Двократниот европски првак Вардар 1961 забележа победа над Мелсунген 37-33 (18-19) во второто коло од главната фаза на Европската лига на ЕХФ. Тимот на Иван Чупиќ покажа карактер и се врати од шест негатива која ја имаше во првиот дел, па во продолжението го скрши отпорот на бундеслигашот. Средбата во СЦ „Јане Сандански“ беше прва во оваа фаза на натпреварувањето и се одигра пред солидно пополнети трибини, а публиката уживаше во првата ...

Вистинска драма се одвивала попладнево во Велес, кога избувнал пожар во гаража на улицата Самоборска број 7, во непосредна близина на Заразното одделение при Општата болница во градот. Од Територијалната противпожарна единица Велес информираат дека дојавата била примена на 24 февруари во 17:35 часот. Според очевидци, од гаражата се слушале експлозии, што дополнително ја зголемило вознемиреноста кај жителите во околината. На терен веднаш ...

Генералното собрание на Обединети нации денеска усвои резолуција, со која се повикува на сеопфатен, праведен и траен мир во Украина. Резолуцијата ја поднесе Украина со повеќе од 45 држави коспонзори, а усвоена е со 107 гласови „за“ меѓу кои и Македонија, 12 „против“, меѓу кои и Русија, и 51 „воздржани“ меѓу кои и САД. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски на платформата Икс се заблагодари до 107-те земји кои денеска застанаа покрај ...

Универзитетскиот професор Александар Спасеновски, во опсежна анализа за 4TV.mk по повод четиригодишнината од војната во Украина, посочува дека иако поддршката од ЕУ и НАТО останува силна, на меѓународната сцена се појавуваат сериозни „дисонантни тонови“. Според него, клучните сојузници на Украина денес можат да се поделат во три карактеристични групи со различни визии за завршување на конфликтот. Разединетоста на сојузниците: Од песимизам до ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека во изминатите две години значително се зголемени средствата за научно-истражувачка работа, наменети за научниците и професорите на универзитетите и научните институти. Говорејќи на јавната дебата за новиот Закон за високо образование на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Јаневска посочи дека во 2022 година буџетот изнесувал 2,9 милијарди денари, додека во 2026 година достигнал 7,7 ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска ќе има брифинг за Иран со истакнати американски конгресмени, објави Политико повикувајќи се на два неименувани извора. На брифингот, што ќе се одржи во Белата куќа, ќе присуствуваат лидерите на Претставничкиот дом и Сенатот, како и членови на Одборот за разузнавање на двата дома. Рубио ќе го одржи брифингот неколку часа пред претседателот на САД, Доналд Трамп да го одржи годишниот говор за ...

Двократниот европски шампион Вардар има негатива од 18-19 на домашен терен против бундеслигашот Мелсунген во натпревар од 2. коло од главната фаза во Лигата на Европа. За разлика од мечот во Лисабон, Вардар стартуваше цврсто во одбраната, а прв во нападот го начна голот на противникот Јака Малус за водство од 1-0 на „црвено-црните“ во третата минута. Вардарци во првата третина од полувремето правеа многу грешки во нападот, а одличен на голот ...

Реал Мадрид без Килијан Мбапеќе го одигра реваншот против Бенфика во Лигата на шампионите. Реал утре од 21 часот ќе го пречека португалскиот тим. По првиот меч клубот од Мадрид има предност 1:0. Килијан Мбапе, стрелец на 38 голови од почетокот на сезоната, натпреварот со Бенфика ќе го пропушти поради повреда на левото колено. Оваа сезона покажа и колку голем проблем може да биде тоа за Реал, бидејќи додека беше повреден, загуби од Албасете ...

Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) денеска на платформата Икс објави порака во која ги советува Иранците како безбедно да ја контактираат. -ЦИА сака да ве слушне и сака да ви помогне. Во продолжение е упатство за тоа како да остварите безбеден виртуелен повик со нас. Пред да не контактирате, ве молиме преземете ги следните мерки на претпазливост – се наведува во објавата на ЦИА на Икс. Во упатството на ЦИА има осум точки за ...

