
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Министерството за животна средина и просторно планирање почна постапка за донесување нацрт Закон за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата. Донесувањето на Законот, како што соопштија денеска од ресорното Министерство, произлегло од потребата Охридското Езеро повторно да се прогласи за заштитено подрачје во категоријата „Споменик на пририродата“ – категорија III, согласно Законот за заштита на природата на Република Северна ...
Производителите на житни култури во Штипско-карбинскиот регион годинава очекуваат побогат род на пченица, за разлика од лани. Гоце Сарафимов, потпретседател на Асоцијација на земјоделци и индивидуален земјоделец вели дека земјоделците годинава очекуваат да соберат од еден хектар околу четири тони пченица, а лани просекот беше два тони. Забележува дека временските прилики во моментов им одат во прилог за подобри приноси. -Но, за цената ќе видеме ...
Општина Охрид традиционално и годинава во рамки на одбележувањето на 5 јуни – Светскиот ден на животната средина, ќе го реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“. Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици: Акцијата ќе се реализира на 05(понеделник) и 06 јуни(вторник) 2023 год. Граѓаните од гореспоменатите улици кои се заинтересирани за жардинери со цвеќе, ...
Заклучно со 31.03.2023 година од страна на советниците на АПРЗ се реализирани 345 средби во населени места за промоција на мерките од програмите за поддршка во земјоделството и руралниот развој, со присуство на повеќе од 3580 заинтересирани земјоделски производители. Со почетокот на месец март, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, заедно со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за финансиска ...
Секој граѓанин има свое право да поднесе претставка или предлог до државните органи и јавните институции опфатени со Законот за постапување по претставки и предлози со цел да ги задоволи своите права и правни интереси. Агенцијата за храна и ветеринарство ќе постапува по претставки и предлози по наводи кои се во нејзина надлежност согласно законските прописи. Кога органот прима претставка, односно предлог по која не е надлежен да постапува, ...
Од денеска престанува да важи владината одлука со која беа замрзнати цените на некои земјоделски производи, белиот и полубелиот леб, брашното, маслото за јадење, јајцата, оризот, тестенините, млекото и млечните производи. Се „одмрзнуваат“ и цените на пелените, тоалетната хартија, влажните марамчиња и хигиенските влошки. Надлежните уверуваат дека поскапувања на овие производи нема да има, а доколку тоа се случи, веднаш ќе бидат преземени ...
Под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска „Агроунија“ ДООЕЛ со поддршка на Општина Илинден, традиционално ја организира манифестацијата „Ден на пченицата 2023“. Како што е најавено, присутните ќе имаат можност да направат обиколка на опитно поле, на микро, макро и компаративни опити на македонските сорти со најдобрите балкански и европски сорти, како и да се информираат за семепроизвотството и за ...
Едно од најголемите барања на граѓаните на Општина Бутел ќе стане реалност, тврди градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, кој најави дека наскоро ќе започне уредувањето на речното корито на реката Серава. Во изминатата година и половина работевме на изработка на освновниот проект и финалниот изглед на речното корито. Во првата фаза ќе се уреди речното корито на река Серава во должина од 1500 метри во населеното место Радишани. ...
Со поставување на табли, но и со интернет апликации, граѓаните ќе се информираат за можноста и забраните за движење со моторни возила во секоја од зоните во националниот парк Шар Планина. Таблите се подготвуваат во дирекцијата на установата, а ќе се поставуваат на влезовите во националниот парк. -На таблите е посочено моторно возило кај има право и кај нема право да се движи. Секако во Национален парк има и зони во кои не е дозволено да се ...
Виновата лоза ја напаѓаат голем број болести и штетници, кои се во состојба да го уништат целото производство. За спречување на несаканите последици, неопходно е целосно да се применат сите потребни мерки за заштита. Заштитата започнува по завршување на зимската резидба, со отстранување на орежаните делови од пењушката и нивно спалување. Од болести и штетници кои треба превентивно да се сузбиваат после резидбата се: црната пегавост, пепелница, ...
