
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Полициски службеници од полициската станица од општа надлежност Берово во традиционалните излетничко –рекреативни локалитети на подрачјето на Берово: ,,Епрев Дол“, „Линакот“ и „Беровско езеро“, реализираа превентивна кампања за заштита на шумите и отворените простори од пожари. Во рамки на спроведувањето на активноста на граѓаните – посетители покрај укажувањата за совесно и одговорно однесување на локациите во поглед на можноста од ...
По неверојатно стабилната летна просечна цена на лубениците од 2018 до 2022 година, од средината на јуни до средината на јули 2023 година, цените на лубеницата се зголемија за 49%. Mintec, глобален провајдер за податоци за цените, ја објави оваа вест на 17 јули. Mintec укажува дека „најновата анализа открива огромен број фактори кои придонесуваат за овој пораст на цените. Временските обрасци, прекините во синџирот на снабдување, транспортните ...
Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување официјално го извести вицепремиерот за европски прашања и Национален ИПА координатор, Бојан Маричиќ за трите проекти кои беа одобрени на 30 јуни 2023 година на состанокот на Оперативниот борд на Инвестициската рамка за Западен Балкан. Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF), во која аплицираме на секој повик и во која имаме редовно поддршка на проекти, одобри 24 милиони евра ...
Познатиот германски трговски синџир „Лидл” доби одобрение за градба во Битола. „Лидл Македонија” супер маркетот во Битола ќе го гради на влезот од патот Прилеп-Битола, кај местото викано Дулие. Со изградба ќе започне на трети август. Според информациите кои ги објави порталот Битола њуз, повикувајќи се на информации од поставената табла, рокот за изградба на објектот е една година, а изведувач на работите е градежната фирма „Карпош“ од Скопје. ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, ја најави подготовката на нова програма за вински патишта. „Заедно со директорот на Агенција за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски подготвуваме нова програма за вински патишта. Со програмата предвидуваме промоција на над 225 винарии, преку поставување на типизирани знаци, подготовка на мобилна апликација и дигитална винска карта на која точно ќе бидат ...
По две одлични сезони, оваа ќе биде запаметена кај земјоделците како лоша во целиот регион. Годинава сè што можеше лошо се случи – лошо време, болести, евтина украинска пченица и конечно – ниска откупна цена. Слично е и во Србија, а ситуацијата ги изненади сите. Причината, според експертите се лошите временски прилики, односно топлотниот удар кој го намали родот и квалитетот на пченицата. Исто така претходните чести врнежи не дозволуваа ...
Земјоделскиот производител Митат Исмаиловски од село Будаково на својот Фејсбук профил објави неколку фотографи и видео на кое се гледа како прави пат до нивите кои ги работи. „20 години правам на неколку локации низ Пелагонија патишта за да стигнам до нивите да ги работам и тоа некаде околу 6 километри имама направено, се’ на свој трошок. Планирам да купам багер за да ги чистам и каналите околу нивите. Си ја сакам Државата“… пишува ...
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов информираше дека како држава сме целосно подготвени во гаснење на пожари, доколку се појават. Оваа година, како што рече, ќе имаме три авиони „Ер-трактори“ на Дирекцијата на зашатита и спасување. Едниот е функционален, а другите два треба да стигнат во секој момент. Истите се сервисирани и секој момент треба да пристигна во државата. На располагање имаме два армиски хеликоптери кои имаат ограничување бидејќи ...
„Европската комисија одлучи привремено да ги стопира надоместоците за албанската влада за финансирање на земјоделски проекти кои се реализираат во рамките на ИПАРД II Програмата за поддршка на земјоделството и руралниот развој. Одлуката е донесена „врз основа на првичните информации обезбедени од Европската канцеларија за борба против измами [OLAF], по истрагата за наводите за корупција поврзани со спроведувањето на програмата ИПАРД II“, ...
Украина ги повика сите земји членки на ОН одлучно да побараат Русија да продолжи да учествува во меѓународниот договор за житото и да ги прекине „Игрите на глад“. „Ниту една земја во светот нема право да ја уништи глобалната безбедност на храната. Резултатот ќе биде повторно зголемување на цените“, се наведува во денешното соопштение на Амбасадата на Украина во Њујорк. Во соопштението се нагласува дека Украина останува лојална на своите обврски ...
