
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Во неодамна објавениот извештај, Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (FАО) ги објави очекувањата за светското производство на житарки. Податоците се уште се собираат и анализираат, а FАО предвидува производство поголемо за 9 милиони тони и сега вкупната бројка е 2.774 милиони тони, што сепак е за 1,3 отсто помалку од претходната година. Најголем дел од нагорната ревизија се однесува на оризот и во помала мера на ...
Минималните трошоци на четиричлено семејство во февруари изнесувале 50.909 денари, покажуваат анализите што денеска ги објави Сојузот на синдикати на Македонија. Според податоците од синдикалната потрошувачка кошничка, што ја изработува ССМ, најголем дел или 19.379 денари се трошат за храна и пијалоци, а 13.306 денари за комунални трошоци. За превоз минимум се потребни 3.679 денари, а за хигиенски производи 3.154 денари. Во однос на јануари ...
Цени на Добиточниот пазар во Скопје (вторник, 7 март). Кокошки (црвени) 500 денари Дукатка 600 денари Петел 500-600 денари Петел брама 2000 денари Теле 200-220 кг се продава за 160-180 денари за килограм жива мера. Кравите можат да се најдат од 90-120 денари за килограм жива мера. Кози од 80 до 180 евра за грло. Цената на овците се движи од 100 до 230 евра за грло. Цената на магарињата се движи од 380 до 400 евра. Коњите се продаваат по цена од ...
Земјоделци од Кавадарци ќе добијат обесштетување за мрзнење на земјоделски култури во 2021 година, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев. Оттаму појаснија дека во април 2021, подрачјето на општината со населените места Ваташа, Возарци, Марена, Горниково, Глишиќ, Сопот, Шивец, Бошава, Дреново, Ресава и Раец, било зафатено од елементарна непогода предизвикана од дејство на пролетните ниски температури, проследени со мраз ...
Битолската млекарница донесе одлука за намалување на цените на, како што информира компанијата, најчесто купуваните млека и јогурти од својата производна програма. -Свесни сме за падот на потрошувачката моќ на граѓаните и со оваа одлука излегуваме пресрет на потребите на нашите потрошувачи. Како лидер на пазарот, Битолска млекара е одговорна компанија и ова намалување на цените ги опфаќа токму најпродаваните млечни производи за да се постигне ...
Во Министерството за економија во тек се анализите кои треба да покажат дали, освен лебот, ќе има замрзнување на цените и на другите прехранбени производи. Министерот за економија Крешник Бектеши во петокот во гостување на телевизија Сител најави дека до крајот на неделата ќе се знае дали ќе има ново замрзнување на цените. – Сите производи кои се наведени во Одлуката за ограничување на маржата се анализираат. Во моментов конкретно се ...
Fendt го претстави првиот прототип трактор на неодамнешниот самит за водород организиран од баварското Министерство за економски прашања, регионален развој и енергија. Во таа прилика беше посочено дека земјоделството и шумарството се од централно значење за енергетската транзиција. Тоа најмногу се однесува на производството и користењето на енергија на фарми и земјоделска механизација, каде што користењето на овој енергент има технолошки ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,22% во однос на одлуката од 3.3.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,235%, кај дизелот за 1,219%, кај екстра лесното масло за 2,791% и кај ...
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу изјави дека Анкара се ангажира за продолжување на договорот, кој е поддржан од ОН, а на Украина и овозможува да извезува житарки преку црноморските пристаништа. –Напорно работиме на непречено спроведување и натамошно продолжување на Договорот за житарки – рече Чавушоглу во говорот на конференцијата на ОН за неразвиените земји, што се одржува во Доха, Катар. Чавушоглу посочи дека ...
Откако стапија во сила законските олеснувања во 2020 година, досега се регистрирани над сто мали семејни винарии во земјава, а се зголемува и интересот за почнување фамилијарен вински бизнис, велат од здружението „Тиквешки семејни винарии”. Негови претставници кои доаѓаат од повеќе македонски општини, изминативе денови беа во стручна посета на словенечки винарници. Ја посетиле фирмата „Малерич” што произведува винска опрема, а биле во посета и ...
