Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во април 2023 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 0.3 %, а кај аутпутот бележи зголемување од 9.6 %. Во април 2023 година, во споредба со април 2022 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 99.4, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции ...

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) на 10.05.2023 год. објави нов јавен повик „Стартапувај 5“ за поднесување иновативни предлог-проекти за финансирање во максимален износ до 60.000 евра по проект. Крајниот рок за аплицирање е 15.06.2023 год. Износ на грант ФИТР обезбедува финансиска поддршка во форма на кофинансиран грант во максимален износ до 60.000 евра. Со други зборови, најголем дел од буџетот за проектот (до 90%) го финансира ...

Од УХМР Известуваат дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, од денес до четврток, во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд (кој на моменти може да биде доста интензивен), придружуван со грмежи, засилен ветер и локална појава на град. Локално се очекува процесите да бидат поинтензивни и за кратко време да наврнат поголеми колочини на дожд кој може да предизвика зголемување на водостојот на ...

Новиот концепт на земјоделско осигурување кој го работи МЗШВ предвидува формирање на осигурителен пул, чија цел ќе биде осигурување на земјоделското производство на сите земјоделци. МЗШВ информираше дека се работи за брзо и подобро системско решение преку кое земјоделците исплатата на настанатата штета ќе ја добиваат во текот на истата година кога е настаната. Токму на оваа тема разговаравме со Надица Јовановска Бошковска, Извршен проектен ...

– Цената на дизел горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за еден денар за литар, а бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за половина денар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,6 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 77,5 денари за литар, ...

Климата е важен природен фактор со одлучувачко влијание врз квалитетот на животот на Земјата. 15 мај е Светски ден за заштита на климата кога вниманието на пошироката јавност е насочено кон големите климатски промени кои се резултат на активноста на луѓето. Досега се донесени неколку документи со цел да се решат проблемите со климатските промени. Рамковната конвенција на ОН за климатски промени (UNFCCC) е усвоена во 1992 година во Рио де ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ги потсетува индивидуалните земјоделци дека е во тек првиот јавен повик за новата мерка – Бизнис план во земјоделството. Мерката, како што наведе Николовски, е за инвестиции во модернизација на земјоделските стопанства. Поддршката е во форма на кофинансирање во висина до 10.000 евра по корисник. -Ова е првиот јавен повик за мерката бизнис план и континуирано ќе се ...

Во УРЕДБАТА ЗА ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА ДИРЕКТНИ ПЛАЌАЊА, КОРИСНИЦИТЕ НА СРЕДСТВАТА, МАКСИМАЛНИТЕ ИЗНОСИ И НАЧИНОТ НА ДИРЕКТНИТЕ ПЛАЌАЊА ЗА 2023 ГОДИНА, која е објавена на сајтот на Платежната агенција (АФПЗРР) ги има сите информации кои се потребни за земјоделските производители во врска со земјоделските субвенции. Една од тие мерки е и популарно наречената „ЗЕЛЕНА НАФТА“. Спроведувањето на мерката 8 „Помош за поддршка на трошоците за набавка ...

Институциите се подговени за стартот на новиот модел на субвенционирање. На сајтот на АФПЗРР е објавена УРЕДБА ЗА ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА ДИРЕКТНИ ПЛАЌАЊА, КОРИСНИЦИТЕ НА СРЕДСТВАТА, МАКСИМАЛНИТЕ ИЗНОСИ И НАЧИНОТ НА ДИРЕКТНИТЕ ПЛАЌАЊА ЗА 2023 ГОДИНА Ви пренесуваме дел од уредбата, што се однесува на директните плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади и за дополнителните субвенции за остварено ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски најави дека институциите се подговени за стартот на новиот модел на субвенционирање. На сајтот на АФПЗРР е објавена УРЕДБА ЗА ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА ДИРЕКТНИ ПЛАЌАЊА, КОРИСНИЦИТЕ НА СРЕДСТВАТА, МАКСИМАЛНИТЕ ИЗНОСИ И НАЧИНОТ НА ДИРЕКТНИТЕ ПЛАЌАЊА ЗА 2023 ГОДИНА Ние ви пренесуваме дел од уредбата, што се однесува на директните плаќања за сите поледелски култури, ароматични, ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, информираше дека денеска во просториите на МЗШВ се одржал состанок со турска компанија која е заинтересирана да изгради голем откупен центар во индустриската зона Жабени. „Продуктивен состанок со турските инвеститори Зорлу кој веќе во Демир Хисар имаат сопствена фабрика за преработка со капацитет за откуп до 50.000 тони. Оваа компанија е заинтересирана во индустриската ...

