Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Како одговорно министерство кое секогаш води искрена грижа за секој еден земјдоелец, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и овој период, во постојана комуникација е со земјоделците и трговците на пролетната зелка, со цел правилно информирање и креирање на соодветни политики за одржливосто на земјоделското производство. Високите пролетни температури, во еден дел, направија пореметување на пазарот и пласманот на ...
Хектар од најдоброто земјоделско земјиште во Војводина во 2008 година чинело 5.000 евра, а денес цената е и до 120.000 евра, велат упатени во изјава за евроњуз Србија. Земјоделското земјиште е необновлив ресурс, а експертите нагласуваат дека сериозно се намалува кога станува збор за површините, но истовремено се повеќе се експлоатира и се повеќе се загрозува неговиот квалитет. Предупредуваат и дека се намалува расположивото и користено ...
Малопродажната цена на дизел горивата од ноќеска на полноќ се намалува за 1,5 денари за литар, а бензините поскапуваат за еден до 1,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 отсто. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци. Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари. Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари ...
За прв пат ја воведовме мерката за “зелена нафта” во 2019 година со поддршка од 30% субвенција за земјоделците, па ја зголемивме на 50%, за денес да изнесува % покриеност на гориво за земјоделска механизација. За земјоделците најважно е да имаат економично производство. Продолжуваме да бидеме верен партнер, и да ги насочуваме парите назад кон земјоделците. Фејбсук статус на Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и ...
За по еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското и на Дојранското Езеро во споредба со вчера, а нивото на Преспанското Езеро е исто како вчерашното, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Со тоа, водостојот на двете езера е повисок од просечниот за април и тоа за два сантиметра кај Охридското, односно за 1,46 метри кај Дојранското Езеро. Нивото, пак, на Преспанското ...
Со пакет мерки, вредни 13 720 000 евра, ЕУ и УНДП ќе работат на заштита на биодиверзитетот во Преспанското Езеро и на развојот на одржливо земјоделство и туризам, а ќе се спроведат и поголеми инфраструктурни интервенции за справување со крупниот отпад и отпадните води, како и за подобрување на регионалниот развој. Како што информираа денеска од Канцеларијата на УНДП во Скопје, инвестициите за заштита на еколошкиот систем во регионот на ...
Светот денеска го одбележува Денот на планетата Земја, меѓународна иницијатива чија главна цел е да ја подигне свеста кај луѓето за заштита на животната средина и зачувување на планетата. Денот на Земјата се чествува по 55. пат. Тој се слави секој 22 април, а првпат тоа се случило во 1970 година во САД, во организација на американскиот сенатор Гејлорд Нелсон и активистот Денис Хејс. За време на првите демонстрации, повеќе од 20 милиони луѓе ...
Два пожара на отворен простор се регистриранио во последното деноноќие, соопшти ЦУК. Гореле диви депонии во атар на с.Церово, Општина Желино и над расторанот „Дарданија“ кај с.Боговиње. Интервенирале пожаникари од Тетово и ренеџер од Наионалниот парк „Шар Планина“. Според последните информции, пожарите се локализирани. ЦУК апелира за внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места. Сите итни ...
Денеска во Пробиштип со земјоделците од овој регион дискутиравме за тековните активности на Агенцијата и бројните програми и мерки кои ги имплементираме. Продолжуваме со тековна имплементација на програмата за директни плаќања преку која ќе следат исплатите за говеда, кози, органско производство, регистрирани земјоделци и ПОМ. Работиме и на евалуација на повиците за набавка на добиток и набавка на комбајни како и апликациите пристигнати ...
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави првиот јавен повик од ИПАРД III програмата за Мерка 3 – инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи. Крајниот рок за поднесување на барањата е 28.05.2024 година Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик за мерката 3 ,,Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни ...
