Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска изјави дека досега за капитални проекти се реализирани 75 отсто од буџетските средства на Министерството за транспорт. Како што рече, Министерството е подготвено и за повеќе ако буџетот дозоволува. – Со добро планирање, успеавме досега да реализираме 75 отсто од средствата за капитални проекти од буџетот на Министерството за транспорт, што е одличен резултат. Доколку има ...

Скандалозното затворање на обвинителската постапка за предметот наречен „Мазут’’ вреден 167 милиони евра, е доказ за големото влијание кое Али Ахмети, Венко Филипче и Зоран Заев го имаат врз обвинителството и судството, или во случајов врз шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, се наведува во соопштението од прес-конференцијата на Дафина Стојаноска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Пред само една година, обвинителството кое го води Ислам Абази, побара ...

Во однос на Реформската агенда веруваме дека сепак има стапка на исполнетост и позитивен тренд од почетокот на овој извештаен период и се надеваме дека ќе има и поголема исполнетост до крајот реформските чекори, рече денеска Штефен Худолин, шеф на секторот за соработка при Делегацијата на ЕУ во Македонија, во изјава за медиуми пред Третиот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда (НКМ-РА) во организација на ...

Tреба да ги гледаме процесите онакви какви што се и да бидеме реални. Треба да сме свесни дека малите и средни претпријатија на класично отворен, либерален систем се неконкурентни и тоа треба да го кажеме јавно, директно и отворено. Нема јавна постапка што може да ја добие мало и средно претпријатие од Македонија, ако на неа учествува кој било не светски, не европски, туку регионален учесник. Прашањето е што правиме ние за да ги заштитиме ...

На важноста на регионалната поврзаност, како клуч за енергетска стабилност на поширокиот регион и на енергетските проекти што секоја земја ги спроведува, се осврнаа учесниците на панел-дискусијата на конференцијата за енергетика во Атина, меѓу кои и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, која посочи дека ни е потребна поголема регионална интеграција и интерконекција, а паралелно се осврна и на актуелната ...

Претседателот на македонското друштво „Сонце” и лидер на единствената македонска партија во Албанија, МАЕИ, Васил Стерјовски оствари средба со Ана Соле Мена, виш експерт за повеќејазичност во Европската комисија. -Разговаравме за важноста што Европската унија ѝ ја придава на повеќејазичноста и на зачувувањето на малцинските јазици како дел од европскиот идентитет. Ана Соле Мена ја истакна важната улога на европските програми Erasmus+ и ...

Реформи во судството може да има само со целосна департизација и деполитизација. Најдобрите правници не се таму. Кога правите луѓе ќе се најдат на правите места, мислам дека се ќе функционира. Ние имаме некои интересни критериуми. Проблемот е системски, но со новата регулатива се остава простор за градење нов систем, рече вечерва претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Во гостувањето на МРТ по повод две години од нејзиниот мандат, ...

Најголемиот дел од преставките доставени до Народниот правобранител во делот на повредата на правата на граѓаните се во областа на правосудството, реферираше во годишниот Извештај за 2025 година народниот правобранител Фатмир Сељами пред пратеници на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Сељами посочи дека најголем дел од претставките во делот на праводсудството се однесуваат на непочитување на законските рокови, ...

Им се обраќаме на СДСM токму од местото, кое е доказ за нивната негрижа и потценувачки однос кон студентите. Местото каде што во нивните седум години власт требаше да никне нов студентски дом, но наместо дела, студентите добија празни ветувања, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Седум години не изградија ниту еден нов студентски дом. Седум години ги оставија студентите во лоши услови, без визија и без вистинска грижа. Со доаѓањето на ...

Официјален ветеринар на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) доцна попладнево спроведе вонреден надзор во скопската зоолошка градина каде вчера вечер беше згрижено диво животно заловено во скопската населба Козле. Врз основа на искуство во работата со диви животни и спроведениот стручен преглед на физичката градба на заловеното животно и неговото однесување, како и на проверка на други важни факти за утврдување на неговиот вид, од страна ...

Потребно е целосно расветлување на случајот со распределбата на финансиски средства, зашто станува збор за над 800.000 евра, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Според него, постојат сериозни индиции и докази за злоупотреби во доделувањето грантови, при што бил заобиколен системот на Платежната агенција. Како што рече Трипуновски во гостување на Алфа телевизија, како функционер по промената на ...

