На 03.03.2025 во 14.18 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионалниот пат во близина на комплексот „Негорски бањи“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген транспортер“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(41) од с.Собри, валандовско и мотоцикл „хонда“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од С.Д.(48) од с.Негорци, гевгелиско. Во несреќата со тешки телесни повреди се ...

Погребот и комеморацијата за продуцентот Саша Поповиќ ќе се одржат во четврток на 6 март, објави Гранд Продукција, „Би сакале да ја информираме јавноста дека во четврток, на 6 март, во 10 часот, во главната конгресна сала на Центарот Сава ќе се одржи комеморација на основачот и креативен директор на Гранд продукција, Саша Поповиќ. Истиот ден во 12:00 часот семејството ќе прима сочувство на Бежаниските гробишта во црквата Свети апостол Тома каде ...

На својот фејсбук профил, премиерот Христијан Мицкоски објави дека во рамки на самитот остварил средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. Во текот на состанокот, двајцата премиери разговарале за клучни прашања од заемен интерес, со посебен фокус на зајакнување на економската соработка, потенцијалот за нови инвестиции, како и развојот на енергетската инфраструктура. Мицкоски исто така нагласил дека било разговарано и за европската ...

Вишото јавно обвинителство во Белград поднесе обвинителен акт против тројца обвинети за пропусти во техничкиот надзор на работите извршени на железничката станица во Нови Сад, што придонесе за пад на настрешницата во која загинаа 15 лица. Во однос на двајца членови на Комисијата за технички надзор на работите, истрагата е прекината поради недостиг на докази, изјави главниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ. ...

Во рамките на своите надлежности и континуиран напор за заштита на правата на граѓаните, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини иницираше и интензивира активности за правично и транспарентно информирање на јавноста во врска со сметки за електрична енергија. Министерството, како носител на државната политика во енергетскиот сектор, активно ги координира сите институции и ги потсетува на нивните обврски според законот, со цел ...

Скопскиот апелационен суд ја објави пресудата со која ја уважува жалбата на осудениот Бојан Јовановски – Боки 13 во случајот „Рекет“. Со пресудата, Боки 13 се осудува на единствена казна затвор од пет години, во која казна му се засметува и времето поминато во притвор сметано од 15.07.2019 година до започнување со издржување на казната затвор, како и досега издржаниот дел од казната затвор. Боки 13 во 2020 година беше прогласен за виновен и доби ...

Неодговорните најави на ДУИ за бојкот на локалните избори им покажа уште еднаш дека се целосно изолирани. Тоа што не се снаоѓаат во опозиција не може да го претворат во државен проблем. Али Ахмети е очајен за политичко внимание. Бара факторизација преку некаква средба со ВЛЕН, за проблеми кои ни ги остави во наследство, велат од ВРЕДИ во соопштение до јавноста. „Прво, крајно лицемерно и неодговорно е ДУИ да не обвинува нас за иницијативата пред ...

Адриен Броди сега е дел од историјата на Оскар, но не само како добитник на престижната награда. Актерот, кој ја освои наградата за најдобар актер за „Бруталистот“ на 97-то доделување на Оскарите, постави рекорд за најдолг говор за прифаќање во историјата на церемонијата – во траење од цели 5 минути и 40 секунди. Претходниот рекорд го држеше Грир Гарсон, која во 1943 г. зборуваше пет минути и 30 секунди додека ја прими нејзината награда за „Mrs. ...

Апелациониот суд во Скопје ја намали затворската казна на Бојан Јовановски – Боки 13 од девет на пет години за случајот „Рекет“, земајќи ја предвид неговата здравствена состојба и медицинската документација. Но, јавноста останува без одговор на клучното прашање – каде заврши торбата со 1,5 милиони евра? Ова го потенцира и универзитетскиот професор Јове Кекеновски во својот најнов статус на Фејсбук, во кој прашува: “Каде заврши торбата со 1,5 ...

Премиерот на австралиската сојузна држава Западна Австралија, Роџер Кук, го нарече американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс „празна глава“ кој влезе во американската политика. Тој ова го изјави на предизборен митинг во Перт, во пресрет на изборите што во сабота се одржуваат во таа австралиска држава, на кои тој беше гостин говорник, пренесува Гардијан. На новинарско прашање дали администрацијата на Доналд Трамп претставува „темен пат“ за светот, ...

