Движејќи се низ штипските полиња и патот кој води кон селата Сарчиево и Врсаково лесно се забележува новата гринфилд инвестиција за примарна обработка и преработка на компир – Агро Фуд Компани. Со финансиска поддршка од . милион денари од ИПАРД II програмата се изгради модерен објект по европски стандарди и набавена е современа и автоматизирана земјоделска механизација за обработка на земјоделските површини. Вкупната реализирана инвестиција е ...

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова од Тетовско упати апел до граѓаните и локалните институции во Полошкиот регион за поголема интеграција во однос на прашањето на справување со отпадот. Таа посочи дека двете страни редовно треба да ги исполнуваат обврските со цел да има почиста животна средина. – Граѓаните бараат услуга, јавните претпријатија треба да дадат услуга. Меѓутоа граѓаните за да добијат услуга, треба да ...

Бројот на работниците во индустријата во септември годинава, во однос на септември лани, е зголемен за 2.4 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен бележи опаѓање од 1.6 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 3.1 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 5.1 %. Според главните индустриски групи, бројот на работниците во ...

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „Примање поткуп“. Како што информира денеска Јавното обвинителство, осомничениот 58-годишник, вработен во Шумската полиција, директно за себе побарал 18.000 денари за да не изврши службено дејствие што би морал да го изврши, односно за да не му прави контрола на сведокот – референт за ...

Противпожарните тимови во текот на вчерашниот ден интервенирале на пет пожари на отворен простор, од кои до утрово се уште еден се води како активен. Тоа е пожарот во општина Дебар, кај месноста „Красница“, во реонот на село Гари, на планината Стогово. Како што соопшти ЦУК, вчера околу 12:45 часот преку единствениот број за итни повици 112 во ЦУК е добиена дојава за пожарот. Од Регионалниот ЦУК Дебар стапиле во контакт со ТППЕ Дебар и ЈП ...

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ поевтинуваат за 0,50 денари по литар, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 1,50 денари. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Литар ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 83,50 денари, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 81,50, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) ќе чини 81,00 денар. За 0,883 денари се ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска заедно со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во рамките на нејзината официјална посета на Северна Македонија, ја посетија компанијата „Џанвики ДОО“, која е специјализирана за преработка на зеленчук и овошје.. Овој индустриски капацитет е поддржан со претпристапна помош на ЕУ за рурален развој, ИПАРД 2, преку поддршка за изградба на ...

Временските услови се непогодни за обработка на нивите и сеидба со житни култури. Потпретседателот на Асоцијација на земјоделци, Гоце Сарафимов вели дека во одредени делови и не се почнати подготовките, бидејќи нема врнежи од дожд. -Нема дожд, земјата е тврда и е проблем. Поради ова сигурно ќе останат и некои ниви не насеани. Цената на пченицата и јачменот оваа година беа многу ниски, државата помогна околу овој проблем, даде субвенции по три ...

Програмата за поддршка за социјална сигурност на жените во земјоделството за 2023 година е одлично решение што овозможува земјоделките да добиваат паричен надоместок за време на мајчинство за период од 9 месеци. Тоа е голем успех за земјоделките и земјоделците, кои навистина ја заслужуваат оваа поддршка, велат од Националната федерација на фармери (НФФ). Преку оваа програма, како што појаснуваат од НФФ, земјоделките ќе имаат право на платен ...

Пожарникарите викендов изгаснале 20 пожари на отворено, а утрово нема активни пожари, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во саботата имало шест, а вчера 14 пожари и една лажна дојава за пожар на отворен простор во државата. ЦУК соопшти дека вчера гореле стрништа, сува трева, депонија, ниска вегетација и гранки од сеча. Дел од пожарите биле во општините Велес, кај село Иванковци, Валандово, кај село Марвинци, Струмица, кај село ...

Во Берово утрово е најстудено – еден степен, а најтопло е во Дојран, 12 степени. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до 7:30 часот два степени се измерени во Лазарополе, три во Битола, четири во Струмица, Тетово и во Маврови Анови, пет во Скопје – Петровец и во Демир Капија, шест во Прилеп, Велес, Куманово, Штип, Крива Паланка, Претор и Попова Шапка. Седум степени се измерени во Скопје – Зајчев Рид, Охрид, Кавадарци, ...

