретседател на Вреди и градоначалник на Чаир. Меџити рече дека многу луѓе им се приклучуваат, но дека тој не треба да објаснува зошто Арбен Фетаи и Фатмир Лимани, министри во Владата, ...
Поранешниот министер за земјоделство Љупчо Николовски денеска бил повикан на службен разговор во СВР Скопје, дознава Алфа од извори во истрагата. Според информациите, разговорот е поврзан со сомнежи за злоупотреби при спроведување на јавна набавка во вредност од над 800.000 евра, реализирана во периодот кога Николовски ја извршувал министерската функција. Од засега достапните информации, предметот се однесува на евентуално постапување ...
На бугарскиот амбасадор Жељазко Радуков денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска му бил упатен усмен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“, потврдија од МНРиНТ. -Денеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше повикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Бугарија во Македонија, Жељазко Радуков, се вели во информацијата од Министерството. На средбата, ...
Предметот за „ТЕЦ Неготино“, кој тежеше околу 167 милиони евра, а за кој Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција денеска ја запре истрагата, не бил рефериран во републичкото јавно обвинителство. Републичкиот обвинител Ненад Савески за „Фокус“ потврди дека од републичкото обвинителство не било побарано мислење, што значи дека одлуката за запирање на истрагата била донесена во Обвинителството за гонење на организиран ...
Владата на денешната седница го утврди новиот усогласен текст на Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри, кој ќе биде испратен до Собранието. Со ова започнуваме нова, посериозна и поодлучна фаза во борбата против нелегалното приредување игри на среќа, агресивното рекламирање и злоупотребите кои со години нанесуваат штета врз граѓаните, особено врз младите, децата и семејствата. Фокусот на овој закон е јасен заштита на децата, ...
Судскиот совет денеска спроведе интервју со кандидатите за претседател на Основен кривичен суд Скопје. Противкандидати се судијата Ивица Стефановски и Даниела Димовска, актуелна вршителка на должноста. Интервјуата ги спроведува тричлена комисија од Судскиот совет, како дел од административната рамка. Кандидатите денеска ги претставија своите програми пред комисијата во Судскиот совет, а претседателот на комисијата Ивица Николовски соопшти ...