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето во ТВ24 кажа дека е важно што со иницијативата „Отворен Балкан“ се оствариле договори и државите што се членки се согласиле воопшто да нема застанување при патувањата. -Тоа е крајната цел. Да нема ниту еден полицаец, се изготвуваат софтверски решенија за таа контрола да се прави по електронски пат, тоа е процес што треба да го изодиме. Работната група работи заедно со колеги од ...
Во Франција површината под шеќерна репка ќе се намалат на најниско ниво во последните 14 години, пишува Ројтерс. И покрај високите цени, земјоделците не се одлучуваат за ова производство поради потенцијалната штета на посевите поради ограничувањата за пестициди. Според количината на купеното семе, во 2023 година ќе се посее шест до седум отсто помалку во однос на претходната година, изјави генералниот директор на CGB, Николас Риаланд. Засеана е ...
Денеска истекуваат мартовските договори на берзите, а тоа влијаеше на цените на житарките. На париската MATIF тие растеа, додека на чикашката CBoT минатата недела вредностите беа различни. Цените на пченицата за март во четвртокот на MATIF започнаа од 274,25 евра/т, додека на пазарот за мај беа 275,50 евра/т. Мартовските договори за пченка се зголемија за 4,75 евра на 286 евра/т. Во петокот наутро, јунските цени беа 272,75 евра/т. Цената на ...
Со оваа програма ќе се реализираат активности за поддршка на земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и земјоделски стопанства кои се регистрирани или евидентирани како оператори со храна од животинско или неживотинско потекло, согласно Правилникот за отстапувања од посебните мерки за хигиена за малите бизниси, начинот и барањата кои треба да ...
За преку 1000 хектарти се поголеми површините со пченица и се очекува зголемено производство на лебното зрно од околу 30 000 тони. Според оценките на Асоцијацијата на земјоделци на Македонија, со перманентно зголемување и на површините и на производството, реален е стремежот кон домашната пченица и да се намали влијанието од увозот. Горан Томески, агроном од Агенцијата за поддршка на земјоделското производство потврдува дека за 10 до 15 насто ...
Начинот на регулирање на цената на лебот најави отворање на нови можности и опции, и тоа во обем кој на почетокот не се очекуваше. По обелоденувањето од страна на Министерството за економија дека по лебот, веќе се прават пресметки за цените на уште неколку основни производи врз основа на кои ќе се продаваат по одредена максимална цена, со позитивни реакции излегоа земјоделските производители. Како најоптимално решение предлагаат соработка со ...
Денеска на билатералната скрининг агенда се одржува состанокот за Поглавје 2, „Слободно движење на работници“, информираше заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ. Со пристапувањето на Северна Македонија во Унијата, за македонските граѓани ова значи: -Работа без работна дозвола, еднаков третман при вработувањето како и со државјаните на останатите земји членки на ЕУ, -Еднакво социјално осигурување како граѓаните ...
Дизел горивото од ноќеска на полноќ поскапува за два денара за литар, а цените на останатите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,53 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 78 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 81,5, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за ...
Согласно програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино и алкохолни пијалаци за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 32/23), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува ЈАВЕН ПОВИК за прибирање на барања за финансиска поддршка за микро земјоделски производители на вино од Програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино и алкохолни пијалаци за 2023 ...
Европската комисија одобри генетски модифицирана маслодајна репка и го обнови одобрувањето на генетски модифицираната соја за употреба во исхраната и добиточната храна. Во соопштението на Комисијата се наведува дека одобрението на Комисијата е само за исхрана и добиточна храна и не дозволува одгледување во ЕУ, пренесува Агросмарт. Овие ГМ култури поминале низ сеопфатна и ригорозна процедура, која обезбедува високо ниво на заштита на здравјето ...
Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски денеска оствари посета на компанијата Екстра Фунги во општина Чешиново Облешево. Компанијата започнала со работа во 1988 година како семеен бизнис на фамилија Антоновски. На јавниот повик 02/19 за мерка 3 – инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи, Екстра Фунги аплицираат со соодветен проект ...
Не може мерки да се носат за некој да се богати, а друг да осиромашува. Владата е на и за граѓаните. Одлуката за замрзнување на цената на брашното беше донесена на база на сите информации што ги има Министерството за економија, а Државниот пазарен инспекторат ги направи сите пресметки и контроли. Граѓаните мора да се заштитат. Станува збор за само два продукта што ги произведуваат пекраниците во време кога е намалена цената на електричната ...
Вредноста на проектот „Усогласување на законодавството и имплементација на правото на ЕУ во областа на рибарството и аквакултурата во Република Северна Македонија“ е 240 илјади, но вистинската вредност е многу поголема и придобивките се значајни не само за Министерството, инспекторатот, институциите и државата, туку за сите, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Резултатот од проектот одиме кон ...
Европската комисија предложи продолжување на т.н автономни трговски мерки, односно суспензија на увозните царини, квоти и мерки за заштита на трговијата поврзани со украинскиот извоз во Европската Унија за уште една година. Со тоа продолжува поддршката за украинската економија и се помага да се ублажи тешката ситуација со која се соочуваат тамошните производители и извозници поради војната со Русија. Главната цел на овие мерки е да се обезбеди ...
Околу стотина трактори и земјоделска механизација чекаат да бидат легализирани, педесетина од нив се во Тиквешко, потврди за МИА Трајче Кулев, претседател на регионалното здружение „Напредни лозари“ со седиште во Кавадарци. – Станува збор за трактори, тракторски приколки и друг вид земјоделска механизација, купувани низ годините, а никогаш досега не биле регистрирани и не поседуваат сообраќајни дозволи. Деновиве собираме потписи од земјоделците ...
За 2021 година, УЈП изготви и достави пополнета ГДП пријава за 788.643 граѓани, информираше директорката на Управата за јавни приоди, Соња Лукаревска. Согласно анализите, дел од податоците се следни. -Искажан е годишен бруто приход од близу 366,6 милијарди денари, а пресметаниот данок е во износ од 22,3 милијарди денари. -На врвот на листата со пријавен годишен бруто доход од 244,2 милиони денари за 2021 е граѓанин од Скопје. -Највисоката ...
Додека потрошувачите наидуваат на празни полици или се ограничени кога купуваат свежи производи во маркетите, трговците на големо во Велика Британија негираат дека има недостиг на производи и велат дека тоа е едноставно прашање на пари. „Имаме доволно салата да го потонеме Титаник. Одете онлајн сега, а ние ќе ви испорачаме следниот ден.“, велат тие, пренесува Freshplaza. Недостатокот на зелена салата во супермаркетите во Обединетото Кралство е ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,98% во однос на одлуката од 24.2.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,256%, кај дизелот за 3,133%, кај екстра лесното масло за 3,205% и кај ...
Глобалниот пазар на јаболка се соочува со значителни предизвици, во зависност од регионот. Производителите се борат со многу проблеми во производството и дистрибуцијата, наведува Freshplaza. Поинаква е ситуацијата на пазарот на земјите членки. Полска е голем производител и извезува на пазарот на ЕУ и другите европски земји. Се очекува висококвалитетните јаболка од полските ладилници да стигнат и до Азија. Во исто време, Холандија се бори со ...
Ловечкото друштво “Елен” од Крушево е едно од подобрите ловни друштва кое постои повеќе од 50 години и брои 330 членови. Голема е честа за мене и мојата сопруга да присуствуваме на ловечка вечер. Како министерство силно се залагаме за поставување на правите критериуми со кои се дава дивечот на користење. Во таа насока #МЗШВ подготви нов Закон за дивеч и ловство, кој нема да е базиран на издавање концесии за дивеч во ловиштата, туку врз база на ...