Европските акции продолжуваат со растот деновиве со оглед на зголемениот оптимизам околу тоа дека најлошото сценарио за последиците од царинската политика на Доналд Трамп може да биде избегнато. Дополнителен оптимизам влеваат и добри вести за растот на зделките на спојувања и преземања (mergers and acquisitions – M&A) на континентот. Во моментот на затворање на овој текст, 12 часот петок, 02.05., паневропскиот индекс Stoxx 600 ја имаше ...

Добивај вести на Viber Деновиве на Берзата се повторно актуелни блок трансакции со акциите на банките, при што поминаа блокови со акции на двете најголеми банки во земјава, односно Стопанска банка Скопје и Комерцијална банка. Блоковите не се големи, што говори дека целта на инвеститорите е или инвестиција во акции за дивиденда, или за остварување на капитални добивки, или едноставно влог во силни и стабилни акционерски друштва. Завчера помина ...

Американскиот претседател изјави дека не е подготвен превентивно да ги намали царините на стоки од Кина, со цел започнување значајни преговори со Пекинг околу трговијата. На прашањето на новинарите дали е отворен за повлекување на царините од 145 проценти на кинескиот увоз, за да ја доведе втората најголема светска економија на преговарачка маса, Трамп одлучно одговори: „Не“. На повидок трговски договор со Обединетото Кралство Од друга страна, ...

Европските берзи тргуваат претпазливо во средата претпладнето, а индексите бележат благ пад додека инвеститорите чекаат одлуки и пораки од состанокот на челниците на американските централни банки. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции падна за 0,4 проценти во претпланевниот пресек од тргувањето. Истоврмено, лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,18 отсто, на 8.580 поени, додека франкфуртскиот DAX се лизна за 0,04 проценти, на 23.240 поени, ...

Трговците во најголемите инвестициски банки во Европа ги објавија своите најдобри резултати во последната деценија во првиот квартал од оваа година, благодарение на интензивното тргување предизвикано од потезите на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со царините, објави Кликс.ба. Швајцарската УБС, француските банки БНП Парибас и Сосиете женерал, британската Берклис и германската Дојче банк заедно остварија приход од 13 милијарди евра ...

Трговците во најголемите инвестициски банки во Европа ги објавија своите најдобри резултати во последната деценија во првиот квартал од оваа година, благодарение на нестабилноста на финансиските пазари и интензивното тргување предизвикано од потезите на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со царините. Швајцарската UBS, француските банки BNP Paribas и Societe Generale, британската Barclays и германската Deutsche Bank заедно остварија ...

Од Макпетрол АД Скопје преку Македонската берза информираа дека претседателот на Управниот одбор (УО), Андреја Јосифовски, се стекнал со 884 обични акции на компанијата. Членот на УО, Марија Јосифовска Спасовска, пак се стекнала со 100 обични акции. Акции на компанијата купил и претседателот на Надзорниот одбор, Александар Спасовски, кој се стекнал со 100 обични акции на Макпетрол. Купувањето на акции од страна на менаџмент на компанија покажува ...