Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на Неформалниот состанок на министрите за европски прашања, кој се одржа во Никозија, под претседателството на Кипар со Советот на Европската Унија. Во рамките на сесијата посветена на проширувањето, министерот Сали ја нагласи важноста на кредибилен и предвидлив процес на проширување, заснован на принципот на заслуги и на темелните вредности на ...
Интензивирањето на меѓупарламентарната соработка, размената на искуства и континуираната швајцарска поддршка за реформските и демократските процеси во земјава беа во фокусот на разговорите за време на работната посета на собраниска делегација предводена од претседателот Африм Гаши во Швајцарската Конфедерација. Како што соопштуваат од Собранието, во рамки на работната посета на Берн, Швајцарска Конфедерација, претседателот на Собранието на ...
Поврзувањето е стратешко позиционирање и стратешка цел на оваа Влада, порача премиерот Христијан Мицкоски по увидот на сите три делници од автопатот од Тетово до Охрид. Роковите ќе бидат запазени, односно автопатот целосно ќе биде готов во 2027 година. Нови десеттина километри ќе бидат пуштени во употреба ова лето. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски по увидот изјави дека мора да се компензираат две години изгубени со ...
Рекорден раст на бројот на патници бележат двата македонски аеродрома во првите четири месеци од годинава. Според ТАВ Македонија, аеродромите во Скопје и Охрид од јануари до април опслужиле над 1,2 милиони патници, што е зголемување од 32,4 проценти во споредба со истиот период лани. Реализирани биле повеќе од 8.100 летови, што претставува пораст од 10,7 проценти на годишно ниво. Од ТАВ Македонија велат дека со ваквите резултати, македонските ...
По само два месеци откако беше исчистен комуналниот и градежниот отпад, изворот Шум во Струга повторно е под сериозна закана од загадување. Овој пат заштитеното подрачје се полни со кабаст отпад и угинати животни. Директорот на јавното водоводно претпријатие, кој веднаш интервенирал, упати апел до институциите соодветно да одговорат и да ги казнат несовесните. Се преземаат, вели, мерки за санација на изворот Шум, од кој со вода се снабдуваат ...
Македонската држава има „насушна потреба од соработка со дијаспората“, не само преку инвестиции, туку и преку знаењето и искуството, порача вечерва претседателката Гордана Сиљановска‑Давкова на приемот во пресрет на традиционалниот Самит „Македонија 2025“, нагласувајќи дека „човек може физички да замине од својата земја, но таа не заминува од него“. Обраќајќи се пред присутните, претседателката истакна дека географската оддалеченост не значи ...
Во рамки на работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на Состанокот на високо ниво на Меѓународната коалиција за враќање на украинските деца, кој се одржа на маргините на Советот за надворешни работи на Европската Унија. Во своето обраќање, министерот Муцунски ја реафирмираше поддршката на државата за Украина, нејзиниот суверенитет и територијален интегритет, ...
Венко Филипче со закани за затворање медиуми кога ќе дошол на власт, но сега и новинари кои според него ќе му се извинувале, ако ја има моќта во раце. Директно му порача на новинарот на ТВ Алфа дека лично ќе му се извинувал. Покрај тоа повторно говореше и за некакво ослободување. -И вие ќе се извинувате што ме клеветевте дека имам куќа во Нерези, вие лично и ќе ве ослободам, му порача Филипче на новинарот Матеја Петровски. Уште на почеток на ...
Општина Градско објави јавен повик за пријавување на штети на земјоделски насади предизвикани од атмосферска непогода – мраз што ја зафати општина на 2, 3 и 4 мај годинава. Пријавувањето, како што се вели во објавата, ќе се врши од денеска до 15 мај секој работен ден од 8 до 14 часот во просториите на Општина Градско. -Ги повикуваме сите земјоделци кои имаат претрпено штети навремено да поднесат пријава, потенцираат од Општина Градско. По ...
