Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
На власт – дебакл. Во опозиција – херои полни со мерки и идеи. Како некој се справува со криза во држвата се гледа во пракса, а не на прес-кофенции. Опопзициската СДСМ, од почетокот на нафтената криза речиси сејдневно држи конференции за јавноста критикувајќи ја власта и нудејќи свој сет мерки, а како да заборавија дека истата паритија , однсно тие додека беа на власт доживеаа целосен дебакл за време на дев големи кризи – ковидот и војната во ...
Граѓаните секојдневно да вршат притисок врз истражните институции и судско-обвинителска власт за неселективен и брз одговор за високиот криминал и корупцијата. Така најбрзо и најефективно ќе се врати довербата во системот, вели директорот на Финансиската полиција. Ивановски смета дека државата мора и психолошки да влијае особено на државните службеници на локално ниво за да го спроведуваат законот и врз они локални моќници кои се закануваат ...
Во време на трансформации потребна е и храброст за иновации. Дигитализацијата на финансискиот сектор, развојот на финтек-решенија, модернизацијата на платежните системи, сето тоа отвора нови можности за побрз, поефикасен и поинклузивен финансиски систем. Централните банки се веќе активни актери во оваа трансформација создавајќи рамки што ги поттикнуваат иновациите, но истовремено ја штитат стабилноста. Како држава активно го следиме овој пат. ...
Потврдени традиционално добрите културни врски меѓу двете земји, како и заедничките заложби за нивно понатамошно унапредување, особено во насока на стабилен и просперитетен регион на билатералната средба на министерот за култура и туризам Зоран Љутков со турскиот колега, министерот за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој. Како што соопштија од Министерството за култура и туризам, на средбата што се одржала вчера била нагласена подготвеноста ...
Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка (НБ) денеска одржа редовна седница на која беа разгледани најновите податоци и информации за светската и домашната економија, како и најновите случувања на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика. На седницата, Извршниот одбор одлучи да ја задржи основната каматна стапка на нивото од 4 отсто. Како што информира ...
Европските берзи пораснаа откако американскиот претседател Доналд Трамп објави потенцијална деескалација на конфликтот со Иран. Трамп рече дека ги одложува нападите врз иранската енергетска инфраструктура за пет дена и додаде дека американските и иранските претставници имале „многу добри и продуктивни разговори за целосно решавање на непријателствата“. Цените на суровата нафта првично скокнаа денес, при што глобалниот репер Брент порасна за ...
Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека немало разговори со Соединетите Американски Држави во последните 24 дена, што директно ги побива тврдењата на американскиот претседател. Портпарол на иранското Министерство нагласи дека немало директен контакт, и покрај сигналите за кои Техеран вели дека дошле преку трети земји. Според државната новинска агенција Ирна, некои пријателски земји пренеле пораки дека Вашингтон побарал ...
САД го одредиле 9 април како можен датум за завршување на војната со Иран, објавија израелски медиуми. Израелски функционер изјавил дека „Вашингтон го одредил 9 април како целен датум за крај на војната, оставајќи околу 21 ден за продолжување на борбите и преговорите.“ Истиот извор додал дека разговорите меѓу Иран и САД се очекуваат подоцна оваа недела во Пакистан, напоменувајќи дека Вашингтон не го информирал Израел за деталите од контактите ...
Екипите на ЈП Комунална хигиена – Скопје отстранија две обемни диви депонии лоцирани на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) и во Старата скопска чаршија, информираат од јавното претпријатие. Локацијата на булеварот Никола Карев, на пресекот со улицата Максут Садик, веднаш до детското игралиште, како што велат од ЈП Комунална хигиена – Скопје претставува „црна точка“ каде што континуирано се одлага отпад на јавни и сообраќајни ...
Државниот завод за ревизија направил ревизија на работата на Државната изборна комисија (ДИК) за 2024 година, при што констатирал неправилности и утврдил системски слабости. При ревизијата било утврдено дека пописот на средствата и обврските не е извршен на начин пропишан со законските и подзаконските акти, дека не била извршена процена на вредноста на дел од недвижностите, како и дека планирањето и одобрувањето на средствата за спроведување ...