Близу сме до договор за продолжување на спогодбата за извоз на украинско жито, изјави турскиот министер за одбрана Хулуси Акар, соопшти неговото министерство. Од почетокот на конфликтот, Турција успеа да ги одржи односите со Украина и Русија. Анкара беше еден од клучните фактори за склучување на таканаречениот Црноморски договор на 22 јули минатата година, потпишан на 120 дена. Договорот потоа го потпишаа ОН, Украина, Русија и Турција. ...

Агенцијата за храна и ветеринарство алармира граѓаните што го купиле путерот од кикиритки „Bio Chocolate Chip peanut butter“ со сериски број односно лот ЛО107 и рок на употреба до први јули 2023 година, да не го консумираат и да го вратат во продажните места каде што го купиле. Причината за тоа е што АХВ го отповика овој производ поради небезбедност, односно поради тоа што во него присутен бил недеклариран алерген млечен протеин. Производител ...

Вчера се одржа координативен состанок на раководителите на подрачните единици пред почетокот на аплицирањето за субвенциите од 2023. „Подготвени сме за стартот на новиот модел за субвенционирање, како и авансна исплата на субвенциите. Оваа година ппдготвивме и повеќе нови мерки за поддршка за земјоделците, а први во регионот ја запончуваме и ИПАРД 3 програмата. Наша обврска е секојдневно директно на терен да ги информираме и мотивираме сите ...

Неодамнешниот извештај на Interagro открива дека пазарот на овошје и бобинки во Русија има потенцијал да се зголеми за околу 70% и да достигне 14,6 милиони тони годишно, пренесува Freshplaza. Резултатите од истражувањето сугерираат дека потрошувачката на овошје и бобинки во земјата е значително пониска од препорачаните дневни нивоа на потрошувачка од страна на Министерството за здравство, со просек од 63 килограми по лице годишно. Извештајот ги ...

Општина Охрид се вклучува во големата еколошка акција „Генералка викенд“ што в сабота ќе се реализира во повеќе градови низ земјата. Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон животната средина и природата. Општина Охрид и ЈП„Охридски Комуналец“ Охрид се приклучуваат на aкцијата со чистење на плажите Грашница, Горица и Св.Стефан. Во акцијата ќе земат учество и здружението „Брег на Младоста“ и „Kостал Македонија ...

Општина Илинден отпочна со реконструкција на локалниот пат Миладиновци-Бујковци, кој е во должина од 1500 метри и широчина 5,5 метри, во рамки на програмата за реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта, информираат од општината. – Потребата за реконструкција на овој локален пат е поради неговата лоша состојба кој претставуваше проблем во секојдневното одвивање на сообраќајот за граѓаните. Со реконструкцијата на ...

Почна изградбата на нов модерен затворен пазар во населбата Драчево. Објектот ќе биде на површина од 3000 квадратни метри, енергетски ефикасен со целосно уредена инфраструктура, 60-ина деловни објекти, супермаркет и паркинг за 130 возила на покривот. Се очекува да биде завршен во март идната година. Општина Кисела Вода соопшти дека камен-темелникот денеска го поставија градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и директорот на АД „Скопски пазар” Младен ...

Денес пред членовите на Агро Советот, како највисоко тело во земјоделството, беа презентирани предизвиците за земјоделскиот сектор при евро-интеграцискиот процес. „Членството во Европската Унија значи нов голем пазар за нашите земјоделски производи, стандардизирани по европски правила, нови фондови за инвестиции и уште поголем развој на земјоделскиот сектор. Како држава чекориме сигурно на европскиот пат, отворајќи го процесот на преговорите за ...

Во текот на денешниот ден ќе се одржи седница на Агросоветот. Единствена точка на дневен ред, како што најави вчера министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, ќе биде преглед на активностите, обврските и задачите за прилагодување на поглавјата 11, 12 и 13 од Кластерот 5 „Ресурси, земјоделство и кохезија“. -Ќе дискутираме за вклученоста на сите чинители во процесот на скринигот и отворањето на преговорите со ЕУ што ...

Турција, Русија, Украина и Обединетите нации денеска и утре во Истанбул ќе преговараат за продолжување на Договорот за извоз на житарки од пристаништата на Црното Море, соопшти Министерството за одбрана на Турција. За време на средбата ќе се разговара за проширување на Црноморската иницијатива за жито, како и за развој на детален и безбеден план за враќање на трговските бродови и нивните екипажи закотвени во украинските пристаништа поради ...