Како дијаспората може да и помогне на Македонија и кои предизвици се појавуваат во обидите да се направи тоа беа прашањата во фокусот на панелот „Дијаспората како стратешки капитал: Враќање дома“ (Diaspora as Strategic Capital: Giving Back Home) на дводневниот Самит Македонија 2026, што завршува попладнево во Скопје. -На дијаспората не и треба мотивација, љубовта е присутна. Она што недостасува е структура, основа, платформи, долготрајни ...

Две години по стапувањето на функцијата, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во ексклузивно интервју за Македонското радио ја оцени својата работа како успешна во зацврстување на меѓународната видливост на земјата, интегритетот на институцијата и директната комуникација со граѓаните. „Мислам дека многу работи се движат или се придвижија“, истакна претседателката, посочувајќи дека станала видлива во меѓународните односи, делумно и ...

Македонското општество има знаење, има талент, има луѓе кои успеваат и дома, но и во целиот свет. Сега е време тој потенцијал да го претвориме во резултати. Да создадеме држава што ќе биде доволно силна младите да сакаат да останат, доволно модерна за талентите да се враќаат и доволно самоуверена да се натпреварува и со најдобрите, порача попладнево министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски на Самитот на Македонија ...

Одлуката за стопирање на истрагата за набавката на мазут е уште еден удар врз довербата на граѓаните во правосудниот систем. Во време кога јавноста очекува расчистување на сомнежите за милионски криминал и злоупотреби, добиваме порака дека предмети од висок јавен интерес се затвораат без целосна разрешница, вели министерот за правда Игор Филков во реакцијата за запирањето на истрагата за набавката на мазут во ТЕЦ „Неготино“. – Како министер ...

– В недела во Скопје ќе се одржи 11. издание на глобалниот хуманитарен мотоциклистички настан „The Distinguished Gentleman’s Ride“, кој ги обединува љубителите на класични мотоцикли и модата со цел собирање средства и подигнување на свеста за машките болести. Како што информираат организаторите, на улиците во главниот град се очекува да излезат повеќе од 220 мотоциклисти со своите класични мотоцикли. Основната цел на манифестацијата е ширење ...

Дванаесет холандски лекари се во шестнеделен карантин поради контакт со телесни течности од пациент заразен со хантавирус од крузерот. Болницата соопшти дека ризикот е низок, но мерката е превентивна. Во Париз, Французинката заразена со вирусот е во критична состојба и на респиратор. „Пациентката моментално има најтешка кардиопулмонална форма на болеста и прима последна фаза на поддржувачка нега, ставена е на респиратор за кој се надеваме ...

Високи американски и кинески претставници се согласуваат дека ниту една земја не треба да наплаќа такси за премин низ Ормускиот Теснец, соопшти Стејт департментот, што е знак дека двете земји се обидуваат да најдат заедничка основа во нивните напори да го натераат Иран да се откаже од контролата врз виталниот воден пат. Изјавата доаѓа пред состанокот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот лидер Си Џинпинг, на кој ќе биде ...

Три британски министерки поднесоа оставки, со што дополнително се засили притисокот врз британскиот премиер Кир Стармер да објави временска рамка за своето повлекување по лошите резултати на Лабуристичката партија на локалните избори. Повикувајќи се на неименувани извори во британската влада, „Телеграф“ објави дека уште шест министри планираат да поднесат оставки. Британскиот премиер се соочува со зголемен притисок во Владата да размисли за ...

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека со предлог-законот за игри на среќа и забавни игри, што го усвои Владата, состојбата во државата ќе се подобри во морална смисла, а најавува и решение со кое ќе се ограничи до коцкарниците да има канцеларии за издавање брзи кредити. На новинарско прашање Мицкоски денеска рече дека Владата стои во одбрана на законот забележувајќи дека ќе се смени перцепцијата за тоа дека коцкарниците се главна индустрија ...

Општина Ѓорче Петров продолжува со силна градежна офанзива и реализација на капитални инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на условите за живот на граѓаните. Во моментов, како што велат од локалната самоуправа, активно се работи на изградба на седум приклучни улици, со вкупна должина од 1.700 метри, со што значително се подобрува локалната патна мрежа, безбедноста и пристапноста во повеќе населени места на територијата на ...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали заедно со претседателот на Владата и претставници на релевантните институции одржаа онлајн-состанок со високи претставници на Европската комисија во врска со спроведувањето на реформската агенда и планот за раст за Западен Балкан. На состанокот, информираат од Кабинетот на министерот за европски прашања, учествуваше генералниот директор за проширување и источно ...