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во подрачјето на Елбасан, Албанија, кој е почувствуван и во Дебар, Струга и Охрид. Според извештаите, потресот е регистриран во 20:06 часот на длабочина од 13 километри. Епицентарот е на 7 километри северозападно од Лушња и 31 километар југозападно од Елбасан. Засега нема информации за причинета материјална штета. (МИА) Земјотрес со јачина од 4,3 степени според ...

Сузана Јошевска Анастасовска, член на Судскиот совет, му одговори на министерот за правда Игор Филков, кој денеска побара одговорност од обвинителот и од судијата за изречениот куќен притвор на поранешниот вицепремиер Артан Груби. „Судија не смее да изрече мерка притвор ако има предлог од обвинител за куќен притвор. Нема потреба од итна седница на Судски совет, за да се расправа основно правило во кривична постапка“, напиша Јошевска ...

Поранешната министерка за одбрана, Славјанка Петровска, вечерва во емисија на 4TV.mk посветена на „4 години војна во Украина“ направи ретроспектива за почетокот на војната во Украина. Петровска истакна дека државата донела правилна и стратешка одлука уште во првите моменти од конфликтот. Таа потсети дека инвазијата на 24 февруари 2022 година се случи само еден месец по нејзиното назначување на функцијата, но дека институциите биле подготвени ...

Атлетико Мадрид поведе против Клуб Бриж со 1-0, голот го даде Александер Сорлот, а асистенцијата беше на Јан Облак. Словенечкиот голман упати долга топка кон Сорлот, кој доби дуел „еден на еден“ и шутна, а топката мина под голманот Мињоле, кој веројатно требаше подобро да реагира во ситуацијата и виновник е за примениот гол. Претходен пат кога голман во нокаут-меч во ЛШ имал асистенција беше во 2019 година, тоа тогаш му успеа на Едерсон од ...

СДСМ воопшто не се плаши од тоа што ќе го изјави Артан Груби пред институциите во текот на постапката, ниту било кој функционер и член на СДСМ, изјави Јованка Тренчевска, пратеничка на СДСМ, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма. „Вчера се разбудивме со веста дека Артан Груби е уапсен. Впрочем, не беше уапсен, туку сам се пријавина граничниот премин и беше спроведен, најнапред во истражниот затвор, од таму во судовите за да даде ...

Во едно кафуле во центарот на Белград, се случи инцидент во кој познатиот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ му го одзел мобилниот телефон од рака на тиктокерот Александар Шулац, кој го снимаше и го провоцираше. Шулц, познат како „Лепи“ на ТикТок, му се приближил на Бјелогрлиќ и почна да го испрашува додека го снимаше. На почетокот, актерот одговори учтиво, мислејќи дека е обожавател. Меѓутоа, кога сфати дека станува збор за провокација, ...

30 -годишно лице кое немало завршено осмо одделение, со фалсификат диплома поднел документи за возачка дозвола. Полицијата го открила случајот по редовна контрола на апликациите и утврдила дека дипломата што ја приложил лицето е лажна, бидејќи тој нема завршено соодветно основно образование. Случајот го презеде Одделот за организиран криминал и економски престапи при Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, а против ...

Европската унија побара од Украина што е можно поскоро да го обнови гасоводот „Дружба“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. „Би сакала да му се заблагодарам на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ за неговите напори да обезбеди и зголеми снабдувањето со нафта за Унгарија, Словачка и Србија преку Јадранскиот гасовод. Во исто време, бараме гасоводот да се поправи што е можно поскоро“, рече таа на ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот Инстаграм профил објави снимка од апсењето на осомничените за планирање атентат врз него и членовите на неговото семејство. View this post on Instagram A post shared by Александар Вучић (@avucic) – Планирале да ме претепаат, да ми го искасапат детето – забележа претседателот Вучиќ. Кога беше прашан за апсењето на осомничените за планирање на атентатот врз претседателот Вучиќ и дали ова е ...