На 23.01.2026 во 11:40 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.А.(27) од скопско, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 60-годишен татко, дека на 22.01.2026 околу 00:30 часот на мобилниот телефон добил заканувачки пораки за неговиот и животот на неговата сопруга. По целосно документирање на случајот, против Д.А. ќе следува соодветен поднесок. На 23.01.2026 во 11:40 часот полициски службеници од СВР Скопје го ...

Под мотото „Воздух или смрт“, граѓаните на Струмица денеска излегоа на масовен протест, револтирани од алармантното загадување кое го рангираше нивниот град како седми најзагаден во Европа за 2023 година. Струмичани упатија остри пораки до надлежните, обвинувајќи ги за директно соучесништво во уништувањето на здравјето на народот заради бизнис интереси. Од говорницата беше порачано дека отровниот воздух во градот не е случајност, туку ...

На 23.01.2026 во 08:50 часот во ОВР Виница, 86-годишна жена од Виница пријави дека била измамена од едно лице за сума од 30.000 евра. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар од Словенија и и кажало дека нејзината ќерка, која била на привремена работа во Словенија, се здобила со тешки телесни повреди и за да ја оперираат била потребна одредена сума на пари. Според пријавеното, таа ги подигнала парите од ...

Платформата „SuportKocani“ ја објави статистиката за третата распределба на донациите наменети за лицата погодени од трагедијата во Кочани. Иако фокусот е ставен на солидарноста и помошта, бројките откриваат дека сериозен дел од хуманитарните средства завршуваат во државната каса преку персоналниот данок на доход (ПДД). Трета распределба: Помош од дијаспората Во рамки на последната фаза, распределени се вкупно 3.153.204 денари (бруто износ). ...

На 23.01.2026 во 13:14 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„3 Македонска Бригада“ во Скопје, настанал пожар во приватна фирма, Сервис за возила, сопственост на Б.С.(52) од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош на Б.С. му била укажана лекарска помош на местото на настанот поради вдишување на чад. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје. На 23.01.2026 во 13:14 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„3 ...

На 23.01.2026 година во 16:55 часот, во СВР Охрид е пријавено дека две маскирани лица, на нива лоцирана во селото Оровник, општина Дебрца, запалиле неколку бали со сено. Ширењето на пожарот било спречено со интервенција на сопственикот на нивата. Се преземаат мерки за расветлување на настанот по што, против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава. На 23.01.2026 година во 16:55 часот, во СВР Охрид е пријавено дека две маскирани лица, ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Т.(40) од охридското село Лескоец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Убиство во обид “ по чл.123 од Кривичниот законик. Тој, на 30.12.2025 година околу 01 часот, на локалниот пат во близина на струшкото село Ливада, со огнено оружје пиштол пукал кон паркиран автомобил „Голф“ и на возачот Џ.Д.П.(40) од Охрид, му нанел тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница ...

Од следната година, вакцинацијата против хуман папилома вирус (ХПВ) треба да стане задолжителна во Хрватска, по законските измени планирани за вториот квартал од оваа година, дознава Министерството за здравство. Ова би ја ставило Хрватска на страната на неколку земји кои веќе одлучиле да преземат таков чекор, со јасна цел: да го искоренат ракот на грлото на матката, болест која сега е речиси целосно спречена, на долг рок. Објавата доаѓа во ...

РС Македонија доби потврда за спроведувањето на економските политики од меѓународната кредитна агенција „Стандард и Пурс“, која го задржа кредитниот рејтинг на земјата на нивото ‘BB- со стабилни изгледи. Потврдата на рејтингот претставува јасен сигнал за стабилноста на макроекономската политика, умереното ниво на јавниот долг и способноста на државата навремено и континуирано да ги сервисира своите финансиски обврски, како и да обезбеди ...

Министерот за правда Игор Филков одговарајќи на новинарско прашање за Изборниот законик рече дека до Министерството за правда сеуште не се пристигнати номинации за формирање на работна група . ,, Испратени се 2 дописи до Собранието. Едниот е на 31 декември 2025 година а другиот на 20 јануари. Oчекуваме Собранието да одговори на нашиот допис со кој бараме да се номинираат по двајца претставници на парламентарните партии и независните пратеници ...

„Стабилноста на курсот на денарот е приоритет за Народната банка, којашто ја унапреди оперативната рамка за монетарната политика заради подобро управување со ликвидноста и зајакнување на преносот на монетарните сигнали“, се наведува во извештајот на агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“, којашто го потврдува кредитниот рејтинг на земјава на „ББ-“ со стабилен изглед. Во извештајот се бележи дека, во последниот квартал од 2025 ...

