Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари телефонски разговор со еврокомесарката за проширување, Марта Кос, на кој беа разгледани клучни прашања поврзани со економската соработка и евроинтегративниот процес на земјата. Во фокусот на дискусијата беа изнаоѓањето конкретни и одржливи решенија за предизвиците со кои се соочуваат професионалните транспортни оператори, како и прашањето за челичните тарифи. ...
Состојбата со сезонскиот грип во Македонија покажува знаци на смирување, но интензитетот на вирусот и понатаму налага сериозна претпазливост. Директорката на Институтот за јавно здравје, науч. сор. д-р Марија Андоновска, на денешната прес-конференција информираше дека во четвртата извештајна недела се регистрирани 1.708 случаи, што е значителен пад во однос на претходниот период. Сепак, црната статистика бележи загуба на човечки животи, а ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со Михалис Рокас, Амбасадор на Европската Унија во Република Северна Македонија, на која беше разговарано за напредокот во усогласувањето со европските политики за животна средина и клима, како и за спроведувањето на Зелената агенда за Западен Балкан. На средбата, министерот Хоџа истакна дека Северна Македонија вложува значителни напори за усогласување на ...
Денеска во Домот на Армијата во Скопје се реализираше реферирање за борбената готовност на Армијата за 2025 година пред претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, на кое присуствуваа и министерот за одбрана Владо Мисајловски и генералите во Армијата. Во рамки на реферирањето, кое го одржа началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, претседателката Сиљановска-Давкова се ...
Од МВР информираат дека на 28.01.2026 полициски службеници од ОВР Неготино, по наредба од Основното јавно обвинителство Кавадарци, лишија од слобода 40-годишник, 26-годишник, 22-годишник и 20-годишник од неготинско село, во врска со кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“ казниво по член 188 од Кривичниот законик. Тие се сомничат дека извршиле обљуба врз 13-годишна малолетничка. Лицата се задржани во полициска станица, а ...
На 28.01.2026 во 13:53 часот во СВР Штип 72-годишна жена од Штип пријави дека од едно лице била измамена за 2.600 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка паднала и се здобила со скршеници. Затоа требало итно да се оперира, а за операцијата требало да се плати, додека нејзиниот зет давал крв. Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, но потоа ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски информираше дека од Брисел пристигнале позитивни вести во врска со долгогодишниот проблем со македонските превозници. „Само што добив одлични вести од Брисел. Нашите ставови се прифатени, а возачите се признаени како професионалци – токму тоа што го баравме од самиот почеток“, истакна Николоски. Според него, по протестите и засилената дипломатска активност во изминатиот период, ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека се очекува Европската Комисија во најскоро време да предложи решение за проблемот со превозниците од регионот, кој предизвикува сериозни тешкотии во транспортот и логистиката. Тој потенцира дека Македонија има поддршка од земјите членки на ЕУ и дека е важно да се изнајде решение за доброто на целокупната економија. „Во однос на можните решенија, се разгледуваат неколку ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање денеска истакна дека техничката влада мора да остане затоа што не се созреани условите за нејзино укинување. „Сметаме дека е повторно политички трик да се дозволи власта да протне закон со којшто техничката влада формално ќе остане во следниот изборен циклус, а потоа ќе се укине. Ние изнесуваме аргументи и факти зошто техничката влада мора да остане, затоа што условите за ...
На социјалните мрежи се шири вознемирувачко видео кое предизвика бурни реакции кај јавноста. На снимката се гледа дете како малтретира домашно куче, држејќи го за едното уво и удирајќи го со другата рака. Во еден момент детето вели: „Што е со тебе проблемот“, додека кучето ржи и реагира, предизвикувајќи кај детето плач. Видеото е објавено на Инстаграм стори и веднаш предизвика реакции на осуда од граѓаните и здруженија за заштита на ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска јасно го соопшти ставот на Владата по прашањето за уставните измени. Според него, додека тој е на чело на Владата, нема да се разгледуваат уставни промени. „Уставни измени нема да има, додека сум јас претседател на Владата“, рече Мицкоски, истакнувајќи дека за да се размислува за вакви промени, треба да бидат исполнети минимум два услови. Првиот услов се однесува на македонската заедница во Бугарија, која ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години казниво според член 188 став 3 од Кривичниот зкаоник. Осомничените на 14.02.2025 година се договориле и со возило зеле 13-годишно девојче-жртва од Неготино со кое еден од осомничените претходно се познавал. Детето ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), како и претседателот Марко Бислимоски, истакнуваат дека се отворени за соработка со сите надлежни институции со цел да се расчисти случајот што јавноста го дозна преку Финансиската полиција. Од Комисијата информираат дека постапката за одземање на лиценца на компанијата „Тритерол Петрол“ е спроведена целосно согласно Законот за енергетика и ...
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(52) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ како и против Ф.А.(62) од кичевското село Зајас, А.Н.(38) од селото Србица, Х.Б.(37) од селото Црвевци и Б.С.(36) од селото Стрелци, за сторено кривично дело „Перење пари и други приноси од казниво дело“. Првопријавениот Ф.Д. во својство на градоначалник на ...
Процесот за подготовка на измени во Изборниот законик влегува во следна фаза, откако политичките партии ги доставија своите предлози за членови во работната група што ќе работи на ова прашање. Ова денеска го соопшти претседателот на Собранието, Африм Гаши, на брифинг со новинарите. Како што информира Гаши, списокот со предложени претставници веќе е испратен до Министерството за правда, а се очекува министерот Игор Филков во наредниот период ...
