Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Температурите на трите природни езера во земјава и натаму се над просекот за јули. Во Дојранското утрово се измерени 29,7 степени, во Преспанското 25,5, а во Охридското Езеро 26 степени целзиусови. Во однос на водостоите, според хидролошките мерења на УХМР, Преспанското и Охридското Езеро денеска се за еден сантиметар пониски од вчера, а кај Дојранското нема промени. Водостоите на реките не бележат големи промени во однос на вчерашниот ден. ...
Поради активен пожар на регионалниот пат Неготино – Штип, кај село Пепелиште, сообраќајот е во прекин за сите видови возила, во двата правци, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на ...
Жетвата на пченицата е при крај, просечниот принос е 3 тона од хектар, а цената е 10 денари за килограм. Ова е главната вест, другата вест е дека земјоделците се незадоволни од откупната цена. Тие што имаат каде да ја чуваат и можат да издржат финансиски, ја складираат и ќе чекаат подобра цена. Другите ја предаваат кај откупувачи по 10 денари за килограм. Ова е генералната слика од терен, која ја потврди и големиот земјоделски производител ...
Општина Битола попладнево информира дека пожарот над Битола е повторно активен. На терен се противпожарните екипи кои работат на ставање на ситуацијата под контрола. Се бара и воздушна поддршка. – Паралелно се врши и координација со Општинскиот кризен штаб за вклучување на сите расположливи сили и ресурси согласно потребите. Во комуникација на градоначалникот Тони Коњановски со Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и ...
Во моментов четири хеликоптери и ер трактори вршат гаснење на пожарот и од воздух, на планината Серта од неготинска страна. Пожарот што избувна во средата околу 10.30 часот е се уште активен и денеска се гасне од земја и воздух. Неготинскиот градоначалник Горан Стојанов во изјава за МИА нагласи дека се прават максимални напори за справување со пожарот. – Пожарот што деновиве е активен на подрачјето на општина Неготино ги интензивира ...
Општина Битола информира дека пожарот над Битола е целосно ставен под контрола со сеопфатна и континуирана ангажираност на екипите на ТППЕ, поддршка од јавните претпријатија и дополнителна помош од Центарот за управување со кризи. Претпладнево како воздушна поддршка на противпожарните екипи, пристигна државна помош за Битола, составена од пет „Ер трактори“, од кои три од Дирекцијата за заштита и спасување и два од Турција кои се дел од ...
Екипите на ТППЕ Битола, како во текот на ноќта, така и утрово продолжуваат да работат на целосно ставање под контрола на пожарот над Битола. Од Општина Битола утрово информираа дека заедно со екипите на јавните претпријатија во моментот на терен се над 100 лица, за кои се обезбедени доволни количини на храна и вода. – Паралелно се одржува комуникација со центарот за управување со кризи од каде е најавена поддршка од воздух во гаснењето на ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. На обиколницата Битола, патен правец Прилеп – Ресен сообраќајот се ...
Министерството за одбрана на Република Хрватска испраќа авион Канадер со два екипажи во Република Северна Македонија за да обезбеди хуманитарна помош во гаснењето на пожарите, соопшти вчера Министерството во Загреб. Авион Canadair CL-415 со два екипажи се испраќа во Северна Македонија по наредба на вицепремиерот и министер за одбрана Иван Анушиќ, се додава во соопштението. Македонската влада завчера донесе одлука за постоење на кризна ...
Пожарот на планината Серта денеска ќе се гасне од воздух и од земја. На состанокот на Кризниот штаб на општина Неготино синоќа беше најавено дека ќе се дејствува од воздух со четири хеликоптери и три авиони за гаснење пожар, додека од земја ќе дејствуваат припадници на АРМ, МВР, ЕБР, пожарникари од повеќе градови, јавните комунални претпријатија, Национални шуми, ловџии и други доброволци. Обезбедена е и потребната механизација за ...
Температурата на водата во Дојранското Езеро изнесува 32 степени целзиусови, на Преспанското 29, а на Охридското Езеро 26,5 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Синоптичарите најавуваат дека во следните денови ќе се задржи сончево и многу топло време со максимална дневна температура која насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа ќе надминува 40 степени, поради што до крајот на работнава недела ќе биде активно ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска на полноќ се намалуваат за еден денар за литар, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), за денар и половина, а на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), за два денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,716 денари за килограм, информираат денеска од Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП „Национални шуми“, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. Ваквата согласност се дава согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор. Целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште се воведува на територијата со која ...
Според динамиката на објавени повици од новата ИПАРД 3 програма, годинава се очекува уште еден повик за Мерка 1 и Мерка 7. Доколку имате идеја за подигање нов овошен или лозов насад, да изградите фарма, да набавите земјоделска механизација и друго, ова е можноста која ви се нуди да инвестирате со со 60% грант од државата. Мерка 1 – Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства. Преку оваа мерка можете да инвестирате во ...
Поради зголемена фреквенција на возила, утрово времето на чекање на граничниот премин „Табановце“ за влез и на граничниот премин „Богородица“ за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по cуви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските ...
Борбата со огнените стихии во државава продолжува. Гаснењето на пожарот на планината Серта се очекува да прододолжи утрово со хеликоптери и ер трактори. Во меѓувреме премиерот Христијан Мицкоски најави дека наскоро пристигнува помош од Словенија, Србија, Турција и Црна Гора во борба против пожарите. Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов вчера доцна попладне изјави дека продолжува да гори пожарот на планината Серта, и оти гаснењето продолжува ...
Проблематичен е откупот на пченицата годинава. Според земјoделците несфатливо е како може лебното жито да се откупува по цени од 9 до 11 денари како од пред десет години кога изминативие години драстично се пораснати нивните трошоци за производство како и цените на лебот од страна мелничарите. Националната мрежа на земјоделците укажувајќи на сериозноста и тежината на состојбата бараат од премиерот Мицковски и од ресорниот министер поконретни ...
