Вкупната вредност на извозот на стоки од Северна Македонија, во периодот јануари – август 2023 година, изнесува 5 502 897 илјади евра и бележи пораст од 2.0 % во однос на истиот период лани. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 7 299 621 илјада евра, што е за 7.6 % помалку во споредба со претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – август 2023, е 75.4 %, ...

Евтината дневна тарифа на електричната енергија започнува со примена од 1 декември во периодот од 13 до 15 часот и во првите 10 дена од декември најголем дел од потрошувачите, односно најголем дел од домаќинствата ќе имаат пристап на евтината тарифа, потврди денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски. -Тарифниот систем за евтината дневна тарифа е донесен уште во јуни, објавен е во „Службен весник“, ...

Светските цени на храната не се променија значително во септември во однос на август, а растот на цените на пченката и шеќерот делумно е неутрализиран со падот на цените на растителното масло, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Светскиот индекс на цените на храната во септември изнесуваше 121,5 поени, додека во август беше на ниво од 121,4 поени. Цените на храната се за 10,7 отсто пониски ...

ОВР Струга поднесе кривична пријава против И.Б.(51) од струшкото село Велешта, против правен субјект од истото село и против Н.Ф.(41) од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“ на дрва и „пустошење шуми“. СВР Охрид денеска соопшти дека при контрола, извршена на 4 октомври на планинскиот врв „Стрижак“ на планината Јабланица, полициски службеници ги затекнале И.Б., сопственик на правниот субјект, ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска е домаќин на првата министерска конференција за шумарство – „Најдобри практики и иксуства во обновувањето на шумите“, а на која учествуваат министрите за земјоделство на Црна Гора, Албанија, Косово и Бугарија, бројни експерти и професори во областа на шумарството од земјава и регионот. Целта на министерската конференција е зајакната регионална соработка во ...

Туризмот како никогаш досега им е потребен на државните економии и неговото значење и моќ ќе бидат видливи во наредните години уште повеќе, фокусирајќи се на целите за 2025 година во која треба да се надминат 3,7 милиони ноќевања и повеќе од 600 милиони долари туристички промет во македонската економија, истакна директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски на регионалната конференција за туризам под наслов ...

Од денес на сила ќе биде време режим на сообраќајот, кој води од Битола кон Националниот парк „Пелистер“. Од Општина Битола соопштија дека времениот режим на сообраќај се воведува заради почеток на градежните активностите за изградба на колектор за одведување на фекални отпадни води од локалитет „Бегова чешма“ до Национален парк „Пелистер“, во должина од 522 метри. По завршување на оваа фаза од проектот, ќе следува реконструкција на дел од ...

Киев соопшти дека ја привремено ја стопира тужбата пред Светската трговска организација (СТО) против неколку граничи земји-членки на ЕУ, вклучително и Полска, кои воведоа ограничувања за увозот на жито од Украина. – Додека бараме практично решение, нашите спорови во СТО засега се прекинати, изјави украинскиот заменик министер за економија Тарас Качка. Тој оцени дека споровите околу извозот на украинското жито ќе бидат „решени во наредните ...

Во земјава вчера имало вкупно 23 активни пожари на отворено, од кои активни се уште четири, инфрмира ЦУК. Во Општина Македонски Брод, во атарот на с.Белица, кај месноста „Аргулица“ (под Солунска Глава) гори ретка борова шума на карпест терен со длабоки провалии и речиси р невозможно за пристап на лица и за гаснење, во Општина Велес, кај с.Нежилово близу месноста „Изворите на Бабуна“ гори букова шума, во Општина Долнени, меѓу с Долгаец, ...

Во 2022 година Северна Македонија е 13 земја во светот за извозот и вредноста на македонското вино, а само до денеска, оваа година извозот на вино достигнува над 40 милиони евра, а она што особено го потенцираме е падот на вредноста на извозот на наливно и зголемувањето на вредноста на извозот на флаширано вино, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, во изјава на настан во Скопје, организиран по ...

Од декември, во периодот од 13 до 15 часот, ќе стартува дневната евтина тарифа за електрична енергија, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски. Покрај во овој период од денот, Бислимоски вели дека евтината тарифа останува да важи и во ноќните саати, од 22 часот до 7 часот изутрина. Дневната евтина тарифа се враќа откако беше укината на 1 јануари 2022, кога имаше зголемување на цената ...

