Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Поради сомнение дека предизвикал пожар, полициски службеници од ОВР – Прилеп и од Полициската станица за граничен надзор – Старавина при Регионалниот центар за гранични работи Југ, вчера го лишиле од слобода Г.К., на возраст од 54 години од селото Штавица. – Околу девет часот, тој запалил сува трева во дворното место од неговата куќа, по што пожарот се проширил на соседните парцели. Г.К. бил затекнат од полициски службеници при гаснење на ...
Авионска и терестрична дезинсекција против ларви од комарци ќе се реализира утре на скопската територија, соопштија од Град Скопје на нивната веб-страница. Како што се појаснува, авионската дезинсекција ќе се реализира во раните утрински часови, а терестричната во текот на денот. – Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски вчера го посети струмичкото село Муртино и извршил увид на откупот на црвената пиперка. Трипуновски соопшти на својот профил на Фејсбук дека ги информирал жителите на Муртино оти пред неколку дена е постигнат договор за откупната цена на црвената пиперка, прва класа – 40 денари за килограм, прва/втора класа – 30 денари за килограм, втора класа – 20 денари за килограм, ...
Ребалансот на буџетот ја помина собраниската Комисија за финансирање и буџет, по што треба да добие поддршка на пленарна седница, која може да трае најмногу три дена. Општата расправа на Комисијата за ребалансот траеше три дена, а амандманската заврши вчера. За ребалансот пратениците поднесоа вкупно 58 амадмани, дел од нив повлекоа, другите беа одбиени. Прифатени беа само два амандмана – за исплата на административците и за политичко ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Карактеристично за летниот период, на ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата, се бележи зголемена фреквенција на возила, но исто како и на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, соопшти АМСМ. Се препорачува прилагодена брзина на ...
Уреди со плинска боца што произведуваат звуци за да ги бркаат птиците кои го уништуваат родот на земјоделските посеви, се сериозна опасност да предизвикаат пожари на отворено, кои потоа се шират со огромна брзина и зафаќаат шумиски предели. Од Центарот за управување со кризи велат дека потврден е ваков случај и ги повикуваат земјоделците да запрат со овие активности во време кога државата се соочува со огнени стихии и со месеци се вложуваат ...
Остварив работна средба со претставници на турска компанија, потенцијален инвеститор во Македонија, која што произведува и преработува лешник и кондиторски производи. Се работи за компанија која што има годишен обрт од над 40 милиони долари и своите производи ги извезува во 30 земји во светот. Тие ја претставија својата бизнис инвестиција со посебен акцент во делот на откуп, производство и преработка на лешник со визија за да отворат ...
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 80,50 за литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 72,50, а Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) за 71,00 за литар. За 0,321 денари поевтинува ...
Хеликоптерот на МВР на Србија „Ербас Х215 Супер Пума“, со носивост од три тони вода, со шест припадници на хеликоптерската единица и еден припадник на Секторот за вонредни ситуации, од саботата секојдневно го гаснат пожарот кај Охрид, а само денеска до 11 часот испуштија дури 126 тони вода, јави дописникот на МИА од Белград. – Припадниците на хеликоптерската единица и Секторот за вонредни ситуации продолжуваат да им даваат поддршка на ...
Патот од Солун кон Евзони е отворен пред 20ина минути, а во спротивен правец е се уште затворен за сообраќај поради пожар, соопшти грчката полиција. Пожарот, според локалните грчки медиуми е локализиран. Претпладнето се запалило возило на автопатот, и пожарот се проширил на сува трева, па затоа полицијата го затвори сообраќајот и во двата правца пред околу три часа. Тоа предизвика застој на граничниот премин Евзони-Богородица, а грчката ...
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари- јуни 2024 година, изнесува 3 930.0 милиони евра и бележи пад од 7.6 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во истиот период, изнесува 5 544.0 милиони евра, што е за 0.1 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит изнесува 1 614.0 милиони евра, соопшти Државниот завод за ...