Летното сметање на времето заврши изутрина во 03:00 часот, поместувајќи се еден час наназад, со што почна зимското сметање на времето. -Согласно Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр63/23), летното сметање на времето завршува на 29 октомври во 03h 00min 00s, така што со поместување за еден час наназад ...

Договорното производство е најдобриот модел за секој земјоделец бидејќи на тој начин се решава најголемиот проблем – пласманот на земјоделските производи. За откупувачот тоа значи сигурна суровина, а за државата зголемено домашно производство на храна, зголемен извоз и можност за нови работни места. Ова беше кажано на Трибината во Битола, во организација на Агротим и фирмата „Fresh line“ каде присутните земјоделци беа запознати со проектот ...

Владата на седница донесе Одлука за престанок на важењето на Одлуката за забрана на трговците да вршат трговија со одредена стока Со оваа владина одлука, производителите, дистрибутерите и трговците ќе имаат можност да ги стават сите земјоделски и прехранбени производи на акција и промоција. И оваа одлука е донесена на предлог на Министерството за економија, по направени консултации со бизнис секторот, а во интерес на граѓаните да има акциска ...

Здружението на земјоделци производители на сончоглед заедно со директорот на „Кристал 1923“, Горанчо Лазов, заеднички побараа од Владата поддршка за годинешната реколта која поради неповолните временски прилики беше многу намалена. -Бараме од Министерството за земјоделство преку интервентниот фонд да добиеме субвенција од 6 па и 7 денари за килограм. Годинава поради лошото време приносот е многу мал, 1 200 тони од хектар, што споредено со лани ...

Уште една потврда дека успехот на Доворното производство зависи од откупувачот е позитивниот пример од работењето на Компанијата “Кристал 1923“ (поранешен Благој Ѓорев од Велес) и извршниот директор, Горанчо Лазов. Кога во 2018 година кога Лазов дојде во Влада со идеја да започнеме заедничка соработка, да го вратиме сончогледот на македонските ниви, настапи со уверување дека секое зрно од сончоглед кое ќе го отупи ќе го плати по договорената ...

Враќањето на сончогледот на македонските ниви, таа успешна приказна на Договорно производство која започна во 2018 година, мора да продолжи. На овој начин откупувачот има сигурна суровина, а земјоделските производители сигурен пласман. Владата се погрижи да имаат повисоки субвенции за сончоглед, а земјоделците добиваат и дополнителна поддршка како ѓубриво, зелена нафта… И се функционираше добро до лани, кога производството од 2000 тони во ...

Шведска, Австралија, Германија, УСА, Англија се само дел од државите каде што завршуваат преработките на „Бага Фоод“ Битола. Како преработувачка компанија нивните инвестиции се прифатливи за ко – финансирање преку Мерка 3 од ИПАРД програмата. Искористувањето на оваа можност финансиски им помогнала за целосна промена на подната површина на производствената хала како и набавка на систем за етикетирање, хоризонтален метален детектор и произведувач ...

Семејната компанија Агро Леска од Битола е производител на органски сокови од јаболко, праска, аронија и калинка. Поддршката од програмата за рурален развој и ИПАРД значително им помогнала во модернизирање на процесот во берба на производството и неговата преработка. Преку мерката за млад земјоделец имаат инвестирано во линија за пресовање, калибрација и полнење на соковите. За оваа инвестиција се поддржани со грант од 100% во висина од 1 ...

На предлог на Министерството за економија, на денешната седница Владата донесе Одлука за престанување на важноста на Одлуката за забрана за вршење на трговија на одредена стока, односно забрана на трговците на мало да нудат акциска продажба (акција) и промотивна продажба (промоција) при ставање во промет на земјоделски и прехранбени производи. Исто така Владата донесе и Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за посебни услови за ...

Претставници на здружението за производство на сончоглед во најголем број од реонот на Пелагонија на денешната средба со нивниот откупувач велешка АД „Кристал 1923“ попозната како Маслодајна заеднички се договорија и побараа од Владата поради годинашната суша која за повеќепати им го намали родот, како и намалената окупна цена, да им помогне преку Интервентниот фонд да добијат дополнителни средства по 6-7 денари од килограм произведен и ...

