Во јули годинава вкупниот промет во индустријата е намален за 0,3 отсто во споредба со претходниот месец при што прометот на домашниот пазар е зголемен за 2,1 отсто, а на странските пазари е намален за 0,9 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот промет во индустријата во јуни 2023 година, во однос на јуни 2022 година, бележи пораст кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 17,7 отсто, а опаѓање бележи кај ...

Земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтеровата скала е регистриран денеска во областа на северниот дел на Јапонија, а соодветните служби јавија дека нема опасност од цунами. Епицентарот на потресот се наоѓал во Тихиот Океан помеѓу островот Хокаидо и северниот дел на островот Хоншу. Регистриран е на длабочина од 46 километри под површината на земјата. Нема извештаи за жртви или материјална штета. Потресот бил почувствуван во префектурите ...

Цените на земјоделските производи започнаа да се намалуваат. Иако за некои производи тие и понатаму се високи на пазарите, сепак може да се каже дека чекор по чекор, започнаа да се намалуваат. Факт е дека трговците од профитот нема да се откажат така лесно и најмногу заработуваат, сепак продавачите велат дека цените досега биле високи и затоа што нема повеќе кој да произведува и дека сè е поскапено. На пример, ако реколтата од минатата година ...

Јужнокорејските власти денеска евакуираа повеќе од 10.000 лица и затворија повеќе училишта во областите погодени од поплавите предизвикани од тропската бура Канун. Бурата Канун се движи кон главниот град на Јужна Кореја, Сеул, јавија британските медиуми. Бурата може да го погоди и главниот град на Северна Кореја, Пјонгјанг, а тамошните државни медиуми објавија дека армијата и владејачката партија добиле наредба да подготват мерки за ублажување ...

Словенечкиот институт за јавно здравје денеска предупреди на ширење на цревна зараза во Межишката долина во Корушка, во делови каде сè уште не е воспоставено снабдување со вода за пиење по поплавите што ја зафатија земјата на почетокот на август. Институтот апелира до населението да ја преврива водата и да користи купечка вода во шишиња. Пријавени се симптоми на повраќање и дијареја. Се претпоставува дека причина за заразата е контаминирана ...

За два сантиметра е намален водостојот на Дојранското Езеро, а за еден сантиметар на Охридското, додека нивото на Преспанското Езеро е исто како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Со тоа, водостојот на Охридското Езеро е за четири сантиметри повисок од просечниот за август, додека нивоата на другите две природни езера во земјава се пониски од просечните и тоа за 1,22 ...

Во текот на вчерашниот ден изгаснати се 25 пожари на отворен простор на повеќе места во државата, известуваат од Центарот за управа со кризи. Од пожарите шест се во околината на Куманово, четири во околината на Скопје, по два во Охрид и Велес и по еден во Свети Николе, Штип и Гевгелија. Како што известија, изгаснат е и пожар во Новаци, Карбинци, Долнени и Лозово. Центарот за управа со кризи апелира до сите граѓани да внимаваат да не ...

Потребна е заштита на складираните зрна од инсекти и мувла. Секој кој некогаш го работел ова знае каков предизвик е и колкава може да биде штетата. Постојат неколку важни фактори. Пред сè, самите магацини треба да бидат суви, чисти и дезинфицирани. Треба да обрнеме големо внимание на тоа какви житарки складираме, особено со колкав процент на влага. Просечната максимална содржина на влага треба да биде под 14,5 проценти. За пченицата, количината ...

Температурата на површината на океанот во петокот се искачи на 20,96 степени Целзиусови, покажуваат податоците на климатската опсерваторија на Европската унија. Последниот рекорд од 20,95 степени е забележан во март 2016 година, изјави портпаролката на агенцијата на ЕУ за климатски промени Коперник. Меѓу тестираните примероци нема ниту еден од поларните региони. Океаните апсорбираат 90 отсто од вишокот топлина создадена од човековата активност ...

Бројот на пожарникари во Европската Унија опаѓа, иако блокот се соочува со сè поголеми пожари како резултат на климатските промени. Унијата лани имала вкупно 360.000 пожарникари, што е за 2.800 помалку од 2021 година, покажуваат новите податоци објавени од Евростат. – Намалувањето на бројот на пожарникари во екот на климатската криза е рецепт за катастрофа, рече Естер Линч, генерална секретарка на Европската конфедерација на синдикати. – Јасен ...

