Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Денеска се одиграа натпреварите од 20. коло во Втората македонска фудбалска лига, во кое фаворитите во најголем дел ја оправдаа улогата и стигнаа до нови бодови. Екипата на Брегалница на домашен терен ја совлада Саса со 3-1. Резултатот го отвори Костадин Капсаров од пенал, а Ристе Темелков зголеми на 2-0. Гостите намалија на 2-1 пред паузата со гол на Бурим Алиев, додека Капсаров со својот втор погодок во второто полувреме ги постави ...
Горан Тонев (25), гитаристот кој настапуваше со познатото музичко дуо ДНК во кобната вечер на трагедијата во Кочани, првпат јавно ја споделува својата тешка, но инспиративна борба за живот. По речиси еден месец поминат во вештачка кома и долготрајно лекување во Грција, тој денес испраќа силна порака за храброст и благодарност за секој нов ден. Кобната ноќ и спасувањето од страна на Моли Горан се присетува на моментите од трагичната вечер ...
Недостигот на паркинг места останува проблем за возачите во Гостивар. Во услови кога бројот на возила расте, а инфраструктурата не го следи тоа темпо, често може да се забележи непрописно паркирање по улиците, тротоарите, па дури и на зелените површини. Дополнително, сообраќајната култура и свеста кај дел од возачите не се на потребното ниво, што ја усложнува состојбата. Прашањето за функционирањето на „пајак службата“ и проширувањето на ...
Почитувани љубители на фудбалот. Утрешниот натпревар во рамки на третата лига – Запад, каде силите ќе ги одмерат кичевски „ФК Напредок“ и гостите „ФК Речица“, може да го проследите во живо преку нашата платформа на јутјуб каналот, во знак на поддршка и почит кон клубот и управата. За поддршка кон нас и нашата работа, оставете „Like“ и „Subscribe“, кликнете на ѕвончете за нотификации. Ве очекуваме, токму тука: Почитувани љубители на ...
Бременоста носи многу промени во телото, а многу жени забележуваат промени на кожата. Тие може да вклучуваат акни, чешање, стрии, сувост или потемни дамки. Ваквите промени најчесто се резултат на хормонални, имунолошки и метаболички промени што се случуваат во телото во овој период. Иако можат да бидат непријатни, во повеќето случаи тие се привремени и исчезнуваат по породувањето. Промените можат да се појават на различни делови од телото, ...
Меѓународна конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани се одржува денеска во Скопје, а по повод една година од големата трагедија во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Пред присутните беше прикажан документарниот филм „Од пламен до надеж“ кој ги расплака присутните на конференцијата. Никој не остана рамнодушен на сведоштвата на дел од повредените во пожарот во „Пулс“ кои раскажаа како успеале да се ...
Судски спор меѓу компаниите „АР Груп“ и „МКМ Експрес“ предизвика сериозни обвинувања за начинот на постапување во Основниот граѓански суд во Скопје, објави неделникот Фокус. Станува збор за преддоговор за купување деловен простор вреден над 1,4 милиони евра. Купувачот уплатил околу 467 илјади евра, а според тврдењата на продавачот, договорените рокови не биле почитувани. Затоа, „МКМ Експрес“ го раскинал преддоговорот. Сепак, „АР Груп“ поднела ...
Родителите, роднините и пријателите на трагично починатите деца во кочанската дискотека „Пулс“ денеска одржаа едногодишен помен. Со солзи и тага, во алејана на ангелите, тие се присетија на младите животи кои згаснаа прерано. Томче Стојанов, татко на 25 годишниот Андреј Стојанов кој е еден од жртвите во пожарот, на годишнината од трагедијата за Телевизија 24 рече дека како родители се чувствуваат заборавени од државата. Иако на почеток ...
Општина Тетово информира дека поради градежни работи ќе се забрани паркирање на возила на булевар во градот од сабота 14 март до среда 18 март. Станува збор за делница од булеварот „Благоја Тоска“ од крстосницата со Браќа Миладинови кај текстилното училиште до крстосницата со булевар „Илинден“ и во насока на ОУ „Кирил и Методиј“. -Општина Тетово ги известува граѓаните дека поради изведување работи на булеварот „Благоја Тоска“, од 14.03.2026 ...
Бугарската телевизија БТВ денеска објави видео репортажа која уште еднаш сведочи за големината на трагедијата која се случи пред еден во Кочани. Габриела и Александар Наунов веќе една година живеат со загубата на нивната ќерка Надица. Девојчето требало да матурира во средно училиште оваа пролет. „Многу е тешко… Понекогаш се чувствуваш како повеќе да не припаѓаш тука. Не си ниту на тој свет ниту на овој. Од ден на ден, е сè потешко и потешко. ...
