Во Комисијата за транспорт денеска се иницираа измени на Законот за урбанистичко планирање. Со него се предвидува поедноставна постапка за градење на училишта, градинки, канализациска мрежа, катни гаражи во општините. Како што образложи министерот за транспорт Александар Николоски, освен во десетина урбани општини, повеќето се соочуваат со сериозни инфраструктурни проблеми. Затоа со измените предвидуваме да нема општина со проблеми со ...

Управата за јавни приходи соопшти дека во тек се интезивни подготовки за имплементација на проектот е-фактура. Вчера во просториите на УЈП се одржа состанок со претставници од неколку ИТ компании кои развиваат софтвери за поддршка на работењето на домашните фирми во делот на изготвување на фактури. На состанокот се дискутираше за нивните перцепции и прашања во врска со импликациите што ќе произлезат од прилагодувањето на софтверите кај ...

На 12.08.2024 во 21.00 часот во с.Канатларци, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Х.М.(29) од с.Канатларци поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување шумски пожар“ по член 227 од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека околу 19.00 часот кај место викано „Корија“ во во атар на с.Канатларци предизвикал пожар во кој горела сува трева. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук-профил објави видео од изградбата на експресниот пат Градско – Дреново и најави негово завршување до крајот на оваа година. -Со ова видео од патот Градско – Дреново воведуваме нова динамика во работењето. Со добра работа и организација до Нова година ќе може да се вози по овој експресен пат што ќе го скрати патувањето од Битола и Прилеп до Скопје, Гевгелија и Солун, ...

Вкупно 37 пожари на отворен простор низ државава се регистрирани во текот на вчерашниот ден. Од нив, 10 се активни, шест се под контрола, а 21 е изгаснат, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според соопштеното, активен е пожарот во општина Македонски Брод, каде гори борова шума. Во општина Пехчево, на територија на село Негрево, гори мешана шума. Во општина Новаци гори ниска вегетација. Нискостеблеста вегетација е опожарена ...

Дополнителни 4,2 милијарда денари за исплата на плати, 5,1 милијарда денари за исплата на пензии, 800 милиони денари за исплата на правото на гарантирана минимална помош, 1,7 милијарди денари за здравствена заштита, 1 милијарда денари за ТИРЗ зоните,1,7 милијарди денари за директна финансиска поддршка во земјоделскиот сектор, 437 милиони денари за студентски оброк, 207 милиони денари за исплата на стипендии, 300 милионии денари за блок ...

Крпење на дупките, вака вечерва министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска го нарече ребалансот на Буџетот за 2024 година што денеска, по предлог на Владата, беше донесен од Собранието. Како што оцени Димитриеска Кочоска во Дневникот на ТВ Сител, со иницијалниот Буџет не било планирано она што било законски, а со ребалансот, предвидено е не само тоа, туку и сервисирање на многуте доспеани обврски. Има пари, рече, за плати, пензии, ...

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакиев заедно со тим од земјоделски инспектори, денеска остварија контролна посета на Винаријата „Тиквеш“ во Кавадарци. – Од страна на директорот Анакиев беше укажано за придржување на договорената цена за откуп од страна на винариите, која беше договорена минатата недела на состанокот во МЗШВ на кој присуствуваа директорот на ДИЗ Васе Анакиев, министерот за земјоделство, шумарство и ...

Во тек е бербата на родот од проектот Договорно производство на бессемена лубеница во организација на компанијата откупувач „Fres line“ и платформата Агротим. После успешната ланска сезона, компанијата и годинава склучи договори со земјоделските производители кои и досега биле дел од проектот но и нови производители, докажани искусни земјоделци како Митат Исмаиловски од село Будаково. Неговото производство може да послужи како пример што ...

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска информираше дека се работи на проширување на „Мој термин“ или евентуално нова дигитализација. – Ќе видиме која ќе биде дефинитивната одлука. На Македонија дефинитивно ѝ требаат сите здравствени установи да бидат во еден ист систем. Значи, приватни и јавни здравствени установи, меѓутоа фармации и сите други институции што се поврзани со здравството. Тука мислам и на ФЗОМ, така што ќе видиме, ќе ...

