Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Зоран Димитровски, денеска во Трст, учествуваше на Kонференција по повод одбележувањето на 30-годишнината од формирањето на Централно европската иницијатива (ЦЕИ). Настанот беше одржан под покровителство на Италијанската Влада и беше воден од страна на потпретседателот на Владата и министер за надворешниработи и меѓународна соработка на ...
Се согласивме дека проширувањето на ЕУ треба да остане наш стратешки приоритет. На 23 години од Солунската агенда и со поглед кон грчкото претседателство со ЕУ во втората половина на 2027 година, сметаме дека треба да се даде нова динамика, но и визија на народите на Западен Балкан, за да се отвори патот кон Европа. Заедно со Германија ќе работиме на дополнително активирање на оваа сила, порача шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис ...
Градежни работи веќе се одвиваат на објектот на подрачното училиште во селото Крклино, кое функционира во рамки на основното училиште ООУ „Александар Турунџев“. Со проектот е предвидена целосна реконструкција на објектот, кој располага со две училници, канцеларија, ходник и санитарни простории. Ќе се менува кровната конструкција, ќе се обнови фасадата, ќе се постави нова ПВЦ-дограма, ќе се заменат подовите и ќе се извршат молеро-фарбарски ...
Џабир Дерала Помина една година. Но ноќта од 16 март 2025 не поминува. Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 63 луѓе – најмногу млади. Тоа не беа бројки. Тоа беа животи што штотуку почнуваа. Кочани е трагедија. Но и предупредување. И пресуда! Пресуда за еден систем, а уште повеќе, пресуда за власта која се обиде одговорноста да ја префрли на апстрактното поимање на системот – како тие да немаат ништо со тоа. Не постои пи-ар што ...
Паралелно со изборот на нов државен јавен обвинител, трае и изборот на нови обвинители во моќното Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, предводено од Ислам Абази. Во трката се двајца обвинители од поранешното СЈО, тројца од скопското обвинителство и пет актуелни обвинителки од ГОКК. Значи, за пет места пријавени се десет обвинители. Непознато е дали изборот ќе биде направен утре, бидејќи истиот ден треба да се избере ...
Општина Виница денеска започна со реализација на уште еден, според нив, капитален проект. Станува збор за втората фаза од реконструкција на општинскиот локален патен правец помеѓу Блатец и Детлово, односно за делница од овој локален пат долга 2,5 километри. -Со ова се решава голем инфраструктурен проблем, значаен, пред се, за жителите од село Блатец, но и за жителите кои имаат земјоделски посеви од дветте страни на овој локалниот пат, смета ...
Сообраќајна несреќа се случила попладнево во скопската населба Бутел, каде според првичните информации учествувале три возила, меѓу кои и службено возило на енергетската компанија ЕВН. На местото на настанот веднаш пристигнале полициски службеници, како и екипа на Итната медицинска помош. Засега нема официјални информации за евентуално повредени лица или за причините за несреќата. Сообраќајот во овој дел од градот се одвива отежнато. Се ...
Добивај вести на Viber Тоше Стојанов од денеска официјално ја презеде функцијата началник на ОВР Кочани, откако беше назначен од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Стојанов доаѓа на највисоката раководна позиција во Одделението за внатрешни работи – Кочани со повеќе од десет години професионално искуство во полициските структури. Во текот на својата кариера, тој работел во специјализирани полициски единици, каде стекнал значајно ...
Наместо повеќе слободно време и помалку стрес, работата што вклучува употреба на вештачка интелигенција, кај некои вработени лица, предизвикува чувство на преоптовареност и исцрпеност. Имено, истражување на американската консултантска фирма за менаџмент „Бостан консалтинг груп“ (Boston Consulting Group) посочува дека надгледувањето на повеќе ВИ-агенти може да биде речиси исто толку исцрпувачко како и управувањето со тим од луѓе. Тоа води кон ...
Вчера во 13:00 часот во СВР Тетово, 47-годишна жена од тетовско, пријавила дека била измамена од С.С. од село Арачиново, скопско, за сума од 550 евра. Како што се наведува во полицискиот билтен, според пријавеното, во текот на февруари 2026 година преку социјална мрежа стапила во контакт со лицето, кое се претставило како претставник на фирма за мебел и се договорила да нарача мебел. Како што е пријавено, откако се сретнале му ги дала парите ...
