Форд го намалува производството во својот центар за електрични возила во Келн за една смена и планира да намали до 1.000 дополнителни работни места. Одлуката се донесува поради пониските очекувања за продажба на електрични возила во Европа. Преминувањето кон работа во една смена е планирано за јануари 2026 година, според Ројтерс, АП и ДПА. Дополнителните намалувања следат по програма што започна во 2024 година, која предвидува намалување на ...

На 23 септември 2025 година, три нови роботизирани вселенски летала ќе бидат лансирани кон Сонцето од вселенскиот центар „Кенеди“ на НАСА во Флорида. Тие ќе ја проучуваат нашата ѕвезда и нејзиното влијание врз Земјата и другите планети во Сончевиот систем, што научниците го нарекуваат „вселенско време“. Ова е заедничка мисија на НАСА и NOAA – Националната океанска и атмосферска администрација на Соединетите Американски Држави. Трите инструменти ...

Околу 1.400 туристи беа евакуирани од Мачу Пикчу поради протест во областа на познатото археолошко наоѓалиште во Перу, објави агенцијата Франс Прес, повикувајќи се на властите. Демонстрантите кои бараа нова компанија да ја преземе автобуската линија помеѓу најблиската железничка станица и Мачу Пикчу се судрија со полицијата. Четиринаесет полицајци беа повредени додека расчистуваа блокада на патот. Властите успеаја да евакуираат околу 1.400 ...

Британските возачи на камиони заработуваат до три пати повеќе од нивните унгарски колеги, па дури и имаат заработено повеќе од германските возачи – и покрај честите поплаки за платите и условите за работа, покажуваат новите бројки. Според trans.info, недостигот на работна сила по Брегзит и големите економски нееднаквости низ Европа создадоа континент каде што географијата ја одредува платата повеќе од возачките вештини. Со бруто месечна плата од ...

Авион на швајцарската авиокомпанија Swiss International Air Lines, кој требало да лета за Цирих, мораше нагло да го прекине полетувањето од меѓународниот аеродром „Логан“ во Бостон поради проблеми со моторот. Инцидентот се случил додека авионот се движел по пистата за подготовка за полетување, кога од задниот дел на леталото излегле пламенови. Настанот е снимен во живо и емитуван на YouTube, каде што се гледа како моторот се запалува во моментот ...

На 16 септември 2025 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка. На седницата беа разгледани најновите податоци и информации за светската и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. На седницата беше одлучено каматните стапки да останат исти, односно каматната стапка на ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), од 15 септември почна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста беснило. Кампањата се спроведува со авионско фрлање на вакцинални мамки од спортскиот аеродром во Штип и се реализира со финансиска поддршка од Европска здравствена и дигитална извршна агенција (HADEA). Вредноста на поддршката од Агенцијата за период од три години за пролетната и есенската орална ...

Белградската полиција го уапси Т.В. (47) поради насилно однесување кога нападнал постара жена на бензинска пумпа. Според првичните информации, мажот е осомничен за напад врз жена на бензинска пумпа на Трошарина, во белградската општина Вождовац. Наводно бил нервозен бидејќи постарата жена Б.В. (69) полека го полнела резервоарот. Разбеснет од ова, тој ѝ се приближил и ја удрил во главата, по што бил уапсен. Истрагата ја води Второто обвинителство ...

СЕ почесто кандидатите за работа никогаш да не добиваат одговор од потенцијален работодавач по една или повеќе рунди интервјуа. Овој фрустрирачки феномен, познат како „ghosting“, ги тера многумина да се прашуваат што направиле погрешно. HR професионалецот Алисон Грин објаснува зошто се случува тоа и што можете да направите во врска со тоа, пишува The Cut. „Ветуваат дека ќе се јават назад, а потоа едноставно исчезнуваат“ „Неодамна се преселив и ...

Oвeн – Baшитe pacпoлoжeниja чecтo ќe ce мeнyвaaт, нo ќe пoĸaжeтe дoвoлнo вoлja и peшитeлнocт дa нe ce oтĸaжeтe oд oнa штo гo caĸaтe. Sвeздитe ќe ги пoддpжaт вaшитe пocтaпĸи. Cpeќaтa ќe бидe вo близинa зa ceĸoj cлyчaj. Биĸ – Heĸoи нeбecни влиjaниja мoжe дa вe нaтepaaт дa ce чyвcтвyвaтe пpитиcнaти, нo нeмa лecнo дa ce oтĸaжeтe. Paбoтитe нe ce тoлĸy ĸoмплициpaни ĸaĸo штo изглeдaaт нa пpв пoглeд. Имaтe интepecнa идeja ĸaĸo дa пoeднocтaвитe нeĸoи ...