Според пазарната анализа спроведена од холандската инвестициска банка Рабобанк, светските цени на ѓубривата треба да останат ниски до 2024 година, па дури и понатаму, особено за фосфатите и поташата. Според извештајот што го објавија на 25 мај, причините за ваквиот тренд се поголемата понуда на пазарот од една страна и послабата побарувачка од друга страна, пренесува Agrarheute. Очекуваат дека на земјоделците ќе им се исплати купувањето, барем ...
Во тек е поднесувањето на барањата за директни плаќања по програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2023. Електронското аплицирање е отворено до 30 јуни. Апликациите се поднесуваат електронски преку порталот https://e-subvencii.ipardpa.gov.mk/perun/index.html… директно или со асистенција од операторите во подрачните единици при МЗШВ. За повеќе информации поврзано со аплицирањето, видот и висината на финансиската поддршка посетете ја ...
Франција, која е сериозно погодена од епидемијата на птичји грип, започна голема кампања за вакцинација против оваа заразна болест на живината. Вакцинацијата започнува по добрите прелиминарни резултати од вакцината. Овие поволни резултати дадоа доволно гаранции за започнување на кампањата за вакцинација веќе во есента 2023 година – објави Министерството за земјоделство на Франција, пренесе Ројтерс. Франција овласти две компании, француската ...
Во месноста Средни Бавчи денеска започна рехабилитацијата на земјоделскиот пат со што се решава горливиот проблем со патната инфраструктура за земјоделците кои имаат земјоделски површини или објекти во овој дел на Делчево. Со проектот, како што информираа од Општината, се предвидува рехабилитација на земјоделскиот пат во должина од околу 800 метри. -Почнавме со реализацијата на уште еден значаен проект за земјоделците. Работите ги изведува ...
Руските власти соопштија дека договорот за извоз на житарки и ѓубрива преку Црното Море повеќе нема да функционира доколку не се исполни договорот на ОН со Москва за надминување на пречките за рускиот извоз на житарки и ѓубрива. – Ако сè остане како што е, а очигледно ќе остане, тогаш ќе треба да се тргне од фактот дека договорот повеќе не функционира – изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Тој наведе дека помалку од три ...
Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција рече дека мерката за замрзнати цени на одредени земјоделски производи нема да биде продолжена по нејзиното завршување предвидено на 31 мај. – Нема да продолжи мерката во делот на земјоделските производи, имајќи во предвид дека, согласно податоците што ги имаме ние како Министерство за економија, повеќето од производите се и пониски од нивото на замрзнување кое сме го имале ...
Од полноќ за половина денар поскапуваат Еуросупер БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство. Цената на Еуросупер БС-95 и Еуродизелот останува непроменета. Согласно денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-98 ќе биде 83 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство 68 денари за литар. Цената на Еуросупер БС-95 останува 80,5 денари за литар и на дизелот 69 денари за литар. Малопродажната цена на ...
Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција рече дека мерката за замрзнати цени на одредени земјоделски производи нема да биде продолжена по нејзиното завршување предвидено на 31 мај. – Нема да продолжи мерката во делот на земјоделските производи, имајќи во предвид дека, согласно податоците што ги имаме ние како Министерство за економија, повеќето од производите се и пониски од нивото на замрзнување кое сме го имале ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува ЈАВЕН ПОВИК за прибирање на барања за финансиска поддршка за микро земјоделски производители на алкохолни пијалаци од Програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино и алкохолни пијалаци за 2023 година. Право на учество на јавниот повик имаат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства на МЗШВ кои се регистрирани како ...
На 28.05.2023 во 17.20 часот било пријавено дека на локален пат во с.Тромеѓа, Кумановско, трактор управуван од малолетничка од с.Тромеѓа излетал од патот и паднал во канал. На местото на несреќата починал сопатникот М.С.(63) од с.Младо Нагоричане, а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. Малолетничката се здобила со телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од Јавен обвинител и ...