Пробиен е пат во атарот на селото Криволак за полесен пристап на земјоделците до земјоделските површини, информираше денеска неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. – Со координирана активност помеѓу Општина Неготино и ЈП ,,Комуналец”, чии работници на терен со механизација и работна рака ги изведоа работите, пробиен е пат во атарот на село Криволак кој води до земјоделските површини. Станува збор за пат, што, поради пукање на цевка и ...

Најмалку 62 лица го загубија животот во невремето проследено со обилни врнежи што во последните денови ја зафатија северна Кина, според најновите податоци кои покажуваат дека бројот на жртвите е тројно зголемен за само една недела во Пекинг. Тајфунот Доксури по соседните Филипини, минатата недела погоди делови од Кина носејќи обилни дождови што предизвикаа голема штета. Посебно беа погодени главниот град Пекинг, кој ги забележа најобилните ...

Партнерскиот и инклузивниот пристап во креирањето и спроведувањето на економските политики на Владата дава резултати. Преку Законост за финансиска поддршка на инвестиции, Владата, од неговото воведување, односно во периодот од 2018 до 2022 година, со околу 57 милиони евра поддржа 630 компании кои инвестираа над 340 милиони евра. Довербата на деловните субјекти во институциите и нашите економски политики од година во година се зголемува, бројот ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира лозаропроизводителите дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања, за произведено и предадено грозје во регистрирани капацитети за производство на вино во Република Северна Македонија. Исплатени се 199,4 милиони денари како дополнителна поддршка до 5.851 лозаропроизводител. ...

Според најавата на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, првите повици од ИПАРД 3 програмата се очекува да бидат објавени кон крајот на овој месец. Се очекува најпрво да бидат објавени Мерка 1- Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства и Мерка 7- Диверзификација на фармите и развој на бизниси. Доколку планирате да инвестирате во рурален туризам, Мерка 7 од ИПАРД 3 програмата е токму за ...

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на својот Фејсбук профил објави дека од 2007 година досега во нашата држава, се инвестирани вкупно 812.457.807,62 евра преку ИПА фондовите на Европската Унија. Како што напиша тој, според региони Вардарскиот регион има најмногу инвестирани европски средства, во износ од 122.851.824,22 евра. Втор по искористеност на европските фондови е Пелагонискиот регион со вкупно 79.163.058,15 евра. Следуваат ...

Изминатиот јули беше најтоплиот јули забележан на Земјата, потврди денеска Климатската опсерваторија на Европската унија. Обележан со топлотни бранови и пожари ширум светот, изминатиот месец беше за 0,33 степени Целзиусови повисок од рекордот поставен во јули 2019 година, кога просечната температура на планетата беше 16,63 степени Целзиусови. Месецот беше за 0,72 степени потопол од просекот за јули 1991-2020 година, наведоа од Климатската ...

Првиот повик од Програмата ИПАД 3 се очекува да биде објавен до крајот на август. Со него ќе бидат опфатени мерките 1 и 7, за инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства, како и за инвестиции во рурален туризам, диверзификација на фарми и поддршка на микро бизниси. Повикот ќе „тежи“ над 20 милиони евра и ќе трае 45 дена, со продолжување од две недели. Заедно со последниот ИПАРД 2 повик проектиран на 8,8 милиони евра, што беше ...

Целосно е изгаснат пожарот што избувнал вчера попладне во близина на Свети Николе, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Пожарот се проширил помеѓу селото Кадрифаково и бензинската пумпа „Мики Петрол“, во правец на ветерниците спроти фабриката „Агриа“, на ридови со висока трева и нискостеблеста шума. Во гаснењето беа ангажирани пожарникарите од ТППЕ Свети Николе со подршка од ТППЕ Велес, противпожарното друштво од Свети Николе и екипа ...

Во јули годинава на едно четиричлено семејство му биле неопходни 48.620 денари за задоволување на минималната синдикална кошница, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Од нив 20.004 денари или 44,6 отсто биле неопходни за исхрана и пијалаци, 13.664 денари, односно 30,46 отсто за домување, 3,247 денари или 7,24 отсто за хигиена, 3,720 денари или 8,29 отсто за превоз, 2.327 денари за облека и обувки, 1.068 денари за ...

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар, а цената на дизел горивата се зголемува за еден денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,62 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 85 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 87, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 79,5, а ...

Во среда (09.08.2023) ќе се реализира четвртата фаза од дезинсекцијата на подрачјето на Скопје против лаври од комарци. – Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира во среда, во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција против ларви од комарци, пак, ќе се реализира во текот на истиот ден, соопшти Град Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ...

