Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Под влијание на циклонска активност, во текот на ноќта и утре на повеќе места низ земјава се очекуваат повремени врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег. Пообилни врнежи ќе има во југоисточните делови од државата, каде се прогнозира наврнување над 20 литри на метар квадратен. Поради продор на постудена воздушна маса од север, врнежите постепено ќе преминуваат во снег во повисоките предели, како и во некои од пониските ...
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува сериозна загриженост поради првостепената судска пресуда од 12 јануари годинава против новинарката Лиридона Вејсели, за „злоупотреба на лични податоци“ во врска со објавување име и презиме на судија на социјалните мрежи Инстаграм и ТикТок. „Ваквата одлука испраќа негативна порака во однос на слободата на изразување и медиумските слободи. Кривичното гонење на новинари за објавување ...
Минималните утрински температури во земјава денеска се движат од -5 до 4 степени Целзиусови. Најстудено е на Попова Шапка, каде се измерени -5 степени. Температури од -2 степени се регистрирани во Битола, Берово и Маврови Анови, додека -1 степен е измерен во Прилеп, Крушево и Претор. Нулата е измерена во Скопје-Петровец, Охрид, Штип, Велес и Крива Паланка, а еден степен во Скопје-Зајчев Рид, Тетово и Кавадарци. Во Струмица, Демир Капија и ...
Февруари е најкраткиот месец во годината, но во енергетска смисла може да биде исклучително силен, особено за три знаци од кинескиот хороскоп. Во текот на февруари 2026 година, изобилието им доаѓа на оние кои знаат паметно да ги распределат времето, енергијата и фокусот. Секоја недела носи различна порака, а вистинските резултати пристигнуваат само кај оние што ги слушаат знаците и дејствуваат промислено. Првата половина од месецот Почетокот ...
Од утре официјално започнува со работа системот „Сејф Сити“, новиот автоматизиран механизам за контрола и унапредување на безбедноста во сообраќајот. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека системот е целосно тестиран и подготвен за примена на терен, со цел намалување на сообраќајните прекршоци и зголемување на безбедноста на патиштата. Според податоците на МВР, дневно над 100 граѓани ги ажурирале своите лични податоци, што ...
Следната недела, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ќе започне со блокади, а се уште останува можноста за организирање 24-часовен генерален штрајк, доколку не дојде до зголемување на платите. Оттаму упатија јавен повик до Владата да дојдат во понеделник во зградата на ССМ и да го потпишат колективниот договор со кој платите би се зголемиле веќе од февруари. „Го повикуваме претставникот на Владата во понеделник да дојде во ССМ и да го ...
Нов бран на интернет измами ги таргетира македонските корисници на социјалните мрежи, ветувајќи им „кутии со електронски уреди“ по симболична цена. На профили кои се претставуваат како официјални дистрибутери, се тврди дека популарниот бренд „Тему“ започнал програма за распределба на неземени или заборавени пакети во магацинските простории. Според објавата која содржи манипулирани фотографии од магацини преполни со техника, од граѓаните се ...
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, вчера информираше дека одлуката за избор на изведувач на Универзалната сала ќе биде донесена в понеделник, но ќе се мора почитувaт рокот од осум дена за поднесување жалба. Како што појасни министерот, едната постапка е завршена, додека втората е во фаза на евалуација. „Комисијата работи и процесот е веќе во завршна фаза. Одлуката за избор ќе биде донесена в понеделник“, рече Љутков. Во врска со ...
Матичните гинеколози во Македонија упатија јавна реакција до Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, барајќи ревизија на договорите и јасно дефинирање на услугите кои се обезбедени во примарната гинеколошка здравствена заштита. Реакцијата следува по контролите кои ги изврши Фондот, а при кои беше утврдено дека дел од матичните гинеколози им наплатувале услуги на пациентки што според законот треба да бидат бесплатни. ...
Северна Македонија се позиционираше како водечки добавувач на зеленчук за Украина во 2025 година. Според најновите податоци на украинската царина, увозот на таканаречениот „борш сет“ (зеленчук потребен за традиционалната чорба) скокнал за вртоглави 85% во споредба со 2024 година, достигнувајќи вредност од 102,4 милиони долари. Македонските земјоделци доминираат во две клучни категории – зелка и коренести плодови (моркови, цвекло), каде што ...
