Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска ќе има средба со помошниците за национална безбедност на која ќе се разгледува можноста за суспендирање или откажување на воената помош за Украина, објави Њујорк тајмс, повикувајќи се на неименуван претставник на администрацијата на Трамп. На средбата ќе присуствуваат и државниот секретар Марко Рубио и секретарот за одбрана Пит Хегсет, за да „разгледаат и евентуално да преземат акција за низа политички ...

Обраќањето на американскиот претседател Доналд Трамп пред американскиот Конгрес во вторникот вечерта го гледале околу 36,6 милиони телевизиски гледачи во САД, објави американската компанија за мерење на медиумската публика Нилсен. Тоа е повеќе од 32,2 милиони гледачи кои го гледаа последното обраќање на поранешниот претседател Џо Бајден за состојбата на Унијата минатата година, но е помалку од сите телевизиски гледачи кои ги гледаа годишните ...

„Мислам дека се движиме во позитивна насока“, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа, Мајк Волц, за Фокс Њуз. Тој изјави дека телефонски разговарал со шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Ермак. Претходно Ермак, како и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој минатата недела влезе во јавна расправија со неговиот американски колега Доналд Трамп во Белата куќа, потврдија дека имало разговор. Волц откри ...

Додека европските лидери се стремат кон единство во зајакнување на одбраната, Брисел денеска е место на клучни разговори за помошта за Украина, каде поделените ставови се очекува да доминираат. Предвидувањата се дека ќе има консензус во однос на првата тема, за зајакнување на европската одбрана, но втората тема, за поддршката на Украина, очекувано ќе предизвика разлики во ставовите меѓу лидерите на земјите-членки. Емануел Макрон, францускиот ...

Во Брисел денеска започнува клучната вонредна средба на лидерите на 27-те земји-членки на Европската унија. Главните теми на состанокот се итното зајакнување на европската одбрана и поддршката за Украина, во контекст на прекинот на воената помош од САД. Предвидувањата се дека ќе има консензус во однос на првата тема, за зајакнување на европската одбрана, но втората тема, за поддршката на Украина, очекувано ќе предизвика разлики во ставовите меѓу ...