Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски најави дополнителна поддршка за јачменот и пченицата. „По консултациите со претседателот на Владата сакам да најавам дека Министерството е подговено и ќе излезе пред Владата со нов пакет мерки кои го опфаќаат производството на жито. односно дополнителна поддршка за јачменот и пченицата. Преку Интервентниот фонд оваа година приоритет ќе дадеме за поддршка за пченицата. ...

На едно семејство во јуни за минимални месечни трошоци му биле потребни 48.543 денари, покажуваат податоците од синдикалната кошничка што на месечно ниво ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија. Оттаму велат дека иако има благо намалување на вредноста на синдикалната кошничка во јуни, сепак трошоците за храна и пијалaци се зголемени. За храна и пијалaци во јуни биле потребни минимум 19.805 денари, а за покривање на режиските трошоци ...

Обединетите нации вложуваат максимални напори да обезбедат продолжување на Црноморскиот договор за извоз на жито и меморандумот за разбирање за да се олесни пристапот на руските ѓубрива и другите производи на глобалните пазари, изјави генералната секретарка на Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој, Ребека Гринспен. -Мора да продолжиме да ги намалуваме цените и да имаме стабилни пазари за храна и ѓубрива во светот – изјави ...

Општина Куманово информира дека ќе изврши ларвицидна дезинсекција против комарци на застоени водни површини. Дезинсекцијата ќе се изврши во понеделник (10.07.2023 година) во период од 08:00 до 14:00 часот во селата Речица, Клечовце, на „Индустриска улица“ кај месноста викана Бара, во населбата „Ајдучка чешма“, по течението на реките Којнарка и Кумановка, кај локација „Толи Зордумис“. Наредниот ден ќе биде извршена адултицидна дезинсекција, ...

Европската агенција за безбедност на храната (EFSA) во својата стручна ревизија за проценката на ризикот на активната супстанција глифосат не идентификувала критични области и објави дека нема причина за загриженост за ризикот за луѓето, животните и животната средина. Одобрувањето на Европската Унија за глифосат, кој со децении нашироко го користат земјоделците, истекува на крајот на годината, а заклучокот на EFSA е клучен дел од процесот на ...

Европската комисија го објави Предлогот за првиот закон за мониторинг на почвата со цел да се заштити, обнови и да се обезбеди нејзино одржливо користење. Целта е да се обнови здравјето на почвата во земјите членки на Европската Унија до 2050 година. До 70 отсто од површините се оквалификувани дека се во лоша состојба, а над 80 отсто содржат остатоци од пестициди, се вели во соопштението на Комисијата. Процесите на деградација се одвиваат ...

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Битола за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на град Битола, како општа противепидемиска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола го издава следново соопштение: Ве известуваме дека на ден 07.07.2023 год. (петок) екипа на Центарот за јавно здравје – Битола ќе спроведува ЛАРВИЦИДНАТА ПРЕВЕНТИВНА ...

Според Агенцијата за заштита на животната средина, воздухот во затворените простории е обично 2-5 пати позагаден од надворешниот воздух. Тоа е затоа што затворените простори, како што се домовите и канцелариите, овозможуваат загадувачите да се акумулираат и да се концентрираат. Во продолжение прочитајте како да направите природен освежувач со помош на ориз. За природниот освежувач ќе ви требаат: -Стаклена тегла -Ориз -Етерично масло по ваш ...

Според податоците на Европскиот завод за статистика, Eurostat, површините под органско земјоделство продолжуваат да се зголемуваат. Во 2020 година имало 14,7 милиони хектари, а во 2021 година 15,9 милиони. ха, што е еквивалент на 9,9 отсто од вкупната земјоделска површина во Европската Унија. Помеѓу 2012 и 2021 година, површините што се користат за органско земјоделство се зголемиле во речиси сите земји на ЕУ. Најголемо зголемување имале ...

Изгореа околу два декари неожнеано жито во атарот на село Уларци. Пожарникарите од Територијалната Противпожарна единица-Штип дојавата за пожарот ја добиле во 11.40 часот. Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев за МИА вели дека пожарот е изгаснат и е спречено ширење на огнените јазици кон другите земјоделски култури. Посочува дека нивата со жито е зафатена од запалено стрниште. На терен биле излезени петмина пожарникари со две противпожарни ...