Земја лидер во регионот во реализација на ИПАРД 2 програмата, со над 2.100 реализирани договори и искористени скоро 100% од средствата, односно 59,7 милиони евра. Земјоделците денес повторно имаат довреба во институциите. Знаат дека со нас како министерство добиваат фер и еднаква шанса, истакна министерот Љупчо Николовски при денешната средба на земјоделците од општина Лозово. Нашата лидерска позиција ја потврдивме и со успешното започнување ...
Од срце, топло и домаќински сме пречекани од фамилијата Шерифови, земјоделци од село Дорфулија, Лозово. Добитници на два трактори преку #ИПАРД и преку Националната програма вредно си ја работат земјата со тутун, житарки и луцерка – објави министерот за земјоделство Љупчо Николовски. Земјоделците денес повторно имаат довреба во институциите. Знаат дека со нас како министерство добиваат фер и еднаква шанса. Македонија е земја лидер во регионот ...
Двојно ја зголемуваме платата за овчарите. До 620.000 денари по овчар на годишно ниво, а дополнително се трга досегашниот критериум над 700 метри надморска височина. Во 2016 година платата изнесуваше до 300.000 денари по овчар. Го помагаме сточарството, во ангажирање на работна сила за чување и напасување на добитокот на пасишта или ливади, напиша на социјалните мрежи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. ...
Пожар избувнал синоќа во 23 часот на отворен простор кај селото Горно Јаболчиште во општина Чашка, гори букова шума, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Оттаму веднаш пратиле известување до ЈП „Национални шуми“ подружница „Бабуна“ од Велес, од каде што добиле одговор дека ќе упатат вработени кон пожарот за да го гаснат. Според податоците на ЦУК, имало вкупно 22 евидентирани пожари на отворен простор во изминатото ...
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се намалува за 0,50 денари по литар, а цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 77,50 денари за литар. За 0,50 денари поскапува Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и еден литар ќе чини 77,50 денари. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,871 денари ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, од денес, па до крајот на неделава, ќе биде домаќин на украинската делегација, предводена од заменик министерот за земјоделска политика и храна на пријателска Украина, Маркијан Дмитрасевич. „Нашата држава е посочена од Европската Комисија, како една од земјите, која е на најнапредно ниво во делот на усогласеноста на земјоделскиот сектор со европските земјоделски политики и законодавство ...
Изминатото деноноќие евидентирани се 23 пожари на отворен простор, од кои два се уште се активни, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). -Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека пожарот кој започна пред неколку дена кај село Ѓермо, Општина Тетово е се уште активен. Пожарот сега се наоѓа над село Селце на оддалечен и тешко пристапен терен, а гори букова шума, ливади и меѓни стебла и ниска вегетација, информираат од ЦУК. Според ...
“Најновиот извештај на Светската банка констатираше дека Македонија има највисоко ниво на раст на реалната плата и на продуктивноста од сите шест земји од регионот на Западен Балкан. Тоа е потврда на политиките за кои се залагаме и ги практикуваме во последниве седум години, а тоа е зголемување на платите за нашите сограѓани,“ посочи Јован Деспотовски директор на ТИРЗ во дебата на јавниот сервис МТВ. Деспотовски додаде дека само во ...
Утрово е најстудено во Берово, 4 степени, а во Велес се измерени 15. Како што информира УХМР, до 08:30 часот температурата изнесувала 5 степени во Лазарополе, 6 на Попова Шапка и во Маврови Анови, 8 во Битола и Претор, 9 во Охрид, Тетово и Струмица, 10 во Скопје-Петровец, Штип, Крива Паланка, Демир Капија, Прилеп, Дебар и Крушево, 12 во Виница, Гевгелија и Кавадарци, како и 14 во Скопје-Зајчев Рид, Куманово и Дојран. Изутринава во ...
