Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Продолжува интервенцијата од воздух и од земја во гаснењето на големиот пожар во Националниот парк „Преспа” во општина Пустец. – Романскиот авион кој пристигна вчера благодарение на соработката со Европскиот механизам за цивилна заштита досега има извршено повеќе прелети. Интервенцијата од воздух и од земја со 120 ангажирани сили продолжува, со верување дека благодарение на оваа сложена операција ќе успееме целосно да ги локализираме сите ...
Фирмата изведувач која е задолжена за затворање на депониите од проектот Регионален систем за управување со отпад во Источниот плански регион, од 19 август ќе ги почне активностите за затворање на комуналната депонија во Кочани. Постапката за затворање е договорена на работната средба што градоначалникот Љупчо Папазов ја имаше со заменик-министерката за животна средина Ане Лашкоска, со претставниците задолжени за реализација на проектот од ...
Со осум нови лекови ќе биде проширена Позитивната листа, најави премиерот Христијан Мицкоски, кој рече и дека очекува во иднина уште повеќе да се проширува. – За Позитивната листа на лекови што Фондот за здравствено осигурување ја објавува, можам да кажам со задоволство дека бев информиран од страна на директорот, таа ќе биде проширена со осум нови лекови, што досега не беа на пазарот и со што ќе им се заштеди на осигурениците до два милиона ...
Велешките пожарникари од ТППЕ вчера попладне изгаснале пожар на сува трева во развиена фаза под село Грнчиште и покрај силниот ветар спречиле пламенот да ја зафати блиската борова шума,информираат денеска за МИА од ТППЕ Велес. Од мештаните има сомнение дека пожарот е подметнат бидејќи од местото на настанот забележале возило како се оддалечува. Од ТППЕ Велес интервенирале со едно противпожарно возило и четворица пожарникари спасители. Во ...
Јане Димески од Граѓанска иницијатива „Шанса за Центар“ денеска нагласи дека штом власта во лето не презема ништо околу аерозагадувањето, не очекува зима со смог. -Ние како граѓански иницијативи уште на изборите и во текот на кампањите баравме од партиите да се произнесат со конкретни мерки кои би се преземале веднаш по воспоставувањето на власта. Во оваа власт има амбициозно ветување дека ќе го замени начинот на греење на над 600 јавни ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска од Свети Николе му порача на Љупчо Николовски реално да гледа на бројките во ребалансот на буџетот. „Ние со ребалансот обезбедуваме дополнителни средства за исплата на заостанати субвенции, оние субвенции кои што тие како тогашна власт требаше да ги исплатат на земјоделците“, истакна министерот. Трипуновски додаде дека да работеше претходната власт како што ...
Од јануари до јули годинава издадени се лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од 179,72 мегавати, покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Според претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, пониски сметки за електрична енергија е клучната причина зошто интересот за инвестиции во обновливи избори не запира. ...
По објавите дека Собранието на седницата одржана на 13 август 2024 година ги усвои посебните закони со кои три природни локалитетети во земјава: Охридското Езеро, Kањонот Матка и Студенчишко Блато добиваат посебен заштитен статус, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) денеска информира дека Предлог законот за прогласување на Охридското Езеро за Споменик на природата, Предлог законот за прогласување на Кањонот Матка ...
Денеска, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, оствари протоколарна средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во Северна Македонија, Метју Лосон, на која беше реафирмирано цврстото партнерство меѓу двете земји, со фокус на тековната и идна соработка во клучните развојни области. Министерот Муртезани изрази благодарност за конзистентната политичка, економска и развојна поддршка од страна на Обединетото Кралство низ годините. ...
Земјотрес со јачина 2,4 степени по Рихтер, е регистриран утрово во 03 часот и 24 минути, чиј епицентар се наоѓа во соседна Република Грција и припаѓа на епицентралното подрачје Гевгелија-Гуменџа, 140 километри југоисточно од Скопје, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. -Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите во Богданци и ...
