Цената на кој следен производ ќе биде замрзната зависи од анализата во Министерството за економија, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. -Кој производ ќе биде со замрзната цена ќе зависи од анализите што се прават во Миниустерството за економија. Доколку има производ што ги исполнува условите тогаш нормално Владата ќе донесе одлука, доколку нема, Владата нема да донесе одлука, рече Ковачески. Дел од новинарското прашање за Ковачевски ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски, во рамките на теренската кампања за подобра информираност на земјоделците, посетија неколку локации и одржаа средби со земјоделци и мали производители на храна од Полошкиот регион. Месната преработувачка индустрија „Карнем“ од село Зубовце, општина Врапчиште е уште еден позитивен пример на успешена ИПАРД ...

Производителите на свињи од поширокиот кумановски регионсе сретнаа со претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство. Сточарите не отстапуваат од барањата и велат дека нема заболени животни од африканска чума во нивните фарми и бараат повлекување на сите мерки. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски во изјава за медиумите пред средбата со производителите истакна дека само во две населени места во Кумановско сè ...

Сточарите од општина Дебар и Центар Жупа, почнаа со продажба на јагнињата, при што од вкупно 20 илјади до денес откупени се околу 1.500 јагниња. -Цената се движи од 180 до 190 денари за килограм жива мера. Искрено, меѓу сточарите постои незадоволство, но, ете мора да се продадат. Она што посебно треба да се нагласи е фактот дека оваа година на продажба се сите 20 илјади јагниња, зашто ниту еден од сточарите не покажа волја да зачува јагниња за ...

Министерот за земјоделство, шумарство и земјоделство, Љупчо Николовски, информираше дека со цел да се мотивираат младите да се запишат на Земјоделскиот, Шумарскиот и Ветеринарниот факултет, овозможена е стипендија за студентите. „Среќен сум што заеднички успеавме, и овозможивме стипендии за студентите од Земјоделскиот, Шумарскиот и Ветеринарниот факултет. Со месечна стипендија од 18.000 денари за девет месеци во годината ги мотивираме младите ...

Цените за годишен закуп на еден хектар земјоделско земјиште значително се разликуваат меѓу земјите и регионите на Европската Унија. Закуп на еден хектар обработливо земјиште и/или пасишта во 2021 година се движел од најниски 62 евра во Словачка до просечни 836 евра во Холандија, објави Заводот за статистика на ЕУ, Евростат. Кога станува збор за регионите, најскап е холандскиот Флеволанд (1721 евра/ха), потоа Канарските острови во Шпанија (1119 ...

По лебот, тестенините и дел од млечните производи, од вчера замрзнати се цените и на оризот и јајцата, а Владата анализира дали со бранот замрзнувања на цените на прехранбените производи да бидат опфатени и овошјето и зеленчукот. Истовремено, на 70 проценти е ограничен и извозот на домашно производство на јајца од кокошка со цел да се избегне евентуален дисбаланс во понудата и да се спречи целосен извоз во соседството каде цената е повисока. ...

Договорот кој овозможува безбеден извоз на украински житарки од Црното Море беше обновен во саботата на најмалку 60 дена, што е половина од периодот планиран од ОН и Украина. „Црноморската иницијатива за житарки, заедно со Меморандумот за промоција на руски прехранбени производи и ѓубрива на светските пазари, се клучни за глобалната безбедност на храната, особено за земјите во развој“, рече портпаролот на ОН Стефан Дујарик во изјавата. ...

Владата денеска треба да ги замрзне цените на оризот и јајцата, но и да донесе одлука со која ќе го ограничи извозот на јајца. Во однос на шеќерот и брашното се уште нема да се интервенира. Ќе се чека трговците сами да ги поевтинат овие производи, додека цените во месната индустрија се следни за анализа. За овошјето и зеленчукот ингеренции има Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Доколку оттаму се предложат какви било ...

Дизелот поевтинува за 1,5 денар, а бензините и екстра лесното за половина денар од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на литар ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 74 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 81 денар, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе има цена од 83 денари. Литар масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе чини 73,5 денари, а се намалува и залопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 1,649 ...

