Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска пристигнаа во Индија, додека Европската унија (ЕУ) и Њу Делхи настојуваат да го финализираат договорот за слободна трговија, со кој би се ставил крај на речиси две децении преговори меѓу двете големи економии. Кошта и Фон дер Лајен се почесни гости на овогодишните прослави на Денот на Републиката во Њу Делхи утре, во ...
Индија планира да ги намали царините за автомобили увезени од земјите од Европската Унија на 40 проценти наместо сегашните кои се движат од 70 до 110 проценти, пренесува Ројтерс повикувајќи се на извори запознаени со преговорите, пред финализирањето на договорот за слободна трговија. Според Ројтерс, владата на индискиот премиер Нарендра Моди се согласила веднаш да ги намали царините за ограничен број автомобили од ЕУ, чија увозна цена е ...

