Министерството за внатрешни работи сè уште го бара еден од новоосомничените полицајци кои се дел од проширената истрага за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а според соопштенијата од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи, сите нови осомничени полицајци се товарат за дела пред да се случи пожарот, односно од 2012 година кога била отворена дискотеката до 2022 година. За нови ...
Во Белград почина 24-годишниот Стојанче Стефанов од Кочани, кој беше еден од повредените во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март , соопшти Министерствoто за здравство. Стефанов е 62 жртва во пожарот, од кои 6 деца, а беа повредени 193, од кои 25 деца. „Согласно формации од Воено медицинската академија (ВМА) во Белград, денеска претпладне, за жал, подлегна на повредите Стојанче Стефанов од Кочани, роден 2001 година. Станува збор за ...
Полицајците кои се осомничени за трагедијата во Кочани се наоѓаат во домашен притвор. Во нив се вклучени и седумтемина полициски службеници, на кои деновиве им истекува 30-дневниот притвор. Притоа, одземен им е пасошот, имаат забрана за комуникација и повремено треба да се пријавуваат кај судија. Кај судија на претходна постапка е и полицаецот по кого вчера се трагаше, кој според информациите, сам се пријавил во полицијата. Инаку, дел од ...
За 20-ина од повредените во пожарот во кочанската дискотека ќе биде потребна подолготрајна рехабилитација. Кај дел од нив, процесот на заздравување може да трае и до две години. Експерти од Велика Британија направиле евалуација и утврдиле дека рехабилитацијата ќе трае од еден до 24 месеци. Неколку држави се понудиле за бесплатна долготрајна рехабилитација. Сепак, деталите ќе бидат објавени за десетина дена. Од 47 повредени кои во моментов се ...
Петмина од новите седум осомничени полицајци биле во пензија, додека пак двајца биле во активен работен однос со Министерството за внатрешни работи, потврдуваат за „Слободен печат“ извори во Министерството за внатрешни работи за проширувањето на истрагата за пожарот во Кочани. На тројца од претходно приведените полицајци им се ставаат на товар и плус кривични дела, а Министерството за внатрешни работи се уште трага еден од новите осомничени. ...