„Според пресметките, оваа година од патарини во јули сме наплатиле над 7,6 милиони евра што е за повеќе од 250 илјади евра повеќе од ланскиот јули“, напиша премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи. „Овие пари постоеле и минатата година, само разликата е што не завршувале во касата на државата, каде сега од тие пари градиме градинки, училишта, патишта. Инвестираме во болници, нови работни места. Разликата е во тоа што се работи ...

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ се намалуваат за 1,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува за еден денар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,85 отсто. ...

Вкупно 45 пожари на отворен простор имаше во текот на вчерашниот ден, од кои 32 се изгаснати, а три се ставени под контрола. Активни се десет пожари, од кои три на територија на Кичево, кај селото Патеец, кај селата Челопеци и Бигор Доленци и во село Зајас. Два активни пожара се во Македонски Брод, едниот на потегот кај „Јасен“ – Белица, а вториот кај селата Грешница и Слатина. Активни пожари има и во Пехчево, Новаци, Пласница, Неготино и ...

Вон контрола се уште е пожарот на Сува планина во националниот парт „Преспа” во општина Пустец. – Продолжува со висок интензитет пожарот кај Пустец поради ширење на пламените јазици во повеќе правци. Тие се проширија толку многу што излегоа од контрола и се во опасност да се приближат до граничниот премин „Горица” и до селото Горна Горица, јавија албанските медиуми. Опожарената површина надминува 150 хектари вегетација. Ветерот го шири ...

Во пожарот кој со денови беснее над Пехчево изгоре единственото возило на пожарната од Пехчево. За среќа нема повредени лица. „Еве ја вистинската слика за тоа што оставаат пламените јазици онаму каде ќе поминат, Ова е видео од противпожарното возило со кое денеска храбрите пожарникари се обиделе да му се спротивстават на новиот пожар над Пехчево Среќа во несреќа е тоа што нема човечки жртви и учесниците во гаснењето поминале со помали ...

Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна, соопшти денеска Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Според неделниот лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, направени од 5 август до 9 август годинава, сите анализирани примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење. За анализа ...

Украина во јули двојно го зголеми извозот на жито, на повеќе од 4,2 милиони метрички тони, во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат податоците на Украинската асоцијација на трговци со жито UGA, и покрај зголемените руски напади врз Одеса, клучното пристаниште на Црното Море, и Измаил, главното пристаниште на Дунав за извоз на жито во Европа. Британските медиуми пренесуваат дека Украина во јули извезла 3,7 милиони тони ...

Во Собранието денеска започнува тридневната расправа за ребалансот на Буџетот за 2024 година. Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2024 година, во второ читање, е седма точка од дневниот ред на 12. собраниска седница. Согласно Деловникот на Собранието, претресот по предлогот за изменување и дополнување на Буџетот, односно по дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на седница на Собрание трае ...

Попладнево и вечерва во земјава се активни десет пожари. Во текот на денот три се ставени под контрола, а седум пожари се изгаснати. Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов изјави дека од овие десет активни пожари, осум се многу сериозни, и дека некои се повлекуваат со денови. -Пожарот во Јасен не можеме да го ставиме под контрола, се уште се движи низ ловиштето, додека вториот крак се движи во насока на селото Белица ...

Истовремено додека низ државата беснеат многубројни пожари се одвиваше напната спасувачка потрага и мисија, покрај реката Брегалница, југозападно од овчеполскиот врв Богословец, во атарот на селото на Атиџе од Медена Земја, с. Бекирлија, најпрво во животнозагрозувачка состојба беше пронајдено а потоа и спасено 35 годишно исчезнато лице од с. Дурфулија, општина Лозово кое на носилки беше пренесено преку реката Брегалница а потоа качено во ...

Со ребалансот на Буџетот направивме напори во еден краток период и услови коишто ги наследивме да го направиме најдоборото. Обезбедивме пари за сите обврски коишто се согласно закон и тие ќе се сервисираат. Голем притисок којшто се прави врз Буџетот доаѓа од исплатата на гаранциите, односно кредити за одредени јавни претпријатија коишто не се во состојба да ги вратат. Ова го потенцира министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во ...

