Пристигнати 58 барања од последниот повик за мерка 3 од #ИПАРД 2 во вредност од 8,8 милиони евра. Големата заинтересираност уште еднаш ја потврдува оправданоста на министерството и АФПЗРР да го распишат и овој последен јавен повик од ИПАРД 2 програмата, ставајќи ги на располагање за инвестиции и последните слободни средства од ИПАРД 2 програмата. Со реализација на овие барања силно ја потврдуваме и лидерската позиција на државата во ...

Грејната сезона во Скопје започнува утре и ќе трае до 15 април идната година, а цената за потрошената топлинска енергија засега останува иста. Нова одлука за цената ќе се носи откако ќе биде поставен цевководот на мостот Беласица. Како што информира Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ), согласно правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска ...

Противпожарните тимови вчера интервенирале на 32 пожари, според извештаите во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), добиени од институциите на Системот за управување со кризи (СУК),. Утрово се активни два пожара, во Општина Македонски Брод, кај село Белица месност „Аргулица“, каде е зафатена ретка борова шума на тешко пристапен терен и во Општина Боговиње, кај село Ново Село на локација со мешена шума ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира заинтересираните апликанти дека до 30 октомври 2023 година се продолжува рокот за аплицирање на првиот јавен повик од новата ИПАРД 3 програма за мерките 1 и 7. Продолжувањето на рокот доаѓа по барање на заинтересираните апликанти за аплицирање за мерка 1 и мерка 7. За потсетување од 1 септември 2023 година започна спроведувањето на новата ИПАРД 3 програма, распишувајќи ...

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој донесе одлука за продолжување на крајниот рок на јавниот повик 01/2023 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД програмата 2021 – 2027. Продолжувањето доаѓа на барање на заинтересираните странки кои поради објективни потешкотии не се во можност да ги обезбедат соодветните понуди за планираните инвестиции и со тоа навремено да ги достават потребните ...

Во текот на вчерашниот ден, противпожарните тимови интервенирале на вкупно 22 пожара, а активен се уште е еден – во Општина Македонски Брод, над с.Белица, кај месноста „Аргулица“, каде што гори ретка борова шума на непристапен и тешко пристапен терен, соопшти ЦУК. ОД ЦУК укажуваат дека за време викенд има најмногу пожари на отворено. Апелираат до сите земјоделци и сточари да не ги палат стрништата и пасиштата, а до грѓаните да се воздржат од ...

Во два наврата денеска ќе има прекин во сообраќајот на патот Ранковце – Кратово поради градежни активности за рехабилитација на железничкиот Коридор 8. За денеска фирмата изведувач „Гулермак”, подружница Скопје со Мактек ДООЕЛ, најавува двократно минирање во близина на регионалниот пат што ги поврзува општините Ранковце и Кратово т.е. А2 со Р1205. Како што се наведува во соопштението од „Гулермак”, ќе се реализира минирање во два наврати, ...

Во близина на тетовското село Теарце, вчера околу 13.00 часот на земјен пат кој води кон тетовско Брезно, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода Б.Џ.(56) и И.А.(46), двајцата од село Теарце. При преглед во трактор управуван од Б.Џ., информираа денеска од МВР, биле пронајдени дрва без печат и испратница за транспорт, при што тој приложил ...

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на другите нафтени деривати останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,97 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) е 81, а на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) 80 ...

Во Неготино ќе се мери аерозагаденост преку присуство на различни видови лишаи, станува збор за проектот „Пустиња на смогот“, со кој на иновативен начин ќе се води битка со загаденоста на воздухот, информираа денеска за МИА, од Здружението на граѓани „Ековита“. Оттаму нагласија дека ќе се детектираат лишаи на одредени места во Вардарски плански регион и ќе се користат како биоиндикатори за биолошки мониторинг на аерозагаденоста и постоење на ...

Став на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во однос на денешниот протест на група лозари Како министерство сите овие години во дело сме докажале дека сме искрен партнер на лозарите. Дека се грижиме и даване поддршка за секој еден земјоделец. При бербата и откупот на грозјето, како и секоја година, така и оваа бевме во постојана комуникација и координација со подсекторската група за вино и грозје, следејќи ја бербата, ...