Пожарот на планината Серта меѓу штипските села Селце и Драгоево во моментов се гаси од воздух, изјави денеска за МИА градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Посочи дека станува збор за пожар кој е на непристапен терен и гори шума. -На терен се околу 100 пожарникари, припадници на АРМ, вработени на Национални шуми, доброволци ловџии и жителите на селата. Пожарот не може да се изгесне од земја, бидејќи гори шума, вели Јорданов. МИА ...
Пожар на четири места бил предизвикан на висорамнината Љубаш изминатава ноќ, причината најверојатно е човечки фактор, информираат денеска од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци. – Нашите пожарникари од рано утринава се на терен и интервенираа на четири локации. Благодарение на брзата интервенција пожарите се локализирани и изгаснати. Според првичните информации, човечки фактор е најверојатно причината за пожарот на четирите ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало 26 пожари на отворено во последното деноноќие и од нив активни утрово се водат пет. -Активните пет пожари се во општините – Неготино во атарот на с.Калањево (каде што гори ниска вегетација и шума); Ново Село над с.Бадилен, месност „Шамок“ (борова шума); Гевгелија, помеѓу с.Негорци и Кованец (мешовита шума); Долнени, над с.Црнилиште (нискостеблеста вегетација) и во Општина Штип, ...
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Зголемена фреквенција за влез и излез од државата има на граничниот премин Табановце. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна ...
Во државата се уште се активни пожарите на планината Серта во Неготинско и во Штипско и на планината Огражден близу бугарската граница. Се интервенира од земја и од воздух при што покрај ангажирањето на армиски и на хеликоптери на МВР, по неколку месеци повторно се ставени во функција и Ер тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување откако се надмина проблемот со пилотите. Се уште гори на планината Серта во Неготинско, а Кризниот штаб ...
Двајцата пилоти на Дирекцијата за заштита и спасување ги поминале процедурите потребни пред секое полетување и авионите ер трактори се упатени кон гаснење на пожарот во Неготинско, информира за МИА директорот на ДЗС Беким Максути. Според правилата пропишани од Европската асоцијација за цивилно воздухопловство (ЕАСА), пилотите пред секој лет прават меѓусебна контрола за нивната психичка и физичка подготвеност. Максути претходно за МИА појасни ...
Штабот за заштита и спасување при Општина Неготино и денеска излезе со апел и понатаму да нема движење во делот зафатен од големиот пожар на планината Серта. Штабот утринава одржа координативен состанок на кој се дискутираше моменталната состојба со пожарот. – Уште во седум часот утринава за сите кои учествуваат во акцијата за гаснење на пожарите обезбедена е храна, а на секои два часа се обезбедува и вода за пиење. Во акцијата за гаснење на ...
Топлотниот бран со многу високи температури што ја зафати земјава неповолно влијае на сите земјоделски култури. Единствено, како што велат агрометеоролозите, сувото и топло време е поволно за жетвата на јачменот која е при крај, како и за жетвата на пченицата која е во полн ек. -Загрозени се сите култури, пролетните, окопните, индустриските, градинарските, овошките, виновата лоза, особено оние каде нема доволно услови за наводнување. ...
Армискиот хеликоптер започнува со дејство врз пожарот на планината Серта каде утрово од земја гаснат поголем број луѓе, информираа утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Доцна синоќа од ЦУК соопштија дека благодарение на вчерашната одлука на Владата, со која се надминал повеќемесечниот проблем со пилотите на авионите, околу 10 часот на армискиот хеликоптер ќе му се придружат и два или три Ер трактори на Дирекцијата за заштита и ...
Мерка 1 – ИНВЕСТИЦИИ ВО ОСНОВНИ СРЕДСТВА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ СТОПАНСТВА Сектор за растително производство: (3) градинарски култури КОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ КОРИСНИК 1. Земјоделско стопанство: МИНИМАЛНИ ПРОИЗВОДНИ КАПАЦИТЕТИ СО КОИ ТРЕБА ДА РАСПОЛАГА БАРАТЕЛОТ ВИСИНА НА ПОДДРШКАТА Прилог 1 кон Деталната листа на прифатливи трошоци Напомена: За повеќе информации и изготвување на апликации испратете e-mail на [email protected] или јавете се на ...
Доколку планирате да инвестирате во рурален туризам, Мерка 7 од ИПАРД 3 програмата е токму за вас, бидејќи преку неа имате можност да добиете поврат на средстства во висина од 60% од инвестицијата. За да можете да аплицирате за користење на средствата од оваа мерка, треба да исполнувате неколку основни услови и тоа: Подобни апликанти за Мерка 7-Диверзификација на фармите и развој на бизниси, можат да бидат: – Физички лица: – Правни лица ...
Локална самоуправа Неготино упати апел до сите што сакаат да помогнат во гаснење на големиот пожар во неготинско, да се пријават во Општината на телефонскиот број 043/361-045. Ваквиот апел е само еден од заклучоците на денешниот состанок на општинскиот Штаб за заштита и спасување. – Се апелира до граѓаните на општина Неготино да не се движат кон населените места Калањево, Бела Вода, Липа, Брусник, Пештерница и околните места, се вели во ...
Од полноќ се намалува малопродажната цена на мазутот, додека цените на бензините остануваат непроменети, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Мазутот се намалува за 1,009 денари за килограм и тој од полноќ ќе се продава по цена од 47,625 ден/кг. Еуросуперот БС 95 и понатаму ќе се продава по цена од 84 денари за литар, Еуросупер БС – 98 по цена од 86 денари за литар, а дизелот по цена од 77 денари за литар. Непроменета ...