Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска на 28 корисници на дивечот во ловиштата им врачил 67 нови договори за одгледување и заштита на дивечот во ловиштата. Овие договори се во важност до објавување на јавен повик за давање на користење на дивечот во ловиштата. Со нив се уредува одгледување и заштита на дивечот во ловиштата, соопшти Министерството. Во јули месец, се додава во соопштението, на овие 28 ...
Покачувањето на минималната плата е регулирано со закон. Јас жалам за обидите на дел од раководството на синдикалните организации да бидат политичари или, пак, слуги на опозициски политичари или опозициски партии, а не да работат во интересот на работниците, одговори денеска премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање во врска со зголемувањето на платите, а со тоа и на минималната плата. – Мислам дека интересот на работниците е да има ...
Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш вчера го лишија од слобода С.Р. од радовишкото село Али Коч затоа што подметнал пожари во близина на селото. Како што информираат од МВР, вчера во 12:00 во ОВР Радовиш од страна на ТППЕ Радовиш е пријавено дека на две места во близина на село Али Коч настанале пожари, при што горела дабова шума. -По преземени мерки и активности, од страна на полициски службеници од ОВР Радовиш утврдено е ...
Поминаа околу 40 дена откако град предизвика штети во Тетово, Желино и Јегуновце. Земјоделците велат дека доколку Владата не ги обесштети, нема да можат да ги засадат есенските култури. -Чекаме што поскоро да почнеме да работиме бидејќи немаме можност. Штетата е преголема. Не знаеме колку ќе платат, но имаме преголема штета, за да почнеме да се подготвуваме за следната година, бидејќи оваа година заврши. Не знаеме колку ќе ни платат или не, ...
Грција го забрани движењето на кози и овци од нивните фарми за да се борат со смртоносната епидемија на „козја чума“. Министерот за земјоделство и рурален развој Костас Цијарас најави забрана за комерцијално колење на кози и овци, како и движење на животните. Мерките веќе се во сила во делови од централна Грција каде што за прв пат беше пријавена епидемијата. Вирусот, познат и како peste des petits ruminants (PPR), е многу заразен и ...
Петте лица од светиниколското село Стројменци, кои се заробени во пожарот, со помош на хеликоптер веќе се извлекуваат, изјави за МИА градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев. – Огнот во моментов е над селото Орел, накај селото Ранчанци. Во атарот на село Орел сега нема опасност по куќите и мислам дека ќе го стават под контрола, потоа од Стројменци накај село Ранчанци, накај манастирот Света Недела. Ме радува што во моментов има авиони, ...
Дојран ситуацијата моментално … Заменик-генералниот директор на „Национални шуми“, Кире Михаилов вели дека има неофицијални податоци дека пожарот зафатил некој објект и има повредени. Еден хеликоптер дејствува на пожарот во близина на Стар Дојран, кој избувна попладнево, а притоа беа зафатени и објекти. Пожарот се наоѓа на десната страна при влезот во Дојран, но ова подрачје е опасно за гасење поради неиспукани стари гранати од војните во ...
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска одржа тематска прес-конференција, осврнувајќи се на дефинираните цели по кои ќе делува Министерството за европски прашања за време на неговиот мандат. Тој се осврна на неколку важни прашања, како што се искористувањето на средствата од ЕУ преку ИПА фондовите, „односно предизвиците со кои се соочуваме, ризиците на кои сме изложени и мерките што ги преземаме за да ја подобриме нашата ...
На 14 јули Владата ја усвои драфт верзијата со придружните елементи на Реформската агенда и истата е испратена до Европската комисија на внатрешна консултација. До 31 јули треба да добиеме повратни коментари за да може после Владата врз основа на тие коментари да ја усвои крајната верзија на Реформската агенда, изјави денеска на прес-конференција министерот за европски прашања Орхан Муртезани. Тој додаде дека по усвојувањето, следува ...
Голем пожар избувна во Стар Дојран кај депонијата, во месноста Карач и според информациите оттаму се зафатени три куќи. Се евакуираат жителите, а повредени нема. Веста ја потврдија градоначалникот на Дојран, Анго Ангов и директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. Според Ангов, се работи за голем пожар кој гори веќе неколку часови и во неговото гаснење покрај месното население учествуваат пожарникари од Дојран, ...