Цените на угостителските услуги во јули 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемен за 4.8 %, соопшти Државниот завод за статистика. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јули 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5.6 %, додека во однос на декември 2023 година има раст од 2.4 %. Цените на угостителските услуги во јули, пак, во однос на ...
Вкупно 29 пожари на отворен простор се регистрирани во текот на вчерашниот ден, од кои 21 се изгаснати, а три се ставени под контрола. Активни се пет пожари, во општините Македонски Брод, Демир Хисар, Гевгелија, во месноста викана Темна бука во Студеничани и Пробиштип, информира денеска Центарот за упрување со кризи (ЦУК). Под контрола се ставени пожарите во Охрид: Косел – Расино – Опеница – Вапила, во Општина Богданци, кај месноста викана ...
Раздвиженост во Струмичко, трактори со преполни приколки со пиперка ајварка брзаат кон откупните пунктови. На високите температури и понекое облаче денес земјоделците ја берат црвената пиперка- популарната куртовска капија произведена во пластеници и стакленици. Задоволни рекоа дека сега на почетокот цената е добра и се надеваат дека откупувачите и преработувачите ќе се придржуваат кон договорените откупни цени. Во Муртино се откупува црвена ...
Сува трева, стрништа гореле во липковско и кумановско, соопштија денеска надлежните од регионалниот центар за управување со кризи Куманово и од кумановската подружница на „Национални Шуми“. Сува трева и стрништа гореле во липковските села Матејче, Отља и Слупчане. Пожарникарите успеале да ги изгаснат. Трева и стрништа гореле и во кумановските села Четирце и Љубодраг. – Пожарите се локализирани и завршени, моментално на територијата на ...
Од денеска во Скопје ќе биде отворен хуманитарен пункт каде ќе се собираат материјални добра за граѓаните кои настрадаа од пожарите во Источна Македонија. Граѓаните ќе можат да донесат конзервирана храна, облека, патики, мебел, душеци и разни други материјални добра, кои потоа ќе бидат однесени во 30-тина села на околу 400 домаќинства. Пунктот ќе биде до „Ист гејт мол“, во близина на комуналното претпријатие. Акцијата е во координација на ...
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење, покажуваат резултатите од анализите што ги изврши ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. – Секторот за санитарна контрола во периодот од 29 јули 2024 до 1 август 2024 зема 162 примероци за физичко-хемиска и 162 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во Град Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања ...
Два хеликоптери од рано изутринава дејствуваат на опожарените подрачја северно од Охрид, црпејќи вода од езерото и гасејќи ги пожарите над селата Косел и Опеница. Од воздух се дејствуваше и вчера во текот на целиот ден, со хеликоптери и со три авиони ер-трактор. На терен се распоредени и екипи на Територијатната противпожарна единица, на општинските јавни претпријатија, на Подружницата на ЈП „Македонски шуми“, како и месното население во ...
Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе продолжи амандманската расправа за Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2024 година со кој вкупните приходи се планирани на ниво од 318,2 милијарди денари, а расходите на ниво од 362,8 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 2,1 процент, инфлацијата на ниво од 3,5 проценти, а буџетскиот дефицит на 4,9 проценти. Согласно Деловникот, амандманската расправа, која ...
Викендичката-ресторан на Исмет и Елвира Памиќ, кој се наоѓа веднаш до Прокошкото езеро (Босна и Херцеговина), ги нуди сите удобности на планински одмор. Покрај неверојатната глетка, нивните кулинарски вештини ги оставаат сите без здив – од јагнешко и бурек под вршник, до пилешко на скара, секое јадење е вистинско уживање. По таков оброк, домашно планинско кафе и тулумба се совршен крај. Дел од шармот на ова доживување беше и помошта на ...
Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во општина Кавадарци по негово барање оствари средба со двете земјоделски здруженија кои што се од регионот Федерацијата на фармери, Здружението на мали семејни винарии, претставници од Земјоделскиот инспекторат, Подрачна единица, пратениците, градоначалниците поради претстојниот откуп на грозје. „Она што сакам да ја информирам јавноста преку вас медиумите и ...
