Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Фудбалската асоцијација на Катар до Меѓународната фудбалска федерација го достави конечниот список на играчи од својата А селекција за Светското првенство во Сoeдинетите Американски Држави, Мексико и Канада (11 јуни - 19 јули). Во списокот на Катар има само играчи од домашни клубови или тимови од земји од регионот. Домаќинот на Светското првенство во 2022 година, првото вакво натпреварување организирано во зима, нема широка база ниту свои ...
Фудбалот уште еднаш покажа дека е многу повеќе од игра и резултат. Младиот фудбалер Давид Докмановиќ постигна гол и го посвети на 13-годишниот Аган Асани, кој трагично го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово – Скопје. По погодокот, Докмановиќ покажа маица со порака посветена на Аган и неговото семејство, испраќајќи силна порака за почит, пријателство и заедништво меѓу младите спортисти. Во разговор за Опен ...
ЖРК Атлетик продолжува да го гради тимот за следните сезони, откако левото крило Сандра Трпеска го продолжи договорот со клубот до 2028 година. Младата ракометарка, која важи за една од перспективните ракометни имиња во својата генерација, останува дел од тимот и во наредните сезони, што претставува значајна вест за клубот кој има јасна визија за долгорочен развој. Трпеска е родена на 19 септември 2007 година, а со ракомет започнала да се ...
ФИФА се соочува со жестоки критики од јавноста откако на својата платформа за препродажба на билети воведе модел на динамично формирање цени, по примерот на авиокомпаниите, објави „Тајм“. Контроверзниот систем доведе до тоа бараната цена за еден билет за финалето на Светското првенство да достигне неверојатни 11,5 милиони долари. Додека раководството на ФИФА го оправдува потегот како обид да се одговори на силниот секундарен пазар во САД, ...
Маркус Рашфорд ја мина натпреварувачката 2025/2026 како член на Барселона и тоа како позајмен играч од редовите на Манчестер Јунајтед. Напаѓачот имаше учинок од 14 гола и 14 асистенции во сите конкуренции и помогна клубот да освои два трофеи, но и покрај неговата желба голем знак прашалник е дали ќе продолжи на „Камп Ноу“. Каталонците имаат опција да го откупат за 30 милиони евра, меѓутоа засега нема таква најави и информациите кои се во тек ...
И тоа како се загрева атмосферата во пресрет на претседателските избори во Реал Мадрид. И дефинитивни Енрике Рикелме го нападна Флорентино Перез. Бизнисменот кој е сериозен противкандидат на “вечниот“ Дон Флорентино, тврид дека Перез рез ѝ помогнал финансиски на Барселона со импресивна сума од 400 милиони евра. „Флорентино Перез директно ѝ помогна на Барселона кога не беа во добра финансиска состојба, со 400 милиони евра“, изјави Рикелме за ...
Репрезентациите на Велс и Гана одиграа нерешено 1-1 во пријателски натпревар во Кардиф, во кој гостите беа на чекор до победа, но примија гол во самата завршница. Во првото полувреме Велс имаше целосна иницијатива и доминација во поседот на топката, создавајќи повеќе опасни ситуации, но не успеа да го отвори резултатот. Најблиску до гол беше преку Џејмс, кој двапати ја погоди рамката на голот. Гана, иако помалку конкретна, имаше одлична шанса ...
Ако може да му се верува на Фабрицио Романо и неговото познато „here we go“, Бенфика од следната сезона ќе има нов тренер. Со тоа, практично се потврдува дека Жозе Мурињо дефинитивно заминува во Реал Мадрид. Имено, италијанскиот новинар објави дека Марко Силва постигнал договор со клубот од Лисабон. Досегашниот менаџер на Фулам ќе потпише договор на 2+1 сезона. На тој начин, на клупата на „орлите“ и понатаму ќе седи домашен тренер. Силва кој ...
Водечките италијански клубови Рома и Интер подготвуваат размена на четворица играчи, објави „Газета дело спорт“. Миланскиот клуб покажува сериозен интерес за 25-годишниот француски играч за врска на Рома, Ману Коне, како и за 26-годишниот дефанзивец од Брегот на Слоновата Коска, Еван Н’Дика. Во спротивна насока, од Милано кон Рим, како дел од оваа зделка би можеле да заминат 27-годишниот бразилски дефанзивец на Интер, Карлос Аугусто, и ...
Мундијалската „треска“ е се поголема како што се ближи почетокот на СП 2026, па на спортските подкасти свои прогнози даваат и легенди што немаат врска со фудбалот. Така, Владе Дивац беше гостин и говореше за кошаркарски теми, но доби и прашање – да го открие својот фаворит за претстојниот мундијал. Легендарниот српски кошаркар обелодени дека според него, светски првак ќе стане – Бразил. „Ќе навивам за Босна. Ја изненадија Италија во ...