Без решавање на спорот со Бугарија и уставните измени, нема да може да се одблокира пристапот кон ЕУ, изјави денеска министерот за европски прашања, Орхан Муртезани на прес-конференција во Владата. Запрашан дали се согласува со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски за уставни измени со одложено дејство, Муртезани додава дека прашањето треба што поскоро да се реши. -Како што евроамбасадорот и ...
Додека не се изгласа ребалансот на Буџетот, нема да има исплата на парите од „Мој ДДВ“. Директорката на УЈП Елена Петрова вели дека со сегашниот Буџет не се предвидени средства за исплата и дека е неопходно да има ребаланс пред да започне исплата на парите за второто тромесечие. -Би сакала да појаснам дека не е започната исплатата на Мој ДДВ. Оваа информација беше погрешно пренесена. Исплатата ќе започне после ребалансот на Буџетот. Имено, ...
Во светиниколско три села се зафатени од пожарите, додека во селото Немањици од пожарот се изгорени една четвртина од куќите, вели градоначалникот на општина Свети Николе Дејан Младев. Во моментот со огнената стихија се справуваат пожарникари од Свети Николе, доброволци, месното население, пожарникари од Штип, Неготино и Кавадарци и Велес. На терен е присутна и војската, а еден хеликоптер интензивно ги гаси куќите кои горат во село Немањици. ...
Пожари на отворено во непосредна близина на три села во кумановско се регистрирани попладнево. За жал, Македонија ја бележи и првата жртва. Како што информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов попладнево починато е повозрасно машко лице во кумановското село Кокошиње. Човекот најверојатно починал како последица од задушување. Неговата сопруга е евакуирана. Попладнево појавени се над 15 пожари на отворено кои се шират со голема брзина и ...
Рекорден број потенцијални измами и случаи на погрешно означување на маслиновото масло се забележани во првиот квартал од годинава во земјите од Европската Унија. Цената на маслиновото масло е повеќе од двојно зголемена во однос на 2018 година поради различни фактори, повеќегодишната суша и маслиновите насади погодени од екстремните временски услови. Како што растеше цената, растеше и бројот на „прекугранични известувања на ЕУ“, кои ...
Изјава на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски по средбата со претставниците на Стопанската комора на Северо- Западна Македонија: Благодарам претседателе, имавме денес навистина содржаен состанок со комората на Северо-Западна Македонија и мислам дека со сите предизвици со кои што компаниите се соочуваат бевме запознаени. Наш главен приоритет и примарен интерес е македонските компании да растат. Зашто е тоа интерес- затоа што колку ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска на средба со претставниците на Стопанска комора на Северо-Западна Македонија најави намалување на даноците. „Апсолутно во периодот кој што следи ќе ја анализираме и таа појава ние кажавме и тоа е дел од нашата програма дека ќе се стремиме кон намалување на даноците, но, да го видиме приходот оваа година каков ќе биде во Буџетот. Прво намалување премиерот ...
Прв работен ден и за новиот заменик директор на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Фадил Асани. Најави дека посветено ќе работи и придонесува за унапредување на агенцијата: “Од денес со задоволство ја прифаќам мојата нова позиција како заменик директор во Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој на Република Северна Македонија. Решен сум посветено да работам и да придонесувам за унапредување на ...
Евроамбасадорот Дејвид Гир во интервју за Радио Слободна Европа го поздрави „напредокот на македонската влада“ на патот кон Европската Унија. Според него, значителен напредок е постигнат не само во дискусиите за реформската агенда, туку и во самиот реформски процес, кој позитивно се развива дури и во краткиот период откако е формирана владата. Во однос на уставните амандмани, Гир истакна дека веќе има решение на маса. Тој потсети на ...
Првиот заменик председател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, по повод одбележувањето на 28 Јули, Светскиот ден на заштита на природата, со низа активности во парк-шумата Гази Баба, го најави официјалното започнување на кампањата: „Делувај сега, за природата!“. Министерот Меџити, заедно со група ентузијасти и поборници за здрава животна средина, со пример покажа како треба да се развиваат позитивните ...
