Најпознатата криптовалута во светот се соочува со сериозна криза. Цената на биткоинот утрово падна на најниското ниво во последните два месеци, достигнувајќи вредност од 81.102 долари за време на тргувањето во Азија. Ова претставува пад од 3,9% и е најниската точка уште од крајот на ноември минатата година. Распродажбата се забрза во текот на ноќта, а моменталната цена е за една третина пониска во споредба со историскиот максимум постигнат во ...

Воената хунта на Буркина Фасо ги распушти сите политички партии и ги укина законите што ги регулираат со декрет. Активистите велат дека мерката и слични мерки откако војската ја презеде власта со државен удар во 2022 година ги уништуваат граѓанските слободи и опозицијата. Активностите на политичките партии долго време се суспендирани во земјата, а новиот декрет бара пренос на средствата на партиите во државата, соопшти владината новинска ...

Американскиот претседател Доналд Трамп отвори нов фронт во својот трговски спор со Канада, заканувајќи се дека ќе воведе царина од 50% за авиони произведени во Канада и ќе го поништи сертификатот на авионите произведени во таа земја, освен ако Отава не се согласи да одобри серија авиони произведени од американскиот производител Галфстрим. Американскиот претседател во објава на својата социјална мрежа Трут изјави дека Канада „неправедно, ...

Утрово најстудено е на Попова Шапка каде измерени се -3 степени. Следуваат 0 степени во Лазарополе, Маврови Анови, Kрушево, 2 во Радовиш – Пожар, Пожаране, 3 во Претор, Охрид, Крива Паланка, Ѓуриште, Тополчани, 4 во Тетово, Прилеп, Берово, 5 во Битола, Виница, 6 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Кавардарци, Струмица, Штип, 7 во Велес, Демир Капија, 9 во Гевгелија. Најмногу снег, или 39 см има на Попова Шапка. Променливо облачно со ...

За прв пат по повеќе од половина век, луѓето повторно ќе се упатат кон Месечината. НАСА најави дека мисијата „Артемис II“ е закажана за лансирање на 6 февруари, означувајќи почеток на новата ера во истражувањето на длабоката вселена. Оваа мисија е клучен чекор во американскиот план за воспоставување долгорочно човечко присуство надвор од ниската Земјина орбита, а крајната цел е испраќање астронаути на Марс. Десетдневно патување околу ...

Програмскиот совет на Македонската Радио Телевизија ја уважи жалбата на новинарка и ја поништи дисциплинската постапка покрената против неа, откако таа беше санкционирана затоа што не поставила прашање на еден одреден настан на кој била присутна како известувач. На 25-та седница на Советот, одржана на 30 декември, членовите едногласно заклучиле дека непоставувањето прашање на прес-конференција не може да се третира како дисциплински престап, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп испорача јасен ултиматум до иранските власти, наведувајќи два клучни услови што мора да ги исполнат за да избегнат воена интервенција, додека американската морнарица го стега обрачот во Персискиот Залив. Тензиите меѓу Вашингтон и Техеран достигнаа точка на вриење по крвавото задушување на антивладините протести во Иран, што го натера Трамп отворено да се закани со употреба на сила. Два услови за мир ...

Oвeн – Πeтoĸ нocи пoтpeбa зa внaтpeшeн peд и jacнocт. Дoбpo e дa ce oбpнe внимaниe нa мaлитe чeĸopи и дa нe ce бpзa co дoнecyвaњe oдлyĸи. Πoчyвcтвyвajтe ги мoмeнтитe нa пayзa и дoзвoлeтe вaшитe миcли дa ce cмиpaт. Bo вpcĸитe, бapajтe paзбиpaњe, a нe дoĸaзи. Heĸoлĸy минyти тивĸo paзмиcлyвaњe или ĸpaтoĸ pитyaл зa cтaбилнocт ќe ви гo нaпpaвaт дeнoт пoлeceн и пoypaмнoтeжeн. Биĸ – Дeнec, cтaбилнocтa внaтpeшнo и нaдвopeшнo e нa пpвo мecтo. ...

Египќанец, роден околу 250 година во некое село Кома, близу Хераклеја. По смртта на неговите благородни и богати родители си го подели наследството со својата малолетна сестра, ја згрижи кај некои роднини, својот дел им го раздаде на сиромасите, а самиот во дваесеттата година од животот се посвети на подвижнички живот, како што тежнееше од детството. Најпрвин, се подвизуваше во близина на своето село, но за да го избегне обеспокојувањето од ...

