Министерот за здравство Азир Алиу денеска на свечената академија, што се одржа во Тетово, во организација на Сојузот на здруженијата на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“, рече дека оваа недела е потсетник на огромната улога што медицинските сестри и акушерки ја имаат во здравствениот систем и во општеството во целина. – Вашата професија не е само работа, туку секојдневна грижа, посветеност, хуманост и ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во Братислава, Словачка заедно со останатите високи гости на свечен начин го означи отворањето на Меѓународниот саем за одбранбена и безбедносна технологија – IDEB на кој над 150 излагачи од 16 земји претставија нови и современи воени системи и опрема. На маргините на саемот министерот Мисајловски имаше две одвоени средби со неговиот колега и домаќин, министерот за одбрана на Словачка, Роберт ...

Маж од Србија е уапсен во скопско под сомнение дека подготвувал тешко кривично дело, најверојатно ликвидација, пишуваат српските медиуми. Акцијата била спроведена по долготрајна оперативна размена на информации меѓу македонското и српското Министерство за внатрешни работи. Осомничениот С. М., роден 1984 година, бил откриен во засолниште во Скопје. При претресот, полицијата пронашла пиштол „ЦЗ“, муниција, воен нож, црна тактичка униформа и ...

160 милиони евра сомнеж за криминал – но никој нема да оди на суд и да одговара. Контроверзните бизнисмени и поранешни функционери Ратко Капушевски, Ерџан Сулкоски, Васко Ковачевски и Асмир Јахоски се спасија од прогон за спорните тендери и набавки на мазут за ТЕЦ Неготино. Обвинителството ја запре истрагата против 13 лица и една фирма, бидејќи немало докази за перење пари и злоупотреби. Велат дека по бројни анализи на договори, финансии и ...

Струмичко Банско доби ново мултифункционално игралиште кое се простира на речиси илјада квадратни метри, во вредност од околу 6 милиони денари. Ова игралиште е само дел од проектот на Видеолотарија Касинос Австрија, која досега со над еден милион евра обнови и реконструираше 24 спортски игралишта низ целата држава. Спортот е важен дел за развојот на младите и создавањето здрави животни навики. Во таа насока, жителите на Банско добија ново ...

Град Скопје ја модернизира Противпожарната бригада со ново специјално навално противпожарно возило од производителот MAN, наменето за гасење пожари во урбана средина и технички интервенции, соопштија од Град Скопје. -Возилото располага со цистерна од 6.000 литри, пумпа со нормален и висок притисок, витло од 60 метри и современа противпожарна опрема, вклучително и монитор-млазница со далечинска контрола за пожари со висок интензитет, се ...

Овогодишниот самит на организацијата „Македонија 2025“ обедини водечки бизнис-лидери од регионот, кои дискутираа за системските промени потребни за забрзан раст и за предизвиците со кои се соочуваат компаниите во процесот на интернационализација. На панелот посветен на прашањето како може регионот од потенцијал да создаде скалабилни и одржливи резултати се отворија клучни теми за конкурентноста, иновациите и задржувањето на талентите во ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на македонската дијаспора во Канада, меѓу кои и канадските претприемачи Џон Битов помладиот и Јордан Битов, учесници на самитот „Македонија 2025“. Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на Сиљановска-Давкова, таа им се заблагодари за долгогодишниот придонес на македонската дијаспора во Канада во јакнењето на економските, образовните, научните и културните врски ...

На бугарскиот амбасадор Жељазко Радуков денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска му бил упатен усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“, потврдија од МНРиНТ. -Денеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше повикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Бугарија во Македонија, Жељазко Радуков, се вели во информацијата од Министерството. На средбата, ...

Во Радожда е избегната трагедија, откако огромна карпа тешка меѓу 10 и 15 тони се урна на самиот регионален пат кој води кон селото. Жителите предупредуваат дека половина село живее буквално под надвиснатите карпи и стравуваат дека следниот одрон може да биде кобен. Само среќата спречила катастрофа, бидејќи во моментот на одронот, на неколку метри од местото поминувале жители со мали деца. „Многу ризично е да се живее во ова село, пошто никој ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка дозвола. Четири возачи во Скопје, двајца во Струга, двајца во Битола и еден во Прилеп управувале возило без возачка дозвола. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Од полицијата апелираат до сите учесници во сообраќајот да ...