Голем водач и законодавец на народот Израилски. Роден е во Египет, околу 1550 година пред Христа. Четириесет години живееше во Египет на дворецот на Фараонот, четириесет години живееше како пастир во созерцание на Бога и на светот, а последните четириесет години го водеше народот низ пустината во Ветената Земја, којашто ја виде, но не влезе во неа, бидејќи во едно Му згреши на Бога (4Мој. 20,12). Се упокои во сто и дваесеттата година од својот ...

Променливо облачно, посвежо и ветровито со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер (над 60 km/h). Кон крајот на денот облачност ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Кон крајот на денот облачност ќе се намали. ...

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, остро ја критикуваше понатамошната ескалација на конфликтот во Газа од страна на Израел. „Она што се случува денес во Газа е ужасно. Сведоци сме на масовно уништување на населбите, систематско уништување на градот Газа“, изјави Гутереш во Њујорк во вторник. Тој рече дека станува збор за насилство од размер што не го видел во ниту еден конфликт за време на неговиот речиси деветгодишен мандат како ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторник потпиша извршна наредба со која се одложува до 16 декември спроведувањето на законот од 2024 година кој бара продажба на кинеската сопственост на TikTok. Одложувањето ќе му даде на ByteDance, со седиште во Кина, дополнителни 90 дена за финализирање на договор за пренос на американските средства на компанијата на американски сопственици. Договор меѓу САД и Кина Трамп во вторник објави договор меѓу ...

Со мирен протест на главниот плоштад во Скопје, граѓаните се собраа да искажат лутина и тага поради непостапувањето на институциите шест месеци по трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани. „Собрани сме да потсетиме дека институциите се неодговорни. Шест месеци никој не одговори на нашите барања кои се јасни – сите вмешани во работата на дискотеката мора да сносат одговорност. Нема да простиме“, рече Анастасија Павловска од „Кој е ...

Со мирен собир на плоштадот во Скопје, граѓаните се собраа да го искажат својот гнев и тага, барајќи одговорност од институциите за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. „Собрани сме да ги потсетиме институциите за нивната неодговорност и непостапување. Не видовме во овие шест месеци една институција да излезе со одговор на нашите барања, кои се многу јасни – сите вмешани мора да сносат одговорност. Ние не простуваме“, рече Анастасија ...

Пациент почина во Клиниката за онкологија. Според официјалното соопштение од Министерството за здравство, пациентот бил донесен во многу тешка состојба, со канцер во четврти стадиум и метастази во коските, дијагностицирани пред една година. Веднаш е иницирана процедура за обезбедување на деривати од крв, но за жал пациентот починал за време на тој период. Министерството ги демантира шпекулациите во јавноста за губење на медицинската ...

Двојното убиство и самоубиство што вчера го потресе Велес е фатална кулминација на повеќемесечен терор, физичко насилство и континуирано вознемирување кое 31-годишната жртва Р.К. уредно го пријавувала во полиција, но системот не успеал да ја заштити. Официјалните евиденции на СВР Велес, кои денеска се појавија во јавноста, откриваат застрашувачка хронологија на настани кои претходеле на вчерашната трагедија. Спиралата на насилство, според ...

Институтот за јавно здравје изврши вонредно испитување во засегнатото подрачје, и во неделата (14.09.25) беа земени примероци, мостри од страна на професионален експертски тим од ИЈЗ за испитување на радиоактивност во вода, почва, и воздух како и примероци за испитување на тешки метали во почва, земја и испитување на тешки метали во вода. Во текот на вчерашниот ден (15.09.25) ИЈЗ извести дека според резултатите и направените анализи, во земените ...

Се бара 83-годишниот Ѓорѓе Серафимовски од селото Фалише, кој утринава околу 10 часот излегол од својот дом со намера да се упати кон Тетово, но оттогаш му се губи трага. Семејството апелира до граѓаните доколку го забележат да ја известат полицијата или да се јават директно кај нив. Според описот, Серафимовски бил облечен во блуза со крагни и пруги, плави кратки панталони и носел шапка во крем боја. Доколку имате информации, веднаш јавете се на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Европската Унија да престане да купува нафта од Русија поради војната во Украина и му рече на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека мора да постигне мировен договор со Владимир Путин. Трамп ги опиша постојните европски санкции како недоволни и ги повика сојузниците во НАТО да воведат санкции врз Кина поради нејзината поддршка за Русија. Интересно е што, за разлика од Европа и Зеленски, ...

