Сподели Државниот симфониски оркестар од Солун на 17 мај од 19:30 часот ќе одржи концерт во Филхармонијата. Гостувањето во Скопје доаѓа по заедничкиот настап на Македонската, Солунската и Софиската филхармонија во Софија на 17 февруари со музичко-сценската кантата „Кармина Бурана“. Како солисти ќе настапат македонскиот пијанист со интернационална кариера, Симон Трпчески, и грчката сопранистка Мирто Папатанасиу. Диригент ќе биде Владимирос ...

Пеѓа Јовановиќ, пејачот кој за кратко време успеа да стане препознатливо име на балканската музичка сцена, ќе го одржи својот прв концерт во Скопје. Настанот ќе се случува на 5-ти април во СЦ Јане Сандански, а Пеѓа доаѓа со својот „Big Concert Orchestra“. Она кое е впечатливо за него е што првиот солистички концерт во Белград го одржа во ноември 2022 година, а со тоа го означи и својот пат кон врвот на музичката сцена. Наредната година го издаде ...

Скопје, 6 март 2025 (МИА) - По концертите во Истанбул, Атина и Софиа и Скопје е на мапата на турнејата на бендовите LAGOSS и проектот Serpente од Канарските острови. Ова експериментално сајбер-тропско музичко трио од Тенерифе ќе настапи вечер во Салонот 19:19 во Културно - информативниот центар. LAGOSS го сочинуваат Даниел Гарсија, Гонсало Ф. Кардосо и Младен Курајица. Сите тројца искусни музичари сами по себе, а и преку различни проекти се со ...

„Кино Фросина Скопје, за сите возрасти“, така Френк Тарнер на својата веб страна го најавува својот концерт во Скопје закажан за 13.март. Британскиот музичар Френк Тарнер, познат по своите енергични настапи во живо, ќе го посети Скопје на 13-ти март 2025 година. Тој ќе одржи специјален акустичен концерт во Кино Фросина, ветувајќи им на фановите уникатна вечер исполнета со искрени емоции и лична поврзаност со публиката. Френк Тарнер е икона на ...

Државниот симфониски оркестар од Солун на 17 мај, со почеток во 19.30 часот, за првпат ќе настапи во салата на Македонската филхармонија. Гостувањето на овој оркестар во Скопје доаѓа по заедничкиот настап на Македонската, Солунската и Софиската Филхармонија во Софија, каде на 17 февруари се реализираше изведбата на музичко-сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф. Менаџментот на Македонска филхармонија е во финални преговори и за концерт ...