Новите лица на Филипче, во суштина се стари кадри на Заев. Неквалитетни, некомпетентни и лица кои јавноста не ги памти по добро. Такви примери се Александар Наумоски и Драган Крајовски, членови на новото раководство на Филипче, напишано од Заев., вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција. Да ја потсетиме јавноста на овие двајца нови кадри на СДСM. Александар Наумоски е поранешен градоначалник на општина Ѓорче ...

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, каде, според податоците од официјалната веб страница, летовите се реализираат со задоцнување, додека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози, но со намалена видливост на одредени патни правци. – Магла со видливост до 50 метри има на патиштата Македонски Брод-Битола-Ресен-Охрид и Дебар, а од 100 до 200 метри ...

Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб во неготинско Тимјаник, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. – Денеска во ОВР Неготино е пријавено дека во 00:50 часот, во село Тимјаник, неготинско, мопед „лонгија“ со неготински регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од село Тимјаник, удрил во бетонски столб. Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна ...

Поранешниот директор на ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје и кадар на ДУИ, а одобрен од СДСM, Бујар Дардишта, заедно со уште 32 лица е осомничен за перење на пари во висина од 2 милиони евра, добиени преку местење на тендери вредни 8 милиони евра, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција. Криминалното раководство на ЕСМ во 2023 година, раководено од власта на СДСM и ДУИ, наместиле тендер за набавка на „СКАД ...

Најновото „истражување“ на агенцијата „ИПИС“, објавено денес, воопшто не претставува реално мерење на политичките расположенија, туку чист пропаганден потег на власта, како резултат на драматичниот пад на довербата во Владата, се вели во соопштението од СДСМ. Сега, кога на сите им е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ подготвува избори на пролет, а мигранти во јуни, тие веќе немаат ниту трошка поддршка од последните избори. По воведувањето на забраната на ...

„Македонија и Македонците со библиско срце“ и „Глас на праведниците“ се уште две нови книги кои годинава ги издаде Ставре Џиков, поранешен јавен обвинител сега публицист. Мотивот да ја издаде „Македонија и Македонците со библиско срце“ авторот го наоѓа во желбата да ја прикаже земјава низ една христијанска слика, но и духовната поврзаност на христијанството и исламот како богатство за Македонија. Втората книга ја издава во чест и од почит кон ...

Во Израел водата се смета за јавно добро. Загубите се сведени на исклучително ниско ниво, меѓу 5 и 7 отсто, со тенденција во наредните 10 години да се намалат на 4 проценти. Системот е до тој степен „затворен“ (заокружен) што секоја капка и секоја чаша истурена во мијалниците, тоалетите или уличните сливници завршува во колекторскиот систем, се прочистува и се редистрибуира кај домаќинствата, во земјоделството и индустријата. Земјата ...

Доколку следната недела има парламентарни избори за владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат 26 проценти од граѓаните, а за опозицискста СДСМ 8,9 проценти. Најголема доверба од политичарите граѓаните имаат во премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и мнозинството од нив ја поддржува примената на системот „Безбеде град“. Тоа го покажуваат денеска објавените резултати од истражувањето на Институтот за политички истражувања (ИПИС) ...

Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за декември годинава изнесува 65.492 денари и е за 319 денари зголемена во однос на минималната кошница за минатиот месец кога изнесуваше 65.173. ССМ денеска информираше дека со изнајмен стан од 60 метри квадратни за декември синдикалната минимална кошница изнесува 80 867 денари. Според пресметките на ССМ, во декември за храна и пијалаци се ...

Трезорот во состав на Министерството за финансии функционира редовно и врши исплати и ќе продолжи до 31 декември 2025 како и останатите институции. Ќе се реализираат сите преземени обврски од страна на државата до крајот на годината, уверува заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски. Како што соопшти денеска Министерството за финансии, Јанкуловски потенцирал дека исплатата се врши непречено и оти редовно се исплаќаат плати, социјални ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, откако ги обезбеди сите докази и со соодветни вештачења ги утврди причините за сообраќајната несреќа која се случи на 14 септември по полноќ во селото Марино. Прес-службата на Јавното ...

