Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска беше во посета на откупен пункт на грозје во Сопот за да се увери во текот на почетокот на бербата на грозјето. Тој беше информиран од страна на сопственикот на откупниот пункт на грозје и од земјоделците дека тоа што се откупува оди за извоз. „Цените се од 8 до 10 денари зголемени во однос на ланските цени, во делот на Шардоне, Темјаника, сортните вина. ...

Владата и Министерството за земјоделство наредната 2025 година ќе започнат со спроведување на 10-годишната програма, со која 20 милиони евра на годишно ниво ќе бидат одвоени за инвестиции и враќање на системите за наводнување во една функционална состојба. Ова при денешната посета на Делчево го најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуноски напоменувајки дека Владата и Министерството се свесни дека водата е ...

Европскиот информативен систем за шумски пожари (ЕФФИ) објави дека во Албанија од 1 јануари до 15 август годинава изгореле вкупно 29.143 хектари шуми. Само во текот на минатата недела пожарите изгореле 2.390 хектари шуми. Системот за сателитски мониторинг на Европската Унија од почетокот на годината забележал „1.159 термички аномалии на територијата на Албанија. Само во текот на минатата недела се регистрирани 410 термички аномалии, со ...

„Денес сум на работна средба со земјоделците од Делчево, Берово и Пехчево, поразговаравме за пласманот и откупот на сливата од реколта 2024 година. Она што денеска го добив како информација е дека се очекува род од околу 2.500 тони од овие три општини, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од Делчево. Тој посочи дека за жал родот е со полош квалитет поради временските услови, и оваа слива што се ...

Со апсолутен успех кипарската мисија ја заврши својата задача во справувањето со шумските пожари во Република Северна Македонија, соопштија од Секторот за шумарство при Министерство за земјоделство, рурален развој и животна средина на Република Кипар во однос на помошта испратена во нашата земја, а паралелно, на Фејсбук објавија видео од гаснењето на пожарите, јави дописничката на МИА од Атина. Во периодот од 7 до 14 август два авиони од ...

Во Делчево остварив средба со производителите на сливи од Делчево, Берово и Пехчево. Разговаравме за годинешната реколта, принос и квалитет на родот. Оваа година како резултат на сушата, но и градот којшто го зафати овој регион се очекува поголем дел од сливата да оди за индустриска обработка што директно ќе значи помали приходи за земјоделците. Ние како одговорна Влада и посветено Министерство коешто е на страната на земјоделците активно ...

Веќе трет ден беснее пожар во планината Стогово над дебарското село Гари. Според Џетан Мифтароски Командир на дебарската територијална противпожарна единица, засега интервенираат заедно со вработените на подружницата “Стогово” на ЈП” Национални шуми”. -Станува збор за планински, недостапен терен. Гореше сува трева и ситно стеблеста шума, но денеска е проширен и зафатена е високо стеблеста шума. Засега нема опасност за селото, но единствен ...

Оправдана мерка во услови на раст на инфлација кога системските решенија не се доволни е претстојното линеарно зголемување на пензиите, сметаат експертите, но истовремено нагласуваат дека ваквата мерка претставува притисок врз Буџетот и апелираат ад хок решенија да се избегнуваат. Пензионерите со септемвриската пензија којашто ќе им биде исплатена во октомври треба да добијат зголемување за 2.500 денари, а уште едно линеарно зголемување во ...

Во текот на вчерашниот ден, имаше вкупно 48 пожари на отворен простор, од кои во моментов 13 се активни, осум се под контрола, а 27 се изгаснат, соопшти Центарот за управување со кризи. Актвни се пожарите во Општина Македонски Брод во Јасен, во викенд населба Белица каде гори борова шума. Пожарот на Галичица, е на исток во правец на селата Лескоец и Стење, во општина Ресен, додека на Охридска територија на запад кон месноста Војтино и на ...

Вкупно 35 пожари на отворен простор имаше во текот на денешниот ден до 19 часот, од кои 13 се изгаснати, пет се ставени под контрола, а активни се 17 пожари. По два активни пожара има во општина Македонски Брод, кај „Јасен“ – Белица и кај село Девич, во месноста викана „Вртешка“, два во општина Кичево, кај селото Цер и кај селата Патеец – Козичино. Активен е пожарот на Галичица, во правец на селата Лескоец и Стење во општина Ресен, а на ...