Има неколку земјоделци кои преку Агротим редовно ги следиме со активностите и заедно се радуваме на успешните реколти и заработката која ја имаат од мачната земјоделска работа. Тука секако е почитуваниот Бајро Асцериќ од село Виничани, земјоделски производител кој може да биде пример за тоа како со сериозен пристап кон земјоделското производство, ангажман на целото семејство и поддршката од државата, може добро да се живее од земјоделство. ...

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поевтинува за 2,5 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за три денари, а нема промени на цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 83,50 денари, а 85,5 денари ќе чини ЕУРОСУПЕР БС – 98. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) останува 86 денари за литар, а на маслото за горење Екстра лесно ...

Денеска во Гевгелија тимот за управување со ИПАРД програмата при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Платежната агенција на финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој во Македонија организираа и спроведоа презентација на „Мерката 1 и 7“ од ИПАРД 3. Европскиот фонд за руралниот развој на членките кандидатки, како што е Македонија, годинава одобри грант (неповратни средства) од 97 милиони ...

Сите во регионот правиме напори во рамки на своите можности да им помогнеме на граѓаните, да ја намалиме инфлацијата и притисокот врз животниот стандард, изјави денеска црногорскиот вицепремиер и министер за земјоделство Владимир Јоковиќ, кој учествува на настан во Скопје по повод Светскиот ден на вранецот. Одговарајќи на новинарски прашања како Црна Гора се справува со инфлацијата и како им помага на граѓаните, посочи дека како држава ...

Има неколку земјоделци кои преку Агротим редовно ги следиме со активностите и заедно се радуваме на успешните реколти и заработката која ја имаат од мачната земјоделска работа. Тука секако е почитуваниот Бајро Асцериќ од село Виничани, земјоделски производител кој може да биде пример за тоа како со сериозен пристап кон земјоделското производство, ангажман на целото семејство и поддршката од државата, може добро да се живее од земјоделство. ...

Здружението „Вина од Македонија“ со финансиска поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска ќе го одбележи Светскиот ден на вранецот. Најавени се обраќања на претседателот на здружението „Вина од Македонија“; Светозар Јаневски, на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и на црногорскиот министер за зeмјоделство Владимир Јоковиќ. Настанот се одржува петта година по ред, а ...

Европа би можела да се ослободи од зависноста од фосилни горива и да создаде самоодржлив енергетски сектор со инвестирање околу два трилиони евра во соларна енергија, ветер и други обновливи извори до 2040 година, покажа новото истражување. Во извештајот, објавен од Институтот за истражување на климатските влијанија во Потсдам, се вели дека на континентот ќе му требаат годишни инвестиции од 140 милијарди евра до 2030 година и 100 милијарди ...

Во земјава вчера имало вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои активни се уште два, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во Општина Македонски Брод, во атарот на с.Белица, месност „Аргулица“ (под Солунска Глава) гори ретка борова шума на карпест терен со длабоки провалии и е речиси невозможно за пристап на лица и за гаснење. Во текот на денот интервенирала противпожарна екипа од ТППЕ Македонски Брод и од ЈП Национални шуми – ...

Денеска на свечен настан, Фондот за иновации и технолошки развој ги прогласи победниците од јавниот повик „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст”. Со овој повик, вкупно 4.4 милиони евра се распределуваат за поддршка на 86 домашни претпријатија да ги реализираат своите иновативни проекти. Целта на повикот е да се поттикнат претпријатијата да создадат услови за надминување на последиците од економската криза, да ...

Полициски службеници на Единицата за брзо распоредување денеска во подножјето на планинскиот врв Стрижак на планината Јабланица го лишиле од слобода албанскиот државјанин Ф.Н.(41), затекнат при нелегална сеча на шума, поради што се сомничи дека сторил кривично дело „пустошење на шума“, казниво по член 226 од Кривичниот законик. При преглед на теренот, информираа од МВР, била пронајдена и локацијата каде што исечените дрва биле складирани и ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вчера имало 29 пожари на отворен простор. Гореле стрништа, пасишта, отпадоци, сува трева, трње, трска, лозје, грмушки, нискостеблеста и мешана шума, борова шума и неколку депонии. До утрово, според извештаите што се стигнати во ЦУК, активни пожари од последното деноноќие има уште еден – во Општина Македонски Брод, во пределот кај с.Белица (каде што гори ниска вегетација и нискостеблеста ...