Екипи на Јавното претпријатие „Камена Река” се вклучени во отстранување на атмосферските наноси предизвикани од обилните и поројни врнежи со дожд кои вчера во попладневните часови ја зафатија територијата на Македонска Каменица. Во расчистувањето е вклучена крупна механизација, која синоќа и денеска делува на повеќе локации од локалните патишта и улици во приградските средини и периферните делови на Македонска Каменица. – Се работи на чистење ...

По детектираното оштетување на сифонот Макарија на хидромелиоративниот систем Тиквеш, привремено е прекинат дотокот на вода која се користи исклучиво за наводнување на земјоделските површини. Министерот Љупчо Николовски информираше дека интензивно се работи на санација на цевководот и дека веќе во текот на следната недела се очекува да протече вода низ него. „Доказ за брзо и ефикасно решавање на сите предизвици со кои се соочуваат нашите ...

Фестивалот „Ја сакам Плачковица“ викендов ќе се одржи по 19. пат. Во двата дена планирана е богата програма со активности за кои пријавувањата се во тек. Милорад Ангелов од планинарското друштво „Лисец“ на прес-конференција истакна дека пристигнала и најава за присуство на планинари од соседните земји, а се очекува да имаат над 1.000 гости. -Навистина, оваа година интересот за сите активности е голем. Она што е интересно е дека не само што ...

Делницата Демир Капија – Давидово поради асфалтирање ќе биде затворена за сообраќај од денеска до 20 јули, во периодот од 10 до 16 часот. Поради асфалтирање, од 4 до 8 јули (од 8 до 18 часот) затворена за возила е и делницата Велес – Градско, соопшти Автомотосојузот на Македонија. Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Според известувањето на АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци ...

Пороен дожд и град проследени со силни грмотевици го зафатиja градот Штип. Околу половина час без струја се жителите на поголемите штипски населби Сењак, Осми Ноември. По невремето поплавени се дворот на црквата „Свети Никола“, како и улицата и паркинг просторот пред еден од влезовите. Материјална штета нема, а во моментов водата се повлекува во атмосферската канализација. Поради надојдената вода од населбите кои се во високите зони улиците во ...

Кога корењата на растенија се во недоволно аерирана средина имаат дегенерација на коренот во својот развој. Тоа се одразува на поголем пречник на коренот како и на зголемен меѓуклеточен простор во него, кој негативно се одразува на самата улога на кореновиот систем, а од друга страна директно се одразува на стабилното и сигурното производство. Аерацијата освен што влијае на градбата на кореновиот систем, делува и на неговиот раст. До драстично ...

Стравот од евтините руски житарки ги мачи главните извозници на пченица во Европската Унија. Меѓународната побарувачка е помала, поради што извозниот вишок се пренасочува кон Мароко и Кина, пишува Ројтерс. Пред една година ситуацијата беше сосема поинаква, бидејќи тогаш откупувачите побрзаа да резервираат пченица од земјите на ЕУ поради прекините во трговијата со Црното Море предизвикани од руската инвазија на Украина. Русија наводно има големи ...

Како се чуваат праските за да се одржат свежи и каде треба да се ставаат оние кои се целосно зрели? Уште во минатото бербата на праските значело дека семејството се подготвува за правење џем или мармалад, но и дека ќе има премногу овошје кое нема да може одеднаш да се искористи. Затоа домаќинките внимателно ги издвојувале зрелите праски од оние кои уште можеле и требало да стојат на собна температура. Тоа го препознавале според следниве знаци: ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на денешната прес-конференција најави нова поддршка за производителите на ориз. „Нова поддршка за производителите на ориз каде што ја менуваме подмерката 1.2 и преку измената на висината на дополнителните плаќања на ориз, кои изнезуваат 12.000 денари по хектар без употреба на сертифициран семенски материјал, а 19.000 денари по хектар со употреба на сертифициран семенски ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на прес-конференцијата во просториите на МЗШВ информираше дека сите субвенции се веќе исплатени и тоа пред законскиот рок. „Согласно законскиот рок, и тоа можеби е за првпат во овие 15 години, сите основни плаќања по грло и по површина се веќе исплатени пред законскиот рок. Започнавме и со исплата на сите интервентни мерки. Брзо и навремено, уште од февруари, субвенциите ...

Првите видливи симптоми на топлински стрес кај домашните животни се послаба консумација на храна, поголеми потреби за вода, опаѓање на производството на млеко и послаб прираст. Животните почнуваат да се занесуваат и да се тетерават, по што обично паѓаат. Исто така, нивниот пулс е покачен, слабо слушаат, дишењето им е плитко, а телесната температура им е зголемена. Ако не им се помогне, смртта може да настапи веднаш или за неколку часа. ...