Централните банки во изминатите пет години успешно се справија со исклучително тешки ситуации. Сега сме во завршната фаза на намалување на инфлацијата и создадовме мошне значаен простор во политиките за справување со идни шокови. Сепак, бидејќи мирни води сè уште не се на повидок, мора да останеме внимателни на повеќе фронтови, порача денеска гувернерот на Народната банка Трајко Славески на отворањето на Конференцијата на високо ниво на тема ...
Најстудено утрово било на Попова Шапка каде биле измерени -4 степени Целзиусови и Берово -1 степен. Најтопло било во Скопје и Велес каде во 7 часот се измерени 6 степени. Во Маврови Анови температурата била 0 степени, 2 во Охрид, Тетово, Претор, 3 во Крива Паланка, Штип, 4 во Битола, Прилеп, Куманово, Кавадарци, Демир Капија, а 5 степени целзиусови биле измерени во Струмица, Гевгелија и Виница. Висината на снежната покривка во 7 часот на ...
Конференцијата на тема „Централното банкарство во услови на постојани светски промени: поттикнување стабилност, иновации и издржливост“ се одржува денеска во Скопје во организација на Народна банка, со поддршка на Европскиот форум за европски пари и финансии (SUERF – The European Money and Finance Forum). Конференцијата ќе ја отвори гувернерот на Народната банка Трајко Славески, а ќе се обратат и премиерот Христијан Мицкоски и генералниот ...
Приоритет и најголем интерес на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува одржувањето на стандардот на граѓаните – наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. За таа цел, со вистински и навремени мерки, спречен е ценовниот шок кај горивата. Со одлука на Владата за намалување на ДДВ-то на нафтените деривати од 18 на 10% се спречи поскапување на горивата и се постигна нивната стабилизација. Додека регионот се соочува со енормни поскапувања, во ...
Унапредување на соработката во областа на образованието, вештините и младинските политики, како и за можностите за натамошно продлабочување на партнерството во рамки на европските образовни и мобилни програми, биле теми на средбата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Ана Михајлов, со извршната потпретседателка на Европската ...
Пазарот на недвижности во 2025 година е стабилен, активен и атрактивен за инвестирање, со јасна доминација на урбаните средини и позитивни економски трендови, покажува годишниот извештај од Регистарот на цени и закупнини за пазарот на недвижности на Агенцијата за катастар на недвижности. Становите остануваат најдоминантен сегмент на пазарот и учествуваат со 33% вовкупниот број на купопродажби и дури 48% од вкупната вредност на пазарот. Иако ...
Српското дуо Башановиќ-Шчекиќ со лоши лекции за дуото Филипче-Заев. Горивата ќе поскапеа за 10.5 денари за дизел и 6 денари за безоловен бензин да не беше реакцијата на Владата. Ефектот од мерката е заштеда за граѓаните од 200 илјади евра секој ден, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. Тезата на СДСM дека сепак поскапеле горивата и нема ефект од мерките на Владата не само што не е точна, туку говори и за принципот по кој се води ...
Поддршка за најмалку 50 земјоделци и нивните семејства, oбука на 40 земјоделци за климатски паметни практики, формирање четири демонстративни парцели на кои ќе се тестираат и прикажуваат практики за ефикасно користење вода, подобрување на почвата и климатски отпорно земјоделство, микро-грантови за 12 земјоделски иницијативи, финансиска поддршка за почнување четири бизниси управувани од жени и формирање земјоделска задруга со најмалку 40 отсто ...
Истражувачкиот центар за епидемиологија и микробиологија – „Гамалеја“, при руското Министерство за здравство работи на вакцина против вирусот на човечка имунодефициенција (ХИВ). Почетната фаза на развој на лекот е во тек, според Владимир Гушчин – заменик-директор одговорен за истражувањa во Центарот, а научниците, се наведува, го репродуцираат имунолошкиот одговор кај заморчиња. – Раната фаза на развојот на домашна вакцина против ХИВ е во ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Загреб, со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекана од хрватскиот претседател Зоран Милановиќ. Во рамки на официјалната посета на Хрватска, предвидена е тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, како и пленарен состанок на делегациите на двете земји. Македонската претседателка ќе оствари средба и со премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ. Предвидено е претседателката ...
