Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Комисијата за образование, наука и спорт. На дневен ред на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Годишниот извештај за работата на Агенција за администрација за 2025 година и Годишниот извештај за работата на Агенција за заштита на личните податоци за 2025 година. Членовите на Комисијата за образование, наука и ...
Претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека во попладневните часови се очекува локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер од западен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и над 80 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 31 степен. Во Скопје, променливо облачно со ...
Сојузот на здруженијата на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри на Македонија, предводен од ЗМСТАС „За Нас“, ќе ја одбележи Неделата на сестринството и Меѓународниот ден на медицинските сестри со свечена академија во Домот на културата во Тетово, со почеток во 16 часот. Како што соопштуваат организаторите, половина час претходно, во 15:30 часот, ќе се одржи и прес-конференција, на која изјави за медиумите ќе дадат ...
Поради технички зафати, неколку улици во Чаир и дел од булеварот Партизански одреди денеска ќе бидат без вода, соопштуваат од ЈП Водовод и Канализација – Скопје. Прекинот на дел од булевар Партизански одреди е поради промена на затварачи на булевар Партизански одреди бр.48а и ќе трае од 9 часот до завршување со активностите. Поради промена на затварачи на улица Коста Арашевиќ бб (кај ОУ „Хасан Приштина“), прекинато водоснабдување ќе имаат ...
Во рамки на Клубот на младински прашања и политики, денеска во Собранието ќе се одржи средба меѓу пратеници и ученици од средни училишта, учесници во програмата „Најгласни“. Програмата „Најгласни“ ја имплементираат Фондација Конрад Аденауер и Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАД), со цел поттикнување на младинското учество, лидерството и активизмот кај средношколците. Во рамки на Клубот на младински прашања и политики, денеска во ...
За ВРЕДИ, демократијата започнува таму каде што граѓанинот го живее своето секојдневие, во општината, во маалото, во училиштето, на улицата што ја користи и во услугите што ги добива. Токму затоа децентрализацијата има централно место во програмата на ВРЕДИ, се наведува во партиското соопштение. ВРЕДИ и дава ново значење на децентрализацијата. За нас, тоа подразбира одлучувачка автономија за општините, фискална децентрализација, поголем ...
Државниот завод за ревизија го објави Конечниот ревизорски извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на регуларност на Основен суд Куманово за 2024 година – 3 сметки. ➡ Линк до Конечен ревизорски извештај: ➡ Линк до Апстракт од конечен ревизорски извештај (македонски јазик): ➡ Линк до Апстракт од конечен ревизорски извештај (албански јазик): Државниот завод за ревизија го објави Конечниот ревизорски извештај за ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска на покана на својот словачки колега Роберт Калинак ќе присуствува на отворањето на меѓународниот саем за одбранбена и безбедносна технологија – IDEB, кој се одржува во Братислава, Словачка. Во рамки на посетата, предвидено е министерот Мисајловски да оствари одвоени билатерални средби со домаќинот, министерот за одбрана на Словачка Република, Роберт Калинак и со министерот за одбрана на ...
Градежните активности на автопатот Охрид – Кичево влегуваат во последната финална фаза – напиша на својот фејсбук-профил вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и објави видео од автопатот. – Видете го текот на работата на преостанатиот дел од делницата Охрид – Кичево, каде што последниве две години изградивме многу и набргу македонските граѓани ќе возат по овој автопат. Ја градиме Македонија – се вели во објавата од ...
Сервилноста и поданството на СДСМ и Венко Филипче кон туѓи држави и интереси, не е европска вредност. Сервилноста на СДСМ и Филипче е продолжение на антидржавната и предавничка политика која ја започна Заев и ја продолжи Ковачевски, само за да дојдат и ден повеќе да останат на власт, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Знаејќи дека во Македонија граѓаните не го поддржуваат што се покажува и со рејтинг во рамки на статистичка грешка од само ...