СДСМ го координира и управува Сојузот на синдикатите на Македонија, како на централно така и на локално ниво, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. Тој додаде дека во пресрет на протестот во сабота организиран формално од ССМ, а логистички и технички од СДСМ, главните лица за контакт од општините се луѓе на СДСМ. – Одговорен за логистика и за организирање на луѓе и превоз за протестот на ССМ викендов од Куманово е Оливер ...
Со света архиерејска литургија и општ парастос во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ во Кочани, денеска започна одбележувањето на годишнината од стравичниот пожар кој минатиот март однесе бројни млади човечки животи. Со богослужбата чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во присуство на семејствата на починатите, повредените и многубројни граѓани. „Солзите станаа секојдневие, тагата останува ...
Тагата и индивидуална и колективна ќе остане засекогаш. Но постојат начини функционално да се живее со неа. Стручната поддршка за секој што минува низ тежок период значи и превенирање на здравствени проблеми во иднина. Во Кочани постои Центар за ментално здравје во рамки на Црвениот крст. Достапноста на професионална помош и грижа за менталното здравје е значајна во периодот после вакви трауми. Во период од една година во регионалниот центар ...
Полицијата продолжува со засилените мерки за сузбивање на нелегалната трговија со наркотици. Во изминатите 24 часа, спроведени се неколку успешни акции во повеќе градови. Скопје: При претреси на различни локации низ главниот град, уапсени се три лица – Е.А. (49), Д.П. (23) и К.С. (28). Кај нив инспекторите пронашле марихуана и непозната бела прашкаста материја. Радовиш: Локалната полиција фатила група млади момчиња на возраст од 19 и 21 ...
Пролетното време на кое сите му се израдуваа набргу завршува, помалку сонце а повеќе облаци, па и дожд со пад на температурите. Следи пролетна пауза. Територијата на Македонија викендов (14 и 15 март) ќе биде под влијание на висински циклонски систем, кој ќе донесе променливо време со локални врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Утрото и претпладнето ќе бидат претежно стабилни и сончеви, но во попладневните часови се очекува зголемена ...
Бистите на Томас Златков и Александар Стојанов верните навивачи на „Сејмени“ на Фудбалскиот клуб „Осогово“ во Кочани, а кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред речиси една година денеска беа откриени на Градскиот стадион од страна на нивните пријатели и семејства. На откривањето на бистите на Томас и на Александар присуствуваа и пратеникот во македонското Собрание, Миле Лефков и претседателот на советот на Општина Кочани, Александар ...
По 15 години во подрум со согласност на Советот на општина Битола стариот механизам на Саат кулата го добива своето место во Офицерскиот дом. За битолчани саат кулата е гордост. За туристите, задолжителен објект кој треба да се види. Саат кулата е еден од најрепрезентативните објекти во Битола. Неговото срце за првпат почнало да чука пред еден век. Ружица Аџикотарева Ѓоршевска По 15 години во подрум со согласност на Советот на општина ...
Руските мајтапџии го насамарија Реза Пахлави кој е изгорен на бел коњ да се врати во земјата од која во 1979 година избега неговиот татко. Му се претставиле како советници на Фридрих Мерц, едниот нив по име Адолф (ќе го видите) за да проверат дали е спремен да го пополни политичкиот вакуум во Иран. Епизодата со Заев нам сепак ни останува најјака пошто на крај тие не му дигале телефон кога почнал да им досааѓа. Руските мајтапџии го ...
Неутешни родители, семејства, роднини и пријатели се собраа на кочанските гробишта во алејата на ангелите, на годишнината од смртта на 63 лица кои загинаа како последица на трагедијата во „Пулс“. Солзи, тага, лелеци и болки. Драги Горгиев, татко на тапанарот од ДНК, Георги објави снимка каде се гледа траорната атмосфера. На ова место, голем дел од семејствата го минуваат секојдневието и посочуваат дека само тоа им останало по трагедијата. ...
На 12.03.2026 во 17:53 часот во СВР Скопје В.С.(47) од Скопје пријави дека на подрачјето на општина Аеродром неговата малолетна ќерка била физички нападната од две нејзини соученички кои биле во друштво со уште три малолетнички, а една од нив настанот го снимала со мобилен телефон. На 13.03.2026 во 14:30 часот С.В.(52) од Скопје пријави дека на 12.03.2026 В.С. физички ја нападнал неговата малолетна ќерка која претходно физички ја нападнала ...