Бразилското Министерство за земјоделство прогласи „вонредна состојба за здравјето на животните“ низ целата земја, бидејќи случаите на птичји грип се откриени кај дивите птици. Мерката, која ќе биде во сила 180 дена, има за цел „да се спречи (болеста) да влезе во производството на живина, како и да се зачува дивата фауна и флора и здравјето на луѓето“, се вели во соопштението на бразилското Министерство. -Ова овозможува мобилизирање на ресурсите ...
Зелената недела на ЕУ ќе се одржи од 3 до 11 јуни 2023 година. Во тој период ќе се одржат бројни активности кои имаат за цел приближување на еколошката политика на Европската Унија. Целта е да се поттикнат поединците, заедниците и организациите да преземат посилни активности во иднина со цел заштита, зачувување и обновување на животната средина за сегашните и идните генерации, притоа постојано промовирајќи го одржливиот развој, велат ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,01% во однос на одлуката од 22.5.2023 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС остануваат ...
Аспарагусот потекнува од западниот Медитеран, од каде се проширил во Централна и Северна Европа. Аспарагусот е повеќегодишно растение кое на исто место останува 10-15 години, па затоа се произведува на посебни парцели и при повторно садење не смее да биде на исти површини 4-5 години. Во првата година вегетацијата се развива бавно, формирајќи 3-4 ластари високи 50-60 см, во втората 5-6, а во третата околу 10, зголемувањето на бројот на изданоци ...
Со донесување на новиот закон за задолжително земјоделско осигурување, кој е во фаза на подготовка, земјоделското осигурување ќе стане задолжително и во нашата земја. Одговор на прашањата до каде е постапката на донесување на законот, што ќе се постигне со формирањето на осигурителен пул и кога се очекува да се воспостави ова системско решение, ни даде заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на ...
Цените на пченицата никако да се стабилизираат. Во вторникот пораснаа, а потоа повторно се намалија во средата за вчера повтоено да забележат раст, што не е изненадувачки бидејќи ситуацијата на пазарот е исто така турбулентна. Министерството за земјоделство на Украина извести за забавување на извозот на жито, особено на пченица, бидејќи руските инспектори не вршат преглед на бродови, што блокира одредени пристаништа. Во однос на минатата година ...
Почна пренамената на простор кој ќе се користи за продавачите и производители на цвеќе во рамки на зелениот пазар Куманово, соопштија денеска надлежните од претпријатието. Цветниот пазар ќе биде дел од зелениот, со нова подлога и ќе се постави настрешница. Во моментов се поставуваат бекатон плочки. – Во рамки на инфраструктурните активности кои се спроведуваат на булеварот „Трета МУБ“ и на улицата „Страшко Симонов“ на барање на ЈП „Пазаришта“ ...
Десетина странски вински експерти деновие беа во студиска посета на нашите винарии, информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. „Ги освојуваме светските пазари. Десетина странски вински експерти деновие беа во студиска посета на нашите винарии. Нивната експертиза и стручност е од исклучително значење за промоција на нашите вина меѓу потрошувачите. Македонските вина заедно со другите вина од Балканот ќе ...
Бразил, најголемиот светски извозник на пилешко, прогласи вонредна состојба за здравјето на животните на 180 дена, пишува Ројтерс. Одлуката е одговор на првото откривање на високопатогениот вирус на птичји грип кај дивите птици во таа земја. Врз основа на упатствата на Светската организација за здравје на животните, инфекцијата со подтипот H5N1 не доведува до забрана за трговија. Но, во Бразил знаат дека појавата на болест на фарма обично ...
Дијатомејската земја во Вешје е вистинска атракција за туристите и затоа ние како екологисти ја ставаме високо на агендата за развој на алтернативниот туризам во Неготинско, изјави за МИА, Сашко Тодоров, претседател на еколошкото здружение „Ековита” од Неготино. Тој појасни дека оваа земја настанала во минатото, како резултат на таложење на праисториските дијатомеи, или алги од водените пространства од праисторијата. – Ние како здружение на ...