Партијата на пензионери, ја поздравува и поддржува одлуката на Владата за поевтинување на 300 лекови кои се достапни на нашите граѓани од 1 мај. Истовремено напоменуваме дека Партијата на пензионери во повеќе наврати во изминатите години, преку својот претставник во Собранието, пратеникот, Илија Николовски, кој е претседател на партијата на пензионери, бараше но и нудеше конкретни решенија за овој проблем и предизвик, со кој се соочуваат ...
Град Скопје во соработка со Психолошкиот центар Психограм денеска организира интерактивна работилница на тема „Играј со глава: ментален тренинг за млади спортисти“. Работилницата ќе се одржи во Младинскиот Хаб на Град Скопје, во Домот на култура „Кочо Рацин“, од 12:00 до 14:00 часот. – Во време кога младите спортисти сè почесто се соочуваат со притисок, очекувања и висока конкуренција, менталната подготовка станува подеднакво важна како и ...
Регулаторната комисија за домување (РКД) месечно во просек прима, решава и упатува одговори за околу 50 предмети. Најчесто за спорови меѓу закупците, закуподавачите, управителите, претседателите на заедниците на сопственици, сопствениците на посебните делови и трети лица во областа на домувањето, сомнеж во работењето на управители или претседател на заедница на сопственици. Во услови кога на пазарот има се повеќе нови станови, а работата на ...
Опозицискиот СДСМ и лидерот Венко Филипче не може да ја споредуваат работата на владата, од чиј дел беше и тој, со работата и мерките што ги презема сегашната Влада – смета премиерот премиерот Христијан Мицкоски затоа што, како што истакна, таа, меѓу другото, ќе биде запаметена како власт што тогаш најлошо се справила со ковид-пандемијата, по бруталниот поткуп и менувањето закони во пет до 12 пред избори, по горењето живи луѓе во модуларната ...
– Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 1 до 7, а максималните ќе достигнат од 8 до 16 степени. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштат ...
Повеќе од 50 уметници вечер и утревечер ќе настапат на сцената на Македонскиот народен театар во новото издание на „Глумците пеат“. Оваа година програмата е посветена на македонската музика — песни што публиката добро ги знае, но ќе ги слушне поинаку. Форматот го става актерот во поинаква улога, каде музиката станува личен израз, а препознатливите композиции добиваат нов живот низ соло изведби, дуети и групни точки. Годинава првпат дел од ...
Македонскиот институт за медиуми (МИМ) денеска ќе ги додели новинарските награди „Никола Младенов 2025“. На настанот ќе бидат доделени прва, втора и трета награда за најдобра истражувачка сторија. На годинашниот конкурс објавен на 27 јануари и траеше до 17 февруари пристигнале 42 стории, обработени во 122 текстови/видео прилози. Како што информираат од МИМ, по повод 25-годишнината од доделувањето на наградите, на почетокот ќе се одржи панел ...
По повод 17 март – Денот на формирањето на Црвен крст на Македонија и Денот на крводарителството во Македонија, денеска во Скопје се организира настан посветен на промоцијата на првата помош по мотото „Култура на безбедност – здрава заедница“. Како што информираат од Црвен крст, на настанот денеска од 11:00 до 13:00 часот на Плоштадот „Македонија“ ќе бидат поставени едукативните пунктови на кои ќе бидат претставени симулации на прва помош со ...
На Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип денеска ќе се одржи настанот„ACE2EU INTERNATIONAL MANAGERS’ AND INSTITUTIONAL COORDINATORS MEETING“. Како што информираат од УГД-Штип, станува збор за состанок на ректори, проректори или претседатели на универзитети. На состанокот, како што посочуваат, ќе учествуваат ректори и претседатели на сите универзитети – членки на Европската универзитетска алијанса ACE2EU, кои ќе дискутираат за стратешкиот развој, ...
Конференцијата на тема „Централното банкарство во услови на постојани светски промени: поттикнување стабилност, иновации и издржливост“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Народна банка, со поддршка на Европскиот форум за европски пари и финансии (SUERF – The European Money and Finance Forum). Конференцијата ќе ја отвори гувернерот на Народната банка Трајко Славески, а ќе се обратат и премиерот Христијан Мицкоски и генералниот ...