Убави вести за сите во селекцијата на Шпанија, како и за фновите во таа земја во пресрет на стартот на СП. Закрепнувањето на Ламине Јамал напредува многу добро, тврди весникот „Спорт“. Играчот веќе тренира нормално со своите соиграчи, следејќи го планот, а знаците се исклучително позитивни, според медицинскиот тим на репрезентацијата. Се очекува Ламине Јамал да биде достапен за првиот натпревар на Шпанија на Светското првенство во САД, ...
Дино Ѕоф е едно од најголемите, најлегендарните голмански имиња на сите времиња, ас кој беше незаменлив на голот на италијанската репрезентација со која беше европски, но и светски шампион. Тој и како селектор ги водеше „аѕурите“ до второто место на Европското првенство во 2000 година, поточно и тоа како знае како тежина има националниот дрес и какви резултати се бараат од Италија. Сега Италијанците се далеки од славните времиња, турнирот во ...
Пелистер неочекувано донесе голем шок за Битола откако на пенали го загуби баражот против Шкендија Арачиново и во следната сезона ќе се натпреварува во второлигашка конкуренција. Навивачката група Чкембари објави соопштение преку кое побара детали од многу договори кои биле направени во клубот, посебно околу засилувањата. „По неколку (не)преспиени ноќи, по безброј направени кавги меѓу нас навивачите а и меѓу целиот град каде е вината за овај ...
Европската ракометна федерација соопшти дека започна официјална истрага за наводни расистички навреди упатени кон ракометарот на унгарска Татабања, Баптист Даматрен, за време на реванш финалето од ЕХФ Европскиот куп одиграно во Охрид, пренесува „24ракомет“. Во ниту еден момент немаше никакви навреди од трибините кон ракометарот, а тоа може да го потврдат сите што беа во СРЦ „Билјанини Извори“. Веројатно поучени од минатата сезона, кога на ...
Легендарниот шпански тенисер, Рафаел Надал, во новиот документарец откри интересен детаљ од еден од најпознатите моменти надвор од тениските терени – снимањето на спотот за песната „Gypsy“ со Шакира. Станува збор за 2010 година, период во кој шпанскиот тенисер ја имаше една од најдоминантните сезони во кариерата. Надал тогаш ги освои Ролан Гарос, Вимблдон и САД опен. Паралелно со успесите на теренот, неговата популарност вртоглаво растеше, а ...
Квича Квараскелија е еден од најдобрите фудбалери на планетата и, според многумина, прв фаворит за освојување на Златната топка. Со Пари Сен Жермен ја освои втората последователна титула во Лигата на шампионите по победата против Арсенал во Будимпешта. По тој успех, тој одби да одговори на прашање на руски јазик. Грузискиот фудбалер даваше изјава по неговиот неверојатен успех и му беше поставено прашање на руски јазик. „Квича, можеме ли да ...
Најголемото фудбалско шоу на планетата само што не започнало, а еуфоријата веќе го достигнува својот врв. Најдобрите светски репрезентации ги спакуваа куферите и ги започнаа своите патувања кон Северна Америка за претстојното Светско првенство. Самиот чин на заминување на селекциите донесе неверојатни сцени, традиционални ритуали и вистинско лудило на аеродромите ширум светот, докажувајќи дека мундијалското лудило може да започне. Водно ...
Ракометарите на Веспрем ја освоија шампионската титула во Унгарија, откако со 2-0 во финалната серија го совладаа големиот ривал ПИК Сегед. Во вториот натпревар, одигран на гостински терен, Веспрем славеше со 34-36 и ја завери јубилејната триесетта титула. Иако домаќинот имаше одличен старт и во првото полувреме водеше и со пет гола разлика (17-12), тимот на Веспрем не се предаде. До паузата успеа да ја намали негативата, а во вториот дел ...
Пелистер имаше лоша сезона во која заврши на осмата позиција на табелата, позиција која ги однесе во бараж битката со Шкендија Арачиново, битка која ја загубија и со тоа испаднаа во втората лига. Ова е сериозен удар, неуспех за клубот од Битола, навивачката група „Чкембари“ е лута и бара одговори, поточно за нив виновниците имаат име и презиме. Соопштението ви го пренесуваме во целост: По неколку (не)преспиени ноќи, по безброј направени кавги ...
Нема дилеми дека Гоце Седлоски е тренерот кој ја одбележа сезоната 2025/26 која штотуку заврши. Седлоски со Вардар ја освои титулата, па така по пауза од шесет години тој и неговите играчи го вратија најтрофејниот клуб на Македонија повторно на тронот. Седлоски сега веќе не е тренер на Вардар и официјално, само што заврши сезоната, откако и се израдува на титулата сега сите мисли ќе му бидат кон репрезентацијата. Седлоски и Вардар имаа силна ...
