Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
На Универзитетската клиника за хематологија, според информации од стручниот колегиум, нема недостиг на лекови и терапија за пациентите ниту, пак, е утврден застој во обезбедувањето на неопходниот медицински третман. Клиниката за хематологија останува целосно посветена на континуирано, стручно и одговорно лекување на пациентите во согласност со медицинските протоколи и стандарди – соопшти Министерството за здравство. Во врска со објавите со ...
Потпретседателот на Владата на Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ, денеска оствари работна средба со претставници на организации и медиуми од Република Турција, меѓу кои Филиз Шахин, претседателка на здружението Светски бизнис-жени за едукација, култура, уметност, историја, здравје и солидарност, Серпил Екинџи, Накшије Илмек и Адил Кочалан, претседател на Здружението на медиумите. На средбата беа разменети ...
Обвинителот Дарко Јакимовски на денешното рочиште продолжи со презентирање електронски докази и видеа поврзани со настапите на музичката група ДНК, како и снимки од критичната вечер кога избувна пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој појасни дека доказите се прибавени од социјални мрежи, медиумски објави и од видеа снимени од присутни лица. Според Обвинителството, материјалите се релевантни за утврдување на начинот на сценски настап на ...
Значењето на лидерството во услови на кризи и притисоци, улогата на компаниите и институциите во задржување на талентите, како и влијанието на вештачката интелигенција во образованието, пазарот на труд и иднината на работните места беа во фокусот на вториот ден од Самитот на Македонија 2025 што се одржува под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување на лидерство“. Претседателот на Управниот одбор на „Тиквеш“ Светозар Јаневски ...
15-годишниот ученик од Основното училиште „22 Ноември“ во Општина Гази Баба, населба Ченто, кој во понеделникот беше прободен со нож, е хоспитализиран и се наоѓа во критична состојба. Од Ургентниот центар информираат дека на детето вчера му била направена операција, бидејќи имало оштетување на црниот дроб и долната шуплива вена во пределот на стомакот. Напаѓачот, кој е на иста возраст со повреденото дете, по пријавата за инцидентот веднаш бил ...
По години најави и одложувања, Скопје конечно се подготвува за изградба на нов современ забавен парк во рамки на Градскиот парк. Проектот, чија вредност се проценува на околу 10 милиони евра, треба да донесе ново место за рекреација, забава и туристичка атракција во главниот град. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во гостување на утринската програма на Алфа, изјави дека покрај забавните елементи, планирани се и пешачки зони, ...
Со новиот закон за природа, кој е во фаза на носење и се наоѓа на ЕНЕР, ќе се стави ред во националните паркови, ќе се воспостави систем на заштита на животната средина и ќе се заштити екосистемот, велат од Министерството за животна средина. Националните паркови ќе станат позаштитени подрачја, ќе наплаќаат услуги согласно тарифник, а не како досега паушално. Отсега, корисници на услуги, угостителски објекти, планинарите и велосипедистите ќе ...
Речиси три години три малолетни девојчиња на возраст од 13 , 11 и 10 години биле жртви на сексуално злоставување од страна на 65годишниот штипјанец, сопственик и управител на приватен образовен центар во Штип, а истовремено во центарот им предавал математика. Според обвинителството сомничениот од септември 2023 до 11.05.2026 користел прилика во која на девојчињата им држел дополнителни часови во образовниот центар и им се приближувал и ги ...
Малите и средните претпријатија имаат клучна улога во економскиот раст, иновациите и социјалната стабилност, како држава даваме поддршка и креираме политики за нивен поголем раст и развој – порача заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески на конференцијата „Лансирање на Индексот на политики за мали и средни претпријатија 2026 за Западен Балкан и Турција“, што се одржува во Будва. Во рамките на конференцијата Ристески учествуваше ...
Премиерот Христијан Мицкоски информира дека е одржан состанок посветен на реформската агенда и на процесот на европската интеграција, на кој онлајн учествувал и Герт Јан Копман, директор на Директоратот за проширување и источно соседство при Европската комисија. Мицкоски во објава на „Фејсбук“ посочи дека на состанокот биле разгледани клучните реформски приоритети и следните чекори во процесот на европска интеграција. – Одржавме состанок ...