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска го одржува својот 31. Конгрес. Во присуство на делегати и членови, претседателот на партијата, Венко Филипче, се појави на говорницата и порача дека да се биде СДСМ никогаш не било само политичка определба. „Погледнете околу себе, погледнете го човекот до вас, ако некој ве праша зошто денеска сте тука, во ова време невреме, не му одговарајте дека сте тука поради партиската книшка, не му велете ...

Синдикатот на културата на Република Македонија внимателно и одговорно ги следеше сите случувања во текот на вчерашниот ден, вклучително и прес-конференциите на колешката Татијана Петрушевска и директорот на Националната опера и балет, г. Оливер Арсовски, како и јавните реакции на уметниците од оркестарот на Операта. Со оглед дека СКРМ беше директно споменат во сите овие јавни настапи, чувствуваме институционална и морална обврска пред нашето ...

„Новиот предлог-закон за заштита од пушењето предвидува мерки за подигнување на јавната свест и поддршка за прекин на зависноста. Пораката која ја испраќаме е дека системот им помага на пушачите да се откажат од пушењето, без притоа да бидат стигматизирани“, појаснува министерот за здравство, Азир Алиу. Предвидени се законски обврски за спроведување превентивни програми за откажување од пушењето, советувања и едукации, како и целокупна ...

Од понеделник на пладне, сите гранични премини во земјава и регионот ќе бидат под целосна блокада за товарниот сообраќај. Камионските превозници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора ќе го стопираат транзитот кон Европската Унија, во знак на револт против новиот систем за влез и излез (EES) на ЕУ. Економски колапс и транспортен хаос Протестот е насочен против новите правила за пресметување на деновите за престој на возачите ...

Прашањето за економската самостојност на младите станува сè поактуелно во услови на растечки трошоци за живот и ограничен раст на приходите. Иако платите во изминатиот период бележат зголемување, бројките покажуваат дека за голем дел од младите, особено на почетокот од работната кариера, самостојното живеење останува сериозен предизвик. Минималната плата во државата изнесува 24.397 денари и токму толку или малку над ова ниво прима значаен дел ...

Со поддршка од 81 пратеник, Собранието вчера ги изгласа измените на Законот за прекршоци, со што се отстрани и последната правна пречка за целосно функционирање на системот „Safe City“. Системот за автоматско санкционирање на сообраќајните прекршоци официјално започнува со работа на 1 февруари, најпрво во Скопје, Тетово и Куманово, со план набрзо да се прошири на целата територија на државата. За измените гласаа пратениците на владејачкото ...

Македонските здравствени установи се соочуваат со силен бран на сезонски грип и респираторни инфекции кој веќе почна сериозно да ги оптоварува болничките капацитети. Според податоците на Институтот за јавно здравје за третата недела од 2026 година, регистрирани се 2.062 нови случаи. Иако оваа бројка бележи благ пад во однос на претходната недела, вирусот циркулира со висок интензитет, а бројот на заболени е за дури 46 отсто поголем во ...

Прашањето „може ли да се преживее месецот со минимална плата“ во македонскиот контекст веќе не е само економско, туку егзистенцијално прашање. Бројките на Сојузот на синдикати (ССМ) за јануари 2026 година откриваат загрижувачки парадокс: една минимална плата едвај ја покрива само храната, но не и животот. 1. Парадоксот на „целосната“ плата Според податоците, минималната плата изнесува 24.397 денари, додека трошоците само за храна и пијалаци ...

Автопатот Кичево-Охрид, кој се гради веќе десет години, добива нови заштитни структури за да се надминат проблемите со теренот. Директорот на ЈПДП, Коце Трајановски, објави детали за изградбата на т.н. бетонски „галерии“ – специфични конструкции наменети за превенција од одрони на местата каде што земјиштето е нестабилно. Овој инфраструктурен проект, кој стана симбол за долгогодишни одложувања, е еден од најголемите инфраструктурни проекти во ...

Најновите статистички податоци откриваат загрижувачки тренд на пораст на ракот на грлото на матката во Македонија, при што болеста сè почесто се дијагностицира кај исклучително млада популација. На Клиниката за онкологија, бројот на нови пациентки скокнал од 74 во 2024 година на 122 во 2025 година, а најмладите пациентки кои се соочиле со оваа тешка дијагноза имаат само 18 години. На настанот по повод Неделата за подигнување на свеста за оваа ...

Во секое функционално демократско општество, довербата е „невидливата валута“ што ја овозможува стабилноста. Во Македонија, таа валута е во состојба на хиперинфлација. Најновите истражувања покажуваат дека јазот меѓу државниот апарат и народот достигна точка на критично вриење. 1. Бројките како суров индикатор Анализите на релевантни институции (како МЦМС, Евротинк и ИРИ) во последните години конзистентно цртаат мрачна слика: Правосудство под ...