Утре ќе се замрзне цената на јајцата, но ќе се донесе и одлука за ограничување на нивниот извоз, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Како што рече Бектеши на прес-конференција во Владата, ако земјава донесе забрана за извоз, тоа ќе биде спротивно на ЦЕФТА договорите и спогодбите за слободна трговија со ЕУ поради што се можни санкции. -Во делот на јајцата што се случува? Моментално се зголемува извозот од земјава кон другите ...

Цените на месните производи ќе бидат една од наредните мерки што ќе се анализираат, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Тој денеска, одговорајќи на новинарски прашања, ги поздрави компаниите од месната индустрија кои уште пред март, како што рече, почнаа да ги намалуваат цените. -Сакам да ги поздравам некои од домашните компании кои уште пред март почнаа да ги намалуваат цените. Ние и ги посетивме. Цените на месните ...

Mинистерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека утре ќе се замрзнат цените на оризот и јајцата. Како што рече денеска на прес-конференција во Владата, кај шекерот и брашното нема да се интервенира со замрзнување зашто веќе има наламување на цените на овие производи и тој тренд се очекува да продолжи. Бектеши не кажа конкретно на која цена ќе биде замрзнувањето, но извесно е дека тоа нема да биде денешната, туку од некој друг претходен ден ...

Во рамките на теренската кампања низ целата држава, со цел земјоделците да ги информираме директно од терен за сите нови мерки и програми, да им ги објасниме чекорите како успешно да аплицираат на јавните повици и да им одговориме на сите прашања, денеска карванот го посети регионот на Свети Николе и Лозово. Остварени беа и средби со земјоделци од селата Ерџелија, Милино и Мустафино, соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и ...

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше исплатата на финансиската поддршка за обележани грла говеда и за регистрирани презимени пчелни семејства. Корисници на поддршката се земјоделските стопанства кои одгледуваат говеда, односно земјоделските стопанства кои поседуваат минимум 20 пчелни семејства. -Вкупно 8 016 одгледувачи на говеда добиваат финансиска поддршка во вредност од 288 милиони ...

Моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 и Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два, односно 2,5 денари за литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,12 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе изнесува 83,5, а на Екстра лесно масло ...

Од почетокот на годината досега, во координација со АД „Водостопанство-Скопско поле“ – Скопје, ЈКП „Илинден” и граѓаните, исчистени се околу седум километри отворени одводни канали на територијата на Општина Илинден. Целта на активностите кои се во рамки на Акцискиот план за чистење на каналската мрежа на територија на Општина Илинден за 2023 година, Годишната програма на Општината и Годишната програма на „Водостопанство-Скопско поле“, е да се ...

Институците денеска треба да ги заокружат анализите дали листата на прехранбени производи со замрзната цена ќе се прошири и со шеќерот, јајцата и оризот, а одлуките за тоа ќе се донесат на почетокот на следната недела. По лебот, од вчера се во сила замрзнати цени и за тестенините и за дел од млечните призводи со поевтинување од 15 односно 10 отсто и според првичните информации на Пазарниот инспекторат, одлуките на Владата се почитуваат. ...

ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОДИЗЕЛ(Д-Е V) од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денари за литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,9 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 81,5, а на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 75,5 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС – 98 и ...

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата по основ директни плаќања за обележани грла овци, обележани грла кози и женски приплодни грла – маторици. Корисници на мерката за обележани грла овци се земјоделските стопанства одгледувачи на овци кои поседуваат најмалку 30 грла овци од сите категории евидентирани во Регистерот на одгледувалишта на овци. Вкупната исплатена финансиска поддршка изнесува ...

За еден сантиметар е зголемен водостојот на Преспанското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). И покрај тоа, водостојот на Преспанското Езеро е 1,98 метри понизок од просекот за март. Пониско од просечното, и тоа за 26 сантиметри е и нивото на Охридското Езеро, додека водостојот на Дојранското Езеро е за ...