Владата ја оддржа 11та седница. Министерството за здравство ја информираше владата дека, доби информација од Институтот за Јавно здравје и метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи за појава на топлотен бран во траење од 2 дена и тоа во периодот од 12.08.2024 до 13.08.2024 година (понеделник и вторник). Територијата на целата држава ќе биде зафатена од високи температури од портокалова фаза и согласно Акциониот план на ...

Деветнаесет увезени случаи на вирусот Оропуче (ОРОВ), кој се шири на луѓето од заразени муви и комарци, се пријавени во земјите на Европската унија во јуни и јули, поточно 12 во Шпанија, пет во Италија и два во Германија. Сите се поврзани со неодамнешните патувања во Куба и Бразил, се вели во соопштението на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ), пренесува Политико. ЕЦДЦ соопшти дека ризикот од инфекција за европските ...

Следната недела ќе има тендер за откуп на пченица во Египет и Алжир Египет сака да купи 3,8 милиони тони со следната испорака почнувајќи од октомври за 7 месеци Алжир бара 700.000 тони Постои веројатност овие тендери да ја придвижат цената на пченицата во нагорна линија. Од воведувањето на санкциите за увоз на месо во 2014 година, Русија од еден од најголемите увозници на месо во светот стана извозник. Го зголеми производството на свинско ...

Утре започнува тридневната расправа за ребалансот на Буџетот за 2024 година, во рамки на 12. седница на Собранието. Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2024 година, во второ читање, е седма точка од дневниот ред на седницата. Согласно Деловникот на Собранието, претресот по предлогот за изменување и дополнување на Буџетот, односно по дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на седница на Собрание ...

Во интервју за Локално министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски најави амбициозни планови кои ги опфаќаат суштинските сегменти на овој сектор, меѓу кои и најголемите проблеми на замјоделците – осигурувањето и наводнувањето. Локално: Како може да се смири револтот кај одгледувачите на пченица и како ќе го стимулирате домашното производство на пченица? -Конкретно за пченицата оваа година прв пат ќе се откупува ...

Градската депонија во Кавадарци од синоќа доби електрична енергија, со тоа се создадоа можности за 24 часовна чуварска служба и видеомониторинг, со што дополнително ќе се зголеми безбедноста, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, на „Фејсбук“. Инвестицијата е на јавното претпријатие „Комуналец“ од Кавадарци. Директорот на претпријатието, Гоце Ангеловски појасни за МИА, дека изминатите околу шест години, немало можност ...

Шумските пожари во Орегон, на крајниот запад на САД, изгореа повеќе земја оваа година отколку во која било година од почетокот на евидентирањето, соопштија властите. „Во пожарите изгореа повеќе од 5.700 квадратни километри земја“, изјави портпаролката на Северозападниот меѓуагенциски координативен центар, Керол Коноли. „Тоа е повеќе од која било година откако започна евиденцијата во 1992 година и го надминува претходниот рекорд поставен во ...

Општина Велес утре, во периодот од 05:00 до 08:00 часот, ќе го спроведе третото теристичко прскање против комарци. Како што информираат од Општина Велес, границата на третирањето е: езеро „Младост“, село Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и село Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро ...

Назначената Афрона Веризволи во текот на утрешниот ден ќе биде разрешена од местото ревизор на ИПА фондовите, информираат од Владата. – Ја известуваме јавноста дека назначената Афрона Веризволи во текот на утрешниот ден ќе биде разрешена од местото ревизор на ИПА фондовите. Воедно посочуваме дека е потребно и вниманието да се насочи кон отворените злоупотреби на парите од ЕУ и фондовите ставени на располагање кои беа присутни во изминатиов ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.25
62%
1020
weather icon

Белград

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
71%
1018
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.32
72%
1018
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
0.09
73%
1021
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
0.77
74%
1019
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 19ᴼ
0.62
91%
1018
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
3.13
56%
1014
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
2.34
48%
1016
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.45
50%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
0.89
85%
1018
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
0.89
54%
1019
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
3.23
100%
1017
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4501

Currency

37.2538

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Родиум

249168.29

Паладиум

38195.09

Бакар

12.33

Алуминиум

3.20

Платина

51923.46

Иридиум

233896.68

Злато

131072.82

Калај

50.56

Сребро

1902.84

Рутениум

49029.89

Цинк

0.00

Кобалт

56.29