МЕЃУНАРОДНАТА организација за миграција (ИОМ) денес соопшти дека најмалку 50 лица загинале откако брод со 75 судански бегалци се запалил во близина на либискиот брег во неделата. ИОМ соопшти дека им обезбедува медицинска помош на преживеаните. Транзитна рута за мигранти Либија стана транзитна рута за мигранти кои бегаат од конфликти и сиромаштија кон Европа преку Медитеранот по падот на диктаторот Моамер Гадафи во 2011 година за време на ...

ТУРСКИОТ претседател Реџеп Таип Ердоган остро го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поради израелскиот напад врз преговарачкиот тим на Хамас во Катар минатата недела, велејќи дека Нетанјаху идеолошки е како братучед на Хитлер. „Исто како што Хитлер не можеше да го предвиди поразот што го чекаше, Нетанјаху ќе се соочи со истата конечна судбина“, додаде тој по враќањето од Доха, каде што присуствуваше на вонреден арапско-исламски ...

Шест месеци по трагичната несреќа во дискотеката „Пулс“ во која загинаа 62 лица, а над 200 беа повредени, граѓани на Кочани и околните места денеска излегоа на мирен марш. Со болни пораки на транспарентите, родители, роднини и пријатели на жртвите јасно побараа правда и одговорност од државните институции. Протестната поворка се движеше низ централните улици на градот, носејќи транспаренти со слики од сите жртви. Најсилната порака беше испишана ...

Белорусија нема никаква врска со беспилотните летала што летаат над Полска или Литванија, изјави денес белорускиот претседател Александар Лукашенко. „И ако ние кукавме како што тие прават, по секој инцидент со беспилотни летала од Украина, Русија, преку Полска, Литванија, никогаш не сме го направиле тоа. Реагираме мирно во согласност со соодветните линии“, рече Лукашенко, пренесува Белта. Тој рече дека западните земји „кукаат“ откако Белорусија ...

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани, во која животот го загубија 62 лица, а повредени беа 203. Меѓу повредените беше и гитаристот на групата „ДНК“, Горан Тонев, кој трагичната вечер настапуваше со бендот. Тој два месеци се лекуваше во Солун, а денеска преку Инстаграм се огласи со емотивна порака и фотографии од колегите кои ја загубија битката со животот. „Поминаа шест месеци од ноќта која на сите ни ги ...

Познатиот актер, продуцент и режисер Роберт Редфорд почина на 89-годишна возраст. Познатиот актер и режисер е најпознат по неговата позната улога во „Butch Cassidy and the Sundance Kid. Редфорд, исто така, режираше наградувани филмови како „Обични луѓе“ и „Реката што тече низ него“. Неговата страст кон уметноста на филмот доведе до основање на Институтот Санденс, непрофитна организација која поддржува независен филм и театар и е позната по ...

На 15.09.2025 околу 17:15 часот во СВР Тетово, 45-годишна жена од тетовско село пријавила дека била измамена од Л.М.(48) од Косово за сума од 14.000 евра. Според пријавеното, тој се претставил како директор на градежна фирма во Германија, а го запознала преку колешка од Косово, со која работат заедно во Данска. Како што е пријавено, таа со него се договорила да купи стан во Германија и во текот на март 2025 година преку брз трансфер на пари во ...

Шест месеци по трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Општина Кочани потсети дека болката на семејствата и тагата на граѓаните сè уште не стивнуваат. Во соопштението се истакнува дека прекинатата младост, изгубените животи и одземените ближни создаваат уште поголема огорченост од системот кој, како што се наведува, со години дозволува корупцијата и криминалот да бидат посилни од законот и институциите. „Оваа трагедија е резултат на ...

Изборната трка за Струга влегува во решавачка фаза. Освен потврдените кандидати – независниот Менди Ќира поддржан од ВЛЕН и Арсим Далипи од Национална алијанса за интеграција (НАИ) во игра се појавува и генералната секретарка на Левица, Јована Мојсоска. Нејзината кандидатура, која јавноста ја доживува како „изненадување“, отвора сериозни сомнежи за вистинските мотиви. Според информации од терен, зад овој потег стои еден поширок план. Во него се ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
76%
1023
weather icon

Белград

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
82%
1024
weather icon

Загреб

8ᴼ / 2ᴼ
0.51
79%
1024
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
93%
1023
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.92
79%
1024
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 2ᴼ
0.51
87%
1022
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
7.2
85%
1017
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
82%
1019
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
62%
1021
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 9ᴼ
1.03
82%
1024
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.34
81%
1024
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
4.12
94%
1020
Currency

61.53

Currency

53.5432

Currency

69.8134

Currency

34.869

Currency

37.9335

Currency

66.0382

Currency

7.50983

Currency

0.65819

Currency

0.34762

Currency

0.52431

Currency

0.60355

Currency

1.27209