Граѓаните од утре на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. Ова го информираа вечерва од Министерството за внатрешни работи. Ќе може да се поднесе барање и низ станиците за технички преглед на ...

Без разлика дали пристапните преговори почнале или не, јасно е што треба да се направи за да се исполнат критериумите. Патоказот постои и сите би сакале да видиме повеќе напредок на тој план. Тоа го порача вечерва американската амбасадорка во државава Анџела Агелер, зборувајќи за македонските евроинтеграции. Според Агелер, и покрај разговорите за пристапување и членство во ЕУ на никаков начин не треба да бидат закочени напорите што се ...

Притисокот за смена на Јавниот обвинител е дел од сценариото на ДПМНЕ и Мицкоски за целосно преземање на Обвинителството и Судството. Обвинител под контрола на Мицкоски и ДПМНЕ. Судии под контрола на Мицкоски и ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ. Целосна окупација и партизација на судството, враќање на „тефтерчињата“, погребување на правдата. Сопруга на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ беше назначена за член на Судскиот совет, поставија ...

Државниот завод за ревизија одбележува 26 години транспарентно, отчетно и одговорно работење и вложување труд и знаење за чување на јавните финансии во Македонија, опфаќајќи преку 1 400 субјекти од јавниот сектор. Во континуитет докажуваме дека сме чувар на јавните средства, односно средства на даночните обврзници, во насока на обезбедување на подобро користење на јавните средства и испорака на поквалитетна услуга кон граѓаните, порача ...

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), укажуваат на одредени формулации во Резолуцијата за миграцијата поднесена од партиите што се дел од владината коалиција до Собранието, кои се однесуваат на јавниот говор и медиумското известување. Притоа, сакаме да подвлечеме дека не навлегуваме во политичката, безбедносната или стратешката суштина на резолуцијата, ниту во дебатата за ...

Мора да се почне со имплементацијата на проектот „Безбеден град“, ќе ги решаваме сите проблеми, кои ќе произлезат во иднина. Мора да почнеме имаме 145 жртви, истакна министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на собраниската говорница во одговор на прашање од пратеникот Илир Хасани од Европски фронт, кој воедно како лекар-траумотолог даде поддршка за имплементација на овој проект, со неколку забелешки, кои ги имаат упатено граѓаните. ...

Упатството за постапување по дојави на бомби е доработено во детали и е доставено до сите училишта, но Министерството за образование и наука (МОН) нема информација како се постапува во училиштата. – Постои несоодветна комуникација меѓу институциите односно меѓу врвните институции на државата со оние што се наоѓаат под неа. Како што министрите имаат обврска, така и градоначалниците и директорите на училиштата имаат обврска. Има препораки како ...

Со мнозинство гласови, пратениците во Собранието денеска ја изгласаа потребата од носење Предлог-закон за Судски совет, кој се проследува на второ читање. Министерот за правда Игор Филков во своето обраќање рече дека со овој закон е започната нова ера на работа и функционирање, во која што секој важен и суштински закон за граѓаните на Република Македонија ќе се изготвува низ отворен, јавен и транспарентен процес. -Законот предвидува значајни ...

Лицемерието на СДСМ излезе на виделина во Собранието, изјави Бојан Стојаноски, пратеник од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ на денешната прес – конференција во Собранието. Откако устата им беше полна со наводни мигранти, кој ене ги чекале на граница, само што не дошле и што уште не излажаа, денес кога требаше да се дискутира во Собранието на таа непостоечка тема која тие ја отворија, тие го напуштија ...

Нашите политики се унисони со мировните политики на САД и ЕУ кои имаат намера и интерес да владее мир на Балканот и Балканот да биде интегриран, истакна заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски, одговорајќи на пратеничко прашање од пратеникот Амар Мециновиќ, поврзано со надворешната политика на земјава. Според заменик министерот Димитровски, најголем дел од граѓаните на Македонија ги знаат стратешките ...

Државниот завод за ревизија повеќе од две и пол децении гради стабилна установа и претставува пример за професионализам и интегритет. Јубилејот од 26 години е време на докажана зрелост, изјави потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски, на одбележувањето на 26 години ДЗР. Државниот завод за ревизија, посочи Милошоски, претставува пример за тоа како се гради професионална институција, којашто, истовремено е и отчетна и знае да си ги ...

Лицемерието на СДСМ излезе на виделина во Собранието. Откако устата им беше полна со наводни мигранти, кој ене ги чекале на граница, само што не дошле и што уште не излажаа, денес кога требаше да се дискутира во Собранието на таа непостоечка тема која тие ја отворија, тие го напуштија Собранието, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Не само што избегаа од темата, како маче од куче, туку и фамозната Резолуција која ја предлагаа во јавноста и ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Народна Демократска Република Алжир, со седиште во Букурешт, Абделмаџид Наaмун. Неговото именување, како што рече претседателката, е уште една потврда за добрите македонско-алжирски односи, втемелени на заемно разбирање и почит. За неа, посветениот и професионален ангажман на амбасадорот Наамун ќе придонесе кон продлабочување на ...