Поголеми дневници и плати, поголем буџет за повисоко достоинство на јавните обвинители – предлози, поддршка и критики за новиот предлог закон за јавното обвинителство. Јавната расправа со правната фела во Собранието треба да ги корегира финалните недостатоци во законскиот предлог. Лидија Раичевиќ од скопското обвинителство, имаше забелешки на законот во однос на висината на дневницата за дежурство и пристапот за јавните обвинители. Според ...
Интересот за средните стручни училишта се зголемува, но се уште е мал бројот на средношколци кои се запишуваат на отсекот текстил. Ова е резултат на застарената, неатрактивна програма, неприлагодена на новото време и трендовите, која продуцира само текстилни работници, но не и дизајнери. Во неа треба да се вметнат дигитални алатки и да се предвидат многу повеќе часови практична работа, директно во реален производен процес, порачаа учесниците ...
Охрид, 16. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Градските советници ја одржаа осмата седница од нивното конституирање. На дневен ред беа 65 точки, кои беа надополнети со уште една, за субвенционирање на јавните претпријатија. На дневниот ред преовладуваа годишните извештаи за финансиското работење на образовните институции и јавните претпријатија и годишните програми од сите сектори на јавната администрација. Точките кои беа усвоени на денешната седница: ...
На годиншнината од огромната трагедија која што се случи во дискотеката Пулс во Кочани, и загинувањето на огромен број на млади луѓе, екипите на Тиквеш и Работнички одлучија на 29 март, со почеток во 13 часот на Градскиот стадион во Кавадарци да одиграат меморијален дуел во чест на Андреј Лазаров. Екс играчот на двата тима, кој што меѓудругите трагично го загуби животот таа кобна вечер. На годиншнината од огромната трагедија која што се ...
Гувернерот на Хрватската народна банка, Борис Вујчиќ, порача дека граѓаните мора самостојно да донесуваат одлуки за личните финансии, додека вештачката интелигенција може да служи само како помошна алатка, но не и како замена за човечкото расудување, пренесува Банкар.ме. Говорејќи по повод одбележувањето на Global Money Week, во рамки на ученичка дебата за улогата на вештачката интелигенција во управувањето со финансии, Вујчиќ ја нагласи ...
Во Службен весник е објавен Правилникот за формат, содржина и методологија за изработка на општинскиот енергетски план, со кој за првпат се воспоставува јасен, структуриран и контролиран систем за планирање на енергетските инвестиции на локално и национално ниво, со што се става крај на ад-хок пристапот и се воведува ред, предвидливост и рамномерност во развојот на енергетските капацитети во државата, информираат од Министерството за ...
Ацо Ристов е предлогот за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика. Тој денеска со мнозинство гласови беше поддржан од Комисијата за избори и именувања во Собранието. Ристов е дипломиран електро инженер од Радовиш кој од ноември 2021 година до октомври 2025 година, бил и градоначалник на Радовиш. За вториот кандидат кој беше пријавен на огласот Шамил Реџепи од Тетово, магистер по економски науки, вработен во РКЕ од 2004 ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави серија политички активности, меѓу кои и формирање на регионална Скопска иницијатива, со цел создавање заеднички фронт за европска иднина на регионот. „Планираме сериозни политички активности за да ги разобличиме овие лажни патриотски политики на ВМРО, поради тоа што зад лажниот патриотизам се крие само бизнис интереси и ништо ...
Еден Петар, кој да ти бил член на Извршниот одбор на СДСМ, познат само на домашните, вели дека македонските граѓани плаќале високи сметки за струја поради криминал во РЕК Битола. Ако не па да го вратиме Васко Ковачевски. Замислете СДСМ зборува за криминал во РЕК Битола. Па нивиот кадар е во бегство токму за криминал во РЕК Битола вреден шет и пол милиони евра. Васкоо јави се од некоја плажа, исклучи им ја струјата на овие од СДСМ , џабе ја ...