Во чест на загинатите припадници на Армијата во конфликтот во 2001 година и на загинатите припадници на полицијата во кумановските настани во 2015 година, денеска, во спортската сала „Борис Трајковски“ беше отворен 25. Меморијален турнир во мал фудбал којшто го организира Здружението „Херои на Македонија 2001–2015“. Отворањето започна со едноминутно молчење во чест на загинатите, по што беше интонирана македонската химна, а потоа следуваа и ...

Во дворот на Дневниот центар „Гнездо“ во општина Центар денеска од 12 до 18 часот ќе се одржи хуманитарен „Божиќен базар – Гнездо 2025“, во организација на Здружението „Новинари за човекови права“ – Скопје. Настанот е замислен како еднодневен семеен и добротворен базар, чија главна цел е собирање средства за поддршка и континуирано функционирање на програмите на Дневниот центар „Гнездо“, кои обезбедуваат психосоцијална поддршка, едукативни ...

Во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ денеска ќе се одржи 25. Меморијален турнир во мал фудбал, кој се одржува во чест на загинатите припадници на Армијата во 2001 година и загинатите припадници на полицијата од настаните во Куманово во 2015 година. На турнирот ќе настапат екипи од Армијата, Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи. На отворањето на турнирот ќе се обратат министрите за одбрана и за внатрешни работи ...

Промоција на новата електронска монографија „Со злато против смртта: иконографија и семиотика на раноантичките златни погребни апликации од Македонија“ на проф. д-р Никос Чаусидис, ќе се одржи денеска во Националниот археолошки музеј. Монографијата ги анализира златните погребни маски и други апликации од VI–V век пр.н.е., преку кои се интерпретираат претставите за смртта и посмртната судбина на човекот во раноантичка Македонија, со особен ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла до 50 метри има кај Ресен и Удово, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на ...

Винодонија 2025 – најпрестижниот вински настан во Македонија и годинава ветува незаборавно искуство за сите љубители на виното. Деветтото издание на салонот ќе се одржува денеска и утре во Скопје, а посетителите ќе имаат можност да ги вкусат најдобрите вина од земјата и од странство, додека 15 гастро-изложувачи ќе ги надополнат елегантните вински моменти со ексклузивни деликатеси. -Салонот ќе биде винска сцена за споделување на вкусови, ...

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла до 50м има кај Ресен и Удово. ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на ...

Здружението Културен манифест, со поддршка на општина Крушево, неформална група на граѓани, Локален младински совет и многу компании од вечер до 6 јануари го организираат настанот „Празничен шепот на крушевската чаршија“. Настанот почнува со музичко сценска изведба во 18 часот, по што ќе следи осветлувањето на крушевската чаршија, отворање на Новогодишен базар и пристигнување на Дедо Мраз. Предвиден е и настап на бендот „Балкан Џем“. ...

Специјална новогодишна театарска претстава за деца „Дедо Мраз дојде со воз“ ќе се одржува од денеска 30 декември на Железничката станица во Скопје, со почеток од 19 часот. Претставата ја организираат Училиштето за театар „Од игра до претстава“, Македонски железници Инфраструктура и Македонски железници АД Транспорт. Публиката ќе може да го следи големото доаѓање на Дедо Мраз од Лапонија, со неговиот волшебен воз во центарот на Скопје, преку ...

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска во Скопје ќе го одржи петтиот конгрес. Потпретседателот и портпарол на ДУИ, Арбр Адеми на прес-конференција по локалните избори најави дека на Конгресот ќе се реорганизираат и ќе ги обноват структурите. По седницата на Советот на ДУИ што се одржа минатиот месец партијата најави дека конгресот ќе биде значаен момент за дефинирање на понатамошниот политички, организациски и програмски правец. ...

Над 25% од бруто-финалната потрошувачка на енергија во ЕУ лани била од обновливи извори, што е зголемување за 0,7 процентни поени во споредба со 2023 година. Овој удел е за 17,3 процентни поени помалку од исполнувањето на целта за 2030 година (42,5%), што би барало просечно годишно зголемување од 2,9 процентни поени од 2025 до 2030 година. Во Македонија енергијата од обновливи извори во вкупно потрошената енергија лани учествува со 21,8 ...

