Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Безбедносните служби во Полска денеска неутрализирале дрон што летал над владините згради во центарот на Варшава, а двајца државјани на Белорусија биле уапсени, објави полскиот премиер Доналд Туск. „Пред малку, Владината безбедносна служба неутрализираше дрон што леташе над владината зграда на улицата Паркова и над палатата Белведер“, напиша Туск на мрежата X. Белведере е една од официјалните резиденции на полскиот претседател. Инцидентот се ...
Светската здравствена организација ќе препорача употреба на лекови за слабеење за лекување на дебелината кај возрасните, според нацрт-упатствата од агенцијата, во кои се апелира до земјите сериозно да ја сфатат состојбата како хронична болест. Експертски комитет на СЗО заклучи дека популарните лекови GLP-1, првично развиени од Ново Нордиск и Ели Лили, се дел од решението за долгорочен третман на дебелината кај пациенти со индекс на телесна маса ...
Најновата анкета на јавното мислење објавена вечерва на јавниот сервис, спроведена во пресрет на претстојните локални избори, покажува убедлива предност на владејачката ВМРО-ДПМНЕ пред опозициската СДСМ. Истовремено, анкетата открива дека за огромно мнозинство од граѓаните, личноста на кандидатот за градоначалник е поважен фактор при одлучувањето отколку неговата партиска припадност. ВМРО-ДПМНЕ со повеќе од двојно поголем рејтинг од СДСМ На ...
Најновата анкета на јавното мислење презентирана вечерва од јавниот сервис открива слика на длабоко поделено македонско општество во однос на перцепцијата за сегашната состојба во државата, но со преовладувачки умерен оптимизам кога станува збор за очекувањата за иднината. Речиси половина од граѓаните очекуваат подобар живот. На прашањето каков ќе биде животот во Македонија во наредните неколку години, речиси половина од испитаниците, или 48.1%, ...
Трагедијата во Велес во која животот го загубија три лица добива нова, постравична димензија, откако се појавија информации дека настанот е кулминација на долга историја на семејно насилство. Според новите сознанија, 31-годишната Р.К., која попладнево беше усмртена од нејзиниот поранешен сопруг, претходно повеќе пати го пријавувала во полиција за насилство. Како што дознава 4NEWS.mk, пред извесно време, 39-годишниот И.С., кој денеска ја уби неа ...
Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска се одржа брифинг со медиумите за состојбата по пожарот во складиштето за електронски отпад во Трубарево. Министерот Изет Меџити заедно со директорот на Управата за животна средина, Игор Никоски, директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, проф. д-р Дејан Мираковски, ги презентираа првичните ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека имал средба со српскиот актер Милош Биковиќ, кој по потекло е од Берово. На средбата, како што соопшти Мицкоски, Биковиќ изразил желба да вложи во својот роден крај преку изградба на хотелски и рекреативен комплекс. „На мое задоволство имав средба со познатиот актер Милош Биковиќ кој по потекло е од убавиот македонски град Берово. Разговаравме за неговата иницијатива за инвестиција во ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска донесе одлука за затворање на несoстандардната депонија за отпад во Никуштак, општина Липково. Во одлуката, Меџити посочува дека оваа мерка е донесена со цел заштита на животната средина, животот и здравјето на граѓаните, бидејќи постоечката локација за отстранување на комунален отпад во Никуштак не ги исполнува еколошките стандарди. Одлуката е донесена во согласност со ...
Попладнево во СВР Велес било пријавено дека на улицата „Кочо Рацин“ е пронајдено женско лице со повреди од остар предмет. Полициските службеници излегле на местото и утврдиле дека станува збор за Р.К. (31) од Велес, која со Итна медицинска помош била пренесена во велешката болница, каде што била констатирана смрт. Набргу потоа, во домот на нејзиниот татко на истата улица, бил пронајден мртов и нејзиниот татко К.К. (68), кој исто така имал ...
Деталните анализи на воздухот, водата и почвата од околината на опожарениот објект во Трубарево не покажуваат зголемени нивоа на радиоактивност, соопшти денеска Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), отфрлајќи ги стравувањата на јавноста за радијациона опасност по пожарот во фабриката за рециклирање. Резултатите од мерењата за присуство на тешки метали во почвата се очекуваат во текот на утрешниот ден. Стручен тим од ИЈЗ, во координација со ...