Прелиминарната прогноза на FАО за светското производство на пченица во 2023 година укажува на пад во споредба со претходната година. Сепак, со 784 милиони тони, глобалниот принос сепак би бил втор највисок забележен. Во САД и Канада, земјоделците, поттикнати од повисоките цени, ја зголемија површината со зимска пченица. Станува збор за најголемите површини од 2015 година. Загрижува сушата во центарот на Големите Рамнини, но прогнозите ...

Јавното претпријатие ,,Камена Река” од Македонска Каменица го започна процесот за рано третирање и пикирање на разноврсен цветен асортиман наменет за хортикултурно уредување и разубавување на Македонска Каменица. И оваа година како што информираа од претпријатието расадникот за сопствени потреби на ЈП Камена Река, ќе произведе над 20.000 разновидни цвеќиња. -Оваа импозантна бројка на цвеќиња е според утврдениот динамички годишен план за цветно ...

Во маркетите од денеска треба да се продаваат тестенини со намалени цени за 15 проценти, а дел од млечните производи за 10 проценти. Министерството за економија се уште анализира дали ќе ја прошири владината одлука за замрзнати цени и за јајцата, шеќерот и оризот. Не е исклучена можноста за такво нешто и кај зеленчукот и овошјето ако трговците и производителите не ги следат светските текови за намалување на цените. Согласно со одлуките на ...

Нашата цел е да креираме 2000 нови мали производители на храна, коишто ќе ги искористат поволностите од 2019 година да може да се регистрираат и да продаваат традиционални локални производи, да продаваат од праг и од фарма и да добијат грантови, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. „2023 е година на нов модел на субвенционирања во земјоделството, година на нови програми и година на нови можности во ...

Турција ќе ги продолжи разговорите за продолжување на договорот за жито од пристаништата на Црното Море, кој почнувајќи од 18 март ќе трае уште 120 дена, а не 60 дена, изјави денеска турскиот министер за одбрана Хулуси Акар. „Почнавме преговори за првичната верзија на договорот. Важно е продолжувањето на договорот. Ќе разговараме со контактите за продолжување за 120 дена, наместо за два месеци“, изјави Акар, пренесе турското Министерство за ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, смета дека Министерството успева во обврската да интервенира за да ги намали трошоците на земјоделците при производство на храна и да го одржи и зголеми домашното производство. Рече дека зависно од потребите и барањата на подсекторските групи, има доволно средства да се интервенира дополнително и во делот на сточарството, за дополнителна поддршка на млекото, за се за што ...

Денеска се одржа централниот настан за презентација на новите мерки за поддршка на малите производители на храна и пијалоци. о рамки на теренската информативна кампања на министерството за запознавање на земјоделците со новите мерки, а поддржан од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME) финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка. Свое обраќање на настанот имаше министерот Љупчо Николовски, кој потоа одговараше ...

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше исплатата за директните плаќања за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети и директните плаќања за одгледани и заклани бројлери во регистрирани кланични капацитети. Со исплатата се опфатени 35 баратели со вкупна финансиска поддршка од 80.6 милиони денари. Висината на финансиската поддршка за одгледани и продадени или ...

„Бако нутс“ е компанија која егзистира на пазарот повеќе од 20 години. Примарна активност на компанијата е производство, преработка и трговија со јаткасти и прашкасти производи, зачини, сушено овошје и житарки. Како компанија која се занимава со преработка на земјоделски производи ја искористиле можноста за технолошко опремување на своите погони со користење на финансиската поддршка од ИПАРД програмата. По склучување на договорот за финансиска ...

Кил Бил

3 минути - Нова ТВ
weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
6.17
56%
1013
weather icon

Белград

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
53%
1012
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
3.09
41%
1013
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
4.63
52%
1013
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.15
47%
1011
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 20ᴼ
2.57
55%
1014
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
2.06
62%
1011
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
64%
1013
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
5.66
53%
1012
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
4.63
59%
1013
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
7.72
47%
1013
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
7.2
50%
1013
Currency

61.525

Currency

53.5268

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52