Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Пред нас е недела исполнета со промени, силни емоции и можности за личен раст. Photo by Jernej Graj on Unsplash Астролошките аспекти ќе ве поттикнат да се ослободите од она што ве ограничува, но и да ги препознаете новите можности што се отвораат пред вас. Без разлика дали станува збор за љубовта, кариерата или личниот развој, ова е период кога храбрите одлуки можат да донесат долгорочни резултати. Погледнете што ви подготвуваат ѕвездите ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема да избега од Србија доколку Српската напредна странка ги загуби изборите. Тој повторно најави можност за предвремени парламентарни избори во октомври годинава, а доколку тие се одржат, претседателските избори, според него, најверојатно ќе бидат во јануари 2027 година. „Доколку парламентарните избори се одржат во октомври, можно е претседателските да бидат кон крајот на декември или на ...
Раководството на Ливерпул сериозно размислува да го ангажира крилниот напаѓач на ПСЖ, Бредли Баркола, но францускиот шампион постави цена што би можела да ги одврати сите заинтересирани клубови. Според информациите, ПСЖ бара дури 170 милиони евра за 23-годишниот француски репрезентативец. Во Париз сметаат дека ваквата сума е оправдана, особено поради високите трансферни вредности што летово беа платени за играчи како Морган Роџерс и Елиот ...
Американскиот производител на автомобили „Форд“ ќе повлече 565.692 возила во САД поради ризик од пожар во моторниот простор предизвикан од можно оштетување на инсталацијата за електрични кабли. Ова го соопшти американската Национална управа за безбедност во сообраќајот на патиштата. Повлекувањето се однесува на возила кај кои заштитата на снопот за електрични кабли во моторниот простор не е доволна, поради што може да дојде до абење на ...
Израелски доселеници рано утринава нападнале палестински села на окупираниот Западен Брег, запалиле две џамии и испишувале графити на објектите, соопштија палестински претставници. Жителите излегле од своите домови за да им се спротивстават на доселениците, по што дошло до вооружен судир, наведоа палестински претставници. Според податоците на Обединетите нации и на Палестинската управа, годинава во насилство поврзано со израелските ...
Регулаторната комисија за енергетика утре ќе расправа за поскапување на парното греење од 7,7 отсто. Предлогот подготвен за седницата е цената на греењето да се зголеми од 2,6 на 2,8 денари по киловат-час. Овој предлог е направен врз основа на дел од прифатените барања на компаниите што испорачуваат топлинска енергија. Новата цена треба да биде донесена до крајот на месецот и да важи од 1 август. Последен пат парното поскапе за 5 отсто, со ...
Шест лица од струмичко село Просениково се осомничени за брутален напад врз едно семејство, откако насилно влегле во нивниот дом, физички ги нападнале присутните и се обиделе против нејзина волја да одведат жена. По истрагата, СВР Струмица поднесе кривични пријави против осомничените за „насилство“ , а дел од нив се товарат и за противправно лишување од слобода и напад врз службено лице. Како што информира Министерството за внатрешни ...
Силното невреме во Штипско и Кочанско изминатава недела остави голема штета зад себе, но донесе и една убава приказна за грижа и хуманост. Неколку млади штркови, кои невремето ги соборило од гнездата, наидоа на помош од вработени во Општина Чешиново-Облешево. Тие ги згрижија птиците и секојдневно им обезбедуваат соодветна нега, храна и вода, додека целосно не закрепнат. Од Општината информираат дека два од штрковите веќе се подготвени ...
Во очекување на ребалансот Владата позајмува за да се раздолжи. Имено, на 14 јули на седница Владата одлучила да земе заем без камата во висина од 7 милиони евра од Македонска Навигација, а парите да се вратат најдоцна до крајот на ноември. Премиерот вели дека се позајмило и од Лотарија на Македонија и МЕПСО, а Владата ги користи за отплата на доспеани долгови од банкарски кредити. „Средствата ќе бидат искористени за враќање на кредит кон ...
Тажни вести пристигнаа утрово – петмина планинари од Зеница го загубија животот поради влошување на временските услови за време на искачувањето на Елбрус. Само двајца мажи успеале да преживеат, откако еден од двајцата повредени планинари се спуштил по помош. Според најновите информации, руските спасувачки екипи со засилени сили и понатаму трагаат по телата на загинатите. Семејството ги потврди најтажните вести и со потресни зборови се прости ...