Настанувањето на острови обично подразбира движење на огромни тектонски плочи во текот на векови, ако не и милениуми. Сепак, во Алјаска ново острово се појави за само четири децении! Планинскиот врв Prow Knob некогаш бил опкружен со дебел слој мраз од глечерот Алсек. Најновите сателитски снимки, меѓутоа, покажуваат дека сега е опкружен со вода и одвоен од копното. Глечерот стана „жртва“ на климатските промени Сателитскиот снимок од „Landsat 8“ ...
Семејствата на жртвите од автобуската несреќа кај Ласкарци денеска излегоа на протест во Гостивар, барајќи спроведување на правосилната судска пресуда. Тие реагираат дека дел од осудените за трагедијата со автобусот на „Дурмо Турс“ слободно се движат низ градот, присуствуваат на свадби и секојдневно се гледаат на улиците. Адвокатот на семејствата, Владимир Николовски, изјави дека законските олеснувања поради здравствени причини се ...
Крвавата драма се случи попладнево во Велес, кога момче дошло во семејната куќа на својата девојка и со нож и нанело повеќе убоди. Потоа, истиот со нож го нападнал и нејзиниот татко. По нападот, момчето си го одзело животот, дознава Дума.мк. Од Општата болница во Велес потврдија дека по 16 часот во Ургентниот центар биле донесени две лица – едно женско и едно машко. Д-р Ванчо Граматов, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес: „Прво беше примено ...
На 14.09.2025 во 07:50 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ја лишиле од слобода Ј.Н.(28) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава дека на 13.09.2025 околу 22:10 часот во Штип со употреба на сила внела 21 – годишна девојка од Штип во возило кое го управувало друго женско лице, по што ја однеле во една штипска населба каде физички ја нападнала и ја снимала со телефон. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде ...
Армијата на Република Северна Македонија информира дека за првпат во својата современа историја, македонските специјалци заедно со колегите од Командата на специјалните сили на Република Унгарија извршуваат координирани специјални задачи на тлото на сојузничка држава. Оваа активност е дел од заедничката операција „Operation Cold Peak“, која, како што велат од АРСМ, претставува потврда за највисоко ниво на обученост, интероперабилност и меѓусебна ...
САД и Кина постигнаа рамковен договор за социјалната мрежа TikTok, изјави американскиот министер за финансии Скот Бесант. „Тоа е помеѓу две приватни страни, но комерцијалните услови се договорени“, рече тој за време на разговорите меѓу САД и Кина во Мадрид. И претседателот Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг ќе се сретнат во петок за да разговараат за условите. Трамп, исто така, објави во понеделник на Truth Social дека договорот е ...
Американски воени офицери во понеделникот ги набљудуваа заедничките руско-белоруски воени вежби, а белорускиот министер за одбрана Виктор Кренин изјави дека можат да гледаат „сè што ги интересира“. Заедничката руско-белоруска воена стратешка вежба „Запад-2025“ започна во петок, 12 септември, во време на зголемени тензии со НАТО и два дена откако Полска собори руски беспилотни летала што влегоа во нејзиниот воздушен простор. Вежбата ќе трае до 16 ...
Во текот на изминатата ноќ заклучно со попладнево во реонот на Трубарево извршени се 13 интервенции од Итната медицинска помош, при што едно лице е транспортирано во болница и извршен е транспорт на неподвижно лице до друго населено место. – – Министерството за здравство ја следи состојбата и здравствениот систем е мобилизиран за справување со новонастанатите предизвици. Од извршените интервенции на Итната медицинска помош, само едно лице е ...
На 15.09.2025 во 01:04 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје е донесен М.И.(18) од Скопје. Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар извршиле разговор со В.И.(28) од Скопје, кој со возило го донел повредениот, при што тој изјавил дека на ул.„Методија Митевски“ едно лице, кое било со велосипед, неколку пати од огнено оружје пукало кон М.И. и го ...
На 14.09.2025 во 19:40 часот од СВР Штип, од Регионалниот центар за гранични работи Исток е пријавено дека тројца мотоциклисти, македонски државјани, пријавиле дека се изгубени на планината Осогово, над с.Саса, општина Македонска Каменица, во близина на државната граница со Република Бугарија и побарале помош преку бројот 112. Остварен е контакт со лицата и лоцирани се во шумскиот предел на непристапен терен на оддалеченост од околу 1000 метри, ...
