Брајан Мбеумо денес ги помина медицинските прегледи и во следните неколку часа треба официјално да биде претставен како нов играч на Манчестер Јунајтед. Тој ќе потпише договор до 2030 година со можност за продолжување за уште една година, а Јунајтед ќе му плати на Брентфорд отштета од 70 милиони евра. Така завршува една од најголемите саги од преодниот рок. 🚨🩺 Bryan Mbeumo completes second part of medical at Man United today. He’s expected at ...

Италијанскиот напаѓач Матео Ретеги официјално стана нов член на саудискиот клуб Ал Кадсија, кој за неговите услуги на Аталанта ѝ плати 65 милиони евра. Со тоа, овој трансфер влезе во историјата како највисокиот што некогаш бил платен за италијански фудбалер. Ретеги имаше блескава сезона зад себе, завршувајќи како најдобар стрелец во Серија А, што привлече внимание од повеќе реномирани европски клубови. Сепак, тој се реши за нов предизвик во ...

Рома продолжува со промените во тимот по ангажманот од страна на новиот тренер Џампјеро Гасперини. Официјално нов фудбалер на „волчницата“ е Нил Ел Ајануи, во текот на денот се очекува и промоција на Еван Фергусон кој ќе пристигне од Брајтон, а како трето засилување е најавен Бразилецот Весли. Преговорите со Фламенго за ангажман на 21-годишникот во вредност од 25 милиони евра и дополнителни бонуси се во завршна фаза и наскоро се очекува и ...

Манчестер Сити ова лето ќе се засили и на голманската позиција каде голема желба на тренерот Пеп Гвардиола е ангажман на Диого Коста, 25-годишниот португалски репрезентативец кој со успех настапува за Порто. Според англиските медиуми преговорите се веќе започнати и Манчестер Сити се надева дека ќе реализира трансфер вреден 60 милиони евра за голманот кој минатата сезона забележа 19 натпревари без примен гол на 43 одиграни средби. Коста ...

Ливерпул веќе детонираше една голема трансфер бомба со ангажманот на Флоријан Вирц од редовите на Баер Леверкузен, но како што стојат работите, и третото големо и звучно засилување за Арне Слот ќе пристигне од Бундеслигата. По трансферите на Фримпонг и Вирц, Ливерпул рано утрово ги договорил условите за Иго Екитике, по што Ајнтрахт Франкфурт ќе заработи вртоглава сума на пари за продажбата на својот досегашен напаѓач. Во ситуација кога Њукасл ...