СДСМ пак застана во одбрана на Љупчо Коцевски. Тврдат дека притисок за смена на јавниот обвинител бил дел од сценариото на ВМРО-ДПМНЕ за наводно целосно преземање на Обвинителството и Судството. „Обвинител под контрола на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Судии под контрола на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Целосна окупација и партизација на судството, враќање на тефтерчињата, погребување на правдата. Сè е диригирано и синхронизирано. Копи, пејст. Политички ...

Националата Федерација на фармери го поздрави брзото и навремено реагирање на институциите за случаите поврзани со злоупотребата на ИПАРД програмата. Првиот човек на Федерацијата, Јорданоски смета дека истрагата треба да се спроведе до крај и да се изречат соодветни казни. Од Федерацијата велат дека точна бројка на земјоделци кои останаа во ќорсокак со истрагата – немаат, но алармираат дека треба што побрзо да заврши целата истрага за да ...

Обинителството се ослободи. Љупчо Коцевски не дочека да го избркаат, па реши да си оди сам. На само неколку часа пред собраниската седница на која се очекуваше тој да биде разрешен, Коцевски си поднесе неотповиклива оставка. На пратениците им остана само да ја констатираат. Човекот кој се смета за еден од главните виновници што народот нема никаква доверба во правосуството, вели дека се повлекува со крената глава и обвини дека постапката за ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Народна Демократска Република Алжир, со седиште во Букурешт, Абделмаџид Наaмун. Неговото именување, како што рече претседателката, е уште една потврда за добрите македонско-алжирски односи, втемелени на заемно разбирање и почит. За неа, посветениот и професионален ангажман на амбасадорот Наамун ќе придонесе кон продлабочување на ...

Државниот завод за ревизија е институција што во изминатите децении се изгради како независен, професионален и кредибилен столб во системот на контрола и одговорно управување со јавните финансии, изјави министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, на одбележувањето на 26 години ДЗР. Министерството за финансии, нагласи Димитриеска Кочоска, високо ја цени улогата на државната ревизија во унапредувањето на доброто владеење и во ...

„Царинска управа се етаблира како лидер на Балканот со напреден Систем за анализа на ризик и податочен склад имплементиран со грант од Република Кореја во висина од 4,75 милиони долари кој ќе претставува цврста основа за патот на државата кон членство во Европската Унија. Системот овозможува унапредување на контролата на целокупниот увоз, извоз и транзит, како клучно во сузбивање на сивата економија, разобличување на криминалот, заштита на ...

По оставката на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, од ВМРО-ДПМНЕ оценија дека станува збор за системски, а не персонален чин, кој, според нив, означува крај на долг период на нарушен легитимитет и политизација на Јавното обвинителство. На денешната прес-конференција, пратеникот Бране Петрушевски истакна дека со години во јавноста постоеле сериозни сомнежи за селективна правда и политички влијанија во работата на обвинителството, што, ...

По барање на јавната обвинителка, денеска во Основниот кривичен суд – Скопје беше одложено судското рочиште против поранешниот директор на Истражниот затвор во Шутка, Филип Андов – Сокол и уште неколку вработени во затворот, обвинети за овозможување спровод на осуденици за приватни потреби, пренесе МИА. На почетокот на денешното рочиште беа доставени листите на докази, со што заврши доказната постапка и судскиот процес требаше да продолжи со ...

Министерството за образование и наука и другите институции и образовни установи добиваат сè повеќе партнери во заложбите за унапредување на квалитетот на воспитно-образовниот процес. Убедена сум дека така и треба да биде, затоа што образованието е заедничка општествена одговорност, грижата за иднината на нашите деца е наша заедничка мисија. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска при денешната посета на ...

Министерството за здравство во врска со случајот со починатото новороденче на Клиниката за гинекологија и акушерство најпрво изразува сочувство до родителите. Со цел утврдување на околностите и расветлување на случајот, министерот Азир Алиу иницираше вонреден инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по што ќе следи и стручен надзор. -Потенцираме дека Министерството за здравство заедно со инспекторатот ќе постапат ...

Голема акција за пошумување се реализира на територијата на општина Кисела Вода, во која учествуваат градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, генералниот извршен директор на ТИТАН Усје, Костас Николау, како и вработени од општинската администрација, во компанијата и бројни граѓани. Активностите се одвиваат во паркот „Иднина“, во 13 урбани и месни заедници, како и во сите основни училишта на територијата на општината. Во рамки на акцијата ...

