Владата, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ја разгледа и усвои Информацијата за состојбата со очекуваното производство и планираниот откуп на пченица, род 2023 година. Задолжена е Агенцијата за стокови резерви, планираната јавна набавка на 15.000 тони пченица, за потребите на стоковите резерви, наместо во еден, да биде поделена во пет лотови, со продолжен рок на набавката за дополнителни десет дена. Целта ...

Кумановската полиција и подрачната единица на ЈП „Национални Шуми“, почнаа со превентивни активности преку непосредна комуникација и делење летоци на граѓаните за зголемување на свеста од опасноста од предизвикување пожари. СВР Куманово посочува дека преку организациските единици континуирано презема мерки и активности за информирање на граѓаните и реализирање на превентивни мерки за спречување на пожари особено на отворен простор и во шуми. Во ...

Прекинот на договорот за жито подразбира „повлекување на безбедносните гаранции“ за извоз на украински житарки во Црното Море, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во телефонски разговор со неговиот турски колега Хакан Фидан. „Ова конкретно значи повлекување на безбедносните гаранции за пловидба и повторно воспоставување на привремена опасна зона на северозападот на Црното Море“, како и „распуштање на Заедничкиот ...

Грција веќе неколку дена се бори со шумските пожари. Издадена е наредба за евакуација на најмалку шест приморски места, бидејќи пожарите полека се доближуваат до викендиците во околината на Атина. Ветрот кој дува со 70 км на час им помага на пламените јазици лесно да поминат низ грмушките од ридовите и боровите шуми, кои веќе се исушени од екстремната топлина. Жителите на четири грчки села превентивно се евакуирани поради пожарот во областа ...

Поради тешката ситуација во земјоделството, здружението на европските земјоделци Copa Cogeca предупреди дека лошите временски услови низ ЕУ негативно се одразиле на овогодинешното производство на житарки, а во комбинација со други нарушувања на пазарот, тоа ќе доведе до огромен пад на профитабилноста на речиси сите европски производители. Затоа ја повикаа Европската комисија годинава да биде флексибилна во спроведувањето на ЗЗП, за да не се ...

Од ноќеска па до четврток, во периодот од 22 до 5 часот изутрината на територијата на Прилеп екипа од Центарот за јавно здравје ја спроведува втората фаза од адултицидната теристичка (од земја) дезинсекција за уништување на комарците. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени сите урбани заедници во градот, како и во населените места, а ќе се изведува со УЛВ-апаратура за ладно замаглување поставена на пикап возило со претходница на друго возило ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП „Национални шуми“, даде согласност за воведување на делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. Ваквата согласност се дава согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор. Делумната забрана за движење во шумите и шумското земјиште се воведува на територијата со која ...

Според најавите првиот повик од новата ИПАРД 3 програма ќе биде објавен на 18 август. Потсетуваме дека веќе тече подготвителниот период за сите што се заинтересирани за аплицирање и нови инвестиции. Финансиските средства од ИПАРД Програмата 2021-2027 во врска со спроведување на овој Јавен повик од 2023 година се наменети за следните мерки: ➢ Мерка 1 – Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства и ➢ Мерка 7 – Диверзификација на ...

За уште еден сантиметар е намален водостојот на Преспанското Езеро во споредба со вчера кога исто така имаше намалување на нивото за еден сантиметар. Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостоите на другите две природни езера во земјава се исти како вчера со што нивоата на Преспанското и на Дојранското Езеро се пониски од просекот за јули и тоа за 91 сантиметар кај Дојранското, а за 1,84 метри кај ...

Германија и Велика Британија реагираа на објавата на Кремљ за прекинување на договорот за извоз на украинско жито, повикувајќи на обновување на тој важен договор постигнат во јули 2022 година. Германските власти ја повикаа Русија да овозможи продолжување на договорот, додавајќи дека Москва не смее „да ги натера најсиромашните луѓе на планетата да ги сносат последиците од конфликтот“ меѓу Русија и Украина. -Се надеваме дека во иднина овој ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во јуни 2023 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 6.7 %, а кај аутпутот се бележи зголемување од 12.6 %. Во јуни 2023 година, во споредба со јуни 2022 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 92.7, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции ...