Постапувањето за Онкологија, за набавката на мазут од ТЕЦ Неготино, за ископот во РЕК Битола и работењето на Општата болница во Прилеп се по конечен ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија. Со 60-70 ревизии годишно и опфат на преку 1 400 субјекти од јавниот сектор ДЗР е клучен елемент во транспарентно и одговорно управување со јавните финансии, вели главниот државен ревизор Ацевски, во изјава за медиумите по повод одбележувањето на ...

Општина Бутел денеска додели 4.000.000 денари финансиска помош на спортските клубови од општина Бутел. Како што соопштуваат од општината, локалната самоуправа секоја година ги поддржува спортските клубови и доделува спортски стипендии на најдобрите спортисти од Бутел. -Во општина Бутел се градат спортско-рекреативни центри во секое населено место. Во општина Бутел вредноста на спортот и спортските успеси е најголема. Градоначалникот Дарко ...

Царинската управа доби систем за анализа на ризик и податочен склад со кој се очекува да се подобри контролата на целокупниот обем на трговска размена и сузбивање на обидите за криминал и сива економија. Системот за анализа на ризик и податочен склад имплементиран со грант од Република Кореја во висина од 4,75 милиони долари, а денеска на официјалното промовирање на системот, македонската Царина доби и две кучиња од Кореја кои ќе бидат дел од ...

Бидејќи лутаат и се целосно обвиени во сопствената безидејност, со единствена намера да ги спасат Заев и Венко, ќе им дадеме конкретен предлог и задача на луѓето од СДСМ, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ. Првата е да ја преименуваат сопствената платформа во Венко, а може да се вика и Тенко, затоа што таков им е рејтингот и довербата од граѓаните. Втората е ако веќе толку сакаат криминал, тогаш првите случаи со кои ...

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба, вредна 5 милијарди долари, против „Би-би-си“, обвинувајќи го британскиот јавен сервис за манипулирање со неговиот говор од 6 јануари 2021 година во документарната емисија „Панорама“. Во судските документи, поднесени на Флорида, Трамп го обвинува „Би-би-си“ за клевета и за кршење на законите. Британскиот медиум минатиот месец се извини за начинот на кој бил прикажан говорот, но одби да ...

Синдикатот на вработените во државниот сектор во Грција утрово започна 24-часовен штрајк поради буџетот за следната година, што вечер се очекува да биде изгласан од грчкиот парламент. Од синдикатот сметаат дека новиот буџет е антиграѓански и носи дополнителни даночни оптоварувања за работниците и нови привилегии за големите бизнис-групации. Во штрајкот, освен државните службеници, учествуваат и вработените во локалната самоуправа, како и ...

Фирмата „Афинити партнерс“, во сопственост на Џеред Кушнер, зет на Доналд Трамп, се повлекува од проектот за изградба на луксузен хотелско-станбен комплекс на местото на поранешниот Генералштаб во Белград. Од компанијата за „Вол стрит џурнал“ изјавија дека се повлекуваат од почит кон Белград и граѓаните на Србија, бидејќи „проектите треба да обединуваат, а не да делат“. Одлуката следи по обвинителен предлог против министерот за култура Никола ...

Економската соработка помеѓу Северна Македонија и Шведска ќе се надградува преку активности на Шведско-македонската стопанска комора која ќе биде динамичен мост за поврзување на компаниите, институциите и идеите од двете држави, беше истакнато денеска на официјалната инаугурација на комората во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во Скопје. Промоцијата во државава следува по официјалниот старт на оваа комора во октомври ...

САД се подготвени да ѝ понудат на Украина безбедносни гаранции, налик на НАТО, за да се заштити евентуален прекин на огнот, беше кажано по дводневните разговори со европски функционери и украинска делегација во Берлин. Американски функционери изјавија дека многу силните гаранции би биле обликувани според членот 5 на НАТО, кој предвидува колективна заштита, надевајќи се дека и Русија ќе го прифати тоа. Украинскиот претседател Володимир ...

Околу педесет барања за обештетување од неодамнешната поплава во неколку села во Чешиново-Облешево, се доставени до Локалната самоуправа. Најголем дел од пријавените штети се за поплавени земјоделски површини, неожнеан ориз, подруми, бунарски системи. Од денеска општинската комисија за проценка на штети, излегува на терен за да изврши увид, по што извештајот ќе биде доставен до надлежните институции и министерства. „Ние имаме формирано ...