Oвeн – Moжни ce нeдopaзбиpaњa и мaли пpeчĸи штo би мoжeлe дa ги oдлoжaт вaшитe плaнoви. Heĸoи пpoблeми ќe бapaaт пoвeќe тpпeниe и вpeмe зa peшaвaњe. Oбидeтe ce дa нe peaгиpaтe импyлcивнo – cмиpeнocтa ќe ви пoмoгнe пoбpзo дa нaпpeдyвaтe. Биĸ – Дoбpo e дa oдлoжитe cè штo нe e итнo и дa cи дaдeтe пoвeќe вpeмe зa oдмop. Aĸo тoa нe e мoжнo, нe ги пpeзeмajтe cитe oдгoвopнocти caми. Cпoдeлyвaњeтo и бapaњeтo пoддpшĸa ќe ви дoнecaт oлecнyвaњe. ...

Сопственикот на „Марковски компани“ и почесен конзул на Белорусија, Борче Марковски, ќе се брани од слобода. Основниот суд во Битола ја прифати понудената гаранција во имот и механизација, и покрај првичните противења на Обвинителството. Рекордна гаранција во имот и машини За да го напушти притворот во кој се наоѓаше од 9 октомври минатата година, Марковски заложи сериозен имот чија вредност е проценета на 4,9 милиони евра. Гаранцијата ...

Роден во Охрид, на Божик 1847 година. Монашки потстриг прими во 1873 година, во манастирот „Свети вмч. Пантелејмон“, Нерези. Потоа премина во манастирот Горен „Свети Илија“, село Бањани, а во 1874 година во братството на Марковиот манастир, за најпосле да се насели во селото Ракотинци и таму да го обнови манастирот „Свети Илија“. Во 1896 година основа келијно училиште за деца. Со своите молитви и со лекови од природата го лечеше Божјиот ...

Променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје, променливо облачно претпладне со појава на магла, попладне со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до ...

Земјотрес со магнитуда од 4,9 степени според Рихтеровата скала е регистрирано доцна вечерва во западна Турција. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), потресот се случил во 21:24 часот по универзално време (односно по полноќ, во 00:24 часот по локално време). Епицентарот на земјотресот бил лоциран во близина на градот Синдирги, на длабочина од 11 километри. Локација: Време: Земјотресот бил почувствуван во поширокиот регион ...

Повеќегодишниот спор меѓу Вашингтон и Пекинг околу судбината на ТикТок конечно е решен. Компанијата ByteDance објави дека е постигнат договор со кој апликацијата ќе продолжи да функционира во САД преку ново заедничко вложување со мнозинско американско сопствеништво. Со овој чекор се спречува најавената забрана која требаше да стапи на сила во јануари 2025 година. Клучни детали од договорот: Нова сопственичка структура: 80,1% 19,9% Главни ...

Идејата за забава без алкохол звучеше како контрадикција до пред неколку години. Денес, таа станува сè почеста и се сфаќа посериозно. Меѓу помладата публика, особено оние што припаѓаат на генерацијата Z, расте интересот за ноќно излегување кое не вклучува алкохол, туку вклучува музика, танцување, дружење и енергија. Ова не е минлив тренд, туку тренд што јасно може да се проследи преку промените во навиките, ставовите и приоритетите на младите ...

Повеќе од 100 лица се приведени во Косово под сомнеж за масовно фалсификување на резултатите од парламентарните избори одржани на 28 декември. Обвинителот од Призрен, Петрит Кријезиу, потврди дека станува збор за организиран обид за поткопување на волјата на граѓаните преку притисоци, корупција и манипулација. Клучни факти за истрагата: Масовни апсења: Манипулација со гласови: 68.000 гласачки ливчиња Целосно пребројување: Политички последици ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
4.12
66%
1015
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
66%
1018
weather icon

Загреб

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
64%
1020
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
58%
1018
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
0.83
94%
1018
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
79%
1020
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1012
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
81%
1014
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
71%
1015
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 7ᴼ
1.54
78%
1015
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 8ᴼ
1.34
56%
1017
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.6
100%
1013
Currency

61.6317

Currency

53.2406

Currency

71.214

Currency

37.2056

Currency

38.7434

Currency

67.4118

Currency

7.73126

Currency

0.64691

Currency

0.3352

Currency

0.5235

Currency

1.20128

Currency

0.56975

Бакар

10.68

Злато

166450.52

Платина

60154.05

Родиум

350443.14

Паладиум

45911.27

Рутениум

56199.51

Сребро

2840.84

Кобалт

66.14

Цинк

3.07

Иридиум

258288.78

Калај

43.90

Алуминиум

3.18