Полициски службеници од Отсекот за превенција и Отсекот за општ криминал при СВР Велес денеска реализираа превентивна активност за спречување на питачење. На граѓаните им беше потенцирано да се воздржат од давање пари на лицата кои питачат, а секој забележан случај на питачење, особено од страна на деца на улица, да го пријават во надлежните институции. Целта на превентивната активност е да се надмине проблемот со лица на улица, нивна заштита ...

Три лица се лишени од слобода за семејно насилство, со едно е извршен службен разговор. Вкупно шест пријави има во последното деноноќие, соопшти Министерството за внатрешни работи. На 12.05.2026 во 01:30 часот во СВР Скопје, 43-годишна жена од Скопје пријави дека на 07.05.2026 околу 02:00 часот на подрачјето на општина Гази Баба, нејзиниот сопруг Д.Ј. од скопско, со кого не живеат заедно, физички го нападнал нивниот 13-годишен син, додека бил ...

Албанскиот претседател Бајрам Бегај денеска го прими началникот на Генералштабот на македонската армија, генерал-мајор Сашко Лафчиски. -Средбата се фокусираше на зајакнување на соработката во областа на одбраната и безбедноста меѓу двете соседни земји, сојузници на НАТО, како и на важноста на регионалната координација во услови на безбедносни предизвици, објавија од кабинетот на Бегај. Шефот на албанската држава искажал „висока оценка за ...

Фокусирајте се на она што можете да го контролирате. Ние сме релативно мала земја, случувањата во остатокот од светот може да нè парализираат. Тоа им го порача Мајк Зафировски на политичарите и на сопствениците на бизниси, кој е еден од основачите на „Македонија 2025“, од самитот во Скопје, кој годинава се одржува со мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“. Според него, силна, независна, демократска Македонија би била ...

Култната претставата „Чичко Кумплунг “ се враќа на тетарската сцена. Сега во режија на Јани Бојаџи, а премиерата ќе биде изведена утре во Театар Куманово. Работена според пиесата „Прирачник за самоуништување“ од Сашко Насев, станува збор за црна комедија и сатира која го прикажува општеството во транзицискиот период во Македонија во 90-тите години. „Ова е праизведба на македонска драма на сцените на кумановски театар, што е дополнително ...

Светска здравствена организација соопшти дека се пријавени девет нови случаи на хантавирус поврзани со крузерот, од кои седум се потврдени. Сите патници се евакуирани од бродот, кој по симнувањето на последните патници и дел од екипажот заминал од Тенерифе кон Холандија. Новите позитивни случаи се регистрирани меѓу евакуираните патници. Во Шпанија, еден од 14 патници во Мадрид бил прелиминарно позитивен на ПЦР тестот, но е без симптоми и во ...

Шеснаесет извршни директори на најголемите американски компании, меѓу кои се и Илон Маск од Tesla и Тим Кук од Apple, ќе го придружуваат претседателот Доналд Трамп на неговото патување во Кина оваа недела, соопшти Белата куќа. Листата вклучува голем број извршни директори со директен бизнис во Кина. Се очекува Кели Ортберг од Boeing да биде дел од делегацијата, бидејќи оваа недела се очекува да бидат објавени дополнителни купувања на авиони и ...

Изградбата на автопатиштата, железниците и гасното поврзување е приоритет на владата. Според премиерот Мицкоски само со вложување во вакви проекти, македонија ќе има единствена предност пред другите држави во регионот, како крстосница на Балканот да привлече инвестиции и да го забрза економскиот раст. Според Мицкоски тоа е клучно во услови на глобална нестабилност предизвикана од кризата на Блискиот Исток. Потврдува дека поради воведените ...

Цените на нафтата на светските берзи бележат нов раст по намалените надежи за брз дипломатски договор меѓу САД и Иран. Оваа ситуација директно влијае врз стабилизацијата на сообраќајот низ Ормуски Теснец, што дополнително ја подгрева неизвесноста кај трговците со енергенси. Нафтата од типот Brent Crude се искачи за околу два проценти и ја надмина психолошката граница од 100 долари. Пазарите реагираат на стравот дека кризата може да продолжи и ...

Владата продолжува со силна поддршка за рамномерен регионален развој и намалување на развојните диспаритети помеѓу општините и регионите. На денешната владина седница беа разгледани и усвоени програмите преку кои за 2026 година ќе се финансираат десетици проекти насочени кон подобрување на условите за живеење, локалната инфраструктура, конкурентноста и одржливиот развој. – Преку Програмата за намалување на диспаритетите и зголемување на ...