Делување на еко патроли за поздрава животна средина е само една од активностите на регионалното друштво „Еко – живот“ од Кавадарци. На денешната конференција посветена на екологијата, присутните беа информирани и за другите активности како стартување и организирање на Еко – инфо центар, информативен сервис за природата и природните ресурси, еколошко правно советување за територијата на општините Кавадарци и Росоман и друго. Еколошката ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска присуствуваше и се обрати на настан по повод почеток на санација и реконструкција на колекторски систем и отпочнување на постапка за изградба на нова пречистителна станица во Дојран. На настанот присуствуваа и се обратија и министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, амбасадорот на Република Словенија во земјава, Грегор Прескер, како и ...

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова најави пријави за одговорните во случајот со депонирање на опасен отпад од оловна згура во близина на реката Лепенец, а се чека на хемиските анализи кои се во тек. На новинарско прашање до каде е истрагата на инспекторите кои ја проверуваат документацијата на компанијата која е осомничена, министерката Шукова потврди дека државниот инспекторат започнал со истрага, а резултатите ...

На 26.10.2023 во 19.05 часот во с.Колари, кичевско, од полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки во рамки на Одделот за гранични работи при БЈБ приведен е Л.З.(41) од истото село. Тој во патничко возило „сеат толедо“ со кичевски регистарски ознаки, со приклучна приколка, кое го управувал, превезувал нежигосано огревно дрво – бука. Исто така, при негова контрола било констатирано дека Л.З. не поседува никаква документација ...

Противпожарните тимови вчера интервенираа на три пожари на отворен простор и сите ги изгаснаа, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје во текот на изминатото деноноќие гаснеле пожар на отворено од 19:20 до 21:05 часот. Три пожарникари и едно противпожарно возило гаснеле запалени отпадоци на површина од околу 500 квадратни метри во населбата Шуто Оризари. Скопските ...

Жителите од штипската населба Караорман денеска со возила и механизација го блокираа патот кон река Брегалница, со цел да ја спречат тешката механизација која секојдневно црпи песок од коритото и носи песок. Забележаа дека нивите им се уништени, реката пропаѓа, а се намалува и водата за пиење. Тие побара од надележните институции да се преиспитаат дозволите, но и кој од ова место веќе подолго време црпи песокот. – Денеска сме собрани да го ...

Еколошки настан „Подигање на јавната свест за значењето на водата”, на ниво на Вардарски регион, се реализира денеска во кавадаречката локална самоуправа. На средбата беше кажано дека АДКОМ – Здружение на даватели на комунални услуги на Република Северна Македонија во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање на РСМ, организира осум регионални настани согласно на проектот „Со подигање на јавната свест до одржливи ...

Шест пожари кои беа активни на отворено вчера се изгаснати по интервенција на противпожарните тимови, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во пожарите гореле сува трева и ниска вегетација, деградирана ниска шума, отпадоци. Според извештаите на Секторот за операции и координација во ЦУК, пожари имало кај село Лознани во Општина Битола, покрај патот за село Новаци во Општина Новаци, два пожара во населба Речани и кај село Рлевци во ...

Младите ширум Европа се поподготвени од постарите генерации да направат големи промени во животниот стил за да помогнат во борбата против климатските промени, но се помалку подготвени да преземат помали активности за да ја постигнат таа цел, покажуваат резултатите од анкета спроведена во седум земји. Истражувањето покажало дека младите се подготвени да имаат помали семејства, да престанат да користат автомобили и, иако во помал број, да станат ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
61%
1014
weather icon

Белград

28ᴼ / 27ᴼ
2.57
48%
1011
weather icon

Загреб

20ᴼ / 18ᴼ
2.57
61%
1016
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
4.63
68%
1015
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
3.3
60%
1013
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 20ᴼ
7.2
60%
1015
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
2.57
63%
1013
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
0.0
64%
1015
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.06
57%
1015
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
2.06
40%
1013
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
3.6
82%
1016
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
5.14
77%
1014
Currency

61.53

Currency

53.9615

Currency

72.9866

Currency

35.0321

Currency

39.3959

Currency

65.6314

Currency

7.50525

Currency

0.68687

Currency

0.37233

Currency

0.52309

Currency

1.3737

Currency

0.62895

Алуминиум

2.45

Кобалт

42.99

Никел

15225.00

Рутениум

19708.41

Калај

32.53

Сребро

1156.73

Злато

106452.73

Бакар

9.71

Паладиум

33629.68

Платина

37475.18

Родиум

186474.33

Цинк

2.63