Хидранти и противпожарна опрема имаат сите училишта во земјава, но, во дел од нив, апаратите не се проверувале и одржувале редовно, иако училиштата имаат обврска тоа да го прават еднаш годишно. Ова најчесто се случува во внатрешноста. Ќе се спроведат и обуки за учениците, како да постапат во кризни ситуации. „Во некои училишта, најчесто во внатрешноста на земјава се случува тие апарати да не биле проверени во текот на годината, па ќе се ...

Петпати е зголемена побарувачката на противпожарни апарати во изминативе 10 дена. Само една компанија за три дена продала над 350 противпожарни апарати по цена од речиси 3.000 денари и 150 хидрантни системи по цена од 5000 денари. Цената ќе се зголемува и до 10 насто според најавите на добавувачите поради зголемената побарувачка. Најголем е интересот кај станбените згради, угостителските објекти, приватните компании и јавни објекти. Пред да се ...

Кумановските училишта ги исполнуваат основните услови од законот за заштита и спасување. Контролите покажале дека располагаат со противпожарни апарати и обучени вработените за ракување со нив, но не сите установи имаат хидрантска мрежа. Од секторот за образование велат ќе реагираат за да се обезбедат сите услови. „Проблемот е од технички аспект, затоа што и секое училиште нема услови за да биде инсталирано, но согласно оние услови исправноста ...

За противпожарни апарати се чека и до една недела, а нивната цена почна да расте. За 10-тина дена, компаниите кои ги увезуваат, продале противпожарна опрема како за цела година. Најмногу се бараат ПП апарати од 6 и 9 килограми. Некои прават и листи за нарачки на апарати кои се чекаат од увоз. Големата побарувачка од малите компании, угостителските објекти, станбените згради си го направи своето. Стравот за личната безбедност, но и од инспекциите ...

Сопственикот на кабаре од Куманово, кој беше фатен при засилени контроли додека внесувал противпожарни апарати во зградата, не е единствениот што го направил ова. Претставници на компаниите кои продаваат противпожарни апарати велат дека по најавите за засилени контроли, 80 отсто од правните лица бараат да набават противпожарни апарати. Посочуваат дека потрошувачката на уреди е зголемена за најмалку 1000 отсто. Ангеловски вели дека од ...