Со законскиот рок, 15 декември за официјалрен старт на откупот на тутунот, процесот се динамизира. Десетте лиценцирани откупувачи ги отворија сите откупни пунктови со 337 ваги и според првичните проценки досега се откупени над 11 милиони килограми што значи дека до Нова година се очекува да биде откупен целиот квалитетен, односно сув тутун. „Динамиката е зголемена заради тоа што тутунопртоизводителите се задоволни од самиот начин на купување ...

Со осумдневна „Прилепска празнична приказна“, облечена во комплетно ново руво, прилепчани ќе можат да ја дочекаат Новата 2026 година. Богата музичка програма за сите генерации со домашни артисти, Новогодишен базар на компанијата „Витаминка“, која е и коорганизатор на престојната новогодишна бајка во чест на својот 70-годишен јубилеј, подароци, работно време на Чаршијата прилагодено на потребите на посетителите, се само дел од содржините кои ...

Обилните врнежи од дожд кои во ноември ја зафатија Преспа,само привидно го вратија во живот второто по големина природно езеро во Македонија. Според последните мерења, водостојот на пресушеното Преспанско е зголемен за 45 см,но тоа сеуште е под дозволениот минимум од 847,60 метри надморска височина и се наоѓа на 841,22 метри надморска височина. Експертите се децидни, само една делумно поволна хидролошка сезона не може да го спаси езерото. ...

Милионски суми испумпани од Државната лотарија, но не од сегашното, туку од претходното раководство, кое функционирало под закрилата на СДСМ и ДУИ. Првиот ревизионер, Ацевски посочи дека ревизијата открила голем број сомнежи за неправилности во јавните набавки и користењето на деловен простор под закуп. Неточно бил пресметан и уплатен данокот на добивка, а за рекламирање биле потрошени околу 3,6 милиони евра, од кои за околу 1,2 милиони евра ...

Вонреден инспекциски надзор иницирал министерот Алиу, по смртта на новороденчето на Клиника. По информациите објавени во јавноста дека новороденчето починало на 1ви Октомври, а на родителите им било пренесено дека смртта не можела воопшто да се спречи, се појави сомнеж дали станува збор за лекарска грешка. Министертсвото и државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе го расветлуваат случајот. „Потенцираме дека Министерството за здравство ...

Не ја поднесоа нивната резолуција, а ниту сакаат да бидат дел од расправата во Собранието за резолуцијата на ВМРО ДПМНЕ на темата „Мигранти во Македонија. Пратениците на СДСМ избегаа од пленарната седница во Собранието на која требаше да се расправа за документот на власта со којшто се гарантира безбедноста на државата. Се оправдаа дека нема да учествуваат бидејќи не биле присутни дел од министрите и премиерот кои инаку се во Брисел на самит ...

Свежи лица или добро познати стари имиња? Ова ќе биде клучната дилема која во СДСМ се провлекува уште од декември откако партијата на барање на Венко Филипче остана без целото раководство, освен лидерот. По низата изборни порази и парламентарни и локални, во јавноста остана дилема дали ќе следи вистинска промена во опозицијата или само нова политичка шминка на истата структура. Филипче, кој ја презеде партијата по поразот на парламентарните ...

weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
0.0
80%
1028
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
2.57
67%
1026
weather icon

Загреб

-2ᴼ / -5ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Софија

-2ᴼ / -5ᴼ
3.09
60%
1030
weather icon

Сараево

-4ᴼ / -4ᴼ
0.96
95%
1031
weather icon

Љубљана

-3ᴼ / -4ᴼ
0.51
80%
1027
weather icon

Атина

8ᴼ / 7ᴼ
5.81
73%
1025
weather icon

Тирана

3ᴼ / 3ᴼ
2.57
52%
1019
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
80%
1021
weather icon

Букурешт

-3ᴼ / -6ᴼ
0.51
77%
1031
weather icon

Будимпешта

-6ᴼ / -9ᴼ
0.45
89%
1029
weather icon

Истанбул

1ᴼ / 1ᴼ
4.63
75%
1031
Currency

61.555

Currency

52.8689

Currency

70.937

Currency

35.4941

Currency

38.108

Currency

66.3097

Currency

7.59021

Currency

0.68216

Currency

0.33448

Currency

0.52463

Currency

1.2195

Currency

0.57826

Сребро

2897.70

Кобалт

62.83

Злато

147776.72

Паладиум

57453.38

Бакар

11.75

Калај

49.66

Рутениум

45750.51

Родиум

324722.54

Алуминиум

3.13

Цинк

3.20

Платина

74080.83

Иридиум

198077.91