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) последните години се соочува со критичен недостиг на квалификувани пилоти, ситуација која, според надлежните во институцијата, сериозно го загрозува функционирањето на институцијата и способноста да реагира во време на кризи. Од тројца пилоти со кои располагаше Дирекцијата, оваа година остана само со еден пилот, бидејќи двајца исполниле услови за старосна пензија. Во разговор за МИА, директорот на ...
Квалитетен и навремен пристап до вода за земјоделските површини, е клучна за стабилно и конкурентно земјоделско производство. Денеска од селото Оризари, кочанско, најавувам почеток на годинешната сезона за наводнување на земјоделските површини. Оризопроизводителите до своите ниви веќе добиваат вода, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски при денешниот увид во започнувањето на сезоната за наводнување ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски го најави повикот за мерка 3 од ИПАРД 3 програмата. „Денеска од овде од Кочани каде имаме многу успешни #ИПАРД приказни, најавувам дека од утре стартува повикот за мерката 3 од новата #ИПАРД 3 програма, со која ставаме на располагање 14 милиони евра за инвестиции од оваа мерка. Мерката 3 се однесува на инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на ...
Од овде од село Оризари кочанско, најавувам почеток на годинешната сезона за наводнување на земјоделските површини. Оризопроизводителите до своите ниви веќе добиваат вода. Лично дојдов да се уверам во тоа. Оваа година површините под ориз се зголемени за повеќе од 200 хектари со што вкупно се наводнуваат 3.700 хектари под ориз, а заедно со другите култури од овој регион 4200 хектари земјоделски површини. Нека тече вода, нека ги храни ...
Со пригодна свеченост, печеларското здружение „Охрид“ одбележа значаен јубилеј, 50 годиини успешна работа. Во името на Локалната самоуправа пред присутните се обрати секретарот на Општина Охрид, Александар Китески. – Во текот на изминатите пет децении, ова здружение има дадено голем продонес во развојот на земјоделството во нашиот регион, промовирајќи го значењето на пчеларството и производството на мед, како неизоставен дел од нашето ...
Изминатото деноноќие на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) регистрирани се 20 пожари на отворено, од кои три се уште се активни. -Регионалниот ЦУК Штип информира дека пожарникарите од ТППЕ Македонска Каменица вчера во 12:00 часот имале интервенција на шумски пожар во атарот на село Дулица каде што горела дабова и мешана шума. На терен биле излезени повеќе екипи: тројца пожарникари со едно возило, ...
Маријана Дочинска е успешна жена земјоделка, која има сопствена фарма со 80 крави. Маријана успешно ја има искористено поддршката за набавка на трактор, а во 2023 година преку мерката бизнис план од Националната програма за рурален развој, со грант поддршка до 10.000 евра, има набавено миксер за храна на добитокот и цистерна за течно ѓубре. Со новата мерка за бизнис план, која Маријана ја има искористено, за само една година успеавме со оваа ...
Нашето македонско бело злато, оризот, го вградивме во листата на статешки важни култури за државата. Исполнивме уште еден даден збор пред земјоделците. Измените во Законот за стокови резерви овозможуваат оризот, да биде опфатен како производ од исклучително значење за населението и се создаваат услови за негово чување како стоковни резерви, во вид на оризова арпа, истакна министерот Љупчо Николовски при денешната посета во Чешиново. Измената ...
Во шумски пожари во ЕУ во текот на минатата година изгореа 504.002 хектари површина, се наведува во Извештајот за шумските пожари во Европа, на Блискиот Исток и во Северна Африка во 2023 година на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во Извештајот се нагласува дека пожарите биле најинтензивни во текот на летото и претежно го зафатиле медитеранскиот регион, при што е регистриран и ...
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше досега најголемата поддршка за тутунопроизводителите, вредна близу 1.5 милијарди денари, кон 14.300 тутунопроизводители за реколта 2023 година, изјави директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски. „Вклучувајќи ја оваа исплата, од почетокот на годината до денес, од програмата за финансиска поддршка во земјоделството се исплатени над 4 милијарди денари, што ...