Активни се пет пожари од вкупно 37 што се регистрирани вчера во државава, информира Центрот за управување со кризи (ЦУК). Според ЦУК, активни се пожарите во: Општина Македонски Брод, високо над с.Белица, во месноста „Аргулица“ под Солунска глава на непристапен терен (каде што гори борова шума); Општина Штип, кај с.Селце на планинскиот дел Серта од Конечка Планина (нискостеблеста шума); Општина Чашка, месност „Горна и Долна Бабина Дупка“ ...

Лозари денеска го блокираа патот Кавадарци – Неготино, кај месноста „Ило Виларов”, барајќи подобри услови за лозаропроизводство. Тие рекоа дека преку мирен протест бараат да се слушне нивниот глас и да ја изразат својата разочараност, од, како што рекоа, лошата гроздоберска сезона. Се пропуштаат итните случаеви. Полицијата е присутна на лице место, а сите што тргнале во овој дел на државата, се пренасочуваат да се движат преку Росоман. – ...

Во август 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски на месечно ниво за 0,6 проценти, а на годишно ниво за 1,2 отсто. Според Државниот завод за статистика, во август 2023, во споредба со јули 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 1,2 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа ...

Цените за воден надомест за наводнување на земјоделските површини и култури остануваат исти и непроменети во однос на минатогодишните цени и цените од претходните години, информираа денеска од АД Водостопанство на РСМ Скопје, Подружница ,,Тиквеш” Кавадарци. – Зголемување на цените за воден надомест за наводнување на земјоделските култури ќе нема. Водокорисниците кои користеле вода за наводнување по гравитационен пат и од пумпните станици, за ...

На тертиторијата на државава вчера имало вкупно 33 пожари. Активни од вчерашните се уште седум, а утрово има известување за четири нови пожари, два во Општина Ѓорче Петров и по еден во општините Петровец и Шуто Oризари, каде што се запалени отпадоци, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). По дел од пожарите што загрозуваа села, како што се наведува во соопштението, се дејствувало и со два противпожарни авион на ДЗС и со еден ...

Регулативата за изградба на фотоволтаични централи предвидува целосно почитување на регулативата за пренамена на земјоделско земјиште во градежно. Министерството за земјоделство (МЗШВ) внимава земјоделското земјиште да биде за производство на храна, а она од полоша категорија на кое доминантно не се произведува храна, да се користи за изградба на фотоволтаични централи, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски. – Добар дел од постојните ...

ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1) од полноќ поевтинуват за три, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 83 денари, на Екстра лесното масло за домаќинство 82, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 81, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 83,00 денари за литар. За 0,886 денари се намалува и цената на ...

За два сантиметра е намелен водостојот на Дојранското, а за еден на Преспанското Езеро, додека нивото на Охридското Езеро е исто како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Со тоа водостојот на Преспанското Езеро е на 14 сантиметри под апсолутно појавениот минимум и е за 1,9 метри понизок од просекот за октомври. Пониско од просечното и тоа за шест сантиметри е и нивото на ...

Незадоволни лозари ќе протестираат в среда на регионалниот пат Неготино – Кавадарци, информираа денеска од Иницијативниот одбор што го организира протестот кај месноста „Ило Виларов“. – Протестот ќе започне во десет часот, веќе пријавивме и во полиција. Очекуваме присуство на лозари, незадоволни од откупните цени на грозјето, соопштија од Иницијативниот одбор на револтираните лозаропроизводители. Оттаму нагласија дека бараат соодветно ...

Трошоците на животот во септември годинава, во однос на септември лани, бележат зголемување од 6.6 %, а цените на мало од 4.7 %. Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на животот во септември 2023 година, во споредба со претходниот месец, се намалиле за 0.1%, а цените на мало за 1.0%. Намалување на индексите на трошоците на животот во септември 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и ...

Состојбата со пожарите на отворен простор е исклучително алармантна. Само во текот на вчерашниот ден имаше 60 пожари, вели директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, апелирајќи до земјоделците да не ги палат стрништата, а сточарите пасиштата. – И покрај вчерашното интезивно гаснење шест пожари на отворено гореа во текот на целата ноќ и се уште се активни, од кои четири се поголеми и поопасни. До вечер ќе станат многу ...