Централизацијата е погубна за македонското здравство. Мора да направиме регионализација и рамномерен регионален здравствен развој. Тогаш и листите на чекање ќе исчезнат. Тоа е моделот од Словенија, не треба многу да размислуваме, треба само да го прифатиме. Пациентот мора да добива ист квалитет на услуга и во местото од кое потекнува – изјави денеска директорот на Градската општа болница „8 Септември“, Синиша Стојаноски. Пред една, една и пол ...

За да им се олесни изборот на деветтоодделенците при уписите во средно образование, Министерството за образование и наука и Центарот за развој на стручното образование со поддршка од швајцарската амбасада подготвија онлајн-водич за квалификации – kvalifikacii.crso.gov.mk, кој ќе им овозможи да донесат правилна одлука за струката во која ќе продолжат да се едуцираат. Со овој водич првпат сите информации за стручното образование се ...

Завршена е изградбата на крак 1 од секундарната фекална канализација во општина Арачиново, со што се решава едно од клучните комунални прашања за жителите и се подобрува инфраструктурата вo општината – информира Владата. – Со реализацијата на проектот се обезбедува правилно и ефикасно одведување на отпадните води, што директно придонесува за подобрување на хигиенско-санитарните услови, заштита на животната средина и поквалитетен живот за ...

Здравствен капацитет, експерти или професионалци не се создаваат за еден ден, една недела или за две години, тие се создаваат за пет, за десет години. Првпат правиме национална стратегија за човечки капацитети во здравството – изјави денеска министерот за здравство, Азир Алиу. Заедно со Министерството за образование и наука, појасни, ќе предвидуваме број на капацитети, на перформансите, почнувајќи од медицински сестри до доктори и ...

Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска учествуваше и се обрати на дипломатскиот брифинг на МАРРИ / Пријателите на МАРРИ, организиран од Регионалниот центар МАРРИ и Претседателството на Босна и Херцеговина со МАРРИ Иницијативата. Како што соопшти Министерство за внатрешни работи, Исени во своето обраќање ја нагласил важноста на регионалната соработка во управувањето со миграцијата, заштитата на границите и справувањето со ...

Институционалната соработка и координацијата во справувањето со итни и кризни ситуации била во фокусот на денешниот работен состанок помеѓу директорот на Центар за управување со кризи, Мухамед Али, и градоначалникот на Општина Теарце, Даут Мениши. Како што соопштуваат од ЦУК, на состанокот што се одржал во просториите на Општина Теарце, градоначалникот ги информирал присутните за функционирањето и значењето на дисперзираната единица на ...

Во Министерство за правда се одржа состанок посветен на е-платформата за трак-рекорд за корупција и организиран криминал во рамките на исполнувањето на обврските од реформската агенда во областа владеење на правото. На состанокот, како што соопшти Министерството за правда, се разговарало за навременото и прецизно внесување податоци во е-платформата, која претставува значајна алатка за следење на резултатите во борбата против корупцијата, ...

Кабинетот на министерот без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите, Шабан Салиу, во соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади, денеска во Владата одржа координативен состанок на техничко ниво со претставници на донаторската заедница, меѓународни организации и амбасади. Целта на состанокот, како што соопштија од ресорното Министерство, била зајакнување на ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
0.74
32%
1017
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
0.45
43%
1018
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.77
49%
1018
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
1.52
36%
1018
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
2.38
31%
1018
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 27ᴼ
0.45
59%
1019
weather icon

Атина

33ᴼ / 30ᴼ
4.47
41%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
4.54
42%
1017
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
2.74
41%
1017
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
1.79
36%
1017
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
2.68
44%
1017
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 26ᴼ
6.69
57%
1017
Currency

61.645

Currency

53.0919

Currency

71.2741

Currency

37.5436

Currency

37.9456

Currency

66.9633

Currency

7.85443

Currency

0.73248

Currency

0.33094

Currency

0.52511

Currency

1.14648

Currency

0.56142

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Паладиум

42696.19

Злато

139029.54

Калај

55.36

Бакар

13.11

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.43

Платина

57196.18

Сребро

2236.23

Родиум

257205.97

Цинк

0.00