Баерн Минхен продолжува со реконструкцијата на тимот, а спортскиот директор на клубот, Кристоф Фројнд, потврди дека Саша Бој и Жоао Паљиња не се дел од плановите за новата сезона. Двајцата фудбалери пристигнаа на „Алијанц Арена“ со големи очекувања и за значителни суми, но не успеаја да се наметнат во составот на германскиот шампион. Францускиот десен бек Саша Бој беше ангажиран од Галатасарај во 2024 година во трансфер вреден околу 30 ...
СВР Струмица, до ОЈО Струмица, поднесе кривична пријава против Б.Д.(22), Т.Ј.(49), С.Д.(47), В.М.(36), Г.Т.(42) и М.Т.(21), сите од село Просениково, струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“, против Т.Ј. и Г.Т. поради сомнение дека сториле и кривично дело „противправно лишување од слобода“, против Б.Д. поради постоење на сомневање дека сторил и кривично дело „напад врз службено лице при вршење ...
Иран ги прекина своите воени операции откако Соединетите Американски Држави ги запреле нападите во текот на изминатите две ноќи, изјави портпаролот на иранската војска, Мохамед Акраминија. Според него, одлуката е донесена затоа што иранската воена стратегија се заснова на принципот на реципрочен одговор. „Американците ги прекинаа своите напади во текот на изминатите две ноќи. Бидејќи нашата стратегија во суштина се темели на взаемен одговор, ...
Астана – Американско-рускиот вселенски екипаж денеска безбедно слета на степите во Казахстан по осуммесечен престој на Меѓународната вселенска станица. Астронаутот на НАСА Крис Вилијамс и руските космонаути Сергеј Куд-Сверчков и Сергеј Микаев слетаа во капсулата „Сојуз МС-28“, која безбедно се спушти со падобран во означената област. Нивната мисија на орбиталната станица траеше 241 ден. За Вилијамс и Микаев, тоа беше прв вселенски лет, ...
На 25.07.2026, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор во селото Лабуништа, во атарот на истото село, кај Подгоречкото езеро во близина на македонско-албанската граница, пронајдоа човечки череп и други предмети. Во соработка со други надлежни институции се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот. На 25.07.2026, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор во селото Лабуништа, во ...
Иако МЛС лигата во принцишп ги казнува играчите кои не настапуваат на ол стар натпреварот, момент кој што го „поседуваат“ сите американски спортови, Лионел Меси и неговиот соиграч Додриго Де Пол сепак немаат таква дубина. Менаџментот на лигата ги ослободи обајцата да ги ослободи од обврските за дуелот против најдобрите од мексиканската XL лига, и тоа поради оправдани причини. И обајцата според правилата на FIFPro, имаат право на задолжителен ...
Во Старата скопска чаршија денеска беше откриена спомен-плоча посветена на истакнатиот полски урбанист Адолф Циборовски, како знак на благодарност за неговиот придонес во зачувувањето на едно од најзначајните историски и културни обележја на Скопје. Како што објави Изет Меџити, по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, кога се планирала обновата и идниот развој на разрушениот град, Циборовски бил меѓу меѓународните експерти кои се залагале ...
Денес, со длабока почит и пиетет, се сеќаваме на жртвите од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје на 26 јули 1963 година, напиша премиерот Мицкоски на социјалните мрежи. Тој трагичен ден остави неизбришлива болка, но истовремено покажа дека кога сме обединети, можеме да ги надминеме и најголемите предизвици. Солидарноста што тогаш ја покажаа граѓаните и помошта што пристигна од целиот свет засекогаш го вградија Скопје меѓу градовите ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Вчера министерот Kлековски призна дека е нивна грешка. Денес одговорноста веќе е префрлена на локално ниво. Како пинг-понг. Никој не превзема одговорност. Само се префрла. Утре Гостивар треба да добие „технички исправна” вода. Значи – сè уште не за пиење. И сега прашањето е едноставно: Како да им веруваме? Кога на Мицкоски и на неговата влада црвените светла и алармите им доцнат, како да веруваме дека оваа ...