Фондот за иновации и технолошки развој денеска ќе ги прогласи добитните компании од јавниот повик „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст”. Како што соопштија од Фондот за иновации и технолошки развој, на настанот што ќе се одржи во аулата на Ректоратот на Универзитет „Св. Кирил и Методиј”, ќе се обратат проф. д-р Биљана Ангелова, ректор на Универзитет „Св. Кирил и Методиј”, проф. д-р Фестим Халили, директор на ...

Три ЕР трактори од Дирекцијата за заштита и спасување се приклучија на Ј.П „Национални шуми“, Подружница Бабуна Велес, кои веќе трет ден го гаснат големиот пожар кој изби на отворен простор во месноста викана Ламја над село Горно Јаболчиште. Како што информираа денеска од Центарот за управување со кризи теренот е непристапен, вегетацијата е сува и многу висока односно голосек со голема количина суви гранки и висока трева, а поради силниот ...

Бројот на работници во индустријата во август е зголемен за 1,3 проценти во споредба со истиот месец лани, но намалување се бележи во секторот рударство за 1,7 проценти и во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5,9 проценти. Според Државниот завод за статистика, пораст се бележи во секторот Преработувачка индустрија за 1,9 проценти. Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата бележи ...

Околу седумдесет бруцоши денеска се стекнаа со индекс на Факултетот за земјоделски науки и храна, при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Пред многубројните присутни на настанот, се говореше за значењето на производството на храна, можностите што им се нудат на студентите на овој факултет и важноста на професијата. Деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна Вјекослав Танасковиќ, рече дека ова е 77. генерација на студенти ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вчера имаше 29 пожари на отворен простор. Гореле стрништа, пасишта, отпадоци, сува трева, трње, трска, лозје, грмушки, нискостеблеста и мешана шума, борова шума и неколку депонии, а во Општина Василево изгорела и една колиба, според податоците од Секторот за операции и координација во ЦУК. До утрово, според извештаите што се стигнати во ЦУК, активни пожари од последното деноноќие има уште ...

Големо добредојде за Сојузниот министер за земјоделство и храна на Германија, Cem Özdemir кој ја прифати мојата покана да ја посети Северна Македoнија. Ова е историска посета, за прв пат федерален министер доаѓа во официјална посета и тоа токму на денот на обединувањето на Германија. Поддршката што ја добиваме од пријателска Германија е значајна и се надевам дека оваа посета дополнително ќе ја продлабочи и развие нашата соработка – Нашиша на ...

Од полноќ поевтинуваат Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, а дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Еуросупер БС-95 се намалува за еден денар, а Еуросупер БС-98 за половина денар. Согласно одлуката на РКЕ, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 86 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 88, 5 денари за литар. Новата цена на дизелот ќе биде 86 денари за литар. Непроменета останува ...

Деведест и седум милиони евра европски неповратни средства ќе бидат наменети за модернизација и развој на македонското земјоделство преку ИПАРД 3 програмата. Финансиската спогодба за ИПАРД 3 денеска во име на Владата ја потпиша вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ, во присуство на евроамбасадорот Дејвид Гир и министрите за финансии Фатмир Бесими и за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
93%
1006
weather icon

Белград

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
66%
1002
weather icon

Загреб

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
93%
999
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
81%
1007
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
1.59
82%
1006
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
97%
1000
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
4.12
63%
1006
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
82%
1006
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
100%
1006
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 6ᴼ
1.03
87%
1006
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 10ᴼ
2.06
58%
1000
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1007
Currency

61.635

Currency

52.9053

Currency

70.7501

Currency

38.0585

Currency

38.3837

Currency

67.3039

Currency

7.74807

Currency

0.70936

Currency

0.33312

Currency

0.52509

Currency

1.15814

Currency

0.54978

Кобалт

45.39

Паладиум

47550.95

Алуминиум

3.64

Родиум

320703.70

Платина

68577.54

Сребро

2812.48

Цинк

0.00

Бакар

13.22

Рутениум

51376.89

Калај

55.99

Иридиум

253540.09

Злато

151413.64