
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Сателитските податоци покажуваат дека во текот на изминатите 20 години, бојата на океанот се променила од сина во зелена во 56 отсто од светските океани. Промените се особено видливи во тропските области, во близина на екваторот. Научниците велат дека ова суптилно позеленување на нашите океани укажува на ефектот на климатските промени врз подводниот живот. Сателитот Модис-Аква на НАСА ја сними постепената промена од сина во претежно зелена ...
Европската комисија им помага на Обединетите нации и Турција во нивниот обид да го продолжат договорот за непречен извоз на украински житарки преку Црното Море, кој истекува во понеделник и е отворен за истражување на сите решенија, изјави портпаролот на Европската Унија. ЕУ размислува да поврзе подружница на Руската земјоделска банка со меѓународната платежна мрежа SWIFT за да се овозможат трансакциите за житарки и ѓубрива, објави Ројтерс. ...
Во очекување сме на повиците од програмата ИПАРД 3, грантови наменети за инвестиции во агрокомплексот и руралниот развој. Најпопуларна мерка, според интересот во Агротим, е МЕРКА 7 – која опфаќа Рурален туризам, изградба или реконтрукција на хотели, ресторани, бунгалови, како и спортски објекти, ветеринарни амбуланти, старски домови, СПА центри, фризерски и козметички салони. Преку ова мерка можете да набавите и машини и технологии за столарски ...
Производството на краставици можеби изгледа едноставно, но има и свои предизвици. Како и секој друг вид, одгледувањето краставици бара многу работа, знаење и трпение. Меѓутоа, можеме да се сретнеме со појавата растенијата да цветаат, но не даваат плод или плодовите да пожолтуваат и паѓаат. Ова е почеста појава во оранжериското производство. Влијае на намалување на приносот и на профитабилноста на производството. За развојот на оваа појава ...
Нивоата на повеќе реки во земјава, кај кои денеска се вршени хидролошки мерења, покажуваат вредности повисоки од просекот за јули. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) зголемување има на Вардар кај Јегуновце, Скопје, Велес и кај Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод, на Пчиња кај Катлановска Бања, на Струмица кај Сушево, како и на Црна Река кај Новаци. Минимално намалување на водостојот во однос на просекот за јули се бележи ...
На Граничниот премин „Богородица“ за излез од државата се бележи зголемена фрекфенција на возила, а времето на чекање е околу 30 минути, информираат од АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна нема поголеми задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и ...
Винарската визба „Тиквеш“ воведе уште една технолошка новина во македонската винска индустрија – мобилно полнење на вино. Употребата на оваа технологија, која за првпат се применува во Македонија, но и пошироко на просторот на Западен Балкан, има големо значење за натамошното унапредување на квалитетот на вината произведени во винарници кои се наоѓаат во рамки на поседот каде се одгледува грозјето, т.н. бутик-винарници. Пристигнувањето на ...
Денеска, во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беа доделени договорите за неповратна финансиска поддршка во форма на грант до 10.000 евра, за инвестиции на земјоделски производители на храна од животинско потекло, од Програмата за мали производители. Ова е нова програма која е воведена за прв пат, како една од клучните промени во реформата за поддршка на малите производители. Договорите се со вкупна вредност од 8. ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, информираше дека вчера се завршени финалните консултации со министерот за финансии и дека е дефиниран моделот за Законот за земјоделско осигурување кој е готов и влегува во владина процедура. – Преку овој закон за земјоделско осигурување овозможуваме земјоделците да ја вратат довербата во компаниите со цел максимално да се осигуруваат земјоделските посеви. Поразителни се ...
Во вторник Владата ќе расправа дали постапката на набавка на пченица на Агенцијата за стокови резерви ќе биде поништена или ќе бидат сменети критериумите и наместо еден лот од 15 илјади тони, ќе има пет лота од по три илјади тони. – Министерството за земјоделство побара од Владата, а вчера и лично на Комисијата за економски систем побарав, оваа постапка да се стопира или да се одложи со цел да не се набавува во еден лот 15 илјади тони и притоа ...