Овен Денот започнува со потреба за повлекување и размислување. Можеби чувствувате дека е време да направите ментален и емоционален ред околу една цел што ве следи подолго време. Тригонот со Сатурн ви помага трезвено да видите што функционира, а што треба да се смени. Со Месечината во Лав, подоцна се буди желбата за радост и креативност. Откако ќе ја завршите внатрешната работа, дозволете си нешто што ве радува. Бик Фокусот е на комуникацијата ...
Роден во Александрија во 296 година. Од детството наклонет кон духовниот призив. Беше ѓакон кај архиепископот Александар, и го придружуваше својот архиепископ на Првиот Вселенски Собор во Никеја. На овој Собор многу се прослави со неговата ученост, благочестие и ревност за Православието. Многу придонесе за побивањето на Ариевата ерес и за утврдувањето на Православието. Го напиша Символот на Верата кој на Соборот беше усвоен. По смртта на ...
Македонската музичка сцена изгуби едно од своите најпрепознатливи и најавтентични имиња. По кратко боледување, во Гостивар почина Костадинка Палазова Ѓорѓиоска – доајенот на македонската изворна песна и еден од најпосветените чувари на егејското музичко наследство. Веста за нејзината смрт ја соопшти нејзиното семејство преку социјалните мрежи. Палазова остана запаметена како исклучителен интерпретатор на безвременски егејски песни, меѓу кои и ...
Надлежните информираат дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Иако сообраќајот се одвива без застои, поради врнежите од снег се препорачува внимателно и прилагодено возење. Екипите на ЈП „Македонија пат“ се целосно екипирани и со потребната механизација и работна сила континуирано се на терен, каде што се врши расчистување на снегот. Во координација со ЈП за државни патишта и Министерството за транспорт, се преземаат ...
Денеска (30.01.2026) во 17:03 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница на бул.”Словенија” со ул.”Ј.Магистрала” се настанала сообраќајна незгода помеѓу патничко возило “опел” со скопски регистарски ознаки управувано од Ф.Ч.(44) од Скопје и пешак малолетник од Скопје. Малолетникот со возило на итна медицинска помош е пренесен во Ургентен центар “Мајка Тереза” каде му се констатирани тешки телесни повреди, по што е задржан на Детска ...
Истрајноста и единственоста на превозниците од Македонија и од целиот регион, беше клучна за Европската Унија да реагира и да донесе документ со кој превозниците ќе бидат квалификувани како „професионалци“. Тоа е она што го баравме и тоа е она што го бараа превозниците. Закажан е состанок во вторник на кој ќе се дефинираат сите прашања и јас во координација со транспортерите ќе понудам најдобри решенија, истакна во вечерашното интервју за ТВ ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска изјави дека верува оти постигнувањето договор за завршување на војната меѓу Русија и Украина е блиску. Говорејќи пред новинарите во Овалната соба, Трамп, како што пренесува Ројтерс, рече дека смета оти страните „многу се приближуваат“ до договор, без да изнесе дополнителни детали. Американскиот претседател наведе и дека преговорите меѓу Русија и Украина може да се одвиваат ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека „по завршување на годишнините“, во март на политички митинг во Белград ќе биде претставен програмот за развој на Србија до 2035 година. На социјалната мрежа TikTok тој рече дека собирот ќе се одржи на 20, 21 или 22 март, пред Народното собрание или на Плоштадот на Републиката. Исто така, најави дека утре ќе започне акцијата за собирање волонтери за претстојната меѓународна изложба „Експо ...
Кетрин О’Хара, која глумеше во легендарните филмови „Битлџус“ и „Сам дома“ пред да ја земе улогата на Моира Роуз во серијата „Шитс Крик“, почина. Таа имаше 71 година. Смртта на О’Хара беше потврдена за CNN од страна на еден член на тимот во канцеларијата на нејзиниот менаџер Марк Гурвиц. Лицето одбило да го открие своето име или други детали. О’Хара ја започнала својата кариера во театарската група Second City во нејзината родна Канада, пред ...
Цементарницата „Титан Усје“ денеска излезе со остра реакција против, како што велат, неаргументираните и тенденциозни напади кон компанијата. Од таму тврдат дека обвинувањата дека тие се главниот загадувач во Скопје се целосно неточни и се обид за извртување на вистината. Клучниот аргумент на компанијата е фактот што загадувањето во главниот град беше на енормно високо ниво дури и во периодот кога фабриката воопшто не работела поради редовен ...