На 16.03.2026 во 17:25 часот во СВР Скопје, од Македонската православна црква – Охридска архиепископија е пријавено дека во периодот од февруари 2026 година до пријавувањето, од црквата „Св.Великомаченик Ѓорѓи“ на подрачјето на Чаир во Скопје бил одземен бакарен лим од кровот на црквата, при што сторителите се стекнале со противправна имотна корист од над 150.000 денари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 16.03.2026 во ...
Околу 34 милиони денари ќе потроши Град Скопје оваа година за превентивна дезинсекција против возрасни форми на комарци и против ларви од комарци. Јавниот повик трае уште десетина дена на кој треба да се пријават фирми кои ќе извршат авионска и терестична дезинсекција неколкупати, во периодот од мај до септември. Според огласот за авионско прскање се предвидени околу 31 милиони денари, а за прсањето од земја околу 3 милиони. Со авионската ...
Повеќе деца од изгорената дискотека во Кочани, денеска можеби ќе беа живи, ако обезбедувањето во кобната ноќ реагирало соодветно и спречило влез на малолети лица. Оние кои го обезбедувале влезот на дискотката биле обврзани да го известат сопственикот дека во клубот има лица помали од 18 години, а тој пак требало да обезбеди табли на видно место, на кои јасно ќе стои дека им е забранет влез. Денешното рочиште од судењето за трагедијата во ...
Штипјанецот Трајан стопати досега има дарувано крв. Започнал од млади години, за денеска на секои три месеци да дарува од скапоцената течност со цел да спаси нечии човечки живот. Неговата крвна група е една од поретките и затоа како што вели тој има потреба да се дарува и да се помогне некому кога му е најпотребно. Дарувањето крв го исполнува внатрешно вели Трајан, и токму затоа неговите планови се да продолжи и во иднина да дарува крв. ...
Учениците и вработените од Гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес со театарска претстава насловена „Штрајкот на велешките гимназијалци“ на сцената на Теaтарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ одбележаа 84 години од Штрајкот на тогашните гимназијалци од 14 март 1942 година за време на Втората светска војна, поради несогласување за воведување на бугарскиот јазик во наставата од страна на бугарската фашистичка власт. Воедно учениците со оваа програма ...
На 16.03.2026 во 16:10 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесена 11-годишна малолетничка од Скопје. Според пријавеното, околу 13:20 часот на крстосница од ул.„Васил Ѓоргов“ и сервисната улица со ул.„Народен Фронт“ во Скопје, патничко возило удрило во неа и го напуштило местото на настанот. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и се ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање рече дека со членовите на СДСМ има договор за борба против криминалната власт на ДПМНЕ и за европска иднина на државата. -Ме прашувате за неакаков договор. Гледате што ми прават секој ден, ме масакрираат медиумски секојдневно. Ме споредуваат со убиец на деца, дека сум бил наркоман, ме лепат на некои слики со златни визи во Дубаи, така ...
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на 8 корисници им исплати 40 319 770 денари за производство на домашен лозов и овошен саден материјал. Средствата се исплатени по Подмерка 1.13 која предвидува надомест за средства за правни лица запишани во Регистарот на снабдувачи за саден материјал кои имаат: Произведен лозов и/или овошен саден материјал во 2024 година согласно Закон за семенски и саден ...
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на 16 производители на семенски материјал им исплати 38 793 297 денари. Средствата се исплатени како дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1. за произведен и продаден домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација за житни, фуражни, индустриски, градинарски култури. Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства запишани во ...
На 16 март 2026 година околу 16:30 часот во селото Стење, ресенско, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Стење затекнале четворица државјани на Судан. — реклама — Станува збор за Б.И. (26), Х.М. (22), Ф.А. (23) и К.М. (22), за кои по извршените проверки било утврдено дека илегално ја преминале албанско-македонската државна граница. Тие биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка, а ...
Отворањето на центарот е уште еден важен чекор во превентивата и грижата за здравјето на граѓаните, а дебелината е еден комплексен проблем кој бара менаџирање на многу состојби, беше посочено на официјалното отпочнување со работа на Центарот од страна на медицинскиот тим, директорот на болницата Д-р Горан Маркоски и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. “Зголемената телесна тежина сама по себе повлекува и ризици од ...