Со оглед на тоа што трошоците за инпутот останаа над долгорочниот просек, како и поради падот на цените на некои земјоделски производи, земјоделците од ЕУ пролетта се соочија со тешки временски услови, што доведе до намалени проекции за принос и за квалитетот на неколку земјоделски производи. Сепак, иако сè уште е над општата стапка, инфлацијата на храната во ЕУ почнува да се стабилизира. Извештајот за краткорочните перспективи во ...

Согласно Законот за шумите, член 92 и 97 стопанисувањето со приватните шуми го вршат сопствениците, а услугите за извршување на стручните работи од областа на шумарството ги вршат Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми, Национални шуми и другите субјекти задолжени да управуваат со заштитените подрачја. Стопанисувањето со приватните шуми се врши врз основа на донесени посебни планови за стопанисување, програми или критериуми за ...

Унгарија, Бугарија, Романија, Полска и Словачка апелираат до Европската комисија да ја продолжи забраната за увоз на украински земјоделски производи во овие земји и по 15 септември, изјави унгарскиот министер за земјоделство Иштван Наѓ за унгарските медиуми. Според него, ова е единствениот начин да се заштитат интересите на европските земјоделци. Наѓ оцени дека сумата од 15,93 милиони евра, која унгарските производители ја добиле од ЕУ како ...

Националниот парк Шар Планина соопшти дека нема воведено забрана за движење во шума на територија на нивното заштитено подрачје, но се бара задолжително пријавување при движењето низ паркот. -По однос на препораката на Владата за забрана за движење во шума, ја известуваме јавноста дека ЈУНП Шар Планина нема воведено забрана за движење во шума на територија на Националниот парк. Поради зголемена опасност од настанување на шумски пожари и земајќи ...

-Во услови кога сточното брашно има цена од 12 денари за килограм, несватлива и нереална е најавата од млиновите во Македонија дека пченицата од годинешната реколта ќе ја откупуваат по цена од 9, 10 и 11 денари. Ваквата цена е нереално ниска и ќе доведе до колапс на домашниот сектор за производство на жито, се вели во реакцијата на ЗК Пелагонија. Ваквата откупна цена, според нив, ќе доведе до загуба на производителите на пченица, а загубата кај ...

Делегација на Северна Македонија, заедно со делегација на Република Албанија, од денеска до 20 овој месец во Брисел ќе го следи објаснувачкиот скрининг за Кластер 5, „Ресурси, земјоделство и кохезија“. Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања (СЕП), станува збор за многу важен и обемен кластер кој регулира пет поглавја поврзани со економскиот развој на земјата како што се: земјоделство и рурален развој, безбедност на храната, ...

Бензините и Екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари за литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,45 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 81,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 83,5, а Екстра ...

Популарноста на модриот патлиџан е најголема во медитеранските земји, бидејќи овој зеленчук сака сонце, и е неодминлива намирница во чиниите. Модриот патлиџан ќе успее, освен во градина и пластеник и во саксија или во дрвен сандак. Она што е важно да се знае е дека модриот патлиџан има мала калориска вредност. На што треба да внимавате за да добиете здрави, големи и вкусни плодови? Најважни услови за одгледување се сонце и топлина, а потоа ...

Договорот за извоз на украинско жито преку Црното Море денеска престана да важи и нема да биде продолжен, бидејќи не е исполнет делот од него што се однесува на Москва, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. – Денеска престана да важи Црноморскиот договор за жито. Како што претходно најави претседателот на Русија, по неговото истекување на 17 јули, договорот нема да биде продолжен, бидејќи делот што се однесува на Русија сè уште ...

Денеска официјално започна кампања „Здрав оброк за секое дете“. „Од утрово, низ сите градинки во државава веќе пристигнуваат првите пратки со домашно македонско овошје. За секое дете, по еден килограм. Кајсии, праски, сливи, круши и јаболки од прва класа, произведени во нашите овоштарници, под строг мониторинг на ДИЗ и АХВ кои ќе го контролираат квалитетот и безбедноста, од денеска па се до декември, редовно, еднаш неделно, ќе се дистрибуираат ...

За еден сантиметар е намален водостојот на Преспанското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Со тоа, водостоите на Преспанското и на Дојранското Езеро се пониски од просекот за јули и тоа за 91 сантиметар кај Дојранското, за 1,83 метри кај Преспанското, додека нивото на Охридското Езеро е за четири ...