Во 2022 година земјите од ЕУ вложиле околу 69 милијарди евра во средства неопходни за обезбедување услуги за заштита на животната средина, објави денеска Евростат. Во оваа категорија спаѓаат пречистителни станици, возила за транспорт на отпад, купување земјиште за создавање природен резерват или производство на опрема со помалку штетни емисии. Корпорациите инвестирале околу 44 милијарди евра или околу 65 отсто од вкупните инвестиции во заштита ...
Земјите во Јужна Европа поминуваат низ втор топлотен бран во последните две недели со температури кои едвај се издржуваат. Новиот антициклон Харон, кој го добил името по чамецот од грчката митологија кој превезува души во подземниот свет, предизвикува екстремни горештини и се очекува да трае најмалку до крајот на неделата. Шпанската метеоролошка агенција Аемет објави дека топлотниот бран оваа недела „ќе зафати голем дел од земјите кои граничат ...
Меѓународниот монетарен фонд денеска соопшти дека повлекувањето на Русија од Црноморскиот договор за извоз на жито ги влошува изгледите за глобалната безбедност на храната и ризикува да ја зголеми инфлацијата на храната, особено во земјите со ниски приходи. ММФ ќе продолжи внимателно да ги следи тековните случувања во регионот и нивното влијание врз глобалната несигурност на храната, пренесува Ројтерс. „Прекинот на иницијативата за жито влијае ...
На патот од село Бигорц Доленци кон населбата Бичинци во Кичево, полицијата вчера го приведе 24-годишниот М.М. од Кичево кој бил затекнат како превезува дрва без документација, во возило без регистарски ознаки и без документи. На истото место полицијата забележала уште едно возило, во кое се пронајдени огревни дрва. На 19/20.07.2023 во периодот од 23.00 до 04.00 часот, по преземени мерки и активности на патот од с.Бигор Доленци кон населба ...
Полската влада одлучи да не ги отвори границите за увоз на житарки од Украина на 15 септември. И покрај одлуката на Европската Унија, ќе дозволи само транзит, а доколку е потребно, подготвена е забраната за увоз да ја прошири и на други земјоделски производи од Украина, соопшти полскиот премиер Матеуш Моравјецки. „Последиците од оваа војна не смеат да имаат негативно влијание врз полското земјоделство. Или Европската комисија ќе се согласи да ...
Во рамките на ЕУ вчера официјално започнаа преговорите околу Законот за обнова на природата, кој за цел има обновување на запоставените копнени и водени површини, откако минатата недела Европскиот парламент ја одобри неговата нацрт-верзија. Европската народна партија (ЕПП) се обиде да го блокира одобрувањето на предлогот, па така тој не помина на парламентарниот Комитетот за животна средина, јавно здравје и безбедност на храната кога по 44 ...
Според најавите на Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, првиот повик од новата ИПАРД 3 програма ќе биде објавен на 18 август. -Она што можам да го најавам до земјоделците и до сите граѓани заинтересирани за аплицирање од мерките во #ИПАРД програмата е дека веќе е проектиран 18 август како датум кога ќе бида распишан првиот повик од новата ИПАРД 3 програма за мерките 1 и 7 – Изјави Николовски. Потсетуваме дека веќе тече подготвителниот ...
По повлекувањето од Договорот за извоз на украинско жито, рускиот претседател Владимир Путин не ја исклучи можноста за враќање на договорот, но само под руски услови. Москва првично доби гаранции од Западот дека ќе бидат исполнети неколку барања, рече Путин вчера на состанокот со руските претставници, пренесоа руските медиуми. -Штом се исполнат сите овие услови за кои претходно се договоривме, веднаш ќе се вратиме на договорот, рече Путин. ...
Субвенции за вработување преку ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“ можат да користат корисниците на ГМП, жени, Роми, млади до 29 години, лица со попреченост и долгорочно невработени лица. Тие потребно е да се пријават во работниот клуб на Центар за вработување Велес. Крајниот рок за пријавување е 31 јули, годинава. Субвенционираните вработувања од страна на државата од друга страна, преку овој ИПА проект, ...
Украинскиот министер за земјоделство, Микола Солски, во средата изјави дека „значителна“ инфраструктура за извоз на жито во пристаништето Чорноморск во украинската област Одеса е оштетена од руски напад. Во нападот се уништени и 60.000 тони жито во пристаништето што требаше да биде натоварено и испорачано преку Црноморскиот договор за жито пред 60 дена, рече тој. „Ноќниот напад стави надвор од функција значаен дел од инфраструктурата за извоз ...