Две лица починале од вирусот Западен Нил во Грција, а регистриран е 21 нов случај во текот на минатата седмица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Од почетокот на сезоната заклучно со вчера напладне вкупниот број на заразени е 76 лица, а регистрирани се вкупно десет смртни случаи на возраст меѓу 61 и 92 години. Потврдени случаи на вирусот Западен Нил има во ...
Десеттина дена гори сртот на планината Галичица, на две локации, на потегот над селата Лескоец и Стење во атарот на Општина Ресен, како и месноста Војтино на охридската страна од планината. Гори нискостеблеста вегетација, а пламенот брзо се шири потпомогнат од воздушните струења и екстремно високите температури. Навечер може да се види и пламен на врвовите на планината во близина на границата кон Албанија, додека во текот на денот погледот ...
Во текот на вчерашниот ден имаше вкупно 49 пожари на отворен простор, од кои во моментов 12 се активни, седум се под контрола, 30 се изгаснати, соопшти ЦУК. Активни пожари: 1. Општина Македонски Брод 1: Јасен – Белица (борова шума); 2. Општина Кочани и Општина Македонска Каменица: с.Пресека– с.Цера (борова шума и папрат); 3. Општина Ресен: Галичица, на исток во правец на селата Лескоец и Стење, општина Ресен, додека на Охридска територија на ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за излез и влез се бележи зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со ...
Поранешниот министер за земјоделство, а сега пратеник Љупчо Николовски изјави дека со усвојувањето на ребалансот на буџетот се кратат пари за успешни мерки на минатата Влада: Во отсуство на аргументи и факти и со непродуктивни за граѓаните дебати и исти говори од мнозинството, беше усвоен ребалансот. Но кратко еве ги фактите за земјоделците во и со овој ребаланс: – за жал според ова нема да добијат авансна исплата на 30 % од субвенциите на ...
Српската компанија Енергогруп, како една од фирмите којашто учествува во изградбата на дистрибутивниот центар на една од најголемите компании со ланец маркети Лидл, своите работници вклучени во оваа зделка ги ангажирала преку мерката слободен пристап до пазарот на трудот во рамките на Отворен Балкан која за граѓаните на Република Северна Македонија, Србија и Албанија почна важи од 5 март 2024 година. Мерката произлегува од меѓународните ...
Министерството за образование и наука денеска објави Повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година и ги повика студентите што ги исполнуваат условите да се пријават. Студентите што ќе аплицираат треба да се државјани на Република Северна Македонија, редовни студенти на додипломски студии на државните и приватните универзитети, да не се во редовен работен однос, да не се регистрирани како ...
Во гаснењето на пожарот, со големи размери, во Националниот парк „Преспа” општина Пустец, попладнево се вклучи еден од двата авиона од вооружените сили на Романија, кои денеска слетаа во воздухопловната база Кучово. -Првата интервенција на авионот што пристигна денеска, како поддршка од Европскиот механизам за цивилна заштита, започна во Сува планина, во Пустец. Интервенцијата со авион и хеликоптер ќе продолжи, според дефиницијата за цивилни ...
Египетската државна агенција за набавка на житни култури неодамна го заврши тендерот со неочекувани резултати. Наместо планираните 3,8 милиони тони пченица, GASC купи само 280.000 тони, од кои 180.000 тони украинска и 100.000 тони романска пченица. Најголем дел од понудите пристигнаа од регионот на Црното Море, од производители од Русија, Украина, Романија и Бугарија, само 4 од Франција. Интересно, цените на пченицата беа значително повисоки ...
Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје, ќе се реализира в петок и сабота во раните утрински часови. Информацијата е објавена на веб-страницата на Град Скопје. – Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, пишува на веб-страницата. Се советува пчеларите навреме да преземат ...