Најтопло изутринава било измерено во Скопје, Охрид, Претор, Куманово, Кавадарци и Гевгелија со 12 степени, додека најниска температура од 6 степени е регистрирана во Берово, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Според прогнозата ќе дува силен ветер од ...
ВМРО-ДПМНЕ јасно и недвосмислено го осудува говорот на министерката за надворешни работи на Бугарија, Весислава Петрова Чамова, во кој вели ,,северномакедонски”, се наведува во партиското соопштение. Во контекст на изјавата, министерката Петрова Чамова, го искористи поимот ,,северномакедонски” за означување на македонскиот народ, а тоа е неточно и несоодветно. Во Македонија живеат Македонци, Албанци, Срби, Турци, Власи, Роми, Бошњаци, но ...
Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на самитот 2026 во организација на „Македонија 2025“, кој годинава се одржува со мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“. На отворањето на самитот воведни обраќања ќе имаат и претседавачот на одборот на директори на „Македонија 2025“, Виктор Мизо, коосновачот на организацијата, Мајк Зафировски, и извршната директорка Никица Мојсоска-Блажевска. Самитот обединува ...
СВР Струмица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против И.Ѓ.(26) од село Ново Конско, гевгелиско, П.Ч.(33) од Гевгелија и В.С.(51) од Струмица поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Според информациите од полицијата, пријавениот И.Ѓ. организирал набавка на кокаин и, по претходен ...
„Според многу параметри, посебно за време на криза, 4% инфлација, според онаа Организација за земјоделие дури и до 8% инфлација е прифатливо во кризна состојба. Основните прехранбени производи, во најголем дел имаат 5% стапка на ДДВ. Зборуваме тука за производи од брашно, производи од млеко итн., коишто се навистина основни“, рече Игор Здравковски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Пратеникот ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска демантира дека имал билатерална средба со новоименуваната министерка за надворешни работи на Бугарија, Весислава Петрова Чамова, појаснувајќи дека станувало збор за кратка размена на зборови на маргините на настан. Муцунски нагласи дека не станува збор за официјален состанок, реагирајќи на изјавата на неговата бугарска колешка. -Во однос на изјавата на мојата нова ...
Загина 89-годишен росоманец, во него удрило товарно возило, потврди портпаролката на Секторот за внатрешни работи – Велес, Ана Милевска Ѓеоргиева. – Денеска во ОВР – Кавадарци пријавено е дека во 18:55 часот на регионален пат Градско-Прилеп, во Росоман, товарно возило „сканиа“ со кавадаречки регистарски ознаки со приколка управувано од Р.Љ., на возраст од 45 години од Кавадарци, удрило во пешак К.Ѓ., на 89-годишна возраст од Росоман. Од ...
Заврши изградба за продолжување на булеварот Благоја Тоска, од кружниот тек кај касарната „Кузман Јосифоски-Питу“ до регионалниот пат Тетово-Јажинце, каде е изграден и нов кружен тек. По тој повод Општина Тетово одржи настан за промоција на новиот сегмент на булеварот Благоја Тоска, кој е со должина од 557 метри. -Конечно, по многу подеми и падови и многу предизвици, оваа важна патна оска на Тетово се завршува со прекрасен проект, кој ќе им ...
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски истакна дека во изминатите скоро две години, актуелниот пратенички состав покажал конзистентност во работењето, истовремено упатувајќи остри критики кон политиките на претходната власт предводена од СДСМ, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Сметам дека се работи во последните две години, односно поминуваат и се навршуваат 2 години од мандатот на новиот пратенички состав, покажавме ...
Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска која истакна дека реализацијата на капиталните проекти од страна на Владата е со раст за разлика од владеењето на СДСМ и ДУИ, а притоа истите резултирале со 0% реализација, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Бојковска се осврна и на однесувањето на ДУИ кога е на власт, дека е различна партија од ДУИ во опозиција. „Интересно е како ДУИ кога нема да биде на власт тогаш почнува она ...
Заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири оствари работна посета на општина Гостивар. Таа се сретна со градоначалникот Ваљбон Лимани и направи увид во работите на проекти кои се поддржани од државата. Зеколи-Шаќири со нејзиниот домаќин Лимани на состанокот разговараше околу спроведувањето на проектите во Гостивар коишто се финансирани Министерството за транспорт. Таа по разговорот најави дека ќе се продолжи со соработката и ...
Рокот за автопатот Кичево – Охрид останува ист – во првиот квартал в година ќе биде целосно функционален, а за трасата на автопатот Требениште – Ќафасан, доколку има негативен одговор од УНЕСКО, ќе се бара друго техничко решение за да има целина – автопатско поврзување во овој регион. Тоа го најавија премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски при денешниот увид на работите на терен на автопатот. – Автопатот ќе ...
Филипче инсистира Бугарите да влезат во Уставот. Денес повторно Венко Филипче продолжува со своето инсистирање Бугарите да влезат во Уставот прикажувајќи го како услов без кој не може. Condito sine qua non за нашата интеграција во ЕУ. Откако го прифатија на најдолен предавнички начин за услов водени од заложништвото кон Бугарија поради своите криминални активности, сега прикажувајќи се како проевропски политичари кажуваат дека треба да се ...
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска почна судскиот процес против 13 полициски службеници обвинети во предметот поврзан со пожарот во кабарето „Пулс“ во Кочани, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а 223 беа повредени. На денешното рочиште обвинетите се изјаснија дека не се чувствуваат виновни, а Обвинителството оцени дека полициските службеници со пропусти во постапувањето придонеле за настанување на трагичните последици. ...
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска во Берлин учествуваше на панелот „Промовирање на вработувањето: Ефективни стратегии за отпорни и инклузивни пазари на труд“ на министерскиот состанок за Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес. Во своето обраќање истакна дека Македонија останува посветена на спроведување на реформи кои ќе придонесат за посилен, пофлексибилен и поконкурентен пазар на труд, усогласен со европските ...
Во Министерството за правда денеска се одржа состанок на работната група за Изборниот законик, на кој бил постигнат договор за измена на десет членови, согласно препораките на ОБСЕ и ОДИХР. На состанокот присуствувале претставници на сите политички партии, освен на СДСМ. Антонијо Милошоски, потпретседател на Собранието и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, кој ја претставува партијата во работната група, оцени дека состанокот бил продуктивен и дека со ...
Центар за лица со церебрална парализа, како и на Центар за поддршка на лицата со дијабетес, се отворени денеска во Кисела Вода. Тие ќе обезбедат сервиси за поддршка, советување, организирање едукативни работилници, креативен развој, социјална вклученост и унапредување на квалитетот на животот на овие групи граѓани. На отворањето на центрите присуствуваа сопругата на премиерот Рози Мицкоска, која помогнала во нивното опремување, ...
Поддршката на развојот и конкурентноста на малите и средни претпријатија во регионот ќе биде во фокусот на меѓународна конференција во Будва, на која ќе учествува и заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески. Конференцијата е посветена на лансирањето на Индексот на политики за мали и средни претпријатија 2026 за Западен Балкан и Турција. На конференцијата, која е во организација на Организацијата за економска соработка и развој ...
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески и претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата Адем Чучуљ денеска го потпишаа новиот Меморандум за соработка меѓу двете институции во следните три години. -Како клучен дел од документот се активностите за развивање, унапредување и имплементација на системот на интегритет во Јавното обвинителство, што се спроведува со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. За ...
Работната група за реформи во изборното законодавство денеска ја одржа четвртата седница, на која продолжи разгледување на препораките за унапредување на Изборниот законик, согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР и обврските предвидени во Реформската агенда, соопшти Министерството за правда. Во однос на учеството на СДСМ, од Министерството посочуваат дека сѐ уште не е доставено официјално писмено известување за нивно повлекување од процесот. Во ...