– Варшава, Унгарија, Полска, Романија Словачка и Бугарија денеска потпишаа декларација за продолжување на забраната за увоз на храна од Украина. Полскиот министер за земјоделство Роберт Телјус изјави дека земјите што граничат со Украина бараат од Европската комисија да ја продолжи забраната за увоз на украинско жито во Европската унија најмалку до крајот на годината. „На нашата средба потпишавме заеднички договор меѓу петте земји во однос на, ...
Хрватска ја понуди својата железничка мрежа и пристаништата во Јадранското Море за транспорт на украинско жито преку алтернативни патишта, соопшти хрватскиот државен секретар за политички прашања Франо Матушиќ. Изјавата на Матушиќ дадена на состанокот на Генералното собрание на ОН за време на отворена министерска дебата за ситуацијата на привременo окупираните територии на Украина следува откако Русија ја блокираше Иницијативата за црноморско ...
Новата рута за транспорт на украински земјоделски производи, по повлекувањето на Москва од Црноморската иницијатива, би можела да минува низ територијалните води на Бугарија и Романија, изјави украинскиот амбасадор во Турција Василиј Боднар. Договорот за жито заврши во понеделникот кога Руската Федерација ги извести Турција, Украина и ОН за својот приговор на неговото продолжување. Рускиот претседател Владимир Путин претходно истакна дека ...
Винарската визба „Тиквеш“ продолжува со својата стратегија за континуирани инвестиции во одржлив развој и имплементација на ESG стандардите. Во рамките на овој процес кој се одвива во сите сегменти од работењето на компанијата, денес „Тиквеш“ ги отвори новите деловни простории во Кавадарци. Деловниот простор во Кавадарци е уникатен по својата функционалност и архитектонски изглед, но и според постулатите за одржливост кои се вградени во овој ...
Оси, пчели, стршлени, комарци… Овие инсекти знаат да бидат многу здодевни, а некои од нив и многу опасни. Доколку ве касне стршлен, постои голема веројатност дека ќе дојде до алергиска реакција. Еве што можете да направите пред да стигнете до првиот лекар. Убодот од стршлен е многу болен, но во повеќето случаи не е толку кобен како што мислат некои. Главно сѐ се завршува со благ оток кој трае неколку дена. Меѓутоа убодот на стршлен понекогаш ...
Да се избегнува непотребно трошење на вода за полевање зеленило, бавчи и ниви, за миење автомобили, за полнење базени, но и да се спречи злоупотребата на водата преку дивите приклучоци, апелираат од ЈП „Водовод и канализација“ откако деновиве надворешните температури во Скопје се искачија околу 40 степени, со што се зголеми и потрошувачката на вода. Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на ...
Сува трева горела во четири различни села од поширокиот кумановски регион, соопштија денеска од регионалниот центар за управување со кризи. Пожарникарите од Куманово гаселе сува трева првин во Табановце во претпладневните часови, во попладневните во село Лопате и во ноќните часови на „Никуљски пат“. Пожарникарите од Старо Нагоричане интервенирале на запалена сува трева во атар на село Алгуња. Во сите поединечни интервенции биле вклучени по една ...
На ден 15.07.2023 год.од страна на шумочуварската служба на подружницата Куманово од Куманово, во делот на с. Белановце во Шумско стопанската единица Црн Врв, оддел 62, затекнато е посечено буково и дабово огревно дрво. По извршената контрола утврдено е дека дрвата потекнуваат од бесправна сеча и истите се одземени и пренесени во складот на подружницата во Куманово. По целосно утврдување кој е сопственикот на бесправно посечените дрва, против ...
Извештајот на Светска Банка за ажурирање на систематската дијагностика на земјата доаѓа во многу клучен период за нашата земја, и се совпаѓа со неколку големи процеси во земјата. Едниот е почетокот на сеопфатен процес на проверка и изготвување на националната развојна стратегија за наредните 20 години, како што е нотирано и во самиот извештај. Вториот е процесот на објаснувачки и билатерални скрининг состаноци како прва од фазите на процесот на ...
Силно невреме со грмотевици попладне ги зафати западна и јужна Австрија и преку Словенија се придвижи кон Хрватска. Невремето предизвика големи штети во Австрија и Словенија, силните ветрови носеа покриви, корнеа дрвја… Околу 20 часот невремето пристигна во областа на северна Хрватска. Портокалова тревога поради можна силна бура со грмотевици е во сила за областите Загреб и Карлови Вари, а жолта тревога за Славонија и висорамнините. „Подгответе ...