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб ветер од променлив превец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 10 степени. Продолжува периодот на променливо облачно време со ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати јавна благодарност до американскиот претседател Доналд Трамп за неговото посредување во обезбедувањето привремена безбедност за Киев и другите украински градови во екот на екстремниот зимски бран. Ваквата реакција доаѓа откако Трамп објави дека во директен разговор со рускиот претседател Владимир Путин издејствувал еднонеделен прекин на нападите врз клучните урбани центри. Дипломатија во Белата ...

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ја предупреди извршната и законодавната власт дека одлуката за генерален штрајк е веќе донесена и ќе биде активирана доколку итно не се одговори на барањата за социјален спас на работниците. По масовните протести во главниот град, синдикалното раководство постави строги рокови за реализација на законските измени. Ултиматум до Владата и Собранието Синдикалците бараат до крајот на оваа работна недела ...

Националниот парк Шар Планина ја информира јавноста дека на територијата на паркот во моментов е присутна висока лавинска опасност, особено во деловите од планината кои се наоѓаат на надморска височина над 1700 метри. Зголемената лавинска опасност е резултат на специфична комбинација на временски услови, вклучувајќи ја температурата на воздухот, правецот и јачината на ветерот, како и снежните врнежи во изминатите неколку денови. Овие фактори, ...

Српската полиција, во соработка со Јавното обвинителство за организиран криминал, на 29 јануари заплени пет тони марихуана во реонот на селото Коњух кај Крушевац во централна Србија. Според министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ, ова е најголемата заплена на дрога во Србија досега, со проценета вредност од седум до десет милиони евра. Дачиќ рече дека во оваа операција се уапсени Н. С. (1986) и Р. С. (1958), додека едно лице се бара поради ...

Димитрис Маронитис, еден од седумте млади навивачи на ПАОК кои ги загубија животите во незамисливата трагедија во Романија, го загубил својот татко на истиот пат, според она што го кажале неговите роднини. Поточно, во разговор за „Стар“, роднини од семејството на несреќниот Димитрис со скршено срце изјавиле дека тој го загубил својот татко кога имал 12 години. Таткото на Димитрис бил професионален возач и според она што го кажале, го загубил ...

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова го потпиша Законот за измени на Кривичниот законик, појаснувајќи дека нејзината одлука претставува привремен и транзициски потег со цел да се избегне правен вакуум во државата. Како врховен командант и шеф на државата, таа истакна дека иако имала одредени сопствени забелешки на текстот, се одлучила на овој чекор по деталните консултации со Владата и поради фактот што измените добиле поддршка близу ...

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека известувањата и казните од системот „Безбеден град“ ќе бидат целосно прилагодени на Законот за употреба на јазиците. Овој потег има за цел да го спречи користењето на проектот за собирање политички поени преку националистичка реторика. Тој порача дека МВР ќе ги прилагоди опомените и информациите за прекршоци согласно законските прописи за јазиците за да се елиминираат етничките дилеми. Како што рече, ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, информираше дека Парламентарното собрание на Советот на Европа денеска донесе одлука за затворање на пост-мониторинг дијалогот со нашата држава, процес што беше отворен во 2000 година. Како што истакна министерот Муцунски, оваа одлука претставува важно институционално признание за напредокот и посветеноста на државата кон принципите и стандардите на Советот на Европа, како ...

Со свечена заклетва и официјално започна мандатот на Бојан Маричиќ како нов претседател на Државната изборна комисија (ДИК). По преземањето на функцијата, Маричиќ најави ново професионално поглавје насочено кон целосна посветеност на обврските и зајакнување на улогата на институцијата како клучен столб на демократијата. Законитост и зголемена доверба кај граѓаните Во својата прва изјава, новиот претседател на ДИК нагласи дека во претстојниот ...

Македонските превозници вечерва целосно ги повлекуваат блокадите од товарниот дел на сите гранични премини во државата. Одлуката на асоцијацијата „Макам-транс“ доаѓа по официјалното известување дека Европската комисија ќе донесе нова стратегија за визи, со која трајно ќе се реши проблемот со ограничувањето на престојот од 90 дена во шенген-зоната за професионалните возачи. По четиридневен застој, сообраќајот за влез и излез ќе се нормализира ...

Граѓаните и туристите во Скопје повторно се соочуваат со добро познатиот проблем со нерегуларните такси превозници кои наплаќаат вртоглави суми за кратки релации. На социјалните мрежи се појави предупредување за случај во кој странски гости биле измамени од таксист кој користел возило со ознаки на непостоечка компанија. Според сведоштвото објавено во групата „Travel to Macedonia“, инцидентот се случил на релација од трговскиот центар „Ист ...