На ГП Табановце за излез и влез се бележи зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, соопшти АМСМ. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини езголемен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно ...

Голем пожар во близина на Винарската визба „Струмичко поле“ – се шири во повеќе правци. На терен се 14 пожарникари со четири противпожарни возила и сé уште не може да се стави под контрола. Како што не информираше командирот на Противпожарната единица на Струмица, Александар Гудев во моментот не може да се стави под контрола, бидејќи се шири во повеќе правци и кон селата Сушево, Владевци, Добрашинци. Ветерот ги менува правците на движење на ...

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против три лица, татко и неговите два сина, кои се товарат дека заедно сториле кривично дело „предизвикување општа опасност“. За сите тројца е доставен и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор, информира денеска Јавното обвинителство. Лицата на 9 август 2024 ...

Домашните компании со интерес го чекаат финалниот концепт на критериуми и услови со кои ќе може да аплицираат за кредитната линија од 250 милиони евра најaвени како поддршка за македонската економија, а најавени под истите услови со кои владата ќе зема заем од Унгарија – 3,25% камата, три години грејс период и 12 години рок на отплата или вкупно 15 години. Досега низ изјави на владини претставници пред медиумите беа презентирани одредени ...

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА СТРУЧЕН СОСТАНОК Поради потврденото присуство на болеста чума кај малите преживари во регионот на централна Грција,со цел навремено информирање и подигање на нивото на будност Агенцијата за храна и ветеринарство, Ветеринарната комора и Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, организираат стручен состанок со ветеринарните друштва кои извршуваат активности од јавен интерес. Состанокот има за цел запознавање ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во „Дејли Клик“ на ТВ21 рече дека оваа влада ќе работи на зголемување на конкурентноста на македонските земјоделски производи со субвенционирање на трошоците за производство и намалување на производната цена. На тој начин на земјоделците ќе им се исплати производството, ќе имаат поголема заработка и можност да инвестираат во нова сезона. Една од важните мерки ја ...

Ситуацијата со пожарот на Галичица е под контрола и будно се следи. Во текот на вчерашниот ден биле ангажирани 120 пожарникари на линија од 10 километри, како и пет возухоплови – три ертарактори и да полициски хеликоптера, информира денеска раководителот за противпожарна заштита во НП Галичица Ѓуро Јовчески. На источниот фронт пожарот е ставен под контрола. Денеска на терен се 100 пожарникари. Пожарот е на два километра на територијата на ...

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов синоќа го испратил тимот од Словенија на хеликоптерот „кагуар“, пилотите и придружниот воздухопловен персонал, кои помогнаа во гасењето на пожарите во државава. Како што соопшти ЦУК, словенечкиот тим помогна „до максимум според можностите и на персоналот и според техничките можности на воздухопловите во справувањето со пожарите од поголеми размери во Македонија“. -Ангелов ...

Хрватска и Грција се најголемите корисници на средства од фондовите за спроведување на кохезијата и заедничката земјоделска политика на Европската Унија, покажува истражувањето на германскиот Институт за економија (IW). Хрватска била најголемиот нето-примател на пари од кохезиониот фонд со 2,45% од нејзиниот бруто национален приход. По неа следува Словачка со 2,06%, Унгарија со 1,77%, Летонија со 1,76% и Бугарија со 1,39% од својот БНД. ...

Цветан Трипуновски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, во „Дејли Клик“ на ТВ21 рече дека оваа влада ќе работи на враќање на системите за наводнување кои сега се уништени, и на модернизација на земјоделството. „Системите за наводнување се уништени, планираме да ги вратиме во 2025 година. Вториот сегмент е да помогне преку националните фондови да го модернизираме, со нова механизација, амортизацијата е помала, и во тој дел ...

Министерот за европски работи, Орхан Муртезани, денеска се сретна со амбасадорот на Бугарија во Северна Македонија, Ангел Ангелов, по повод завршувањето на неговиот мандат во земјата. Во тој контекст, акцентот на состанокот беше ставен на билатералните односи и модалитетите за идни соработки. Министерот Муртезани ја нагласи важноста на одржување на добрососедски односи со Бугарија, особено преку Програмата за прекугранична соработка на ...