Спортското риболовно друштво „Трофта” апелира до надлежните за позасилен надзор и контрола на Дебарско Езеро по појавата на нелегален риболов и со недозволиви средства. Дополнително на состанокот на раководството на друштвото е договорено и неговите членови да ја следат состојбата и да ги известуваат надлежните. -Се договоривме да преземеме доброволни мерки за надзор на Дeбрско Езеро, со оглед на најкритичниот период односно мрестот, поради што ...

Нивото на водата во Охридското Езеро бележи пораст, благодарение на врнежите и дождливото време, но се уште е далеку под просекот за овој период од годината. Водостојот денеска се наоѓа на котата 693,40 метри надморска височина, што е за 25 сантиметри под просекот за мај. Температурата на водата е 12,5 степени Целзиусови, под просекот од 15 степени. Зачестените осцилации на водостојот на езерото неповолно се одразуват врз живиот свет, ...

Од 10 до 11 мај во Истанбул ќе се одржи состанок на високо ниво за Договорот за житарки, најави рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Вершинин. -Да, утре и задутре имаме средба на високо ниво во четирилатерален формат во Истанбул – ја пренесе неговата изјав РИА Новости. Москва претходно соопшти дека нема да го продолжи договорот по 18 мај, кога истекува, освен ако не се отстранат пречките за рускиот извоз на житарки и ѓубрива, ...

Денеска во Виница се одржа информативната кампања за ИПАРД 2 и ИПАРД 3 програмата. Пред присутните беа презентирани сите услови, критериуми и видот на финансиската поддршка којашто оваа програма ја нуди. „Добро е да се знае дека освен развојот на земјоделското производство и преработка, оваа програма ги финансира и инвестициите во микро-индустријата, занаетчиството, како и капацитети кои нудат ресторански и сместувачки услуги во рурални средини ...

Делегацијата на Бернската конвенција, Рамсарската конвенција и на УНЕСКО што минатата седмица беше во посета на Охридскиот регион го објави извештајот за посетата и за спроведената теренска проценка за состојбата. Како што се посочува во објавата од Бернската конвенција, во односниот период се спроведени проверки на состојбата на т.н. „Смарагдни“ локалитети на Охридското Езеро и Националниот парк „Галичица“. Посетата на засегнатите области е ...

Трошоците на животот во април 2023 година, во споредба со претходниот месец, се зголемени за 0. 7, а цените на мало за 1. 4 отсто. Пораст на индексите на трошоците на животот во април 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај цигарите за 8.1 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 2. 0 %, месото за 1. 4 %, виното за 1. 2 %, кафето, чајот, какаото за 0.5 %, минералната вода, ...

Прекршочните казни што за маркетите се изречени од причина што во нив немало количини или, пак, воопшто немало одредени видови овошје и зеленчук опфатени со мерките на Владата, укажаа денеска во соопштение претставниците на синџирите маркети при Стопанската комора на Северна Македонија. Тврдат дека во продавниците има количини овошје и зеленчук колку што доставуваат добавувачите, односно дека не се во можност да продаваат производи доколку ...

Најновата прогноза на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации FAO за светското производство на житни култури во 2022 година е зголемена за 7,7 милиони тони во споредба со претходниот месец и сега изнесува 2.785 милиони тони. Но тоа е сè уште за 1,0 отсто помалку од претходната година. Прогнозата на светската потрошувачка на житарки 2022/23. е зголемена за 1,2 милиони тони од 2.780 милиони тони претходниот месец, но се уште ...

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија денеска го објави повикот за поддршка на Самовработување (Претприемништво), финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, до невработените лица. Со овој повик се охрабруваат невработените лица со претприемачки дух, со визија да основаат свој бизнис да аплицираат во Програмата 1. Поддршка за Самовработување (Претприемништво) Право на учество имаат: – ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
9.77
43%
1012
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
6.17
56%
1011
weather icon

Загреб

26ᴼ / 23ᴼ
3.6
40%
1013
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
6.17
48%
1014
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
2.23
40%
1011
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
4.12
56%
1015
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
3.6
61%
1011
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
52%
1012
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
28%
1011
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.12
37%
1013
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
5.66
48%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
6.69
49%
1013
Currency

61.525

Currency

53.5268

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52