Денеска, во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беа доделени договорите за неповратна финансиска поддршка во форма на грант до 10.000 евра, за инвестиции на земјоделски производители на храна од животинско потекло, од Програмата за мали производители. „Честитки за добиениот грант од 10 000 евра на вредниот сточар Фадил Дехари. Овие пари ќе бидат наменети за производство на сирење од неговата фарма со над 300 овци. И овој ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директни плаќања за производство на предосновен и основен семенски материјал за житни култури. Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал, и кои имаат произведен и продаден предосновен и основен семенски материјал за житни култури во 2023 година, согласно Законот за ...
Кога ќе забележиме дека млекото во фрижидерот е со истечен рок, веднаш го фрламе во корпа за отпадоци. Меѓутоа, тоа е последно што треба да го направите ако имате растенија во вашиот стан или двор. Млекото е всушност богато со амино киселини, ензими и протеини кои го поттикнуваат растот на корисни микроби во градината. Покрај тоа, содржи и калциум, витамин Б и други протеини кои се корисни за растенијата. Затоа можете да го користите како ...
Европската комисијата предложи мерки за намалување на емисиите на штетни гасови во транспортниот сектор, преку создавање на поефикасен и поодржлив товарен транспорт, подобро управувањето со железничката инфраструктура, давање поголеми стимулации за еколошки камиони и подобрување на информациите за степенот на емисии на стакленички гасови во товарниот транспорт. Целта на ваквите мерки, како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, е да ...
Кина е најголемиот купувач на житарки и добиточна храна во рамките на Црноморската иницијатива за жито. Како што е објавено, до 20 јуни годинава биле испорачани 32,1 милиони тони храна, добиточна храна и маслодајни растенија, од кои 7,7 милиони тони или 24 отсто отишле во Кина. Тоа вклучува 5,6 милиони тони пченка, 1,8 милиони тони сончогледова сачма, 370.000 тони сончогледово масло и 340.000 тони јачмен. Второто место по обем на испораки го ...
Најновата прогноза за глобалното производство на житни култури во 2023 година, објавена од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации ФАО, покажува пораст од 5,9 милиони тони во споредба со претходниот месец. Сега достигна рекорден износ од 2.819 милиони тони. Глобалното производство на пченица се зголеми на 783,3 милиони тони, што и понатаму е 18,4 милиони тони под рекордот забележан во 2022 година. Во Европската Унија, ...
Поради асфалтирање, делницата Велес – Градско од денеска до 22 јули ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 08:00 – 18:00 часот. Од 6 јули до 20 јули поради асфалтирање, затворена е и делницата Демир Капија – Давидово во период од 10:00 – 16:00 часот. Како што соопшти АМСМ, од 1 јули до 31 август на државните патишта во земјава воведен е летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над ...
По предлог на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата на денешната седница ги усвои предложените мерки за поддршка на производителите на јачмен, пченица и ориз. Нови мерки за поддршка на земјоделците, навремено и на самиот почеток од жетвата, подготвени во консултации со подсекторската група за жито. Мерки прифатени од земјоделците и во интерес на земјоделците. Со измени на Уредбата за директни плаќања креираме ...
Климатската криза е тема број еден во 21 век. Многумина бараат решение, но се чини дека сè подлабоко навлегуваме во проблемите. Но кравите би можеле да бидат и дел од решението. Со метанот што го подригнуваат околу четири милијарди крави колку што ги има, и мноштвото билки кои секоја година се користат ширум светот за да се нахранат кравите, се проценува дека доколку се создаде држава од една милијарда крави, би била трета на листата на ...
Не претерувајте со сол во градината или овоштарникот, бидејќи тоа може да предизвика долгорочни ефекти кои тешко се поправаат. Во градината или овоштарникот може да се користи кујнска сол или натриум хлорид, но потребно е големо внимание. Пред се, не треба да се претерува со количините. Во повеќето случаи при употребата се случува токму тоа и предизвикува голема, долгорочна штета која тешко може да се поправи. Високата концентрација ...