Поради преголеми горештини,вчера во Комарно, Хрватска за прв пат се береше грозје во вечерните часови. Најголемата група берачи беа Непалци и иако никогаш порано не виделе грозје или винова лоза, тие направија одлична работа. Бербата се одвиваше под будното око на Дамир Штимац, сопственикот на лозјето и винаријата. „Навечер е полесно. Утре ќе спиеме и ќе се одмориме, и онака е топло, ништо не можеме да направиме“ – велат работниците. ...

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје, ќе се реализира и утре во раните утрински часови. На веб-страницата на Град Скопје беше соопштено дека дезинсекцијата ќе се врши денеска и утре. – Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, пишува на веб-страницата. Од Град Скопје ги ...

Вкупно 53 пожари на отворен простор низ државава се евидентирани во текот на вчерашниот ден. Од нив во моментов, 12 сѐ уште се активни, шест се под контрола, а 35 се изгаснати, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според соопштеното, три од активните пожари се на територија на општина Македонски Брод. По два се водат како активни во општините Кичево и Чашка. Огнените јазици се активни и во регионот на општините Дебар, ...

На ГП Табановце за излез и влез се бележи зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, соопшти АМСМ. Зголемен интензитет на сообраќај има и на патните правци надвор од градските средини. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и ...

Борбата со пожарите на отворен простор продолжува. Пожарникарите веќе 38 ден се без одмор и според информациите на Центарот за управување со кризи, последен ден без ниту еден активен пожар на територијата на државата е 8 јули. Само во август биле изгаснати 370 пожари на отворен простор низ целата држава. Вчера во попладневните часови започнаа четири нови шумски пожари. Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов соопшти дека пожари избувнале во Ресен ...

Унгарската нискобуџетна авиокомпанија „ВизЕр“ објави промоција наречена „Ол ју кен флај“, а тоа е годишен билет кој на клиентите им овозможува неограничени летови во текот на една година. На социјалните мрежи, пак, многумина предупредуваат за деталите Цената на овој билет за неограничени летови е 499 евра, со тоа што се работи за промоција. Стандардната цена за сите клиенти по 16 август ќе изнесува 599 евра, објави Кликс.ба. Како што ...

Според најавите на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев до крајот на годината ќе се интензивира исплатата на земјоделските субвенции. -Во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој во тек е анализа на сите досегашни мерки при што е поставена цел да се докаже оправданоста на подршката за секоја мерка поединечно како и досегашниот ефект од вложените ...

Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој е институција која има голема важноста за земјоделските производители и со особено внимание се следи нејзината работа, исплатата на субвенциите, повиците за ИПАРД и другите мерки од програмата за Рурален развој. Од неодамна прв човек на АФПЗРР е Илија Стоилев од кого побаравме одговор на неколку прашања кои се од интерес на земјоделците околу исплатата на субвенциите и ...

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во општина Свети Николе додели 84 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површина од околу 250 ха. Со овој настан се означија успешно завршени 4 (четири) Јавни повици за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини дo 3 хектари. По овие повици склучени се вкупно 967 договори за закуп на ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
33%
1003
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
3.09
38%
1003
weather icon

Загреб

18ᴼ / 16ᴼ
2.06
52%
1000
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
18%
1004
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
1.2
42%
1005
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
3.09
95%
1000
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
5.36
55%
1004
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
52%
1006
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
4.12
37%
1005
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
3.13
45%
1006
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
6.17
30%
1002
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
5.66
51%
1006
Currency

61.635

Currency

52.6135

Currency

71.1795

Currency

38.1626

Currency

38.3837

Currency

67.3039

Currency

7.74807

Currency

0.70936

Currency

0.33312

Currency

0.52509

Currency

1.15814

Currency

0.54978

Рутениум

51376.89

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Родиум

320703.70

Платина

68577.54

Бакар

13.22

Кобалт

45.39

Калај

55.99

Алуминиум

3.64

Злато

151413.64

Сребро

2812.48

Паладиум

47550.95