Австрискиот канцелар Кристијан Стокер најави можност за одржување референдум на кој би се одлучувало за идниот облик на воената обврска во Австрија. „Се би одлучувало за воената обврска и секако дека одлуката на референдумот би била правно обврзувачка“, рече австрискиот канцелар Кристијан Стокер (Австриска народна партија ÖVP) на новогодишната средба на неговата партија. Коалициските партнери на Стокер, Социјалдемократската партија на ...
Основниот суд во Гостивар ја осуди новинарката Лиридона Вејсели на парична казна од 700 евра за кривично дело „злоупотреба на лични податоци“, откако во своето новинарско известување го спомнала името на судијата Назиф Илјази од Основниот суд во Тетово. Вејсели објаснува дека пресудата се однесува на известување за случај во кој возрасно лице уценувало малолетник, му испраќало порнографски материјали и му се заканувало. Во тој предмет, ...
На автопатот Скопје–Велес, после велешката наплатна станица има одрон и сообраќајот се одвива со поголема претпазливост. Се предупредуваат возачите да ја прилагодат брзината и да се движат внимателно со почитување на сообраќајните знаци. Се очекува расчистувањето на одронот да трае неколку часа, по што сообраќајот ќе се врати во нормала. Исто така од АМСМ известуваат дека на патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај с.Ратево) поради ...
Денеска македонската литература загуби еден од своите значајни творци – Тихомир Јанчовски, поет, писател и преведувач. Неговата смрт беше објавена од семејството на социјалните мрежи, кое напиша: „Нема веќе заеднички слики од славата. Нема веќе ништо, не напушти. Тихо го нема. Си отиде. Знам колку сте многу што го сакавте. Ќе споделиме како ќе се простиме понатаму“. Јанчовски е роден во 1967 година во Скопје. Дипломирал општа и компаративна ...
Основното јавно обвинителство Тетово поведе истражни постапки против вкупно 4 лица по оретресите во Брвеница, во кои беше пронајдена наркотична дрога и оружје. Тројца од нив се осомничени за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 од Кривичниот законик. Така, кај еден осомничен биле пронајдени пиштол со 2 куршуми во рамка и уште 20 куршуми за автоматска пушка. Кај ...
На паркингот зад зградата ЈАТ во Битола денеска се сруши дел од ѕид, при што беа оштетени неколку паркирани возила. На местото на настанот веднаш интервенираше полицијата, која изврши увид, додека локалните жители изразија вознемиреност поради инцидентот. Причините за урнатиот ѕид и застанатите штети се во моментов предмет на истрага. Еден од оштетените, Андреј Терзиевски, изјави дека неговото возило е сериозно оштетено. „Падна дел од ѕидот ...
По речиси пет години судска постапка, Апелациониот суд во Скопје донесе одлука со која ја уважи жалбата и ја поништи пресудата со која портпаролката на Владата, Марија Митева, беше осудена по тужба за навреда и клевета поднесена од Дарко Каевски, тогашен пратеник на СДСМ. Со оваа одлука, судскиот процес е ставен крај. Во својата јавна реакција, Митева посочи дека иако за дел од јавноста случајот можеби веќе е заборавен, за неа тој ...
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во соработка со Центарот за социјални работи Охрид и Министерството за внатрешни работи, спроведоа инспекциски надзор по објавено видео на социјалните мрежи, во кое, како што може да се забележи, дете измачува куче. По објавата на видеото, до Агенцијата во текот на вчерашниот ден биле доставени повеќе иницијативи од граѓани со барање за спроведување вонреден инспекциски ...
Максималната температура денеска се движеше од 1 степен на Попова Шапка, 3 во Лазарополе, 5 во Крушево, 6 во Маврови Анови и Радовиш – Пожар, 7 во Пожаране, 8 во Ѓуриште, 9 во Берово и Претор, 10 степени во Тетово, Охрид, Крива Паланка и Тополчани, 11 во Скопје-Зајчев Рид и Виница, 12 во Скопје-Петровец, Штип, Прилеп и Битола, 13 во Велес, 14 во Демир Капија и Кавадарци, додека најтопло беше во Струмица со 15 и Гевгелија со 16 степени. Во ...
Една лизинг-компанија од Македонија испрати известување до своите корисници дека, по официјално барање од Министерството за внатрешни работи и согласно законските обврски поврзани со проектот „Безбеден град“, до МВР се доставени податоци за корисниците на возила земени на лизинг. Со тоа, како што се наведува во известувањето, во иднина корисниците ќе бидат директно известувани од МВР во случај на сторен сообраќаен прекршок со возилото што е ...