Еколошката слика во земјава е сериозно нарушена откако Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) потврди два одвоени инциденти во кои настрадаа ретки и заштитени видови. Обдукцијата покажа дека балканскиот рис пронајден на превојот Буково угинал како последица од удар на возило, додека во Кавадаречко се истражува сомнителната смрт на два мршојадни орли. Прегазена женка рис во најдобри години Рисот кој беше пронајден мртов на 24 февруари ...
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, посочи дека покрај инфраструктурните инвестиции и проекти во општината, посебно внимание се посветува и на зачувувањето на природата и зголемувањето на зелените површини. Дрвјата кои се наоѓаат на просторот каде што ќе се гради новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза” нема да бидат изгубени, туку ќе бидат преместени и повторно засадени во новиот парк „Рилиндја” во Чаир, добивајќи нов живот ...
Развој и обука на медицински тимови за брзо распоредување и брз одговор на инциденти од големи размери, чести симулациски вежби и повеќе капацитети за третирање на пациенти со тешки изгореници, се само дел од мерките што од Дирекцијата за заштита и спасување укажуваат дека треба да се преземат по кочанската трагедија. На денешната конференција посветена на институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани, беше потсетено ...
Kога од овој свет ненадејно и трагично заминуваат млади луѓе солзите што протекоа течат без престан и станаа секојдневние за сите мајки и татковци, роднини и пријатели на семејствата, порача во своето обраќање Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан во црквата Свети Великомаченмик Георгија во Кочани, каде што денеска имаше литургија за жртвите во кочанската дискотека „Пулс“, со што почна и одбележувањето на годишнината на најголемата ...
За 100 гласа, на парламентарни избори, една политичка партија добива 70.000 евра, 4 години до наредни парламентарни избори. За 2025 година, сите политички партии ќе си поделат од 8 до 10 милиони евра. 10 милиони евра наши пари, ваши пари, пари од граѓаните, пари од буџетот. Ова го истакна претставник на ССМ пред Владата на Северна Македонија, каде што денеска беше последната точка на протестниот марш на синдикатите кои веќе цела година и ...
Во сообраќајката учествувале мотоцикл и две возила, а ги управувале возачи од Скопје. Мотоциклистот починал на местото на настанот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт Осумнаесетгодишен мотоциклист загина во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случи на улицата „Адем Демачи“ во скопски Чаир, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Во сообраќајката учествувале мотоцикл и две возила, а ги управувале возачи ...
Секторот за внатрешни работи Тетово информира дека денеска (14.03.2026) во 09:10 часот во ОВР Гостивар, М.Б. од Гостивар пријавил дека пронашол автоматска пушка во водите на реката Вардар. Како и зошто оружјето се нашло во реката, за сега не е познато. Полицијата наведува дека на местото ќе биде извршен увид од екипа од ОВР Гостивар. Секторот за внатрешни работи Тетово информира дека денеска (14.03.2026) во 09:10 часот во ОВР Гостивар, М.Б. ...
Во првите часови по трагедијата во Дискотека Пулс, лекарите од болниците во Кочани и Штип се соочиле со исклучително тешка и непредвидлива ситуација. Состојбата на дел од повредените пациенти брзо се влошувала, поради што тие морале итно да бидат препраќани во Клинички центар Скопје, а најтешко повредените морале да заминат на лекување во странство. Во целиот процес лекарите се соочиле со сериозни административни и организациски предизвици, ...
„Аксиос“ објави дека блокадата на Ормутскиот теснец од страна на Иран би можела скапо да го чини Доналд Трамп на изборите во САД, бидејќи се заканува да предизвика значително зголемување на цените на храната во најлош можен момент. Ормутскиот теснец, парализиран од иранските закани и потенцијално минско поле, транспортира една третина од светското ѓубриво. За многу американски земјоделци, пролетната сезона на сеење е само неколку недели ...
Koалициските партнери ССМ, СДСМ и Левица денеска одржаа заеднички протест во Скопје. Она што требаше да биде протест од работниците и за правата на работниците се претвори во класичен партиски собир. Предичеа знамиња и партиски обележја на СДСМ и на Левица. Со ова веќе е повеќе од јасно дека раководството на ССМ е длабоко навлезено во партиски води и оти правата на работниците за зголемување на мининалната плата се само параван зад кои се ...