Со ребалансот на буџетот ќе се заштити животниот стандард и нема да се чепка во ставките кои креираат економски раст. Од Министерството за финансии велат дека тие ќе се реализираат со предвидената динамика и ребалансот на буџетот нема да излезе од предвидените рамки. Нема да се крати ниту од капиталните инвестиции. Разговорите со ресорните министри започнаа завчера, а прекроената државна каса ќе се знае кон крајот на месецов или почетокот на ...
Над 800 илјади евра народни пари од буџетот на Министерството за земјоделство на чело на Љупчо Николовски, без никаков законски основ биле доделени на микро земјоделски производители на вино, дознава Алфа. Јавниот повик за фиансиска поддршка бил распишан во 2023 година кога министер за земјоделство беше Николовски, и според наводите 50 милиони денари или околу 820 илјади евра биле доделени на мали семејни винарии. Парите, според информациите ...
Пионот на Радев, Венко Филипче, призна дека СДСM има исти позиции со Бугарија. Пионот на Радев, Венко Филипче, нема ништо против да бидеме нарекувани Северномакедонци. Филипче е поголем негатор на Македонија и македонскиот народ, дури и поголем од Заев и од Бугарија и тамошните власти, кои нè нарекуваат „Северномакедонци“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. ...
Ние сме промакедонска партија и тоа е она што нас нè интересира, а тоа што СДСМ како политичка партија одамна го изгубија својот идентитет и начин на делување, тоа е нивен проблем и мислам дека со тој проблем многу скоро ќе се соочат на избори, рече премиерот Христијан Мицкоски прашан за коментар на тоа што лидерот на СДСМ ја нарекол ВМРО-ДПМНЕ бугарофилска партија. Мицкоски истакна оти ова не заслужува дополнителен коментар, затоа што, како ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска во врска со последниот случај со физичко насилство во основното улилиште „25 Мај“ во Ченто каде беше прободен со остар предмет 15-годишен ученик, апелира до родителите да посветат внимание на своите деца. Вели државата ќе стори се што е во нејзина надлежност, но важна алка се и родителите во целиот процес. – Ладното оружје децата не го наоѓаат во училиште, ладното оружје го наоѓаат надвор. ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) преку пишано соопштение до медиумите демантира дека изјавиле оти вчера заловеното животно во скопската населба Козле е чипиран домашен миленик – куче, кое сопственикот бара да му биде вратено, а не волк како што се претпоставуваше. -Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги демантира наводите објавени во неколку интернет портали дека АХВ дало изјава во врска со вчера вечер заловеното животно во ...
Премиерот Христијан Мицкоски е изненаден од одлуката за стопирање на случајот за набавката на мазут во ТЕЦ „Неготино“, но, како што рече, има информации дека штом АД ЕСМ ќе ја прими одлуката, ќе ја обжали, по што се надева дека случајот ќе биде вратен на повторно разгледување. – Јас со неверување ја примив оваа вест и искрено да кажам, бев бев шокиран од она што го слушнав. Добро е што АД ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ, најави дека штом ќе ја добие ...
Деновите на Благоја Корубин се најстарата и најдолговечна научна манифестација во независна Македонија, тие се се дел од историјата, сегашноста и иднината на Институтот за македонски јазик – порача денеска директорката на Институтот, Елена Јованова-Грујовска, на отворањето на трибината со наслов „Македонскиот јазик и Благоја Корубин – 30 години меѓу нас“, организирана по повод чествувањето на 30-годишниот јубилеј на научната манифестација ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е вообичаено во овој период да почне процедурата за ребаланс на буџетот, а оценува и дека Владата успешно се справува со кризата бидејќи инфлацијата е двојно пониска во однос на периодот на претходната влада. – Вообичаено е во јуни да почнат процедурите за ребаланс на буџетот и во јули да се донесе. Така беше и во 2024 и 2025, а до крајот на годината ќе имаме уште една конечна распредеделба на средствата ...
Со читање сведоштва на две девојки продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“. Една од нив, која ја преживеала трагедијата, вели дека објектот редовно работел без контрола на лични документи и без обележани противпожарни излези. Според неа, критичната вечер влегле без проверка, а дискотеката немала јасни патеки за евакуација. Девојката навела дека за време на настапот на групата ДНК биле користени пиротехнички ефекти, какви што, ...