Завршија градежните работи за изградбата на локален пат-обиколница во должина од 905,66 метри во Општина Радовиш, со кој се поврзуваат сите патни правци кон планината Плачковица. Како што информираа од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, изградбата на обиколницата е дел од проектот „Туризмот-иднината на регионот“. – Изградбата на овој пат, кој ќе ги поврзува сите патни правци кон планината Плачковица, е од особено значење за ...

На подрачјето на општина Куманово, утре во раните утрински часови, ќе биде извршено второто авионско прскање против комарци, информираа денеска од општината и ги повикаа пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите. Во случај да не се изврши третманот, поради неповолни временски услови, дезинсекцијата ќе се одложи за нареден ден, за што кумановци дополнително ќе бидат информирани. -Се известуваат граѓаните на општина Куманово ...

Во случај да се раскине договорот за жито, Киев ќе изгуби околу 500 милиони долари месечно, покажуваат податоците на ОН, Министерството за земјоделство на Украина и украинската царина. Од август минатата година до јуни оваа година Украина извезла 50,6 милиони тони жито во вредност од 9,8 милијарди долари. Поголемиот дел се извезуваше преку пристаништата. Уделот на испораките преку пристаништето беше 78 отсто, а последните месеци надмина 80 ...

Денеска истекува важноста на договорот со кој се овозможува безбеден извоз на жита и ѓубрива преку Црно Море, што првпат беше потпишан на 22 јули минатата година и оттогаш неколку пати беше продолжен, а натамошното опстојување на оваа важна иницијатива е неизвесно бидејќи Русија бара исполнување на условите за повторно приклучување на SWIFT . Повторното поврзување на Руската земјоделска банка со SWIFT, што Европската унија го суспендираше во ...

На денешниот настан за промоција на заедничкиот интегриран електронски систем за наплата на патарините со Србија, премиерот Ковачевски во одговор на новинарско прашање посочи дека Владата нема да дозволи отворање на рудници без согласност на граѓаните. „Јасен е ставот и на Министерството за економија и на Министерството за животна средина и просторно планирање и на претседателот на Влада дека рудник не може да има ако тоа не го сакаат граѓаните ...

Она што можам да го најавам до земјоделците и до сите граѓани заинтересирани за аплицирање од мерките во #ИПАРД програмата е дека веќе е проектиран 18 август како датум кога ќе бида распишан првиот повик од новата ИПАРД 3 програма за мерките 1 и 7 . #ИПАРД е нашата успешна приказна, нашиот најголем успех со кој сите треба да се гордееме .Како држава ние сме лидери во регионот со најголема искоритеност на ИПАРД 2 програмата од 98%, со склучени ...

Ја продолжуваме успешната приказна “Здрав оброк за секое дете”. Веќе од утре ќе обезбедиме македонско овошје до сите редовно запишани дечиња во детските градинки. Годинава имаме двојно поголем буџет, 40 милиони денари но и проширена листа на производи, јаболка, кајсија,праска, слива и крушка од реколта 2023. Откупени оваа година ќе бидат 880.000 кг домашно овошје за 38.000 дечиња од детските градинки. Преку оваа програма која ќе стане пракса, ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 24, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. УВ-индексот ќе биде 10. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 38 степени. – Подрачјето на нашата земја и во ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
10.29
44%
1019
weather icon

Белград

23ᴼ / 22ᴼ
6.69
39%
1024
weather icon

Загреб

21ᴼ / 20ᴼ
3.6
48%
1025
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
8.23
53%
1019
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
7.63
46%
1018
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 15ᴼ
3.8
75%
1025
weather icon

Атина

35ᴼ / 31ᴼ
6.17
37%
1013
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
1.54
18%
1014
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
9.26
30%
1016
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 30ᴼ
1.54
45%
1015
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
6.69
42%
1024
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
4.63
64%
1014
Currency

61.53

Currency

53.8663

Currency

72.9866

Currency

35.0321

Currency

39.3959

Currency

65.6314

Currency

7.50525

Currency

0.68687

Currency

0.37233

Currency

0.52309

Currency

1.3737

Currency

0.62895

Алуминиум

2.45

Кобалт

42.99

Никел

15225.00

Рутениум

19708.41

Калај

32.53

Сребро

1156.73

Злато

106452.73

Бакар

9.71

Паладиум

33629.68

Платина

37475.18

Родиум

186474.33

Цинк

2.63