Маслото од лаванда може да биде корисно во многу ситуации. Меѓу другото, лавандата ја поттикнува регенерацијата на кожата, има антибактериско и антисептично дејство, помага при мигрена и депресија, а притоа мириса прекрасно. Во продолжение прочитајте како можете сами да си направите масло од лаванда – мацерат, кое се добива од цветови и листови од лаванда помешани со некое неутрално масло. -За маслото се користат цветовите од лавандата, а можат ...

За две недели, поточно на 18 јули, истекува Црноморскиот договор за извоз на украински житарки, а сè уште нема договор меѓу Русија и Украина и Обединетите нации и Турција како посредници. Притоа, рускиот пратеник во ОН, Генадиј Гатилов, во интервју за весникот „Известија“ изјави дека нема основа за одржување на „статус кво“. Поврзување со SWIFT Гатилов изјави дека спроведувањето на руските услови за продолжување на договорот се „одолговлекува“, ...

Повеќето од нас грешат при наводнувањето и негувањето на собното цвеќе, а принципот всушност е многу едноставен. Стручњаците сметаат дека најчесто грешиме кога е во прашање наводнувањето, па растението свенува од коренот. Правило број еден гласи: Вака се наводнуваат растенијата! Претераното наводнување може да доведе до скапување на коренот на растението, а во тој случај му нема спас. Многу е важно да обрнете внимание на знаците на ...

Нивото на Охридско Езеро според неделните анализи на Управата за хидрометеоролошки работи е во благ пораст. Денес нивото е на кота 693.61 м.н.в. што е за три сантиметри над просекот за месец јули кој изнесува 693.58 м.н.в. Изминатата недела нивото на езерото било на кота два до три сантиметри над просекот (693.60 и 693.61 м.н.в.), пренесува Ohridnews. Температурата на водата во рамки на неделната анализа вклучително и денес е под просекот за ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,27% во однос на одлуката од 26.6.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,284%, кај дизелот намалувањето е во просек за 3,191%, кај екстра лесното ...

Со промоција на дел од производите на земјоделските задруги, со доделување на признанија на поединци и организации кои активно придонесуваат за развој и афирмација на задругарството, со потпишување на меморандуми за соработка со организации, установи и институции, како и панел дискусија на тема „Задругите партнери за забрзан одржлив развој“ со претставници на мрежата на земјоделски задруги, МЗШВ, научно образовни институции, локална самоуправа ...

Генералниот директор на Агенцијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО), Чу Догиу, првиот Кинез на таа позиција, беше реизбран за шеф на таа агенција на ОН со седиште во Рим, која се бори против гладта во светот. Чу беше единствениот кандидат и беше реизбран за четиригодишен мандат со 168 гласови на тајно гласање на министерската конференција на организацијата, која се одржува секоја втора година, се вели во соопштението на ФАО. Неговиот нов ...

Во земјава во 2022 година, површините со органско производство на житни култури изнесуваа 2.486 хектари и беше остварен принос од 3.869 тони. Во однос на 2021 година, органското производство на житните култури е намалено за 1.8 %, кај индустриските култури производството е зголемено за 48.1 %, кај фуражните култури производството е намалено за 16.3 %, производството на зеленчук е зголемено за 84.2%, кај овошките производството е зголемено за ...

Успешно заврши првото Собрание на учесници во село Чифлик, кое се одржа вчера вечер, каде мнозинството земјоделци дадоа силна поддршка за започнување на процесот за консолидација на земјоделското земјиште и планирање на новата земјоделска инфраструктура, информираат денеска од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Како што појаснуваат од МЗШВ, консолидацијата во Чифлик е дел од проектот “Унапредување на консолидацијата на ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
5.14
30%
1010
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
3.6
40%
1011
weather icon

Загреб

28ᴼ / 27ᴼ
6.17
49%
1010
weather icon

Софија

26ᴼ / 25ᴼ
5.66
37%
1011
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
4.26
36%
1010
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 24ᴼ
4.63
60%
1011
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
6.17
51%
1009
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
5.14
57%
1013
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.6
51%
1013
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 27ᴼ
4.63
41%
1008
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 27ᴼ
3.6
46%
1010
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
2.06
69%
1009
Currency

61.54

Currency

52.6129

Currency

71.1174

Currency

34.4099

Currency

38.2927

Currency

65.739

Currency

7.36821

Currency

0.65266

Currency

0.35763

Currency

0.52581

Currency

1.27771

Currency

0.5951