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата со мнозинство гласови го усвои предлогот Катерина Зајковска да биде избрана за член на Државната комисија за спречување на корупцијата. Зајковска, како што појасни претседателот на Комисијата Ѓорѓија Сајкоски, е дипломиран економист и магистер по сметководство, финансии и ревизија од Скопје. Од петте кандидати кои ги исполнувале условите и учествувале на интервјуата, таа освоила ...
Општина Илинден го пушти во употреба реконструираното повеќенаменско игралиште при ООУ „Ристо Крле“ во населеното место Мралино, современ спортско-рекреативен терен кој значително го менува изгледот и функционалноста на просторот и создава нов центар за спорт, дружење и активен живот на младите, соопшти Општината. Во рамки на реконструкцијата, се додава во соопштението, извршена е целосна обнова на спортскиот терен, поставена е нова заштитна ...
Агенцијата за филм во август годинава ќе распише мконкурс за снимање македонски серии, соопшти денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Како што напомена одговорајќи на новинарски прашања во врска со Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026 – 2030, поголем фокус ќе биде ставен на играната детска програма. -Агенцијата за филм во август кончено, ќе распише конкурс за снимање македонски серии, заедно со ...
Единаесетте општини од Источниот плански регион (ИПР) денеска во Штип се на средба со претставници на Агенцијата за храна и ветеринарството(АХВ), Ветеринарниот факултети, како и од Ветеринарната комора и граѓански организации, со цел да се направи Стратегија за справување со бездомните животни. Осумте плански региони во државата ќе направат посебни стратегии, од кои потоа ќе се изготви Националната стратегија за справување со бездомните ...
Министерката за образование и наука најави лиценцирање на училишните психолози за да детектираат разни видови проблеми во училиштата и да преземат мерки. Од Комората на психолозите ќе побара да организира додатни обуки за психолозите бидејќи едни учеле по стари, а други по нови програми. Во врска со случаите на педофилија кај наставници, Јаневска изјави дека во образованието има многу проблеми, но, рече, овој е еден од најтешките и ние ...
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека три лица се лишени од слобода за семејно насилство, а дека имало вкупно пет пријави во последното деноноќие. На 10.05.2026 во 23:30 часот во СВР Скопје, 53-годишна жена од Крива Паланка пријавила дека на 07.05.2026 околу 13:00 часот, по претходна расправија, била физички нападната од нејзината ќерка М.М.. На 11.05.2026 во 00:30 часот во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода ...
Постигнатиот напредок во спроведувањето на реформите во областа на царината, борбата со организираниот криминал, регионалната соработка и зголемување на економскиот раст ја покажуваат нашата силна посветеност во процесот на забрзана интеграција во ЕУ и Република Хрватска цврсто нѐ поддржува во евроинтегративните процеси. Почнува нов циклус на соработка при што Царинската управа на Република Хрватска на експертско ниво ќе ги пренесе своите ...
Министерството за финансии ги почна состаноците за ребаланс на буџетот. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска најавува дека ребалансот ќе биде изготвен во согласност со среднорочната фискална рамка и стратешките приоритети на Владата – стабилни јавни финансии, фискална консолидација, инфраструктурен развој, енергетска транзиција и подобар животен стандард за граѓаните. – Во време на сериозна глобална неизвесност, предизвикана ...
Културно информативниот центар (КИЦ) Битола денеска почна со реализација на проектот „Симфонија на петте: звуците на Офицерски“, уникатна интердисциплинарна иницијатива која има за цел да го отвори креативниот процес пред очите на јавноста. Наместо во затворени кабинети, уметноста ќе се создава во алтернативниот галериски простор на КИЦ Битола, претворајќи го во „Живо атеље“, информираа од таа општинска установа. Во период од три недели, 20 ...
Во текот на изминатите два дена (09/10.05.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1433 издадени платни налози, 861 прекршок се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Како што соопшти МВР, лишено од слобода за безобѕирно управување на возило е 21 лицe, од кои пет за возење под дејство ...