Се шири пожарот меѓу кавадаречките села Бегниште и Кошани, вечерва потврдија за МИА, од Територијалната противпожарна единица Кавадарци. – За жал, ветерот е наш противник во овој случај и упорно го разгорува и проширува пожарот. На терен имаме седум пожарникари со три возила на кои им помагаат и жители од село Бегниште, дополнително е повикан и приправниот тим на ТППЕ и побарана е интервенција од Ј.П ,,Македонски шуми”. Ги замолуваме ...

Во компаниите во ТИРЗ зоните за една година се отворени околу 2000 работни места, покажуваат податоците на Дирекцијата на технолошко-развојни зони. Бројот на вработени во зоните во септември се искачил на 17.558 што е за 13 проценти повеќе споредено со истиот период лани, а за 25 проценти повеќе во однос на септември 2021 година и за 31 процент во однос на 2020 година. – Редовната месечна анализа на Дирекцијата покажува дека континуираниот ...

Центарот за управување со кризи утринава информира дека на територија на државата има активни пет пожари и тоа во општините Македонски Брод, Штип, Врапчиште, Могила и Делчево. Во општина Македонски Брод гори нискостеблеста шума кај селото Белица, во општина Штип е опожарена нискостеблеста шума на планината Серта, а во општина Врапчиште горат пасишта во истоименото село. Во општина Могила во пределот меѓу селата Могила и Беранци гори ниска ...

„На овие штандови денеска се нашиот бакрдан, вкусното ѓомлезе, сочните сирења, кашкавали, македонското макало, нашиот македонски мед, ајвар, надалеку познатото македонско вино и уште многу други традиционални производи. Нивниот квалитет е највисок и баран а тоа е благодарение на нашата плодна почва и поднебје, на многуте сончеви денови, и пред се на вредните раце на нашите земјоделци“ рече премиерот Димитар Ковачевски на Вториот национален ...

Листата на производи со повластена стапка од 5 проценти на која се наоѓаат 1600 производи е детално прегледана и тоа се оние производи коишто во најголем дел се користат од страна на нашите граѓани во нивната секојдневна употреба. Подготвена е од врвни даночни и финансиски експерти, и доаѓа како дел од даночната реформа во државата за која денеска има најдобра потврда со потврдувањето во време на криза на кредитниот рејтинг на нашата држава. ...

„Северна Македонија сега е лидер во регионот по искористеност на мерките од европската ИПАРД програма. Тоа резултираше со зголемување на средствата за ИПАРД 3, на 97 милиони евра. Ова се мерки за развој на земјоделството по европски терк. А сето ова е уште еден доказ, колку земјоделството и производството на храна ни е високо на листата на приоритети“ рече премиерот Димитар Ковачевски на Вториот национален саем за храна и пијалаци во Скопје. ...

Развиените земји на конференција одржана во Бон ветија дека ќе одвојат 9,3 милијарди долари за помош на земјите во развој во борбата против климатските промени. Ветувањата се однесуваат на Зелениот климатски фонд, со седиште во Јужна Кореја, oд кој се финансира помошта за земјите во развој. Станува збор за најголемиот таков фонд кој има за цел да обезбеди пари за помош на сиромашните земји за намалувањето на емисиите на гасови, соочувањето ...

Основните прехранбени производи, кои се дел од секојдневната употреба на граѓаните, и понатаму ќе се оданочуваат по најниска даночна стапка на ДДВ од пет отсто, како што е предвидено со Законот за данок на додадена вредност. Оданочувањето на основните прехранбени производи е поблиску дефинирано со Одлуката за определување на добрата и услугите, кои подлежат на повластена стапка на ДДВ, која Владата ја донесе на 28 септември, а стапува на ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
93%
1006
weather icon

Белград

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
66%
1002
weather icon

Загреб

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
93%
999
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
81%
1007
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
1.59
82%
1006
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
97%
1000
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
4.12
63%
1006
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
82%
1006
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
100%
1006
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 6ᴼ
1.03
87%
1006
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 10ᴼ
2.06
58%
1000
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1007
Currency

61.635

Currency

52.9053

Currency

70.7501

Currency

38.0585

Currency

38.3837

Currency

67.3039

Currency

7.74807

Currency

0.70936

Currency

0.33312

Currency

0.52509

Currency

1.15814

Currency

0.54978

Платина

68577.54

Калај

55.99

Родиум

320703.70

Цинк

0.00

Паладиум

47550.95

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Бакар

13.22

Алуминиум

3.64

Сребро

2812.48

Злато

151413.64

Рутениум

51376.89