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска пред почетокот на 76. седница го информираше Собранието дека државниот обвинител Љупчо Коцевски до законодавниот дом поднел барање за престанок на функцијата. Согласно ова барање, како што кажа, расправата за негово разрешување би била беспредметна па така таа точка на дневниот ред нема да се разгледува. Претходно денеска во изјава за медиумите Коцевски соопшти дека поднел неотповиклива оставка ...

Интегрален текст од прес-конференцијата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски: „Во изминатиот период бевме сведоци на тоа како СДС сака да внесе несигурност и вознемиреност во јавноста преку ширење на лажни информации, свесни манипулации и дезинформации, кои беа интензивно и гласно пласирани во јавниот простор. Разбирливо е дека СДС и Филипче се во континуиран слободен пад, без визија и во отсуство на вистински политики, и затоа ...

Никој не му се нафаќа на Филипче да му биде дел од тимот, затоа што со Зоран Заев ја држат СДС во заложништво поради нивните криминални бизниси и интереси, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Јужноамериканските криминалци Пабло Ескобар и Густаво Гавириа, кај нас пресликани во Зоран Заев и Венко Филипче, ја држат во заложништво партијата која некогаш важеше за партија со кредибилитет и визија. Поради нивните бизнис ...

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка на функцијата, непосредно пред почетокот на собраниската расправа за негово разрешување. Пратениците денеска ќе го разгледуваат предлогот на Владата за разрешување на Коцевски поради, како што се наведува, крупни професионални грешки при раководењето со Јавното обвинителство што доведува до нарушување на ефикасноста и функционалноста, неовластено изнесување на информации и податоци за ...

Под мотото „Заедно посилни во хармонија на звуците“, вчеравечер во Македонската филхармонија во Скопје се одржа традиционалниот предновогодишен концерт на Воениот оркестар на Армијата, овој пат збогатен со настап на музичари од Централниот оркестар на Вооружените сили на Романија. По пречекот на претседателката и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова и интонирањето на химната на Романија и македонската химна, ...

Македонците во странство минатата година испратиле во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП. Иако бележиме суфицит, личните дотации од странство кон Македонија во апсолутни бројки бележат пад во последните години од 319 милиони евра во 2023 и 331 милион евра во 2022 година. Од земјите во регионот во апсолутни бројки најмногу дотации лани има дијаспората на Србија, која испратила 4.47 милијарди евра, потоа следи на Босна и Херцеговина ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, беше гостин во програмата на Македонско радио – Радио Скопје, каде говореше за новата Национална ИКТ стратегија СМАРТ/МК 2030, која е дел од владината програма, и ја најави конференцијата што ќе се одржи во петок, 19.12.2025 година. Во гостувањето, министерот истакна дека настанот се организира врз основа на одлуката на Владата од 14 октомври, со која беше усвоена Националната ...

Да говориш за РЕК Битола и те како не смее да ти текне – а другар ти Васко побегуља да го украде цел енергетски систем, да зборуваш за цени на сметки за струја – а ти со твојот ментор Заев и Ковачевски ги зголемивте за 50%, да зборуваш за правда – а да не одговараш за Модуларна болница, Венко тоа е срам и немање на образ, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката партија велат дека ваков очај, ваква безидејност, ваква мизерија досега македонската ...

Во Македонската филхармонија, во организација на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, синоќа се одржа традиционалниот предновогодишен концерт на Воениот оркестар на Армијата на Македонија, заедно со оркестарот на вооружените сили на Романија. -Искрени честитки за одличниот настап и врвната професионалност на музичарите од заедничкиот оркестар на македонската и романската Армија, како и до сите учесници кои придонесоа овој ...

Царинската управа ќе промовира Систем за податочен склад и анализа на ризик, реализиран со грант од Република Кореја, во висина од 4,75 милиони долари. Системот на прес-конференција во Царинската управа во Скопје ќе го промовираат директорот Бобан Николовски и Ли Мијонг Ку, директор на Царинскиот сервис на Република Кореја. – Прес-конференцијата ќе се одржи веднаш по состанокот на високо ниво на кој присуствуваат претставници на државно ниво ...

Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска ќе се одржи официјална инаугурација на Шведско-македонската стопанска комора, по нејзиното успешно отворање во Стокхолм во октомври годинава. Како што соопштуваат од Комората, на инаугурацијата ќе присуствуваат високи претставници од Министерството, како и претставници од Амбасадата на Кралството Шведска во земјава, каде претседателот и извршен директор на Комората, Самуел ...

На 16 декември во 2016 година, на 73-годишна возраст почина познатата македонска пејачка и хуманитарка Есма Реџепова Теодосиевска. Го носеше епитетот „кралица на ромската песна“, а нејзината богата и меѓународна музичка кариера непрекинато траеше 55 години. Имаше репутација на светски уметник со повеќе од осум илјади концерти, настапи на над 15 јазици, издадени 60-ина албуми. Во мај 2013 година Есма Реџепова-Теодосиевска ја претставуваше ...

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска ќе одржи седница, на чиј дневен ред е Предлог на одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија. Во образложението објавено на собраниската веб-страна се ...

Собранието денеска треба да ја одржи 76. седница, на чиј дневен ред се Предлог за разрешување на Љупчо Коцевски од функцијата Јавен обвинител на Република Македонија и Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против налегалната миграција. Владата во Предлогот посочува дека разрешувањето на Коцевски се бара поради – направени крупни професионални грешки при раководењето на ...

Владејачката партија во денешното соопштение ги демантира како што велат манипулациите на опозицијата Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: „ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратениците од коалицијата, поднесе до Собранието на Република Македонија, Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција. Поради ширењето страв и паника кај населението, од страна на СДС и грубата политичка пропаганда од страна на ...

Премиерот Христијан Мицкоски од денеска престојува во работна посета на Брисел, во чии рамки утре ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан. Според најавите, предвидено е премиерот Мицкоски и членовите на владината делегација вечерва да присуствуваат на настанот насловен „Здравица за добрите соседи: Еве колку се добри Западните Балканци …“, што под покровителство на еврокомесарката за проширување Марта Кос го организираат амбасадорите на ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од – 6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени. Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно ...

По повод 105-годишнината од постоењето на Филозофскиот факултет денеска во големата сала на Македонската филхармонија ќе се одржи свечена академија. На настанот ќе се обратат министерката за образование и наука, Весна Јаневска, ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова, како и деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р Оливер Бакрески. Свечената академија ќе биде посветена на чествувањето на ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва изјави дека преку интензивна политичка борба и објавување на факти и докази, партијата ќе ја разоткрие и разобличи, според него, недемократската и криминогена власт на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, со цел граѓаните да ја дознаат вистината за корупциските скандали и злоупотребите на институциите на оваа влада. – Има многу теми на коишто треба и мора да се разговара, многу работи коишто треба да се направат за ...

weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
0.0
80%
1028
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
2.57
67%
1026
weather icon

Загреб

-2ᴼ / -5ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Софија

-2ᴼ / -5ᴼ
3.09
60%
1030
weather icon

Сараево

-4ᴼ / -4ᴼ
0.96
95%
1031
weather icon

Љубљана

-3ᴼ / -4ᴼ
0.51
80%
1027
weather icon

Атина

8ᴼ / 7ᴼ
5.81
73%
1025
weather icon

Тирана

3ᴼ / 3ᴼ
2.57
52%
1019
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
80%
1021
weather icon

Букурешт

-3ᴼ / -6ᴼ
0.51
77%
1031
weather icon

Будимпешта

-6ᴼ / -9ᴼ
0.45
89%
1029
weather icon

Истанбул

1ᴼ / 1ᴼ
4.63
75%
1031
Currency

61.555

Currency

52.8689

Currency

70.937

Currency

35.4941

Currency

38.108

Currency

66.3097

Currency

7.59021

Currency

0.68216

Currency

0.33448

Currency

0.52463

Currency

1.2195

Currency

0.57826

Иридиум

198077.91

Рутениум

45750.51

Сребро

2897.70

Злато

147776.72

Паладиум

57453.38

Калај

49.66

Родиум

324722.54

Цинк

3.20

Платина

74080.83

Бакар

11.75

Кобалт

62.83

Алуминиум

3.13