При вонреден инспекциски надзор во Долно Лисиче на локацијата викана „Купишта“, затекнат е камион кој незаконски одлагал отпад од градежен шут, спротивно на Законот за управување со отпад, информираат од Општина Аеродром. -Од страна на општинскиот инспекторат е издаден прекршочен платен налог за правното лице, согласно член 130 од Законот. За сторениот прекршок е изречена глоба од 20.000 евра во денарска противвредност, посочуваат од ...
Одложено е денешното судско рочиште за случајот „Онкологија“ што се води во Основниот кривичен суд во Скопје поради, како што беше кажано, спреченост на техничкиот советник на Обвинителството да присуствува од оправдани причини – неодложни работни обврски. Следното рочиште за случајот е закажано на 1 јуни. Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози – Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, вработени на ...
Обвинителството не се откажува – бара од Апелација, Александар Ѓорчевски, таткото на малата Вања да биде осуден затоа што му помагал на Палчо и неговата група да ја киднапираат ќерка му, која потоа ладнокрвно ја убиле. Палчо пак, упорно тврди дека е невин и ги закопа апелациските судии со десетици странци материјал каде наводно утврдил дури 50-тина повреди во судската постапка. Двет страни си ги образложија жабите, сега останува на ...
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, остварил средба со амбасадорот на Австралија, Питер Трасвел, на која биле разгледани тековната билатерална соработка и можностите за нејзино унапредување. – Во фокусот на разговорите беа макроекономските движења и предизвиците со кои се соочуваат и двете економии, особено по последните случувања на Блискиот Исток. Дополнително, разговарано беше и за можностите за унапредување на економските ...
На автопатот Гостивар – Букојчани се работи на 11 од предвидените 31 километар, а реализацијата изнесува 60 проценти. На Тетово – Гостивар, пак, се работи на 14-ина километри од предвидените 17,5, а реализацијата е 8,4 проценти. Од Владата велат дека прават сè за да овозможат изведувачите што побргу да ги завршат овој и другите проекти од пакетот автопати што ги гради „Бехтел и Енка“, од каде што истакнуваат дека имаат активен напредок во ...
Денеска и утре во попладневните часови времето ќе биде нестабилно наместа со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер од над 60 километри на час и услови за појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Како што посочуваат оттаму, во Скопје денеска и утре претпладне ќе биде сончево, а попладне ќе биде нестабилно ...
Делегација на Британската амбасада во Скопје, предводена од амбасадорот Метју Лосон оствари официјална работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје, на која домаќин беше генералниот директор и претседател на Управниот одбор, Живко Мукаетов. Во фокусот на работната средба беа клучните стратешки определби на компанијата: извозната ориентација, капиталните инвестиции, вложувањата во едукација, примената на ESG-стандардите, проектите за општествена ...
СДСM и Филипче треба повеќе да работат за Македонија, отколку да кодошат во Бугарија. СДСM и Филипче со рејтинг од само 4%, знаејќи дека во Македонија никој не ги поддржува, ниту им дава на значење, се свртија да одработуваат за странски држави и странски партии, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. СДСM и Филипче свесно шират какафонија во медиумскиот простор, ...
Апелацискиот суд Скопје денеска на јавна седница ја разгледуваше жалбата на Обвинителството поднесена против ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Обвинителот Дарко Јакимовски оцени дека првостепениот суд не ги анализирал доволно доказите, што, според Обвинителството, упатуваат на негова вмешаност во настаните што претходеле на киднапирањето. Одбраната на Ѓорчевски, пак, остана на ставот дека ...
Делегација од Армијата, предводена од началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, од денеска до 13 мај ќе престојува во официјална посета на Вооружените сили на Република Албанија. За време на посетата, информираат од Министерството за одбрана, генералот Лафчиски, согласно агендата, ќе оствари официјална средба со неговиот домаќин, началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Албанија, ...
Македонија повеќе не е пасивен набљудувач на енергетските процеси, туку држава што активно ги креира сопствените политики и се позиционира како релевантен и стабилен партнер во регионот – порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на панелот посветен на енергетската транзиција и регионалната соработка на Belgrade Energy Forum 2026, еден од најзначајните регионални енергетски форуми. – Енергетската криза ...