На 14.09.2025 околу 18:05 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на локалниот пат од с.Богородица, гевгелиско, кон регионалниот пат 1109, 37-годишниот С.Ф. од Гевгелија, управувајќи мотоцикл „кавасаки“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и пренесен е во Општа болница Гевгелија, каде што во 19:22 часот починал. Лекар констатирал смрт, а по наредба на ...
Од ВМРО-ДПМНЕ ги објавија кандидатите за советници во Советот на Град Скопје. Како што велат, свесни се за предизвиците кои ги очекуваат во Градот Скопје. „Имаме план и визија како да ги решиме проблемите кои се наталожуваа изминатиов период, и да го промениме начинот на функционирање на градот – кон подобро. Граѓаните се наша водилка и мотивација да работиме повеќе и подобро. За таа цел, ВМРО-ДПМНЕ кандидира чесни, образовани и успешни луѓе во ...
Пожарот што деновиве ја зафати депонијата во Трубарево е ставен под целосна контрола. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека површината е покриена со песок и земја, а евентуалното чадење што се појави утрово било веднаш изгаснато со специјална пена и дополнително затрупување. Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, изјави дека на терен остануваат дежурни екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје. „Доколку се забележи најмал ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска силно ги нападна изјавите на премиерот Мицкоски дека државата била цел на хибриден напад организиран од странски центри на моќ. Тој предупреди дека ова е злоупотреба на безбедносната сфера во државата од страна на врвот на власта. „Мислам дека ниту еден премиер до сега не се осмелил вака да ја потресе ситуацијата во однос на безбедносната сфера на земјата, ниту пак да ги злоупотребува ...
Водечките американски авиокомпании Делта Ерлајнс, Американ Ерлајнс и Јунајтед Ерлајнс потврдија дека суспендирале неколку свои вработени поради несоодветни објави на социјалните мрежи поврзани со убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк минатата недела, пишува CNN. Реакција на Делта Извршниот директор на Делта, Ед Бастијан, во интерно писмо објасни дека дознале за објавите на вработениот кои „далеку ги надминуваат границите на здрава, ...
Од коалицијата Влен велат дека ДУИ е партијата што ја дала дозволата за работа на складиштето за електронски отпад во Трубарево, отпад што се наоѓа во населено место, веднаш до градот Скопје. „Потписот на дозволата за работа на овој ризичен отпад е на министер, личен избор на Али Ахмети и близок и личен другар на Бујар Османи. ДУИ денеска се обидува да ја префрли одговорноста врз други, но граѓаните знаат дека токму оваа партија е главниот ...
Денеска пред македонската јавност беше презентирано визуелното решение за новата Универзална сала – модерен и функционален објект кој ќе го врати значењето на оваа култна локација и ќе ѝ даде нова енергија на културната сцена во Скопје. Проектот, кој беше преземен од Град Скопје, е задржан во делот на идејното архитектонско решение, а изработката е дело на проектантот Бујар Муча. Во конструктивниот дел беа направени измени врз основа на насоките ...
Предмалку, во 11:55 часот по локално време е регистриран земјотрес со јачина од 5,2 степени во централниот дел на Средоземното Море, јавуваат сеизмолошките служби. Епицентарот се наоѓал на координати 34.368; 16.476, на длабочина од 10 километри. Потресот е лоциран на околу 247 километри југоисточно од главниот град Валета и 250 километри југоисточно од Биркиркара, најголемиот град на Малта. Бидејќи земјотресот се случил во морскиот басен, не се ...
Утрово околу 8 часот се случи итно слетување на авион на аеродромот во Загреб. Како што дознавме од портпаролката на Меѓународниот аеродром во Загреб, авион на „Евровингс“ утрово побарал итно слетување на аеродромот „Фрањо Туѓман“. „Во согласност со пропишаните процедури, активирана е локалната постапка за итно слетување. Авионот слета безбедно, немаше закана за патниците, екипажот или инфраструктурата“, потврди портпаролката Лидија Чапковиќ ...
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Во временскиот период од август 2024 година до септември 2024 година и повторно од март до средината на септември годинава, осомничениот со намера за себе да прибави противправна имотна корист, со сериозна закана присилувал еден оштетен да му ...