Во услови на глобални кризи енергетиката повеќе не е само економско прашање, туку прашање на безбедност, стабилност и стратешка отпорност на државите – порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во своето обраќање на панелот на тема Energy and Economy in the Post-War World alongside War, Terror, Conflict and Forced Migration на 29. Евроазиски економски самит во Истанбул, Турција. – Изолацијата не е ...

– Во кругот на Подрачното училиште „Маршал Тито“ во село Банско денеска беше пуштено во употреба реконструираното мултифункционално спортско игралиште, кое е реконструирано со заедничка соработка на Општина Струмица и Видеолотарија „Касинос Австрија“. Според градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, оваа соработка е за поздравување и се надева дека ќе продолжи и понатаму. -Општина Струмица обезбеди содветно бетонска подлога и инвестицијата ...

Над 50 илјади евра се потрошени досега за истражната постапка за набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“ – информира денеска обвинителката Катерина Коларевиќ на брифинг со новинарите, по одлуката на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) да ја запре истрагата. Од Обвинителството образложија дека по спроведената едногодишна истрага, не се потврдиле наводите од кривичната пријава, поради што не било ...

Во периодот јануари – март годинава вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 4 459 илјади денари, што е за 91,4 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година. Како што објави денеска Државниот завод за статистика, во првиот квартал годинава градежната оператива од државава во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 4 457 илјади денари, што е за 78,5 проценти помалку во ...

Во рамките на националната кампања, што се реализира со мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, доктор Азби Агуши, анестезиолог од Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) и болнички координатор за трансплантација, апелира за важноста на донирањето органи. – Говорејќи за трансплантацијата на органи, мојата порака е да ...

Шефот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази, денеска изјави дека ниту како јавен обвинител, ниту како раководител, не вршел притисок или влијание врз обвинителите во однос на одлуките што ги носат во предметите по кои постапуваат. – Јас ни како обвинител ни како виш, на ниеден обвинител не сум му сугерирал, ниту пак загрозил неговата самостојност. На ниеден јавен обвинител не сум вршел ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се сретна со претставници на СОС Детско село Македонија по повод одбележувањето на 25-годишнината од постоењето и работата на организацијата. Како што информираат од Кабинетот на македонската претседателка, таа упатила честитки по повод значајниот јубилеј до вработените, соработниците и поддржувачите на организацијата, посакувајќи им понатамошен успех во остварувањето на стратешките ...

15-годишник е уапсен откако со остар предмет, веројатно нож, нападнал ученик во основно училиште во општина Гази Баба, потврди МВР. Според информациите од полицијата, инцидентот се случил во основното училиште ООУ „25 Мај“ во Ченто. „На 11 мај во 14:50 часот, полициски службеници лишија од слобода 15-годишник од Скопје, постапувајќи по пријава од основното училиште дека пријавениот влегол во училиштето и со остар предмет му нанел тешки ...

Македонија само во патната инфраструктура на Коридорот 8 моментно вложува 2,1 милијарди евра, а во делот на железницата следните пет-шест години ќе инвестира над три милијарди евра. Тоа се вкупно 5,5-6 милијарди евра инвестиција само на Коридорот 8 – рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Обраќајќи се на бизнис-форумот „Преку границите“, Николоски потсети дека и двата аеродроми, скопскиот и охридскиот, кои ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
0.74
32%
1017
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
0.45
43%
1018
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.77
49%
1018
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
1.52
36%
1018
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
2.38
31%
1018
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 27ᴼ
0.45
59%
1019
weather icon

Атина

33ᴼ / 30ᴼ
4.47
41%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
4.54
42%
1017
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
2.74
41%
1017
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
1.79
36%
1017
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
2.68
44%
1017
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 26ᴼ
6.69
57%
1017
Currency

61.645

Currency

53.0919

Currency

71.2741

Currency

37.5436

Currency

37.9456

Currency

66.9633

Currency

7.85443

Currency

0.73248

Currency

0.33094

Currency

0.52511

Currency

1.14648

Currency

0.56142

Платина

57196.18

Алуминиум

3.43

Паладиум

42696.19

Сребро

2236.23

Бакар

13.11

Злато

139029.54

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Калај

55.36