Фудбалскиот клуб Пелистер испадна од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), откако во неделниот бараж натпревар претрпе пораз од екипата на Шкендија Арачиново. Овој резултат предизвика силно незадоволство во Битола, особено кај поддржувачите на клубот, кои испаѓањето во понизок ранг го оценуваат како сериозен спортски неуспех. Вечерва со официјално соопштение се огласи и навивачката група „Чкембари“. Во своето обраќање, кое го пренесуваме ...
Бразилскиот репрезентативец Глејсон Бремер ова лето би можело да го напушти Јувентус, иако неговиот договор со торинскиот гигант важи до летото 2029 година. Дефанзивецот, кој со години важи за еден од најсигурните играчи на Старата дама, повторно се најде во центарот на вниманието на европскиот трансфер-пазар. Интересот за неговите услуги не стивнува, па можно е да дојде до пресврт во редовите на Јувентус. Во изминатите месеци многу се ...
Хари Кејн, ѕвездата на Баерн Минхен, верува дека ќе биде главен кандидат за „Златната топка“ доколку со Англија ја освои титулата светски првак. По спектакуларната сезона во која постигна 61 гол, напаѓачот е уверен дека триумф со репрезентацијата би му ја донел најпрестижната индивидуална награда во фудбалот. Кејн, пред својот 33 роденден, ја одигра веројатно најдобрата сезона во кариерата. Со 36 гола на само 31 настап беше најдобар стрелец ...
Вршителот на должност комесар на НБА лигата, Марк Тејтум, потврди дека проектот „НБА Европа“ заедничката иницијатива на НБА и ФИБА е отворен за соработка со Евролигата под одредени услови, но дека новиот проект дефинитивно ќе почне следната сезона со Евролигата или без неа. Официјалниот почеток и првите натпревари на проектот „НБА Европа“ се планирани за октомври 2027 година. Марк Тејтум појасни дека до крајот на овој месец ќе бидат ...
Навикнати сме на фактот дека светот одамна стана максимално цивилизиран. Интернет „фаќа“ во која било пештера, а суши ролничките се носат дури и во најоддалечените села. Сепак, постои место на картата на Русија каде што времето буквално застанало. Тука, свежиот домат е вистински дар на судбината, автомобилот е бескорисен куп метал, а вчитувањето на една фотографија може да трае цела ноќ. И воопшто не е некоја заборавена станица во Сибир, туку ...
Алесандро Неста беше големо фудбалско име, ас кој своевремено важеше за еден од најдобрите дефанзивци на светот, играч кој ги освои најважните титули на клупски и репрезентативен план. Меѓутоа неговата кариера како тренер е поинаква приказна и Неста не успева да остави позабележителна трага, да направи позначаен резултат и досега има работено во Мајами, Перуџа, Фрозиноне, Реџана и Монца каде го имаше последниот ангажман. Сега Алесандро се ...
Шпанскиот гигант Реал Мадрид ќе прави голема реконструкција под раководство на Жозе Мурињо, кој се очекува да ја преземе клупата ако Флорентино Перес победи на претседателските избори на клубот на 7 јуни. Веќе се прават планови, кои треба потоа да се реализираат експресно. На Кралскиот клуб му е потребен нов десен бек, како конкуренција за Трент Александер-Арнолд, откако досегашниот капитен Дани Карвахал го напушта Мадрид. Позната е ...
Македонската фудбалска репрезентација безбедно пристигна во Скопје, откако претходно доживеа непријатна ситуација при патувањето од Истанбул поради технички проблем со авионот. Имено, летот кон македонската престолнина бил прекинат кратко по полетувањето, кога авионот, по проценка и барање на пилотот, направил кружна рута и се вратил на аеродромот во Истанбул. Фудбалерите и стручниот штаб поминале неколку часа во чекање додека надлежните ...
Полскиот напаѓач Роберт Левандовски официјално става крај на својата четиригодишна авантура во Барселона и како слободен играч се подготвува за нов предизвик во кариерата, при што турскиот гигант Фенербахче се појавува како најсериозен кандидат за неговиот потпис. Искусниот 37-годишен напаѓач веќе се збогува со навивачите на „Камп Ноу“, потврдувајќи дека неговата мисија во Каталонија е успешно завршена. Веднаш по оваа објава, раководството на ...
Женскиот фудбалски клуб Конзули го доби шампионскиот пехар откако стана шампион во Втората женска фудбалска лига и обезбеди влез во елитата за следната сезона. Битолскиот тим беше без конкуренција во сезона која не го дочека својот крај откако истата беше прекината по десет одиграни кола, а по откажувањето на Порече од Македонски Брод од натпреварување. Фудбалерките на Конзули забележаа десет победи од толку натпревари и максимални 30 бодови ...