На 25.07.2026 во 17:58 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишија од слобода Х.Т.(24) од Германија и А.А.(27) од Србија. При пасошка конрола, гранични проверки и преглед во возилото „хјундаи“ со германски национални ознаки, во кое биле сопатници, при преглед во личниот багаж на Х.Т. биле пронајдени и одземени марихуана и 34 банкноти од 50 евра за кои постои сомнение дека се фалсификувани. Додека, ...
Ја фатил кроз отворениот прозорец од автомобилот и ја влечел цели 20 метри по коловозот – грозоморен случај на семејно насилство го потресе скопското село во општина Петровец. Инцидентот се случил во раните вечерни часови кога младиот возач, управувајќи патничко возило „фиат“ со скопски таблички, брутално ја зграпчил својата 42-годишна мајка додека била до автомобилот, по што дал гас и ја влечел по патот, оставајќи ја со сериозни телесни ...
На 25.07.2026 околу 20:15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул.„Козјачка“ и ул.„Велко Стаменковски“ во с.Доброшане, кумановско, 30-годишната С.П. од с.Доброшане, управувајќи четирицикл со кумановски регистарски ознаки, изгубила контрола и се превртела на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил нејзиниот петгодишен сопатник, додека со телесни повреди возачот и другиот осумгодишен сопатник, сите од ...
На 25.07.2026 во 20:30 часот во село во општина Петровец, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.Д.(24) од скопско село. Тој се сомничи дека околу 18:50 часот во селото, преку отворен прозорец на возилото „фиат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, ја фатил неговата 42-годишна мајка и со возилото ја влечел околу 20 метри, по што го напуштил местото. Жената се здобила со телесни повреди и била пренесена во јавна ...
На 25.07.2026 во 16.22 часот во СВР Скопје, од Комплекс клники „Мајка Тереза” било пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен 16-годишник од с.Кондово, кој за кратко време починал. Според пријавеното, тој со неговата мајка бил на гости кај роднини во с.Сингелиќ, при што во еден момент му се слошило и паднал во бессознание. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било ...
Се очекува жителите на Гостивар уште во текот на утрешниот ден да добијат технички исправна вода, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека кризата се санира во рекорден рок од една недела. Според него, иако управувањето со водоводната мрежа е во директна ингеренција на локалната власт, Владата веднаш се вклучила на терен преку обезбедување хуманитарни донации во флаширана вода и со ангажирање стручни екипи од ...
Помина време во Македонија кога политичарите испраќаа пораки од скапи јахти и се натпреваруваа меѓусебно кој ќе летува во поскапо летувалиште. Дојдено е време за одговорен пристап и отчет пред граѓаните, да ги слушнеме сите нивни видувања, сите позитивни и негативни критики, порача лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски во изјавата за медиумите пред почетокот на панел дискусија „Европска ЗНАМ, европска иднина, европска Македонија“, која се ...
На 25.07.2026 во СВР Велес било пријавено дека околу 18:00 часот кај место викано „Србиново“ во атар на с.Уланци, општина Градско, С.Л.(81) од Градско, управувајќи трактор со приколка , изгубил контрола и со тракторот излетал од патот. Од здобиените повреди, С.Л. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено ...
Реконструкцијата на споменикот „Илинден“ во Крушево, познат и како Македониум, деновиве започнала, а на галериите со витраж од надворешната страна се поставени решетки, за да се спречи да влегува вода додека траат работите. Споменикот, дело на Јордан Грабулоски и Искра Грабул, е изграден пред 52 години, а во него се наоѓа гробот на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев. Куполата на Македониумот, како и многу други споменици, ...
Политиката на опозицијата е да конструира лаги и да шират хистерија, а политика на Владата е да испорачува. Ние така и ќе продолжиме, порача премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање. -Целосна одговорност и целосна ингеренција за тоа што се случи во Гостивар е лоцирана сега за сега од страна на обвинителството, доколку е потребно тие ќе лоцираат и нова одговорност. Од страна на државата иако тоа не се наши ингеренции, ...
Македонија продолжува да одржува убедливо најниски цени на бензините и дизел горивата во сите земји од регионот, а Владата е подготвена инстант да интервенира доколку се појават поголеми берзански осцилации кај нафтата, соопшти премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на прашања за царинските односи со Соединетите Американски Држави, тој појасни дека Македонија не е опфатена со новите дополнителни американски тарифи од 10 до 12.5 проценти ...