Незадоволни од откупната цена, одгледувачите на малини се собраа на протест во Ариље за да апелираат до сопствениците на ладилници да ја зголемат откупната цена на минималните 300 динари. Министерката за земјоделство Јелена Танасковиќ веќе неколкупати се сретнала со одгледувачите на малини и им ветила дека во најбрз можен рок ќе најде адекватно решение за нивниот проблем. Според зборовите на производителите на малини, министерката секојдневно ...
Денес и утре екипи на ЈЗУ Центар за јавно здравје ќе ја спроведат втората фаза од теристичката дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 21 до 4 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило. Од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола соопштуваат дека активностите ќе се изведуваат во вечерните часови, а на возилото со апаратурата за дезинсекција ќе му предходи друго возило означено ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ги информира земјоделците дека рокот за аплицирање за директни плаќања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година, за растително и сточарско производство е до 14 јули 2023 година. Земјоделците може да ги достават барањата секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на Министерството или електронски преку веб страницата на АФПЗРР ...
Сушата, прекумерното наводнување или прекумерното ѓубрење се основните причини поради кои на листовите на растението се појавуваат лисни вошки (афиди). Мислејќи дека грижливо го негувате своето цвеќе на терасата или во градината, во услови на екстремно високи летни температури помагате на растението да се развијат овие опасни штетници. Растителните вошки ги напаѓаат сите растенија, лековитите и украсни билки, овошните и зеленчуковите видови, ...
Европската Унија донесе Регулатива за повторна употреба на пречистените отпадни води за наводнување во земјоделството, бидејќи има се поголем недостаток на врнежи, првенствено дожд во пролет и лето, во многу делови на Европа. Регулативата ќе се применува во сите земји членки, освен оние кои се одлучиле за регулаторната клаузула за откажување, која можете да ја проверите на интерактивната мапа. Европската комисија смета дека со воведувањето на ...
Лубеницата е најдобар избор за освежување во овие жешки денови. За да одберете сочна и зрела лубеница, обрнете внимание на следниве работи. Првиот и најважен чекор е проценката на лубеницата. Погледнете дали на површината има вдлабнатини, гребнатини или други неправилности. Овие неправилни облици најчесто сигнализираат дека лубеницата цело време не добивала подеднакви количини вода и сончева светлина. И тежината на лубеницата игра голема улога. ...
Актуелната ситуација околу договорот за извоз на житарки од украинските пристаништа не влева оптимизам за негово продолжување по 17 јули, а сега единствената надеж се очекуваните преговори меѓу претседателите на Турција и Русија, Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин, изјавил за РИА Новости извор запознаен со текот преговорите. Изворот додал дека практиката покажува дека преговорите меѓу двајцата лидери можат да ја променат ситуацијата и изразил ...
Нивото на Охридското Езеро е намалено за еден сантиметар во однос на вчерашниот ден, но е за три сантиметри повисоко од јулскиот просек, покажуваат денешните хидролошки мерења. И Преспанското Езеро денеска има зголемен водостој во однос на вчера за еден сантиметар, но е под просекот за јули. Нивото на Дојранското Езеро, пак, е без промени, но е, исто така, пониско од јулскиот просек. Кај повеќето реки, нивоата се над просекот за овој месец. ...
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ зголемува за 0,50 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство за 1,00 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 70,50, а на Екстра лесното 70,00 денари за литар. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат. Литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 и натаму ќе се продава за 80,00, а ЕУРОСУПЕР ...
Проценката на влијанието на Европската комисија и ажурирањето на планот на ЕУ за намалување на пестицидите предизвика мешани реакции меѓу засегнатите страни, вклучително и повици за прекин на застојот на реформите и предупредувања за последици за европското земјоделство. Иако Комисијата веќе спроведе студија за влијанието пред нејзиниот предлог од јуни минатата година за преполовување на употребата на пестициди до 2030 година, поради руската ...