Групацијата Coca-Cola HBC, чиј дел е и Пивара Скопје, ги задржа највисоките позиции на двете најважни светски ЕСГ ранг листи за одржливост. По осми пат, групацијата е рангирана како најодржлива компанија за пијалаци според Индексот на оддржливост Дау Џонс (Dow Jones Best-in-Class Indices) за 2024 година, задржувајќи го првото место. Групацијата е во најдобрите 1% од вкупно 7690 анализирани компании во 67 категории. Напорите на компанијата во ...

Папата Франциск, кој беше хоспитализиран поради билатерална пневмонија, спиеше цела ноќ и денеска продолжува да мирува, соопшти Ватикан. Како што се наведува во официјалното соопштение, папата вчера имал два акутни респираторни напади, поради што морал повторно да биде ставен на вентилатор за да може да дише, пренесе АП. Лекарите извадиле големо количество слуз што се насобрала во неговите бели дробови и направиле две бронхоскопии, при што со ...

Заради обезбедување на поголема безбедност на храната и постигнување на високо ниво на заштита на здравјето на луѓето, во услови на интензивирање на трговијата со овошје и зеленчук, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го зголемува интензитетот на контроли на пратките со овој вид на производи кои се увезуваат во земјава, од сите држави. Засилените контроли ќе се реализираат со земање лабораториски мостри за испитување на резидуи ( остатоци) ...

Девојчето Дуња Марковиќ која исчезна во Уб е пронајдено живо недалеку од нејзиниот дом. Во потрагата по Дуња Марковиќ, која траела цела ноќ, учествувале и засилени сили на полицијата и Планинската спасувачка служба (ГСС), како и мештаните. Беа вклучени и кучиња трагачи и беспилотни летала со термални камери. Снимката од безбедносните камери на кои се гледа нејзиното исчезнување била важна за потрагата. Двегодишното девојче Дуња Марковиќ, кое ...

Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се извршени врз повозрасни лица. Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници, и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред ...

Пред неколку часа Трамп нареди да се запре американската воена помош за Украина, изјави во понеделникот вечерта претставник на Белата куќа. „Паузираме и ќе ја разгледаме нашата помош за да се осигураме дека ќе придонесе за изнаоѓање решение“ за вооружениот конфликт меѓу Украина и Русија, рече функционерот, кој сакаше да остане анонимен. „Претседателот јасно стави до знаење дека е фокусиран на мирот. Потребни ни се партнери кои исто така се ...

Овен Се занимавате со ситници кои не ви одат од рака. Морате да се подготвите за посилно темпо на работа, што во суштина и не ви е тешко. Поминете го денот во планови. Пробувате да најдете компромис во своите желби и промени во емотивна смисла. Психата ви е нагласена. Бик Немојте да бидете лесноверни, но со оваа негативна енергија што ја имате лесно можете да го направите тоа. Пробајте да се смирите. Пробајте да се прилагодите на околностите и ...

Архип беше еден од Седумдесеттемина. Апостолот Павле го спомнува во Посланието до Колосјаните и во Посланието до Филимон, нарекувајќи го другар во војувањето. Во градот Колоси центар на христијанството беше куќата на Филимон. Овде христијаните се собираа на молитва. Ова го спомнува свети Павле пишувајќи му на Филимон: „твојата домашна црква“. Во тоа време апостолите ги ракополагаа своите ученици за епископи, и тоа некои од нив на постојани ...

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, жестоко реагираше на одлуката на владата за кратење на финансиската поддршка за спортските клубови во општината. Тој посочи дека еден службен пат на владата до Унгарија чини 14 милиони денари, додека целокупната програма за поддршка на спортот во Струмица изнесува 16 милиони денари за цела година. Костадинов ја повика владата да ја преиспита својата одлука и наместо да укинува финансии за ...

На својот фејсбук-профил, вечерва претседателот на СДСМ, Венко Филипче, објави дека СДСМ на локалните избори ќе настапи со најдобрите кандидати за градоначалници и советници. „Ќе ги избереме во широк консултативен процес, пред сè со членството, а потоа и преку сондажи со сите граѓани. Граѓаните заслужуваат да ги водат најдобрите и оние кои можат најмногу да придонесат за секоја општина. Покрај поддршката од членовите и граѓаните, кандидатите ...

Претставниците на Германија, Франција, Велика Британија, Италија и Полска ја потврдија својата политичка и воена помош за Украина. Членовите на НАТО алијансата се собраа преку видео врска во формат на одбранбена соработка на Групата пет водечки европски одбранбени сили. „Сите се согласуваат дека Украина може да се потпре на континуирана и сеопфатна поддршка од Групата“, се вели во соопштението на германското Министерство по состанокот. Средбата ...

