Мартовската минимална нето – плата, согласно Законот за минимална плата треба да биде поголема за 1.667 денари од сегашните 24.379 денари и ќе изнесува 26.046 денари, пресмета „Пари“. „Исплатената висина на минимална плата во бруто-износ за месец март секоја година се усогласува со: 50 % од порастот на просечно исплатената нето-плата во Република Северна Македонија, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика и – ...

Прашањето дали ќе се зголеми минималната плата и за колку се уште е во фокусот на јавноста. Последниве месеци работодавачите излегоа со најразлични пресметки за тоа за колку може да се зголеми минималецот, а тоа сепак да не се одрази на рентабилното работење на компаниите. Бројките се движеа од 28.500 до 30 илјади денари. Но, според синдикатите овие суми се несериозни и недоволни да ги покријат месечните трошоци на едно семејство. Според ...

Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за минимална плата со кој ќе се зголеми минималната плата на 600 евра, предложен од опозициската СДСМ и коалициските партнери, денес беше на дневен ред на собраниската Комисијата за економски прашања, труд и енергетика. Пратениците на опозицијата пратија многубројни апели да не се размислува за политиката туку за животниот стандард на населението. Пратениците од опозицијата не беа расположени ...

Законските измени за раст на минималната плата на 600 евра, кој ги предложи СДСМ не поминаа на матичната Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, ниту на законодавно – правната. Не помина ниту предлогот за трипартитен дијалог, односно јавна расправа пред пратениците во Собранието меѓу работодавачите, синдикатите и Владата. -Ве молам да гласаме. Кој е за? Тројца. Кој е против? Нема. Дали има некој воздржан. Нема. Констатирам ...

Предлог-законот за измени на Законот за минимална плата што го предложи опозицијата, а со кој се бараше зголемување на минималната плата на 600 евра не го помина собранискиот филтер на Комисијата за економски прашања. Опозицијата апелираше до своите колеги од позицијата да гласаат за ова законско решение притоа не рамислувајќи за политика, туку за животниот станрад на граѓаните. Дел од пратениците дури и преку примери се обидоа да укажат ...