Државните инспектори за труд вчера и завчера изрекле 16 решенија за забрана за работа за непочитување на препораките за заштита од топлотниот бран, откако затекнале активности на работници директно изложени на високи температури во период од 11 до 17 часот, информираа за МИА од Државниот инспекторат за труд (ДИТ). Во тек на инспекциските надзори спроведени на 12 и 13 август, деновите за кои Владата донесе препораки, изречени се и 19 решенија ...
Од утре до 2 септември пратениците официјално ќе го користат годишниот одмор, кој годинава е со задоцнување поради ребалансот на Буџетот. Вообичаено пратениците секоја година се на одмор од 1 август до почетокот на септември. – Пратениците ќе бидат на одмор од 15 август до 2 септември, но бидејќи Собранието е во постојано заседание не се исклучува можноста да се свикаат седници на работните тела или пленарна седница доколку се работи за ...
Пожарот кој вчера претпладне се појави во на територијата на Националниот парк „Маврово“ во атарот на селото Врбен и натаму е активен. Неговото ширење од утрово има северо североисточен правец и засега нема опасноста по имотите и куќите, информираат од НП Маврово. Огнот покрај смреки и други грмушести растенија зафати и дел од еловата шума со што го се зголемува и неговиот интензитет. – Штотуку добивме информација дека во гаснењето ќе се ...
Одгледувачите на портокали во Сицилија, Италија ги повикаа регионалните и централните власти да помогнат во зачувувањето на производството по појавата на екстремно високите температури и сушата. Две здруженија на сицилијански одгледувачи на портокал во заедничко соопштение рекоа дека ова лето сериозно го загрози нивното производство од климатски аспект и повикаа на итна акција за ублажување на влијанието на сушата, како што е надградба на ...
Топлотниот бран со температури над 40 степени што ја зафати државава е неповолен за земјоделството. Потребите за вода се големи, посебно за пролетните и окопните култури, а највеќе за пченката и сончогледот кој е во фаза на исполнување на зрното. Според агрометеоролозите, приоритет на земјоделците во овој период треба да биде наводнувањето, но мора да продолжи и примената на агротехничките мерки. -Овие временски услови се непогодни за сите ...
Противпожарните единици од Кочани и регионот во текот на ноќта и од утрово продолжија со гасењето на шумскиот пожар што вчера го зафати атарот на кочанското село Пресека на Осоговските Планини, а се прошири и кон селото Цера во општина Македонска Каменица. Проблем во интервенцијата е стрмниот и непристапен терен, поради што пожарникарите утрово добија и поддршка од воздух. Огненените јазици, кои со помош на ветерот достигнуваат и над 20 ...
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, утрово ги испрати пилотите и останатиот воздухопловен персонал на двата ПП авиони „ер трактор“ од Кипар, информираа од ЦУК. Како што наведуваат во соопштението, според техничките можности на воздухопловите и персоналот, двата „ер трактор“ авиони го дадоа својот максимум во справувањето со пожарите во земјава. Ангелов искажа голема благодарност за помошта и до нив лично и ...
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска оствари проштална средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир. Министерот му се заблагодари на евроамбaсадорот за неговиот професионален и личен ангажман за време на неговиот мандат и одличната соработка со Делегацијата на ЕУ во земјава, кои беа од исклучително значење за унапредување на соработката во различни области. ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира дека е воспоставен засилен 24 часовен надзор на сите гранични премини, со акцент на премините кон земјите каде е потврдено присуство на болеста чума кај малите преживари. Остварени се средби и координирани се активностите со Министерството за локална самоуправа, Центарот за управување со кризи и Министерство за одбрана, со цел навремено преземање превентивни мерки за спречување на појава и ...
Пожарникарот Ване Андрев од Кавадарци не можеше поинаку да го одбележи денешниот ден кога полни триесет години затоа што во моментов роденденот го минува во учество при гаснење на пожар во Пехчевско. МИА го контактираше кратко по телефон. Поразговаравме додека земаше здив и правеше мала пауза при работата. – Точно е, денес полнам триесет години. Наместо да славам со семејството и најблиските, веќе втор ден сум во Пехчевско, каде што ние ...