Британската влада денес објави дека Кина ги укина визите за граѓаните на таа земја, кои во иднина ќе можат да патуваат во Кина и да престојуваат во таа земја до 30 дена без виза. Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, кој е во Пекинг во рамките на петдневната посета на Азија, претходно денес изјави дека разговарал за предлозите за укинување на визите со кинескиот претседател Си Џинпинг, пренесува Скај њуз. Ослободувањето од визи ќе ја ...
УХМР издаде хидро аларм за денеска, предупредувајќи на потенцијална опасност од излевање на реките во некои делови на земјата. Според информациите, зголемениот водостој на одредени реки, комбиниран со очекуваните врнежи, може да предизвика поплави во низинските подрачја и на крајбрежјата на водотеци. Од граѓаните се бара да ги следат локалните предупредувања и да ги почитуваат препораките на општинските служби за заштита и спасување. Мобилни ...
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните, а во текот на ноќта во западните делови. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен превец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно и тивко со повремени врнежи од дожд. T=7°C. P=960hPa. U=85%. V=2m/s. Продолжува периодот на променливо ...
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против М.Б., во својство на претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија. Пријавата е поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ според член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека официјално започна постапката за набавка на повеќе од 40 специјализирани возила за ЈП „Комунална хигиена“, што ќе ја унапреди чистотата и уредноста во градот. Тендерската постапка ја спроведува Министерството за транспорт во соработка со Светска банка, а по завршување на сите правни процедури, ќе започне и испораката на возилата. Покрај тоа, Советот на Град Скопје денес ќе усвои и ...
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов, заедно со стручни лица од Агенцијата, оваа недела одржаа работни состаноци со Министерот за локална самоуправа Златко Перински и со Градоначалникот на Град Скопје и Претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевки. На состаноците се разговараше за актуелни прашања од надлежност на АХВ и локалните самоуправи, за чие решавање е потребна заедничка соработка на институциите. ...
Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе Обвинителен акт против 8 физички и едно правно лице за продолжени кривични дела – Проневера во службата и Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство. За дејствија на проневера предвидена во член 354 од Кривичниот законик обвинети се поранешна директорка на ЈЗУ Општа Болница Прилеп и уште тројца вработени во болницата, кои во периодот ...
Протестот на транспортните компании од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија продолжува и денес, со блокирање на граничните терминали за товарен сообраќај кон земјите на Европската Унија. Превозниците, кои настапуваат заеднички преку своите здруженија, очекуваат Европската комисија да понуди решение за проблемот со ограничувањето на престојот на возачите во Шенген-зоната на 90 дена во период од шест месеци. Причина за протестите ...
Царинската управа заплени поголема количина тутунски производи без акцизни марки при контрола на малопродажен објект во Струга. Акцијата е спроведена од мобилни царински тимови и царински службеници од Царинарница Битола, при што е спречен обид за нелегална трговија со акцизна стока. Како што информираат од Царинската управа, запленети се вкупно 1.027 кутии цигари, 1.387 електронски цигари (вејпови), 530 парчиња цигарилоси, 503 пакувања тутун ...
Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека на посебниот шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. Истото, може да се изврши ...
Минималните утрински температури денеска се движат од -3 степени на Попова Шапка, до 9 степени во Демир Капија. Нула степени се измерени во Скопје-Петровец, Крушево и Маврови Анови, 1 степен во Тетово и Лазарополе, 2 степени на Зајчев Рид и во Струмица, 3 степени во Прилеп, Велес, Берово и Кавадарци, 4 степени во Охрид, Крива Паланка и Претор, 5 степени во Битола и Виница, 7 степени во Гевгелија, а 8 степени во Штип. Во изминатите 24 часа ...
Oвeн – Фoĸycиpajтe ce нa пpoeĸти ĸoи имaaт пoтeнциjaл зa виcтинcĸa oдpжливocт co тeĸoт нa вpeмeтo. Дeнec, чиcтитe нaмepи ce пpeтвopaaт вo ĸoнĸpeтeн ĸaпитaл, a вaшaтa eнepгиja пpивлeĸyвa лyѓe пoдгoтвeни зa paбoтa. He гyбeтe вpeмe нa пpaзни мyaбeти, тyĸy нacoчeтe ja вaшaтa peшитeлнocт ĸoн пpaĸтични чeĸopи. Биĸ – Фoĸycиpajтe гo вaшeтo внимaниe нa peшaвaњe нa тeĸoвнитe дoмaшни или имoтни пpoблeми зa ĸoи e пoтpeбeн ĸoнceнзyc. Дeнoт ви oвoзмoжyвa ...
Овој ден се споменува заради веригите во коишто свети Петар беше окован од беззакониот Ирод и кои при појавата на ангелот во затворот паднаа од него (Дела 12, 7). Овие вериги христијаните ги чуваа колку заради споменот на великиот апостол, толку и заради нивната исцелителна моќ, зашто мнозина болни се исцелуваа допирајќи се до нив (како од ризата на апостолот Павле; Дела 19, 12). Ерусалимскиот патријарх, свети Јувеналиј, овие вериги ѝ ги даде ...
Oблачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен прaвец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени. Во Скопје, облачно и магловито, а попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а ...
Tри момчиња, браќа на возраст од шест, осум и девет години, трагично ги загубија животите откако паднаа низ мразот на приватно езерце во Бонам, на север од американската држава Тексас. Нивната мајка, Чејен Хангаман, рече дека очајно се обидувала да ги спаси своите синови извлекувајќи ги од ледената вода и кревајќи ги на површина, но мразот постојано се кршел под нивната тежина. „Беа тројца, а само еден од нив бев јас… па не можев да ги ...