Најстудено изутринава е во Берово, каде се измерени – 5 степени, по што следуваат Битола и Струмица, -4, Скопје-Петровец и Штип, – 3, Демир Капија, Велес и Куманово, – 2. Во Тетово, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Гевгелија, Прилеп, Mаврови Анови и Претор температура од – 1, Крива Паланка, Попова Шапка, 0, Охрид, 1, Виница и Kрушево 2, информира Управата за хидрометоролошки работи (УХМР). Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви ...

Прилеп и приградските населби утре претпладне, од 6:30 до 11 часот, ќе останат без напојување со електрична енергија. Како што информираат од АД МЕПСО, исклучувањето се врши поради планирани активности на електропреносната мрежа, кои опфаќаат демонтажа на старо проводно јаже од 110 киловлти за далноводот ТС Битола 1- ТС Прилеп 1 и монтажа на нов проводник. На замената ќе работат стручните екипи на АД МЕПСО. Согласно со планираната динамика, ...

На официјалната веб страница на републичкото Собрание се интегрирани напредни технологии за пристапност кои гарантираат полесна и еднаква употреба за лицата со попреченост, соопшти денеска собраниската прес-служба. Оттаму посочуваат дека дигиталната платформа на Собранието сега нуди механизам што го олеснува пристапот за лицата со визуелни, моторни и когнитивни попречености, правејќи ги парламентарните информации поразбирливи, полесни за ...

Без електрична енергија денеска ќе бидат делови од општината Бутел, а утре делови од општината Чаир, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЕВН Македонија АД. Од 08:30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од селото Љубанци, поточно делот кон Црквата „Св.Јован“ во општина Бутел. Од РЦУК посочуваат дека утре без електрична ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и тивко со појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ...

За само година и половина, Министерството за спорт направи сериозни реформи – од институција на ниско ниво до поставување темели за европски стандарди, вели министерот за спорт, Борко Ристовски. Како главни приоритети за 2026 година најави нов закон за спорт, инвестиции во инфраструктура и транспарентно финансирање на клубовите. Преку директни субвенции и нови механизми за поддршка, според него, се создаваат услови за развој на таленти и ...

Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија изјави дека измените на Кривичниот законик претставуваат преодно решение, произлезено од одлуката на Уставниот суд донесена во февруари оваа година, со која на Собранието му беше наложено до крајот на годината да го измени законот, се наведува во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Стојаноски појасни дека во Министерството за правда е ...

Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски попладнево остварил средба со Нико Пелеши, претседател на албанскиот Парламент. -На мое големо задоволство и чест имав срдечна средба со Нико Пелеши, претседател на албанското Собрание и голем пријател на македонската заедница во Албанија, информираше Стерјовски. Разговорот бил фокусиран на важноста од понатамошно ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
2.57
49%
1029
weather icon

Белград

4ᴼ / 1ᴼ
5.14
53%
1029
weather icon

Загреб

-1ᴼ / -2ᴼ
0.51
74%
1029
weather icon

Софија

2ᴼ / 0ᴼ
6.17
57%
1031
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
2.15
73%
1033
weather icon

Љубљана

-2ᴼ / -3ᴼ
1.03
70%
1029
weather icon

Атина

9ᴼ / 7ᴼ
6.26
70%
1027
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
6.69
19%
1021
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
37%
1022
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
4.12
63%
1033
weather icon

Будимпешта

-1ᴼ / -3ᴼ
3.6
77%
1031
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
4.63
61%
1032
Currency

61.555

Currency

52.8689

Currency

70.937

Currency

35.4941

Currency

38.108

Currency

66.3097

Currency

7.59021

Currency

0.68216

Currency

0.33448

Currency

0.52463

Currency

1.2195

Currency

0.57826

Платина

74080.83

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.13

Калај

49.66

Паладиум

57453.38

Иридиум

198077.91

Бакар

11.75

Сребро

2897.70

Родиум

324722.54

Цинк

3.20

Кобалт

62.83

Злато

147776.72