Белата куќа ги проучува плановите за евентуално укинување на санкциите против Русија, пренесува Ројтерс повикувајќи се на извори. Тие велат дека Белата куќа им наредила на државните одделенија и министерствата за финансии да подготват список на санкции за кои американските власти би можеле да разговараат со руските претставници во наредните денови, како дел од пошироките разговори на администрацијата со Москва за подобрување на дипломатските и ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека од утре ќе стапат на сила најавените царини од 25 отсто за Мексико и Канада, додавајќи дека тие две земји и трговските партнери на САД „немаат простор“ да преговараат понатаму. Трамп посочи дека царините служат за „казнување“ на земјите кои, како што рече, земаат од американската економија и не и враќаат доволно, пренесува Си-Ен-Ен. Претходно денеска, трговскиот советник на Белата куќа, ...

Двегодишното девојче Дуња Марковиќ (2) исчезна денеска околу 14 часот во Уб, Србија. Полицијата го активираше системот „Пронајди ме“. „На 03.03.2025 година околу 14:00 часот во Уб исчезна девојче на возраст од 2 години. Повеќе информации на pronađime.mup.gov.rs. Сите информации пријавете ги на 192“, се наведува во СМС-пораката што им беше испратена на сите граѓани на Србија. Исчезнатото девојче има кафеава коса, кафени очи и високо е околу еден ...

Државниот завод за статистика денеска го објави бројот на слободни работни места во четвртиот квартал во 2024 година кој изнесува 9.562, а најголем број, 2.149, има во втората група занимања – Стручњаци и научници. Следуваат групите Работници во услужни дејности и продажба со 2.074 слободни работни места, Елементарни занимања 1.638, Занимања за неиндустриски начин на работа во производството 1.028, Ракувачи и составувачи на машини и постројки ...

Бразилските производители на кафе речиси ги испразнија своите магацини, половина година пред новата берба, поради бранот побарувачка што речиси двојно ги зголеми цените во изминатите 14 месеци. Цените на Арабика, најпопуларното зрно кое се користи во повеќето мелено печено кафе, скокнале за дури 70 отсто во 2024 година и речиси 20 отсто од почетокот на оваа година. Пред три недели надминаа 4,30 долари за фунта или за 0,45 килограми. Робуста, ...

Премиерот Христијан Мицкоски за време на посетата на Унгарија, во Будимпешта денеска положи венци на Меморијалниот споменик на унгарските херои. „Нека ова положување венци биде симбол на пријателството, благодарноста и заедничките вредности што ги споделуваат Северна Македонија и Унгарија“, се вели во објавата на Фејсбук-страницата на премиерот Мицкоски. Од фотографиите објавени на Фејсбук се гледа дека со Мицкоски во Будимпешта се присутни само ...

Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс се надеваше на релаксирачки викенд на скијање во Вермонт, но гневните граѓани го пречекаа со транспаренти и скијачи кои за малку не се удриле во него, пренесува Јаху Њус. Тој во саботата го посети одморалиштето Sugarbush во Ворен, по што од TMZ добија снимка од потпретседателот како скија. Неговото лице не се гледа, но посетителите кои биле во Вермонт истиот ден велат дека тоа е Венс. Претходно, тој беше ...

Папата Франциск имал две епизоди на „акутна респираторна инсуфициенција, соопшти Ватикан. Во соопштението се вели: Денеска Светиот Отец имаше две епизоди на акутна респираторна инсуфициенција, предизвикана од значително акумулирање на ендобронхијална слуз и последователен бронхоспазам. Тие понатаму наведуваат дека се направени две бронхоскопии, со потреба од аспирација на обилен секрет. „Неинвазивната механичка вентилација продолжи и попладне. ...

На денешната координативна средба, раководствата на АД МЕПСО и АД ЕСМ ги усогласуваа стратегиите за развој на електропреносна инфраструктура и можностите за интеграција на нови капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори. Во насока на зајакнување на преносната мрежа и обезбедување поголема стабилност и доверливост, АД МЕПСО ги презентираше проектите со кои се става особен фокус на адаптација и проширување на капацитетот ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1016
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
84%
1014
weather icon

Загреб

16ᴼ / 12ᴼ
0.51
71%
1016
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
87%
1016
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
0.82
89%
1014
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
2.06
92%
1016
weather icon

Атина

17ᴼ / 13ᴼ
1.54
73%
1012
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
87%
1013
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
94%
1013
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 12ᴼ
2.57
83%
1014
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 11ᴼ
1.34
75%
1014
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
5.66
82%
1015
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52