Од задутре до 11 овој месец во шест општини од Југоисточниот плански регион ќе се организира трето прскање против комарци и ларвицидна дизенсекција, сопштија од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. На 9 и 10 август ќе се прска против комарци во општините Василево, Ново Село и Босилово, а на 10 и 11 во Гевгелија, Дојран и Струмица. Од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известуваат сопствениците на пчелни ...

Јужна Кореја планира да евакуира десетици илјади млади извидници од брегот поради приближувањето на тропската бура Канун, соопштија денеска претставници на извидниците. Светската организација на извидничкото движење соопшти дека добила потврда од Владата на Јужна Кореја дека извидниците, претежно тинејџери, предвреме ќе ја напуштат областа Буан. Владата подготвува план за брза евакуација на 40.000 извидници, кои доаѓаат од 158 земји пред да ...

Групацијата за производство на месо и преработки од месо при Стопанската комора на Северна Македонија бара итни измени на регулативата за спас на месно-преработувачката индустрија. Своите барања групацијата ќе ги изнесе на прес-конференција, што ќе се одржи во Стопанската комора, и на која ќе се обратат Гоце Трајчев, претседател на Групацијата за производство на месо и преработки од месо и Васко Ристовски од Дирекцијата на здруженија и ...

Несовесни тиквешани предизвикале пожар во Рибарци откако биле запалени корења од домати, оваа информација попладнево ја потврдија од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци, напоменувајќи дека пожарникарите интервенирале на терен и пожарот бил ставен под контрола. Случајот бил пријавен во МВР. – Активен е пожарот во росоманското село Рибарци, кој е под контрола. Пожарот првично е намерно запален за да изгорат корења од патлиџани, но ...

По поплавите што ја погодија Словенија, интернетот е преплавен со многу видеа и фотографии од поплавени куќи, поплавени улици и дворови и многу објави за изгубени или пронајдени животни кои лутаат по улиците и се обидуваат да се спасат. Овие фотографии објавени на Фејсбук страницата на хуманитарното друштво „Хуманитарчек“ растажија многумина. Во коментарите под објавите, многу луѓе се огласија и им понудија сместување на несреќните животни ...

Стотината пчелари од дебарскиот регион, поради климатските промени годинава се соочија со минимален приход од пчелните семејства а дел од нив дополнителна штета претрпеле и од мечките. -Веќе неколку месеци во општина Дебар но и во поширокиот регион, мечки имаат уништено околу 200 пчелни сандаци. По пријавата од страна на пчеларите посебна комисија врши увид, по што пчеларите преземаат соодветни законски активности, бидејќи мечката е заштитена ...

Четири нови инвестиции со вкупен обем од над 150 милиони евра се во завршна фаза на преговори, посочува премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто за МИА. – Она што е важно е да се креираат нови работни места во приватниот сектор, кој треба да е мотор на економскиот раст во државата. Токму затоа ние создаваме услови компаниите да се развиваат и да исплаќаат повисоки плати, од просечната. Во таа насока, сакам да напоменам дека новите инвестиции ...

Над 50 пожари на отворен простор, од кои повеќето не се прошириле благодарение на брзата и пожртвувана интервенција на пожарникарите имало вчера на територијата на земјава, информираат од ЦУК. Во овој момент, додаваат оттаму, нема активни пожари. Меѓу пожарите кои вчера избувнале се пожарите во село Страчинци (сува трева и грмушки), село Орланци (ѓубриште), село Волково (сува трева и грмушки) и депонијата Вардариште во Скопско, потоа депонијата ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
8.75
47%
1019
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
6.17
51%
1024
weather icon

Загреб

18ᴼ / 17ᴼ
3.09
60%
1026
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
8.23
60%
1019
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
7.04
60%
1018
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
3.09
90%
1025
weather icon

Атина

34ᴼ / 30ᴼ
3.09
40%
1013
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
39%
1014
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
9.26
35%
1016
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 28ᴼ
3.09
38%
1015
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
8.75
48%
1024
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
3.6
64%
1014
Currency

61.53

Currency

53.8663

Currency

72.9866

Currency

35.0321

Currency

39.3959

Currency

65.6314

Currency

7.50525

Currency

0.68687

Currency

0.37233

Currency

0.52309

Currency

1.3737

Currency

0.62895

Алуминиум

2.45

Кобалт

42.99

Никел

15225.00

Рутениум

19708.41

Калај

32.53

Сребро

1156.73

Злато

106452.73

Бакар

9.71

Паладиум

33629.68

Платина

37475.18

Родиум

186474.33

Цинк

2.63