Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) ќе почне да се реновира и ќе функционира со намален капацитет, за што се известени сите јавни здравствени установи во земјава, соопшти Министерството за здравство. Оттаму велат дека во завршна фаза се подготовките за реновирањето, кое се реализира за првпат. „Дел од пациентите ќе преземат Градската општа болница (ГОБ) ‘8 Септември’, Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ и ...

Да не се заплашува населението дека ако не фукционира КАРИЛ, ништо нема да функционира, изјави денеска директорот на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје д-р Небојша Настов. Сметам дека е апсолутно некоректно некој да коментира и да каже дека услугите може да се пружаат само на КАРИЛ. Да не се лажеме, истите доктори, истиот персонал, истата едукација, опрема ја има и на КАРИЛ и во ГОБ „8 Септември“ и во „Св. Наум ...

Министерството за здравство денеска соопшти дека продолжува да ги презема сите неопходни мерки за да ја осигура највисоката можна грижа за пациентите, додека истовремено се реализираат неопходните обновувања и подобрувања на здравствените установи. – Реновирањето на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) е важен проект кој има за цел да го зголеми капацитетот и квалитетот на услугите кои се нудат на пациентите – се ...

Се мобилизираат и реорганизираат клиниките што ќе ги преземааат пациентите од Клиниката за анестезија и реанимација, која во наредните месеци ќе се реновира.. Првиот човек на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, која е една од установите каде ќе се преземаат пациенти во критична состојба вели дека се подготвени и со болнички кревети и со апартура и дека се во координација со останатите здравствени установи. Д-р Небојша Настов – ...

Заради темелна реконструкција на просториите на КАРИЛ, оваа установа во наредниот период ќе функционира со намален капацитет, најави министерот за здравство Арбен Таравари, кој ја посети УК за ТОАРИЛУЦ по повод подготвителните активности, кои се во завршна фаза за отпочнување на темелна реконструкција на просториите на КАРИЛ, која се реализира за првпат. Заради внимателно и безбедно пристапување кон реконструкција на КАРИЛ, информираме дека оваа ...