Нападите врз полициски службеници во републикава одамна не се изолиран инцидент, напртотив секоја година гледаме раст наместо пад. Тие се повторуваат, се нормализираат и што е најопасно сè почесто се релативизираат. Удари, плукање, навреди, закани, туркања па и сериозни физички напади врз полицајци сè почесто се третираат како „инцидент“, „реакција во афект“ или „резултат на провокација“. Како да е прифатливо полицијата да биде мета… А ...

Технологијата која до неодамна звучеше како научна фантастика станува реалност за луѓето со тешка парализа. Себастијан Гомез-Пена, поранешен студент по медицина кој останал парализиран од вратот надолу по несреќа, е еден од првите луѓе во Велика Британија на кои им е вграден мозочниот чип на компанијата „Неуралинк“. Своето искуство тој го опишува како „магично“, нагласувајќи дека овој уред носи нова светлина во животите на оние кои ја ...

Премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница испрати остра и децидна порака во врска со евроинтегративниот процес, нагласувајќи дека уставни измени под диктат нема да има додека не се исполнат јасно дефинирани национални услови. Тој порача дека политиката на отстапки без реципроцитет е минато, а државата мора да покаже карактер за да ги заштити сопствените интереси. Постави и клучни столба како предуслов за било каков иден процес: ...

Од Американсиот универзитет на Европа-ФОН споделија тажна вест за смртта на нивниот професор д-р Самир Салиевски. Како што велат, Салиевски бил ценет колега и значаен дел од академската заедница на Универзитетот, кој со својата стручност, посветеност и професионален ангажман остави траен белег и даде значаен придонес во развојот на високото образование. „Неговата професионалност, интегритет и човечност ќе останат во сеќавањата на колегите, ...

Зоолошката градина во Битола се прости од еден од своите најпрепознатливи и најомилени жители – нилскиот коњ Берта. „Вчера семејството на Зоолошка градина Битола го напушти Берта, нашиот Нилски коњ. Берта беше омилена радост на најмладите наши гости повеќе од една деценија. Пред да се пресели во нашата ЗОО Градина, Берта, близу 40 години, се дружеше со жителите и посетителите и на зоолошките градини во Скопје, Белград и во Виена, од каде и ...

Професорката Тања Каракамишева е нов советник на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, задолжена за областа на човековите права и владеењето на правото. Веста за својот нов професионален ангажман ја сподели самата Каракамишева, истакнувајќи дека оваа позиција е резултат на долгогодишната соработка со премиерот и претставува голема чест, но и одговорност. Во својата објава, Каракамишева посочува дека човековите права и владеењето на ...

Вознемирувачкото видео кое денеска се појави на социјалните мрежи, на кое се гледа како дете грубо влече куче за уво и го удира, не е само изолиран инцидент, туку сериозен општествен аларм. Снимката на која детето го прашува животното „Што е со тебе проблемот“, додека кучето ржи во самоодбрана, предизвика лавина од осуди од граѓаните и здруженијата за заштита на животните. Но, зад гневот на јавноста се крие суштинското прашање: Како се гради ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари телефонски разговор со еврокомесарката за проширување, Марта Кос, на кој беа разгледани клучни прашања поврзани со економската соработка и евроинтегративниот процес на земјата. Во фокусот на дискусијата беа изнаоѓањето конкретни и одржливи решенија за предизвиците со кои се соочуваат професионалните транспортни оператори, како и прашањето за челичните тарифи. ...

Состојбата со сезонскиот грип во Македонија покажува знаци на смирување, но интензитетот на вирусот и понатаму налага сериозна претпазливост. Директорката на Институтот за јавно здравје, науч. сор. д-р Марија Андоновска, на денешната прес-конференција информираше дека во четвртата извештајна недела се регистрирани 1.708 случаи, што е значителен пад во однос на претходниот период. Сепак, црната статистика бележи загуба на човечки животи, а ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
71%
1014
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
4.12
62%
1017
weather icon

Загреб

12ᴼ / 10ᴼ
1.54
58%
1019
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
58%
1018
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
1.08
93%
1018
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
1.03
80%
1019
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
75%
1013
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
81%
1014
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
58%
1015
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
3.13
75%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
55%
1018
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.6
100%
1013
Currency

61.6317

Currency

53.2406

Currency

71.214

Currency

37.2056

Currency

38.7434

Currency

67.4118

Currency

7.73126

Currency

0.64691

Currency

0.3352

Currency

0.5235

Currency

1.20128

Currency

0.56975

Алуминиум

3.18

Иридиум

258288.78

Кобалт

66.14

Бакар

10.68

Рутениум

56199.51

Платина

60154.05

Паладиум

45911.27

Калај

43.90

Родиум

350443.14

Сребро

2840.84

Злато

166450.52

Цинк

3.07