ВМРО-ДПМНЕ е промакедонска партија, а тоа што СДСМ си го губи својот идентитет е нивни проблем со кој ќе се соочат на избори, вели Христијан Мицкоски. Премиерот му одговори на Венко Филипче кој отиде дотаму што во стратегијата за убедување за уставни измени по бугарски терк ја прогласи ВМРО-ДПМНЕ за бугарофилска партија. -Ние сме промакедонска партија и тоа е кое што нас не интересира, а тоа што тие како политичка партија одамна го изгубија и ...
Поранешниот американски амбасадор Кристопфер Хил, кој денеска зборуваше на панелот Leading in the Hot Seat: Decisions That Shape Economies на самитот на „Македонија 2026“, ја истакна важноста од соработката на лидерите на балканските земји, но и посочи на изреката „Размислувај глобално, делувај локално“. Главна поента од овој панел беше дека лидерството се тестира во моменти на притисок, а донесувањето одлуки ги дефинира и економиите и ...
По случајот со 65-годишниот управител на образовен центар во Штип, кој е приведен под сомнение дека допирал неколку малолетни ученички за време на дополнителна настава, денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска вели дека, за жал, приватните образовни центри не се под надлежност на Министерството за образование и наука и целта на МОН е да се вклопат во образовниот систем. – За жал, приватните образовни центри не се под ...
Речиси три години три малолетни девојчиња на возраст од 13 , 11 и 10 години биле жртви на сексуално злоставување од страна на 65годишниот штипјанец, сопственик и управител на приватен образовен центар во Штип, а истовремено во центарот им предавал математика. „ Според обвинителството сомничениот од септември 2023 до 11.05.2026 користел прилика во која на девојчињата им држел дополнителни часови во образовниот центар и им се приближувал и ги ...
Општо е познато дека коцкањето и индустријата на игри на среќа со години беа оставени да ги окупираат населбите и секојдневниот живот на граѓаните. Оние што денес се обидуваат да ни продаваат патриотизам, се истите што вчера им ги отворија вратите на коцкарниците, го претворија коцкањето во нормален бизнис, па дури дозволија да стигне до вратите на училиштата, се вели во соопштението од „Вреди“. Последиците не ги плаќаат тие, туку семејствата ...
Студентскиот дом „Гоце Делчев“ има директор, не може министерот да е одговорен за појавата на глувци во студентски дом – изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска откако во некои од медиумите излегоа информации дека во блок Б од овој студентски дом има глувци и нема топла вода. – Студентскиот дом си има директор, повторно ќе интервенираме и ќе кажеме дека треба да повика служба за дератизација и дезинфекција, но со ...
Од операциони сали каде што мораше да се влегува со чадор кога врне, до модерен хируршки центар по европски стандарди. ГОБ „8 Септември“ доби целосно нов оперативен блок со дури седум хируршки сали. Во склоп на комплексот има и нов оддел за интензивна нега, лаборатории, патологија, административен дел и целосно нов кров. Според директорот на болницата, во македонското здравство сега најголем проблем не се условите, туку недостигот од ...
Според планираната динамика се одвиваат градежните активности за изградба на новиот резервоар за вода, наменет за потребите на жителите од село Ростуше, седиште на Општина Маврово и Ростуше. Овој инфраструктурен проект е од витално значење за обезбедување стабилно, квалитетно и долгорочно водоснабдување за локалното население. Увид во работите изврши градоначалникот Онер Јакупоски, кој изрази задоволство од текот и квалитетот на работите, ...
Коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ, политичката партија „Влен“ и ЗНАМ функционира искуклучително квалитетно. Впрочем, тоа го докажуваат и граѓаните на избори. Ние како Влада сакаме следните избори да бидат редовни и да се одржат во 2028 година, но како партија и Влада сме поготвени во секое време да има избори и на тие избори да победиме – вели премиерот Христијан Мицкоски. Нагласува дека врз основа на ресурсите со кои расополагаат ги решаваат ...
Утре и задутре екипите на ангажираната компанија ќе извршат дезинсекција на подрачјето на општина Куманово, информираа денеска надлежните. – Утре (четврток) и задутре (петок) во 05:00 часот ќе се изврши дезинсекција (третирање против крлежи) на зелените градски површини на територија на Општина Куманово-информираа од општината. Првиот третман ќе се изврши во Соколански парк, на малиот плоштад пред НУЦК „Трајко Прокопиев“, на големиот плоштад ...