Денеска во просториите на МЗШВ се одржа работна средба на одгледувачите на овци со министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски. Според изјавата на Насер Џемаили – потпретседател на Сојузот на одгледувачи на овци „Модерен овчар“, на средбата фармерите го запознале министерот со моменталната состојба во овчарството, проблемите со кои се соочуваат, а разговарале и за очекувањата на фармерите околу мерките на Владата и соработката со ...
26.07.2024 година, Скопје – Стопанската Kомора на Северо-Западна Македонија продолжува да ги подига своите капацитети, со цел на најефикасен начин да му служи на бизнис секторот, односно на компаниите членки. Во просториите на Комората се одржа обука за консултантски услуги во однос на опремата на компаниите од прехранбената индустрија со стандардот Халал, но не само, предводена од директорот на Агенцијата за Халал стандард, г. Дритон ...
Во просториите на МЗШВ министерот за земјоделство Трипуновски се сретна со претставници на Сојузот на одгледувачи на овци. „Започнуваме со исплата на заостанатите субвенции за 2023 година, субвенциите за предадено јагне во кланица, се обврзавме да се креира посебен јавен повик за закуп на државно земјиште наменето за сточарите. Овие состаноци ќе бидат пракса и се почести во иднина. Ја зголемуваме грижата за македонските сточари и нивната ...
Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов изјави дека сите пожари се изгаснати, освен пожарот на териорија на Македонски Брод кој покажува се уште одредена активност. Ангелов упатува и апел до сточарите и земјоделците, од следната недела кога се очекува зголемување на температурите, да бидат внимателни со палењето на стрништа. – Во Македонски Брод на некои места се уште може да се забележи чадење, а некаде и жешки точки. ...
ПОСТИГНАТ Е ДОГОВОР ЗА ОТКУПНАТА ЦЕНА НА ЦРВЕНАТА ПИПЕРКА, ПРВАТА КЛАСА ЗА 40, А ПРВА/ВТОРА КЛАСА ЗА 30 ДЕНАРИ ПО КИЛОГРАМ – информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Денеска во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство остварив заедничка средба со преработувачите и откупувачите на црвена пиперка. Постигнавме договор за откупни цени на црвената пиперка и тие истите ...
Министерството за економија и труд ќе ги субвенционира занаетчиите преку кофинансирање на 40 проценти од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000 денари по барател, направени зa набавка на нови машини или алати и дизајн на нов производ. Како што информираше денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, пред посетата на занаетчиските дуќани во Старата Скопска Чаршија, за повикот се предвидени 6.500.000 денари од Буџетот на ...
Ве информираме за цените на земјоделските производи кои се нудат на Кванташкиот пазар во Скопје на 26.07.2024 година. Лубеници – 12 ден/кг Дињи – 30 ден/кг Праски – 42 ден/кг Модри сливи – 30 ден/кг Грозје (црно) 40 ден/кг (бело) – 55 ден/кг Круши – 55 -65 ден/кг Кромид – 18 ден/кг Лук – 220 ден/кг Компир – 10 ден/кг Пипер (благ) 65 – 68 ден/кг Пипер (лут) 54 – 75 ден/кг Домати (црвен и розов) 35 ден/кг Модар патлиџан – 25 ден/кг Краставици ...
Мицкоски и Азески сакаат дијалог со Синдикатот за недела неработен ден. Компаниите кои ги исполнуваат условите ќе добијат пари од заемот а не оние кои имаат синдикална организација, дециден е премиерот. За стопанството ќе има и дополнителни 100 милиони евра од Европската инвестициска банка Премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, се согласни дека дијалог со Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ) ...
КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ – Најважна тема која треба да се разговара во највисоките кругови, меѓу земјоделците, невладини организации и научната фела. Тоа што порано за земјоделците беше само модерен израз на нешто што е далеку од нив, последниве 2-3 години интензивно го разбраа неговото значење. Климатските промени им ги измрзнаа овошките, го исушија грозјето, го изгореа сончогледот, го намалија родот на пченицата и јачменот, а со тоа ја поскапеа и ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска оствари средба со Дејвид Гир, амбасадор на Европската Унија во Македонија. „Разговаравме за тековните проекти во земјоделството, шумарството и водостопанството, за заедничкиот напор за подобрување на целиот земјоделски сектор, за реализацијата на проектите како и за поддршката од ЕУ за современо и одржливо земјоделство. Дел од проектите имаа застој заради ...