Пожарот во Пехчево со кој неколку дена по ред се бореа институциите и граѓаните од околината е локализиран. Најкритично беше кај месноста Равно Борје, а во гаснењето целосно беа вклучени поголем број на луѓе, за што од Општината изразија огромна благодарност до сите нив. Во пожарот изгоре борова шума, а точната површина на опожарените парцели од Општината и надлежните органи дополнително ќе се утврдува. Покрај шумата, во огнените стихии ...
Сицилија се соочува со невидена суша која трае веќе месеци. Италијанската Влада издвоји 20 милиони евра за помош на погодената област. Земјоделството, особено сточарството, е најпогодено. Многу сточари се принудени да ги убиваат животните поради недостиг на храна и вода. Речиси два милиони жители се подложени на рационализација на питка вода, а шест од 29 вештачки езера се целосно исушени. Поради ова, во многу општини граѓаните добиваат вода ...
Имаме реална проекција на БДП, иако и таа е проследена со ризици. Важноста на реалните проекции произлегува од тоа што нереалниот БДП продуцира и нереални расходи во буџетите на корисниците, кои на крајот се трошат непродуктивно. Ова го посочи министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска на средба со новинари. „Првиот квартал и индикаторите од вториот квартал не упатуваа на тоа дека нема да се оствари проектираниот раст со ...
Црвен крст на Република Македонија соопшти дека отвориле жиро-сметка и телефонски броеви на Македонски Телеком и А1 за донации за настраданото население од пожарите, како и СОС телефонски линии за психолошка прва помош (ППП). ППП се обезбедува од оспособени волонтери на Црвениот крст. Секое заинтересирано лице погодено од пожарите може да поставува прашања и да добива одговори и совети за справување со ситуацијата што ја загрозува ...
Иако министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска се согласува со идејата на премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт и врски Александар Николоски, средствата одобрени за изградба на пругата кон Бугарија, да се пренаменат, за пругата север-југ, смета дека во пракса тоа би било невозможно. Министерката на денешниот брифинг соопшти и дека веќе остварила средба со Европската инвестициска банка каде што ги бранела ...
Советот на Европската Унија на почетокот од мај годинава го одобри Планот за раст на Западен Балкан за кој финансиската рамка е 6 милијарди евра, а износот за Македонија е 750 милиони евра. За овие пари, многу се зборуваше во јавноста, но како што објаснија од Министерството за финансии на денешниот брифинг со новинарите, само 250 милиони евра се грант, а другите пари се заем. – Половина од 750 милиони евра, односно 375 милиони евра се заем ...
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ја повикува јавноста да биде посебно претпазлива се со цел спречување на пожари на ниво на предел. МЗШВ ја потсетува јавноста да биде внимателна во периодот кој што следи бидејќи како што се приближуваме до критичните периоди од сезоната на пожарите и зголемениот ризик од појава на пожари на ниво на предел, но и моменталната состојба со пожарите во земјава, од суштинско значење е ...
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, заедно со заменик претседателот на Владата задолжен за добро владеење Арбен Фетаи и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Флакрон Беџети го посетија селото Глумово во Општина Сарај, каде извршија увид во фабриката за преработка и производство на месни производи „Тиамо“. За време на посетата, министерот Дурмиши беше информиран од страна на менаџментот на компанијата за ...
Фамилија Здравески од село Мусинци годинава се приклучија на проектот „Договорно производство на бессемена лубеница“ на 2 ха површина. Го следиме нивното производство со сите агротехнички мерки, од садење, заштита, прихрана, наводнување, а сега на ред дојде и бербата на лубеницата. Она што може да се каже е дека работат цело семејство, произведуваат професионално и со мерак. Очигледно задоволни од родот, овие вредни земјоделци ја извршија и ...